1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    jа проЧитав васата кратка дискусија и не мозев да издрзам а да не писам дека го делам мислењето на тессие. :)
    секој има право сам да одлуЧи дали ке има деца без етикетирање, манипулирање или било каков притисок од партнерот, околината или потесната фамилија. како сто зените се борат за правото на абортус, и мазите имаат свој став. целта на бракот, партнерството, заедницата мегу мазот и зената е да се науЧи на компромис и заедниЧки зивот, не наметнување на своето мислење и свесно влегување во тој брак со цел да си истерас свој ''кеиф'' до крај.
    нема нисто себиЧно ако некој расЧистил сам со себе. а и со својот партнер и го казал својот став.
    ЈАс веке 2 год. сум во брак и не ни помислуваме на деца( од едноставна приЧина сто сеусте не сме спремни), истиот став го имавме и пред стапувањето на брак. имавме еден разговор за насите зелби, оЧЕкувања....а плановите заедниЧки ги направивме. врз основа на казаното.
    не се срамам да казам дека сакам да напредувам во кариера, интелектуално да се надоградам и да го видам светот, најпрво сама со својот партнер, а потоа сакам да ја просирам фамилијата. 21 век сме, границата на биолоскиот Часовник кај зената се поместува се повеке и повеке,а на кај краиста мој зивот моја одлука, не мораме отЧет на никого да даваме. за мене лиЧно најнесебиЧен Чин на овој свет е посвојување дете. од секогас сум велеле, лесно е да сакас несто сто е твоја крв, оние малкумина сто се способни истата таа љубов без резерви да ја дадат на детенце сто не е нивно, тоа е за поЧит.
    еден ден здравје бозе, кога ке поЧуствувам дека досол момент, нема да правам разлика мегу сопствено дете и опцијата да посвојам, мегутоа поради фактот дека зивеам во браЧна заедница, за секоја поголема одлука мегусебна консултација е неопходна)
    -Децата не се трофеј. или изговор за некој сопствен неуспех, неостварен сон. ( на залост иако е мал бројот на лиЧностите со ова мислење, сеусте постои)
    -децата не се инструмент за задрзување на партнерот, деЧкото( оти он се поЧуствуваl несрекен во врската и размислува да продолзи сам, па ај да го врземе)
    -децата не слузат за остварување на насиот детски сон да бидеме мајки( тоа дете има и татко кој е подеднаков родител како и мајката)
    -ако некоја девојка одлуЧи да добие дете на 20, не знаЧи дека има поголемо срце од девојката сто истото го направила на 30 или пак и повеке. секој со своите убедувања, зелби и својата судбина.

    децата се најубавото несто. кога ке дојдат на светот они стануваат твојот свет. мегутоа наса е одговорноста во каков свет ке ги донесеме. јас лиЧно не сакам да донесам дете на овој свет се додека повеке клуЧни прасања, проблеми не бидат разресени, од стилот обата партнери да се спремни, да имам сто да му прузам на тоа дете.. итн. не сакам да станам мајка па да изигравам маЧеник, еве видете јас сто се правам :?: , а тоа всусност било така поради приЧини кои самата сум си ги создалa.
    ако некој сеусте не го поЧуствувал моментот да добие дете( од најразлиЧни приЧини), не знаЧи дека е помалку добар од другите, а најмалку заслузува да биде етикетиран како себиЧен или кариерист.
    сума сумарум се додека еден браЧЕн пар по сопствена волја е без деца, го поддрзувам нивниот став, засто тоа е нивен брак, нивна одлука. која сум јас да им судам, солам памет или наметнувам мои ставови???
     
