Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Хах, ме насмеа :D

    Немаше колку што знам швалерки, за мајка му не му беше гајле, ама јас му викав - ти сакаш јас да си родам твое дете :D

    Логистички е невозможно да си присутен родител ако работиш 20 саати на ден, а јас не сакам да сум 98% задолжена за децата или за домот :)

    Сегашната девојка вика дека ептен бил дечар (знам дека е, за туѓи, пола саат), може на неа нема да и' смета сама да си ги чува децата.

    Мене би ми сметало, ептен многу.
     
    На Justicija и Polyincognito им се допаѓа ова.
  2. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Decata se blagoslov.Da dade Bog site sto sakaat da gi imaat da imaat.A tie sto ne sakaat da zemaat na gosti nekoe vnuce Ili dete od bliski da go pochnuvaat edna nedela za da sfatat dali sakaat Ili ne sakaat deca.
    Obichno stravot od toa dali ke bides idealen roditel go blokira chuvstvoto.No sekoj so svojot um.Pochituvam sekakva odluka ako e bazirana na sopstveni sfakjanja I iskustva.
    Decata go menuvaat chovekot na podobro I mnogu raboti treba da ucime od niv. Vo eden brak Ako dvajcata imaat razlichni sfakjanja za imanje deca togash ne moze da se napravi kompromis I ke zavrshi so razdelba.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.050
    Да имав земено дете на поседок една недела, никогаш немаше да се осмелам да имам свое. Така што, внимателно со препораката.
    Своето го сакам повеќе од себеси, ама тоа откако го имам. А немаше да го имам ако го немав вистинскиот партнер. И така...
     
    На CameliaMiller, Gosh, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Digital

    Digital Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Duso probaj so crvena maka jas ja kupuvav od edna strana na instagram crvena i crna maka .. Ja nosele direkno od Peru moja drugarka imase problemi so hormoni i cisti se i se sredi i sega i detenci si ima.. kako sto mi kazuvase ona nekade 6 meseci ja piela
     
    На Anyshka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.281
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Постот е од 2014та.
     
    На eliesaab и Amore123 им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Црна е за мажи, црвена за жени, така знам јас.
     
  7. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    154
    Брак без деца може да биде подеднакво среќен како и брак со деца, во некои случаи помалку среќен, во некои случаи многу повеќе среќен. Зависи од брачните партнери, нивните желби, можности и преференции. Сметам дека не значи дека доколку во бракот нема деца, брачните другари по автоматизам треба да се несреќни, ниту пак дека децата по автоматизам го прават бракот посреќен. Постојат секакви примери и не сите сметаат дека треба да се остварат како родители. Лично сметам дека иако од една страна децата носат многу среќа и убави моменти во семејството, од друга страна можат да бидат предизвик за брачните другари, и после добивањето на деца понекогаш бракот запаѓа во криза доколку партнерите не се доволно подготвени за промената во нивните животи што ја носи имањето на деца.
     
    На mKdevojce, Mumoftwo30, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Може ли да прашам нешто?

    Ако двајцата партнери се одлучни дека не сакаат деца, тогаш која е потребата од склучување брак? Тоа малтене ми е врска ама на папир.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    154
    Бракот нема никава врска со желбата за имање или немање деца.
     
    На CameliaMiller, Dust, Anyshka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Да, ама е секако вид на институција, во смисла тука веќе се помешани и закони ( не знам како да објаснам попросто), реално, зашто би да влагаш у брак, да делите (правно) се а не сакате деца? Полесно е врска, оти може низ годините на некој од партнери да им текне дека сака потомство, па полесно ке се одвојат отколку кога се во брак.

    Тоа е мое мислење
     
    На Aschenputtel, Mumoftwo30 и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    За да му ја наследам пензијата.
     
    На CameliaMiller, Stark, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Така сакаат едноставно, е затоа. Нивна работа си е тоа апсолутно.
    Ама нивен проблем е, не знам што не е јасно тука. :) Може ете и од корист им е на некои ко што рече членката, може сакаат официјално да се у брак и им е битен тој потпис. Ствар на договор е сето тоа и на слободна волја и желба.
    Зашто чудно е толку ова? Мене па ме чуди твојава реакција искрено.
     
    На CameliaMiller, Anyshka, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    А во брак се стапува само заради деца? Не сум знаела.
    Бракот е ново ниво во партнерството, станување семејство, фамилија. Официјализирање, процедури, признавање. Не мора деца да има.
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Епа чим бидат полнолетни децата разведете се ондак, чим ради децата сте се земале
     
    На Mumoftwo30, Anyshka, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.860

    Апсолутно ти го разбирам прашањето, но еве за мене ќе зборам. Моравме да стапиме во брак за да дојде он тука да живее со мене , не беше никако изводливо, разделени во две држави, пробано беше како последна шанса и преку агенција он да земи виза да дојде тука, но го измамија, само парите му ги земаа.

    Вака е супер , си го земав кај мене, се легално, си живееме, си работиме заедно, си посветуваме внимание еден кон друг и најбитното ако ни текне некогаш можеме кај сакаме заедно да се селиме без да имаме „ додатоци „ мислам на деца да влечкаме со нас.

    Немаше стварно излез , баш тогаш се погоди Корона, а разделени џабе само време губење , ветер и магла и мораше итно да се решиме на брак.
     
    На TarantulaA, SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  16. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Децата, имањето и немањето е нешто што како и животот се "случува". Не е нешто што седиш и планираш, барем не во најголемиот број случаи. Кога ќе те удри реалноста од глава, ќе направиш место за нови сфаќања, и тоа е. Некогаш ретроградно ги толкуваме како одлуки де...
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.998
    Пол:
    Женски
    Епа, на жената ѝ треба некаква правна и финансиска сигурност што ја овозможува бракот. Во приказната не мора да има деца.
     
    На hello-kitty.90, SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    6.425
    Пол:
    Женски
    Баш напротив децата би требало да се планираат
     
    На Noemi и Rubiii им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Ја па за брак без деца сум, али за деца без брак не сум.
    У глобала, сум за брак. Не глеам поента на вонбрачна заедница.

    Наречете ме старомодна, ваква, онаква али тие амерички срања као бејби деди, бејби мами ми се толку гето и вајт треш, одма знаеш за какви пациенти се работи.

    И пред да скокате, не зборам за деца кај разведени, посвоени, вдовци и такви ми ти ствари.
     
    На Amellie13, Munchmallow20, Srckata28 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    154
    Дали има некоја од феминките што го сменила својот став во врска со ова прашање? Можеби во минатото тврдела дека не сака деца, па можеби потоа го сменила мислењето? Или доколку не го сменила мислењето, како и се одвива животот со партнерот од денешна гледна точка? Дали сѐ уште си се доволни со партнерот еден на друг или можеби на моменти сметаат дека нешто им фали? Како некој кој што сѐ уште нема деца, би сакала да видам повеќе искуства и размислувања на темава.
     
    На eliesaab и Unknown15 им се допаѓа ова.