Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.050
    Да не отвораме обратна тема, ама ме интересира-зошто? Мислам кој е резонот позади ставот?
    Имам пријатели, со деца, без брак. Живеат заедно, се нормално, само немаат папир и поише данок плаќаат. И тоа не ми е јасно, ама мислам нив од мрза им е ова:D
     
    На Deus ex mahina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Јас !
     
    На eliesaab и Romina им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Сакам дете, го оставив мажот :D

    Шала на страна, ни ден денес не знам дефинитивно дали би имала дете, никогаш и не сум знаела, едноставно не ми дошла конкретна желба за имање. Со бившиот се разделивме од 97% други причини, имање дете нека е 3%. Ни тој ден денес инаку нема деца, ни јас, а поминаа неколку години.

    Идејата за дете ми е сега поблиска, но, пак не ми е нешто апсолутно пресудно за да бидам со некого.
     
    На Justicija, LiquidLuna, Romina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Ај вака ќе пробам кратко, оти ќе треба на долго - ја сум прво за врска, брак, па деца, бабпското, затуцаното.
    Не ми е прво јасно зашто не брак, а па уште помалце не брак, али деца ај. Ако нема голку голема разлика и се е само папир, зашто тогаш не се венчаат?

    Се ми се тоа некои манипулативни тактики, сигурен план за бегство, без развод и обврски и последици, само чао пријатно.
    А децата највеќе ќе страдаат.

    Сите што ги знам што не сакаат да се венчаат, се е тоа од себични причини и од корист.
    Иначе јас не знам ни еден вонбрачен пар со деца...:shake:
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Erika.greeneyes, makakosi, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.281
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Во право си, јас познавам таков пар и се секој втор месец скарани па си оди дома женава.. а детево има годинка.. и на сите страни е растргнато… и скар смир прават цело време… и коа се преставуваат се као, мајката на детето или таткото на детето:drunk: као они да не си се ништо…
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Нека прави кој што сака, никому не судам, донекаде и разбирам, иако ја лично не би ако се деца вклучени, не дај Боже вака па да ги мислат душебрижници (подолуспоменати) дека се од "вонбрачна заедница", не за друго.
    Ко што ни пола и врски кои се завршиле со брак, или само се завршиле, исто и бракови, и со деца и без, се репер на љубов, ни функционалност, (на бракот, утре и децата) ни трајност, за верност па да не зборуваме.

    А и темата е брак без деца, не деца без брак ама добро.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Не се земаат затоа што треба да се малтретираат по судови. А вака чао пријатно. Познавам такви парови.

    Брак без деца некако не ми иде :?:
     
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    За брак без деца сум, ако е желба и договор на двајцата партнери да си живеат само тие сами.

    И мене повеќе не ми е сфатливо деца без брак. Нека сум старомодна ама никако не ми е. Тоа е недоверба, неодговорност, нестабилност. Зошто би правела деца со некој што не сака да ме жени или не сакам да го мажам?? Ми нема воопшто смисла.
    Ако е "само лист хартија" тогаш што е толку тешко да се потпишиш ако го сакаш навистина партнерот? Или полесно е вака да се премислиш, па скарај се смири се без одговорност, па драми, на крај само на децата трауми ќе се накалемат. Не велам дека во брак ако се нема да имаат трауми, во тој случај е подобро развод. Но во тогаш се знае, разведени сте и тоа е тоа.
     
    На hermosa, Anyshka, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Јас сум за деца без брак многу повеќе отколку деца да растат во расправии и стресови.
    А за деца вон брак никогаш нема да ми е сфатливо,ама тие некако ми стојат на фолови,бегање од одговорност итн.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.998
    Пол:
    Женски
    Поддржувам брак без деца, но не и вонбрачна заедница во која ќе се родат и растат деца.
    Безвезна е. Лош пример на непотполна одговорност.
     
    На Anyshka и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Јас познавам многу парови со деца кои не се во брак, меѓу кои и моја најдобра другарка.
    Лично јас не сакам брак, никогаш не сум сакала, не ја гледам смислата на истиот освен да си го искомплицирам животот дополнително.
    Единствено зошто би била во брак е само за да можеме меѓусебно да користиме здравствено и да се наследуваме еден со друг, апсолутно децата не ми се причина за истото.

    Бракот е договор со државата, ако немам имот за меѓусебно наследување и немам потреба од здравствено користење, не гледам ни потреба.
     
    На ane.bella, LiquidLuna, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.