Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Да бидеш во брак, не значи дека треба да имаш деца.
    И да имаш деца, не значи дека треба да бидеш во брак.

    Зошто секогаш се анализира до срж нечија одлука да нема деца, а не се прави истото со нечија одлука да има деца?

    На планетава има 7.8 билиони луѓе и треба на сите да ви е јасно дека има различни карактери, со различни желби и интереси. Постојат луѓе кои не сакаат да имаат деца и тоа не значи дека им фали нешто и дека не живеат во склад со природата. Едноставно процениле дека не се за тоа и не сакаат да му го упропастат животот на детето. Свесни се дека не е само да го направиш детето, туку дека на тоа дете му треба внимание, љубов и посветеност. За таа нивна одлука не треба ниту да му се суди, ниту да му се препишуваат тешки дијагнози.

    Од друга страна, постојат и луѓе кои создаваат деца од нелогични причини, како на пример притисокот од општеството, а потоа истите тие причини ги претвораат во фрустрации кои ги пренесуваат на нивните деца. Жал ми е за децата кои се плод на таквите притисоци од средината и општествените норми.

    Постојат и луѓе кои сакаат да имаат деца, ама не успеале во тоа, било да е од здравствени или било какви други причини. Тоа никој не треба да го интересира.

    Од друга страна има и луѓе кои остануваат во дисфункционални бракови со по две или три деца. Ваквите парови остануваат во брачна заедница само заради децата, а двајцата партнери не можат ни пет реченици нормално да сврзат. Во ред ли е тоа? Не, не е. Децата сакаат здрави, исполнети и насмеани родители, а не родители кои секојдневно се измачуваат од самото присуство на партнерот.

    Значи заклучокот е дека секој има право да си го живее животот како сака, а одлуките да ги донесува индивидуално. Но, она што треба да го научите во 21-ви век е дека децата не се магично решение на лош брак. Децата нема да ви ги решат несогласувањата и препреките на кои наидувате во бракот. Не зависи бракот од децата, туку од взаемниот однос на партнерите, нивните желби и интереси, способноста за прилагодување на различни околности и ситуации. Поентата на бракот не е деца, а важните животни одлуки, како што е имање деца не треба да ги носите врз основа на притисок од околината или врз основа на емоции, туку рационално!
     
    На noteforself, KuklickaSk, CharmedGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Za nekoi glupost za nekoi vistina,,dur ste sami ima za sto da se karate osven kade poglednal i, zosto??koa ima deca problemite se. Okolu niv ,edniot se, trudi drugiot seuste drugari mu trebaat,imalo nemalo parI,edniot trosel za bebeto nemalo pampers,najcesto od sitnici pocnuvaat kavgite a. Nekogas zavrsuvaat so razvod...znam lugebile u brak deset god bez deca se funkcioniralo pa dobile dete, zaa naskoro da se razvedat...no toa ne znaci deka site imaat problemi negde postoi i razbiranje..i sorabotka.....a ogranicenite luge vo se ke, najdat gluposti I pricina dase rcnat ,
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе без деца се разведуваат. Постојат луѓе со деца се пресреќни. Колку е лошо за децата да кажеш дека со нив се родиле проблемите, а без нив било супер. Ако не ти е убав бракот, не ти се криви децата.
     
    На mira.mira, KuklickaSk, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека не може да се живее заедно, а да не си во брак? Кој рече такво нешто?
    Гледај си работа марчи. Како не можете да разграничите меѓу "свое мислење" и "пикање нос" нема никогаш да сфатам..
     
    На SummerGirl, *Amethyst* и Tan4ence им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Заради вакви како тебе, деца од мали се повлекуваат во себе и психички се уништуваат со грижа на совест дека тие се криви што родителите им се караат или развеле. Поминав низ тоа верувај.
    Не знам дали имаш деца ама ако имаш се надевам не им го плескаш ова во лице.

    ***
    Патем ич да не ви чуе зашто некој влегува во брак, дали планира да има деца или не. Глејте ваш двор.
     
    На kalinaka, Mami3, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Koj gi okrivuva decata,decata es najubavoto nesto vo zivotot,i ne se krivisite za vozrasnite koa ne znaat da se snosat so obvrskite,fakt e, razgledaj okolu sebe lugeto obvrskite koa. Ke dojdat sI gI prefrlaat eden na drug,najgolema obvrska koha e, zaa cel zivot se decata,ne site isto ja ptifakjaat,...izivej go zivoto I koa ke napolnis 40pisi ke zborime,I ne isprevrtuvaj zborovi,I recenici..
    Sakav daden kazam deka lugeto moze dadeka bidat srekni I bez deca zaso id razlicni pricini moze da gi nemaat...a spored mene sekoj treba da imase deca makar I vonbracno...I ne mi do raspravanje,si kazav mislenje,sega zakaci mu. De na, nekoj drug.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ондак не се криви децата туку родителите што мислат дека децата се роботи.
     
    На minne992, ElenaOfRivendell и Mantub им се допаѓа ова.
  8. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Za toa se krivi roditelite so, taka go prikazale toa pred tebe a ne jas,kako gI cadite rabotite odd kontekst toa cudo,tvoite roditeli taka se ponele sprema tebe ne jas,tie ti nametnale takvo mislenje,ne jas ....vistinata boli zasto e vistina ete ti si ja iskusila ija nosis kako krivica...grizata zane decata ne e ednostavna rabota kako vi, sea cini...edno e da kazam decata se, problem a drugo deka togas pocnuvaat..omazi se imaj deca, paa ke se pojavis na. Nekoja od temite..a decata ne see krivi za nisto, roditelite seo tie koi si gi pravat problemite
    P.s.od telefonnov tastaturata sama si straka pa e napisano kako sto citate so mnogu greski
     
  9. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Roditelite sekako zasto tagas im isplivuvaat maanite i, doblestite nae videlina
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно те разбирам на што мислиш, иако можеби лошо се искажа. Кога човек станува родител влегува во нова улога, станува нешто што не бил пред тоа. Можеби и нема да се снајде добро во улогата, па кај другиот партнер настапува разочарување и може да дојде до ладење на односите. Децата се нешто за кое нема компромиси, па ако партнерот не е тоа што сме очекувале, да, ќе настанат многу расправии.

