Никој нема никакво право некого тука да нарекува себичен, секој за себе, секој со својата приказна, своите можности па и судбина. Кажи го своето мислење како сите други, не ги напаѓај оние со друг став. Сум сретнала многу себични жени што имаат деца , така да нема правило.
И јас се согласувам, никој нема право да нарекува себичен. Секој си знае како му е, и што сака во животот. Знам многу луѓе што решиле да немаат деца, извонредни личности се, успешни во работата, угледни... но решиле да живеат сами. Секој може да има свое мислење и став, јас нема шанси да се одлучам на таков живот јас обожавам деца, но сепак не ги осудувам тие што така се одлучиле.
Долку не се чувствуваат како луѓе кои не можат да одгледаат деца,подобро и да ги немаат.Други работи ги водат и исполнуваат во животот,можам да кажам дека е и доза на себичност,но па и не е,затоа што на никому ништо не ускратуваат,туку само на себе. Од друга страна,сум забележала кај брачни парови кои немаат деца како резултат на лична одлука,а не нешто друго,отсуствуваат многу важни работи,особено кај жените.Им недостига онаа топлина,близина и зрелост која секој родител ја има.Секој човек вистински почнува да созрева откако ќе почне да одгледува деца,а овие некако цел живот остануваат некако неоформени,нешто недостига и мислам дека задолжително доаѓаат до дел каде што интимно си признаваат дека згрешиле што се одлучиле на тоа,но не знам дали некој го признава тоа гласно.Впрочем не ни има потреба да го признае гласно,доволно е на себе и претпоставувам дека таа празнина ја исполнува завидливост кон останатите кои успеале во нештото - родител.Затоа што на старост...нив им останува само статус пензионер,ќе се караат и крепат дур се заедно и на крајот,едниот ќе остане сам и огорчен,а оние среќлиите се пензионери,родители и баби и дедовци,имаат повеќе *чинови* дури и на делот кога се завршува овој круг. Не би било тоа моја одлука во секој случај.Бар за мене покрај сите тие стварчици кои го чинат животот,сметам дека целата поента е на крајот - хармонично семејство кое е темел за децата,а конечен производ на родителите.Дали ќе бидеш прошетан,успешен,парајлија сеедно е,ако немаш парче мевце од себе на кое си му го пренел сето твое знаење и искуство за да тоа утре,го надгради и пренесе на неговите клинци.Бесцелно е тоа трупање и трупање и трупање на пари,искуства,прошетки,љубовници што и да е...ако на крајот немаш кому да му ги раскажеш,а уште поважно,да си предмет на гордост ако се доволно волшебни,интересни и импресионирачки.Можеш и на комшиските внуци,ама ти не си нивната баба или дедо...така да сеедно...
Не осудувам луѓе кои се одлучиле дека не сакаат да имаа деца. Не се сите родени, ниту погодни да бидат родители. На некои - и те како би им ги одземала дечињата, да не патат покрај такви кои носат епитет - родители. Некои луѓе и покрај огромната желба - не можат да имаат дечиња. И сега тие за осуда ли се? А од друга страна, не им е лагодно да посвојат. И тој момент го сфаќам. Не осудувам никого и полна сум со разбирање. Порано не можев ниту да замислам да имам свое дете, ниту да се видам во улогата на мајка. Сега тоа е сменето. Значи, се случува, човек може и да се премисли. Животот е еден и секој треба да си го изживее како што смета дека му е најдобро. Ако некој смета дека смислата ја прави кариерата и парите, а не семејството - бујрум. Сосем негов избор и негова работа.
