' Чудно ' ми е исто како што на некои им е чудно што сум решила да родам дете на 24 години и да си ја уништам младоста. Кој сака нека не раѓа деца. Немам ништо против. Се дружам и со такви што немаат деца. @Beatris ти мислиш дека оние парови кои имаат деца не се среќни?
Ти си ми врсничка или барем кога си раѓала, си била на иста возраст како јас сега (имам 23, ќе полнам 24 годинава) и сакам само да ти кажам дека не гледам ништо чудно или проблематично во изборот што си го направила. Само што јас истото не го посакувам за себе на оваа возраст од причина што тоа не е мој приоритет (бар не моментално). Мора да сфатиме еднаш засекогаш дека не сме сите исти и немаме исти желби и соништа и цели во животот. На некого сон му е да има големо семејство и нормално е да почне да раѓа порано за да може да има повеќе деца. На некого целта му е образованието и кариерата, некој сака само да стане богат, некој да патува, некој да пишува книги... не дека сите тие работи не може да се направат и со деца, ама приоритет ни е нешто друго и нема ништо страшно во тоа.
Не, далеку од тоа. Јас познам, односно имам блиски, што се во брак со деца, а не се ни најмалку среќни, како и што пишав, некои веќе се и разведени. Мене ми е чудно и не можам да раберам, зошто вие мислите дека ние што сеуште немаме деца сме несреќни? Јас лично сум била во милион таквиситуации. Еве на пример, моја блиска се породи пред некој ден. Како што е редот нели честитав на бабата и дедото. И следуваше оноа, па ајде кај вас поскоро, вие сте млади, тоа е благослов, убавини и поглед со сожалување. На крај ќе кажам само, најважно е да се сакате и да сте среќни, не е важно дали со деца или без нив.
А зашто да те гледаат со сожалување? Тоа си е ваша работа дали ќе имате деца. Јас сакав да имам деца. Тоа ми беше еден од приоритетите. Кој сака нека не раѓа.
Затоа што тоа е тој наш менталитет. Затоа што кај нас "треба" да имаш дете, а никој не те прашува дали сакаш. И тоа треба веднаш после склучување на брак, во спротивно имаш проблем. Ете затоа после ги гледаат со сожалување. Затоа што отскокнуваш од калапот и одма ти препишуваат некаков проблем, тешко е да се сфати дека некој има сосема поинакви приоритети во животот или дека моментално не е спремен за дете. И навистина е жално што е така.
Со денови сакам да пишам на темава одговор на едно прашање ама се воздржував да не звучи грубо. Дали не сакате деца кога ги гледате другите? НЕ. Во мојата околина може има 20% добро воспитувани и чувани деца, некои од родителите на нив ми ствараат аверзија спрема родителството. Може на некој му звучи надмено ама тоа е моето гледање на ситуацијата. Туѓи деца не сакам, не ми будат мајчински инстинкт. Мои би сакала затоа што ќе се плод на љубовта меѓу нас двајца. Ама не по секоја цена. Со партнерот сме си доволни и сме ок и да не се случи тоа. Некако кога ја замислувам иднината не се гледам строго со деца по дома. Како минуваат годините се помалце се замарам со дали ќе имам деца, може ако родев на 19 немаше да стигнам да мислам вака.
По 10 години, повторно на темава, со сменето мислење. Фемина легенда човече, по толку години си врви. Те сакам Фемина, во најтешки мигови, тука сум стекнала прекрасни луѓе. И увидов колку успешно сум била изманипулирана во однос на темава од „другата страна“ кога всушност бил тој којшто не сакал деца ама успешно ме убедил дека и двајцата сме биле со исто мислење. Полиана и зрел мозок не било исто. Дали се каам што немав дете? Апсолутно не. Ќе беше преголема грешка. Дали би сакала во иднина? Да. Со вистинскиот човек овој пат. Со личност којашто ќе направи да чувствувам топлина на дом, а не што нема да се врти дома до доцна навечер.
Оние кои сакаат деца, ќе имаат, дури и оние кои не можат природно да зачнат, доколку желбата е навистина јака, ќе се најде начин, благодарение на сите можности во денешно време. Оние кои не сакаат, зошто да мора да имаат? Едноставно така решиле дека така сакаат да помине нивниот живот. Мислење за тие, е исто како и за оние што имаат и сакаат деца... Да се среќни и исполнети. Се додека едните не трпат навреди од другите се е ок.
Ако мислите дека не сте способни да чувате деца, уопште не ги ни правете. Тука имате целосна поддршка од мене. Боље не го раѓај, него ли да го родиш ради околината што те притиска.
Не мора ни да си неспособен. Може едноставно да не сакаш. Немаме сите исти мисли, желби и потреби. Кој-како сака, нека си живее.
Бил некој у ситуација да биде у среќна врска со човек што сака деца, а таа/тој самата да не сака? Успева тоа, кој правел компромис? Лабава прогноза е дека бидејќи има огромно разидување во вредностите, евентуално ќе се разделат. Никој никому не смее и не може да наметне нешто што другиот не го чувствува. Ептен зезнато..
Не може да функционира таква врска реално. Каков компромис и да се направи, едната страна ќе биде на некој начин присилена и несреќна.
Почитувам сечија одлука, бидејќи секој си е различен. И секако на ваква тема подобро е порано да се разговара, да се види дали се партнерите на иста бранова должина. Но, она што ме згрозува се мажи што ја убедуваат партнерката дека сакаат деца (или тоа мајка му дека сакала внуци, или ај ради реда) и штом ќе се роди детето, тој се променува за 180⁰ на полошо. Ниту се грижи за своето дете, и отежнува на сопругата, а многу често му текнува дека за швалерка имал време.
A demek mn mn za decata se grizat mazite? Tesko toa vo ovaa sredina. Se e rabota i obaveza na zenata, rucek, cistenje, deca. I plus na rabota ke odis. Zatoa i zenite gledam mn mn ne se potresuvaat za brak. Nikoj poveke ne e budala da izigrava cistacka za mazot.
Таква врска функционира додека не престане да функционира Знам, оти бев во една. За мене деца не беа, ниту денес се, нешто што ми е цел или пребитно; на бившиот последниот период му станаа. Имавме други поголеми проблеми и заради тоа се разделивме, но секако и имањето/немањето деца беше фактор, посебно од моја страна - гледав колку сака, а јас колку ми беше искрено сеедно. Не бива така