    На tessie, fairy90, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mando-diao

    mando-diao Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    32
    Љубовта кон детето е најголемото возвишено чувство,желбата за бесмртност што ја има секој човек се остварува преку децата,Со нивното растење и созревање ние повторно го одиме животниот пат од почеток,лазиме по подот кога лазат и тие,трчаме по топката заедно со нив,училишните проблеми и првите симпатии ги споделуваме заедно,среќни сме кога инвестираме во нивното знаење и нема поголема радост од тоа љубовта на двајца кои стапиле во брак да се преточи во прекрасно човечко битие кое ќе го направи вашиот живот уште посреќен.Не можам да сфатам дека има луѓе кои и покрај тоа што немаат здравствени причини би се откажеле од имањето на свој пород.Не сакам да ги обвинувам таквите,но сепак мислам дека се себични бидејќи во човекот има многу љубов што треба да се подели со најсаканите а тоа се тие прекрасни и невини мали ангелчиња.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Абе аааајде, бројот на несебични и добри луѓе да беше еднаков на бројот на жени што родиле (што значи сите мажи ги направивме себични :lol: јбг сега дискриминацијата оди во обратна насока), светот ќе беше милион пати подобро место за живеење. Шала на страна, мене поважно ми е пред да се решам на тој чин да се осигурам дека сум во одлична здравствена состојба, (да не ќе го родам за да ми биде слуга кога ќе легнам не дај Боже?! Би било ептен несебично, да, да...) и дека сум со одлична финансиска состојба (месечно снабдување со пелени е минимум 100 евра за други работи да не почнеме муабет, а некој толку троши за храна во месецот, поарно да не се зачне тоа кутро дете, отколку да трпи сиромаштија со мене и утре да му оставам само долгови, ептен ќе ми е благодарно што сум го донела на свет, да, да, секако).

    Детето не е, роди го и си завршил работа. Еееј 21 век сме треба да ни е јасно дека треба да се проверат 300 фактори пред да се решиме на тој чин, да се решат финансиските прашања, не е роди го во беда и Господ ќе помогне... Тој помага и јас верувам во тоа, но сепак, на сите ни дал мозок со причина, нели? Со месеци жени здравствено се припремаат, примаат терапии... Па нели сме современи, еманципирани жени на 21 век?

    Не е најнесебично да родиш, најнесебично е да родиш и да му ги пружиш сите услови за удобен и хармоничен живот, полн со родителска љубов, но и со безгрижност на секое поле.
     
    На CameliaMiller и fairy90 им се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Јас сум против брак без деца прво затоа што јас би стапила во брак затоа што би сакала да си оформам свое семејство ,второ оние кои не сакаат да имаат деца искрено не знам како во подоцнежни години би се чувствувале исполнети некои се оправдуваат дека кариерата им е најбитна во животот а дека бракот и децата се преголема обврска за нив. Вистина е дека е убаво да градиш кариера но тоа што го твориш можеш да го споделиш .Доколку би имала партнер кој не сака да има деца нема зошто да останувам со него, прво би го откачила уште додека сме во врска , би заклучила дека него го интересира само секс т.е сака да има метреса,слугинка некоја што ќе готви ,ќе го средува ,повеќе би сакала да си имам дете па макар и да не бидам во брак .
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас веќе се имам изјаснето дека сум од тие жени што не сакаат да бидат мајки. Не е до кариера, пари или не знам што како изговор, туку е кратко, јасно и едноставно стил на живот.

    За секој што мисли дека ние што сме се решиле на тој чекор така лесно сме го направиле тоа, јас ќе ви кажам, дека жените како мене имаат размислено многу подолго и многу подетално и подлабоко пред да се решиме дека не сакаме да родиме, отколку што има размислено жената што всушност сака да биде мајка.
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  6. mando-diao

    mando-diao Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    32
    Не ми се верува дека секогаш ќе размислуваш вака,но ако го смениш мислењето годините ќе си поминат па да не се каеш на стари години.Размисли си пак,имаш уште време.
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека не е во ред да се наметнуваат некому ставови дека мора да има потомство, мое мислење е дека не е секој parent material, така да ваквите е може и полошо да направат обид, па и доживеат дебакл отколку да апстинираат од потомство, нема тоа секогаш врска со кариера или трауми од детство, некои парови си имаат свои причини и свое право на избор кои им ги почитувам како такви.