Секој има право на избор како ке си го живее животот,секој си ја крои сам судбината.Но мислам дека секој (или барем поголемиот бр.луге), се борат да остават нешто после него,всушност и тоа е смислата на животот.Може во млади години некој размислува - подобро да успеа во кариерата,да се збогатам,да прошетам...... се тоа е во ред,но мислам дека секогаш ке недостасува нешто.Не ги осудувам луѓето што решиле да немаат деца,ама јас лично не би можела да живеам така.Мислам дека најголем успех на брачниот пар е да оформи фамилија,инаку пага се во вода и пари и кариера.Но секој со свој избор
незнам кој не би сакал да има дечиња тие се мали слаткички едвај чекам д аостанам бремена и да си имам бебче се надевам дека овој пат се ќе биде во ред со бременоста моја и да се израдувам со едно мало слатко бебуше
доколку мојот партнер не сака да има деца тогаш не би била со него. Децата сакале или не се навистина најголемо богатство, а никој немада ми го спречи тоа чуство да бидам мајка(не дај боже ете нешто само од здравствени причини да не е ) значи тука збориме за брачни парови кој не сакаат деца па ок може некој ќе си се најдат двајца такви, но сепак доколку вашиот партнер не сака деца а вие сакате јасно треба да му дадете до знаење што за вас претставува мајчинството а доколку е цврст во неговите ставови во потрага по друг веднаш. сепак она што се сака неможе никој да ви го одземе а овие разговори се водат сакале или не веќе ако врската ви се продлабочува, но и самите партнери се приметуваат по нивните реакции кога доаѓаат во контакт со деца дали тие сакаат или не
Според мене бракот без деца не би имал смисла.Секако, тука не ги вбројувам оние бракови кои немаат деца заради тоа што не можат. Децата се круна на секој брак. Децата се најубавото нешто и најголемата инвестиција на еден човек.Нивната љубов што ти ја пружаат е најчиста и најневина. Не викам дека е лесно да се одгледуваат.Нивните потреби се секогаш пред вашите,има многу одрекувања кои ги правиме заради нив,но која би била целта на животот ,за што би се бореле доколку нема на кого тоа го оставиш?! Ги имаме неколку пати оставано да преспијат кај баба и дедо.Во тие моменти домот е празен.Ни недостига нивното трчкање,зборување,закачање,па дури и плачење.... Тогаш тишината не ти е пријатна,а мислиш дека толку многу си сакал да се одмориш. Тие кои се одлучуваат да си го поминат животот без деца(не ги вбројувам оние кои не можат) не знаат што пропуштаат,колку радости и среќа ,кои само децата можат да ти ја пружат.
Извини ама јас реков дека тоа е мое мислење и тоа засновано лично од моето искуство. Никого не нападнав, а ти ако се пронајде во мојот пост, тоа е твоја работа
Во брак сум десет години, и двајцата знаевме дека не сакаме да бидеме родители од почеток. Ако потенцијален партнер сакаше деца и мислеше дека ќе ме предомисли со тек на времето, во таков брак јас немаше да влезам. Сега, да пробам да одговорам на некои од стереотипичните „зошто„ Дали бракот има смисла? Треба да се прави разлика меѓу брак и семејство. Тоа се две различни општествени групи со сосем различни приоритети, интереси, обврски, правила, почит, разбирање и се по ред. Кој не гледа разлика тука нема да разбере. Дали сум јас себична? Кој суди? Дали мајката на четири деца има право да суди така за секоја што има по три, две или само едно, иако можеби можат да имаат повеќе, ама ете едноставно не сакаат, доста им се едно, две или три. Дали трчам по пари и кариера? Не. Јас можам да финансирам деца ако сакам да ги имам, и да се вратам на работа после раѓање. Има доволно мајки со успешни кариери за да го поддржат тоа дека не е валиден изговор, или валидна осуда. Дали еден ден ќе се покајам? Требаше-не требаше има секој во секакво поле од животот, па ако се покајам и за ова пак на моја глава е и никој не губи освен мене. Што кога ќе остарам? Се додека сум жива и свесна за себе јас пак ќе уживам во задоволства кои животот ги нуди а јас ги сакам да ги имам. Да родам и израстам човек за да ме чува кога не можам, тоа е себично од мене. Има дом за старци па како за сите тие баби така и за мене. А сите знаеме дека тие домови не се полни само со луѓе што не биле воопшто родители. На кого ќе оставам што имам? Како што спомнав погоре брак и семејство и нивните разлики, на внуците од моите браќа и сестри. Ако сум во можност и на добротворни организации кои други ги забораваат и на истражна медицина. Секој сака подобар лек за рак на пример.
Многу ми се допадна ова.Едно е да си во брак со мажот зашто се сакате и сакате да бидете заедно, а друго е да имаш деца.Според мене погрешно е мислењето дека влегуваш во брак за да имаш семејство.
