Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.563
    Допаѓања:
    37.880
    Пол:
    Женски
    Супер за тебе. Сите знаеме дека уште го имаме оној менталитет дека во брак мора деца да имаш. Искрено, на мене ми е чудно ако некој не сака да има деца. Можеби затоа што јас сакам да имам деца.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.638
    Допаѓања:
    174.947
    Пол:
    Женски
    Ние сакаме, и тоа многу сакаме.
    Али воопшто не ми се чудни ОНИЕ што не сакаат.
    И добро е што во мое опкружување немам такви кои се чудат зошто немаме деца.:sweat:
    Оти па фала богу не ме ни прашуваат зошто сме сами сеуште.

    'Чудно' ми е што ти е 'чудно':)
     
    На KuklickaSk, H.VAGA, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Зборувај за себе.
    Има многу токсични родители што ги живеат нивните нереализирани животи преку животот на децата. Јас имам таков родител дома.
    Имам 23 години а ме гледа како да имам 13.
     
    На bibiiii и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  4. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто секоја тема мора да се традиционализира. Ако темава е брак без деца, би требало луѓето кои се во брак без деца да дискутираат како си го поминуваат своето слободно време, а не во темава да се убацуваат луѓе со спротивен став и да им солат памет како децата се нешто најбоље и луѓево дека се без компас демек.
    Тоа е исто како во тема каде што се зборува воглавном за деца, да се убаци некој што решил да нема деца и да почне да соли памет како животот без деца е прекрасен, а тие што решиле да се размножат се аутсајдери и неандерталци. Па тоа би било покољ.
    Премногу си даваат некои луѓе за право да имаат мислење за туѓи животи и избори.
     
    На elimkd, bibiiii, lovestoneddd и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Јас сум 4 години во брак без деца. Не дека не сакаме, едноставно така требало да биде. Ние секое слободно време го исполнуваме со патувања, освен периодов, ради ситуацијава. Со душа чекам да не пуштат на слобода и пак да одлетаме некаде. Единствени сме што немаме деца, зборам за најблиските што се веќе во брак. Но за среќа имаме и многу што не се во брак, некои дури не се ни во врска, па многу повеќе се дружиме и комуницираме со нив. Зошто дефинитивно, тие што се во брак и имаат деца, барем нашиве блиски, не се пријатно друштво, за тие што се сами како нас. Но сепак јас сум многу среќна, исполнета и сакана. Се надевам еден и јас ќе се радувам на дете, но додека сме вака, мислам дека треба да правиме работи само што не прават многу среќни.
     
    На elimkd, curlyhair, Grasiela** и 8 други им се допаѓа ова.
  6. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Во брак сум неколку години, но немаме деца и не планираме да имаме до догледна иднина. Се омаживме доста млади бидејќи бевме на чисто дека се сакаме и сакаме да бидеме заедно, а бракот ни го овозможува тоа од правни и финансиски причини и ни нуди еден вид заштита во иднина и на двајцата. Доколку ете нешто се случи и ние не можеме да имаме деца, треба ли да се разведеме бидејќи брак без деца не? Глупости. И да одлучиме дека не сакаме да имаме деца никогаш треба ли да се разведеме? Зошто да живеам во нерегистрирана вонбрачна заедница со некој со години? Доколку некој одлучи да живее така, ок нивно право, доколку некој одлучи да има деца а не е венчан исто така нивно право. Која сум јас да им судам?
     
    На elimkd, bibiiii, mila89 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Овие што одлучиле да немаат деца ок нивен избор е тоа, ама ме интересира дали не им се раѓа некое чувство кога ќе видат туѓи деца?
    Не посакуваат и тие да имаат, па да ги шетаат, учат, воспитуваат на свој начин, да купуваат облека, играчки?

    Никој не сака децата вечно да се со нив, сите сакаат што порано да ги изведат на прав пат, ама пак да се околу нив и одвреме навреме да ги посетуваат.
     
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Па зошто тогаш брак ако не планираат деца? Нека си седат така и онака е едно парче хартија.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.495
    Пол:
    Женски
    Да гледам туѓо дете и да ми доаѓа желба за мое, за да купувам играчки? Па мене и со дете не ми се случува ова.
    Дај оставете ги луѓето да си живеат. Како, о како тоа чудно било брак без деца?
    После 3,5 години брак останав трудна. Претходно не сакавме ни да пробуваме воопшто. И на сите им беше страшно и чудно, бидејќи нели се венчаваш и оп мора трудничка невестава да е.
    Ако не е, јалова е, проблеми има (секогаш жената, мажето е топ, јунак бре, јуначиште)
    Бракот не е само заради деца.
    На крајот на краиштата детето е прекрасно само по себе, истоштувачко секако, љубовно. Ама не е целосната смисла на животот.
    Проширете си ги малку гледиштата побогу.
     
    На elimkd, KuklickaSk, Konfetka и 16 други им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Зошто те немало тебе да ги поучиш ваљда
     
    На fashion-addict, elimkd, naturally и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Браво! Секој има избор во животот и сам одлучува за себе. Аман веќе, со тие примитивни прашања - кога ќе стапите во брак; кога ќе добиете дете; зошто овие немаат деца ааа сигурно нешто не е во ред! Луѓе 21 век секој има различен живот, избор, интереси, став, поглед на нештата...
    Бог да не благослови сите! Со деца и без деца... Дајте малку со тие примитивни сфаќања оладете!
     