    Ни јас пред години не бев сигурна околу тоа дали ќе ја владеам добро оваа улога, дури и колку ја посакувам, но сфатив дека ми е премногу значајна во одреден момент, сепак тоа ќе го реализирам ако најдам соодветен партнер за градење ваква иднина или нема да го реализирам воопшто како и да е, фактот што сега сум начисто со тоа дека сакам потомство не ме прави понесебична или подобра личност од претходно кога не бев со вакво убедување.

    Понатаму не се согласувам дека децата неминовно се секогаш поддршка во староста, не е мал бројот на родители заборавени или малтретирани од своите деца на оваа возраст. Не е мал и бројот на родители тирани, сепак крвното сродство не треба да се злоупотребува во било кој правец криејќи ја себичноста зад семејноста на еден друг начин т.е. ако некој ми дал живот не значи дека треба да ми го даде и сопствениот живот, јас имам точно разграничено до каде, колку и што во врска со животните прашања кои ме врзуваат со моите родители и истото би го применила и врз своите деца т.е. принципот на помагање несебично, но оставање простор за сопствено дејствување и сопствена потрага по среќа која секогаш не кореспондира со мојата.

    А и во однос на тоа дека се чекаат вистинските услови за потомство мислам дека вистинското време како некоја идеална совршена проекција нема да настапи никогаш во вистинска смисла на зборот, затоа треба во секое време да се трудиме колку што можеме најмногу, да се направи се‘ што е во наша моќ да имаат децата нормално и здраво детство, бидејќи луксузот не е еквивалент за хармонија во односот дете/родител.
     
    На nitokris, Moira, najubava2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Не знам зошто кај нас барем луѓето те осудуваат затоа што не сакаш да имаш дете (до менталитетот е најверојатно). Во брак сум година ипол и пред тоа во врска бевме 6 години, искрено супер ми е без дете, скоро почнавме да пробуваме, ама најискрено се надевам дека ке причека уште некое време, не знам што ми е. Некогаш сакам, ама многу повеќе не сакам дете, среќна сум, исполнета, задоволна, опуштена, шетам, уживам ... Можда некому му звучам себично ама што да правам така чувствувам, искрено не е дека не ги сакам децата, ама ... секогаш кога ќе видам бебе или мало дете си викам ‘‘ леле колку е слатко ... уф фала богу не е мое ‘‘ , се плашам дека ке ми се скрати животот на некој начин, дека ќе треба да се откажам од многу задоволства, дека нема да може да шетам како сега ... епа нејќам бе..
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    За тоа не се размислува, или го чувствуваш или не, или го имаш или не..

    Имам сретнато девојќи што не само не сакаат да имаат деца, туку ми рекле дека МРАЗАТ деца, дека не можат да ги поднесат и да ги гледаат, и дека не знаат што да им прават и што да им зборат.

    Така да не можете да замислите колку јас лично сум среќна што не секоја има или сака да има деца.
    Чувството за осет и мајчинскиот инстинкт не се вродени кај секој човек, со тоа и кај секоја жена.

    Жена со деца може да нема мајчински инстинкт и обратно, жена без деца може да има многу изразен мајчински инстинкт.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    За таквите брачни парови мислам дека се пресебични и егоцентрични. Да не сакаш да видиш твое дете, да не сакаш да видиш твој дел во нов облик, да жалиш за фигурата на телото.. тоа е страшно :!: :x

    А идниот мој брачен партнер шо ќе е ако сака да е со мене ќе има да ми прави деца и точка! :!: 8)
     
    На wish му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    прасањето сепак се однесува на браЧни парови кои немаат деца без да се навлезе во приЧините, околности или фактот дали одлуката е моментална-долгороЧна. БраЧни парови кои не сакаат деца е сосема другo прасање.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не мразам деца, едноставно не сакам да имам мои. Нека сум етикетирана како најголемата себична душа на овој свет, ама нека живеам како што јас сакам.