    Од друга страна, и да се нема деца, со текот на годините сите се менуваме, па сепак може да дојде до разидување на патиштата.
     
    На theowndemon, H.VAGA, teaiva и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не планирам да стапам во брак и да имам деца, и мислам поготово во оваа модерна ера секој си има право на личен избор дали да има деца или не, јас за себе си знам дека тоа ќе биде најголема грешка што можам да ја направам е да имам деца се знам себеси, кој пат да го избере човек се сведува на исто поентата е кој најмалку ќе страда во оваа модерна ера, ги гледам овие моја возраст се омажија во комшии па си викаш кај баш тој за тебе од цела популација на планетава твојата сродна душа вистинска љубов е во комшии или ист град можеби е во Токио на пример или којзнае која држава, некои мислат дека нашле вистинска љубов тоа е само нивно мислење затоа има разводи ако е толку вистинска како што си мислеле.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Треба да престанете да верувате во таа илузија на сродна душа, дека некој мене баш во Токио ме чека. Здрава врска и уживање во љубовта е макотрпна работа, труд, работа на себе си, а не дека треба да најдам некој кој совршено се вклопува со мене. Тоа го бараат луѓе што мислат дека никогаш не треба да направат ни еден чекор за да станат посвесни луѓе, да не работат на себе си, да не се предизвикуваат. И баш затоа има разводи. Затоа што луѓето "вечно" ја бараат својата сродна душа, ако не е таа која мислеле, ќе се разведат. Најлесно е да барам некој скрос како мене, потешко е да научам да го прифатам партнерот без да очекувам да се менува како што мене ми одговара за мене да ми е убаво и тогаш да речам сум ја нашла сродната душа.
     
    На Kaja991, eliesaab, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Добро ти е оваа напишано, жртва треба да се направи да имаш стабилен брак кој сака да го има.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ne e zrtva za brakot toa,naprotiv se pravi pred brak.
    Da mozes da se potpres na toj nekoj sto ne bara od tebe da bides sovrsen/a...
    Sekoj muabet i razmisluvanje se pravi pred brak,ne od koga ke pominat sviracite!
    Razmisluvanjata na licnostite nikogas nema da bidat isti,no mora da ima soslusuvanje,razmenuvanje, kompromisi ,zelbi za da se drzat godinite niz kontinuitet vo celina Drugoto e pomalku vazno.
     
  15. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Знам, секој живее различен живот, многу години размислував на оваа тема за брак и деца и решив никогаш да не го правам тоа, не дека немам услови или којзнае што, едноставно сакам да поштедам личности од овој пеколен човечки живот, од овој матрикс, и детето нема моја согласност да биде родено.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    За некои бракот е само лист хартија што не им е потребен за среќа,за други е врвот на поврзаноста и среќата.
    И едните и другите може да сакаат деца,и едните и другите може да нејќат деца.
    Тоа е нивен избор,нивна одлука,нивно право.Не е на Станко и Петранка да кажуваат дали има поента во бракот со или без деца.
     
    На CharmedGirl, SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.769
    Не, на социјалистичка. Од тогаш е законот. А северна едвај еден салам закон да има.
     
    На BlackNight, SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Прво никогаш нема да се објасниме и ќе почнеме да се напаѓаме зашто секој е со свое мислење различно едно од друго.
    Не дека се обидуваме да наметнеме нешто некому или дека се мешаме во нечиј живот туку тука споделуваме само мислење.
    Од една страна како што кажав претходно многу ми безврска брак без деца (како и деца на 40+ како што ме потенцираа претходно) не дека нешто имам против или дека осудувам.
    Од друга страна па реално ако гледаме (еве пак ќе кажам лично мислење) вистина дека според мене бракот нема смисла без деца ама ко ќе видиш па многу често доаѓаме до ситуации каде ќе речеме па загреота за детето што го раѓале. Значи има ситуации каде што навистина пожелно е да не се раѓа одколку да се раѓа. Исто брак заради дете нефункционен брак раѓање деца притоа немање финансиски средства за живот .... Фајде нема ни за децата ни за сопружниците.
    Безвезе ми е брак без деца доколку при здрави прави луѓе кои се имотно ситуирани со солидни плати и здрав семеен однос да немаат деца.

    Ама прифаќам секакви ситуации не е здраво да се мешаме и убедуваме дали и кој е во право. Како и претходно што е кажано има разни карактери разни размислувања разни начини на живот.
     
    На teaiva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски

    Не се искажа лошо, јас веднаш ја сфатив, кажа примери што за жал ги има. Убаво си заклучи на крај дека,, ограничените луѓе во се ќе си најдат причина да се рчнат.,, Може дека е на латиница и малку непрегледно, па може не ја разбрале членките, но далеку дека кажа нешто погрешно.
     
    На teaiva, *Amethyst* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Пишував од мобилен и тастатурата не ми е во ред затоа така лошо е напишано,Ви благодарам на вас што свативте што сакам да кажам..поздрав и секое добро
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.