  12. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека е балкански или некој индиски форум кога у тема за childfree луѓе доаѓаат mamicki и луѓе со чудни идеали да поставуваат глупи прашања и да солат памет, место да се остави темата за луѓето кои всушност го живеат таквиот живот да си споделуваат искуства и мислења. (highfive)
     
    На CameliaMiller, naturally, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.848
    Допаѓања:
    129.493
    Пол:
    Женски
    Збори си за себе.
    Бракот е документирање на поврзаност меѓу двајца.Тоа е само лист хартија кој не е потребен за да се одржува поврзаноста.
    Не мора да вклучува деца ако тие двајца не сакаат.
    Колку што е во ред некој да сака деца,толку е во ред и некој да нејќе деца.
     
    На Konfetka, bibiiii, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Еве го воведниот пост, темата е отворена за поширока дискусија и споделување мислење, а не само за тие што одлучиле да немаат деца.
    Не дека и таква тема би била на одмет доколку некој би имал желба да отвори. :)
     
    На SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Женски
    Ostevete gi lugeto site da si ziveat koj kako saka, so deca bez deca,so 1 so 2 so 3 so 7...
    Sekoj so svoite zamisli i celi!
     
  16. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Фала што ми кажа.
     
  17. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Затоа што тоа парче хартија има легална вредност. Тоа ти е како да кажеш дека парите се парче хартија, фактички точно, но во практика означуваат нешто друго.
    Бракот ги заштитува двајцата партнери. Во некои земји исто така брачните партнери имаат и други поволности како на пример плаќање помалку даноци и слично.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Konfetka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ова си е прашање на личен избор и затоа сите мислења со солење памет од темава, а и генерално во меѓучовечките односи, стварно се непотребни. Јас искрено не сакам да имам деца, никогаш не сум сакала, а во иднина не знам дали ќе посакам, ја оставам можноста отворена. Ама од перспектива на некој со таков став, отворено ви кажувам две работи:
    1) кога некој почнува да ме испрашува зошто така мислам и почнува да ме убедува во спротивното, страшно иритира. Дечки, тоа е мое тело и јас ќе одлучам дали ќе раѓам и тоа е моја психа и мој живот и јас ќе одлучам дали ќе се остварам како мајка или не.
    2) ама ИЧ не ми се менува ставот на темава заради тоа што некој друг ми кажал да го сменам. Нема жив аргумент што ќе ме натера да сакам да имам деца, се додека ЈАС самата не одлучам такво нешто. И затоа секој пат кога ќе добиете желба да прашате зошто некој нема деца и да почнете да го убедувате, затнете се зашто верувајте ако зборувате, за нас канти тропаат. :lol: Може само да не изнервирате и ништо повеќе од тоа.

    Морам да одговорам на претходното прашање дали добивам желба да имам деца кога гледам туѓи деца. Искрено, не. Мислам немам јас проблем со туѓите деца, тоа си е супер, само не ми доаѓа желба за мое кога ги гледам. А посебно не комшискиве деца што ги пуштаат на спрат да трчаат и да урлаат цел ден, тогаш посебно немам желба за мое дете :lol:

    И последно, на тема партнер. Отсекогаш сум била отворена со сите дечковци на темава и од старт сум им кажувала што мислам и НИКОГАШ не сум давала лажна надеж никому. Мислам дека тоа е најбитното нешто што сакам да ви го пренесам со постов - што и да одлучите на тема деца, аман кажете му отворено на партнерот од почеток, не давајте лажна надеж и не дозволувајте врската/бракот да трае подолго и отпосле да го кажете тоа па партнерот да се разочара. Во сегашната врска не се секирам многу на темава. Прво, млади сме, уште не размислуваме во насока на брак и деца и тие моменти нема да се случат наредниве две-три години најмалку. Второ, отворено разговараме за се, знаеме какви се нашите планови за иднината и индивидуално, и како пар. А и дечкото не е многу по деца исто, така да нема да имаме проблем. Ако некогаш се предомисли, сигурно не би имала деца само затоа што тој сака доколку јас не сакам. Е тогаш ќе имаме проблем и ќе ви пишам пак во темава :lol:
     
    На poenta, *Amethyst*, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислев дека бракот претставува заедница помеѓу маж и жена, а тоа луѓето да ти стапувале во брак само за да имаат деца.

    Добро, какво ви е тоа прашање "зошто се земате кога не сакате да имате деца"? Што претставува за вас бракот воопшто? Баш би сакала некој од вас да ми одговори како го доживува бракот, бидејќи за вас гледам нема значење без деца. А знаете дека можете да имате деца и без да стапите во брак? :nod:
     
    На elimkd, bibiiii, poenta и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Жално е и многу лошо, што голем процент од младите што се во брак, мислат дека децата се смислата на животот. Колку само сум се изнаслушала муабети од типот "господ да ви даде и на вас, па да видите што е убавина". Луѓе мене и сега животот ми е убав. Сите се живи и здрави, имам сопруг кој секој ден прави се повеќе да го сакам. Познавам многу луѓе што имаат деца, ама се разведени или несреќни. Не е истото мерило за среќа за сите. Една моја блиска пријателка, која е разведена и има дете, ми вели да не беше детето, многу одамна ќе ставев крај на овој брак, а вие колку сте среќни и колку многу се сакате. За мене е тоа поентата на животот, да сакам и да сум сакана.
     
    На elimkd, curlyhair, јolene и 8 други им се допаѓа ова.