Зошто да не, но само ако и двајцата се согласуваме за тоа не едниот да сака другиот не па бидејќи го сакаш другиот да не можеш да си го оствариш најголемиот сон да имаш ДЕЦА, да подариш живот, ако сакам да имам деца, а мојот партнер не тогаш би го оставила тоа значи дека имаме различни мислења и ставови,но сепак и со разговор може проблемот да се реши
Ова не е напаѓање кон сите што не мислат исто како тебе и кои решиле да немаат деца? инаку не душо, не се пронајдов ни малку. според мене, посебично е на пример да манипулирам со невниманието на оној кој би требало да го сакам за да си истерам по свое отколку да решам да немам деца ради Х причини. Јас некогаш и да посакам деца, сигурно нема да си поиграм со неговото невнимание за да добијам нешто туку би му рекла сакам да имам деца, тој ако рече не-никому ништо. Демек, ќе го казнам со алиментација? пих, како што ние имаме право на избор дали ќе го абортираме детето или не, така и мажите имаат право да одлучат дали сакаат деца или не. Би било себично ние да имаме избор откако бељата е направена, а тие да немаат. Eте, ама тоа е сепак само мое мислење... И не ми се обраќај веќе на темава! Чао.
ако јас го сакам тој маж ќе живеам со него а за жал има многу деца без родители и може да се посвои некои бебенце или до 1 година нека е старо па ќе биде како наше
До пред неколку години мислев дека ќе немам деца...замислував еден идеален брак со мојот сопруг, слобода колку што ти душа сака...бев опкружена со блиски роднини и пријатели кои имаа мали деца, и слика ми беа мајките ненаспани, па изморени од работа трчаат по децата од градинка, дома хаос играчки и неред на сите страни, па се скарале, се степале, викотници...јас и онака не сакав многу деца, плус оваа слика, и мислев дека ако имам дете ќе се заробам буквално...Фала му на Бога што се предомислив и си ја родив мојата принцеза...и сега гледам дека џабе е сето гледање и анализирање од страна, колку и да гледаш и слушаш за деца не можеш да знаеш како е додека не имаш свое...исто како некој да ти ја опишува љубовта, џабе се зборови, џабе се слики на заљубени парови околу тебе кои се гушкаат, бакнуваат, се додека не ја почуствуваш-поима немаш за што се зборува. Е сега иронијата е во тоа што ако сакаш да почуствуваш треба да имаш дете-а ако веќе си се одлучил да немаш, за жал остануваш пократок за една лавина од емоции, едно големо чуство на љубов-вистинска, љубовта измеѓу маж и жена не може ни во најмала рака да се мери со љубовта што ќе ја чуствуваш кон твоето чедо...
На темава би рекла А зошто па да не! Секој си има право на избор. Јас сум мажена 2 години скоро и незнам дали и кога ќе имам деца, не ни размислувам на таа тема. Не дека сум себична туку затоа што во моментов немам желба нити време за деца. Сакам да искоментирам дека децата не се посвојуваат само кога се бебиња до 1 година нека е старо има деца и постари од 1 година кои се безродители и на кои им треба љубов. Навистина ме растажува помислата на дечиња кои ја преминале “нормалната воздрасна граница“ за посвојување ќе останат заглавени во системот, сами за секогаш
Јас сум голем противник на она убедување дека нема да знаеш како е додека сама не родиш. Мајчинска љубов не треба да се наметнува како едниствен и пресуден фактор за тоа дали некој треба да роди или не. Многу фактори играат улога при донесувањето одлука дали да се има дете или не, и тие за секого се различни.
За да имаш дете треба да платиш прилично висока цена за да ја почувствуваш "вистинската" љубов. Кога родителот е во подоцнежни години,се сомневам дека детето ја чувствува таа иста љубов... а од страна на родителот љубовта најверојатно (или по дефиниција) е безусловна (иако безусловните љубови се опасни и знаат да бидат фатални макар и да се работи и за овај случај)...материјализмот си го направи своето... детето си ги гледа родителите додека има корист од нив...а кога доаѓа време тоа да се грижи за родителите е тоа е друга приказна...има премногу примери за ова насекаде...сума сумарум на крај не можеш да знаеш која љубов најмногу ќе те исполни и направи среќна или ќе те направи несреќна и незадоволна...која е најдобрата за тебе...и која е твојата инспирација во животот...
Jас пред да се омажам си планирав барем една година да немаме деца, демек да си поуживаме. Aрно ама после еден месец ми се разбудија сите мајчински инстикти и неможев да дочекам да станам мајка. Ќерка ми ми е нешто најубаво што ми се случило во животот!!! Kога се решивме да имаме бебуш и јас и сопругот бевме невработени и живеевме со неговите родители, за еден месец разбравме дека сум бремена и сопругот доби работа, се преселивме во наш стан, кога малата имаше осум месеци и јас се вработав, значи коцките совршено си се наместија