    Да, не сакам да бидам врзана цел живот со 100% одговорност за друго човечко суштество.
    Не сакам фобии од стилот на секоја мајка, што со детето ако нешто ми се мене случи.
    Практикувам и обожавам да се излежувам за викенди. До 12 ако ми е по воља.
    Сакам да останам со убаво тело, се додека природата дозволува.
    Уживам да трошам на скапа облека и кондури.
    Го шетам светот, и тоа кога на мене ми текне, станам и кренам. Баш моментално не сум ни распакувана и зоните ми се измешани.
    Возам спортска кола, и такви сакам, а не цели каравани за да има место за колички и ресто.
    Секој одмор со маж ми е меден месец.
    Секоја вечер можам да излезам ако ме мрзи да готвам.
    Викенди со другарки. По можност во други земји.
    Штедам за стари денови за да не зависам само од пензија или да чекам некој да ме чува,наместо да штедам за нечие образование. Со деца всушност толку се и штеди.
    И покрај работа сепак имам изобилство од слободно време за разонода.
    Не сакам да зборувам со оној детински глас или да пеам тапшин танана стил на песни.
    Не морам да трпам глупави ТВ програми или играчки што свират... и полни пелени...

    Листата е долга на тој како што реков претходно стил на живот. Важно е секој да си избере што сака за себе, што го исполнува, што го прави среќен. И не сум мала да ми лета мозок, а сум доволно стара за тој небаре часовник, туку знам што сакам а што не. Ако еден ден не сум среќна поради тоа што сум без деца, епа сега, кој е среќен цел живот ?
    А да, сите мајки се среќни |(
     
    На Beauchamp, CameliaMiller, Trnche и 6 други им се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Секој има право на избор и никој не смее да биде осудуван. Ако некој решил да нема деца, тоа си е лично негово право и не треба да му се врши притисок. Не би рекла дека таквите луѓе се себични, едноставно така избрале да си го живеат животот. Тоа е избор кој треба да се почитува. Не се сите луѓе створени за да бидат родители.

    Брак без деца мислам дека би можел да функционира ако постои љубов, искреност и разбирање меѓу партнерите. Пак ќе кажам дека не смее да се врши притисок и мора да постои договор меѓу нив, кога се деца во прашање. Деца не треба да се прават затоа што од околината е наложено дека секој мора да има, треба да се обрне внимание и на други работи-колку се партнерите спремни за да бидат родители, како стојат со финансии итн. Не зборувам за немање деца од здравствени причини, тоа е потешка тема и е покомплексно...

    И на крај, јас не планирам деца во најблиска иднина, сеуште мислам дека сум премлада за тоа, но сакам деца и планирам да имам некогаш. :)
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Го почитувам текстот на имелда, но како што не треба да ги етикетираме оние што не сакаат да имаат деца како себични, незрели вакви или онакви, така не треба ни да се создава погрешна слика за мајчинството...Сепак тоа не е само смрдливи пелени полни со г..на, товар при патување, иритирачки песни кои доаѓаат од детска соба или финансиски трошок...не сме дебели, запуштени, заробени и непрошетани-има и такви но тоа е прашање на избор, а не пакет кој оди со мајчинството...Накратко-животот не престанува откако ќе родиш дете, ниту пак е ист како порано, едноставно различен со свои предности и мани...
     
    На MacenceEna, zhap4e, AIT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Добро, постот ми беше многу едностран. Разбирам убаво дека не е пелени и товар, ок, пелените беа повеќе на шега отколку озбилно, самата имам сменето пелени, како и секоја втора жена што не мора да е мајка туку тетка, стрина, баба, другарка..
    Не негирам мајчинска љубов. Всушност ни најмалку не сакам да изгледа како напад на мајчинството, туку да речам дека и некоја како мене што не е мајка може да има живот и да ужива во тој живот, да е среќна и задоволна од истиот, без да има деца вклучени во него.
    Јас не сакам да го сменам мојот живот, да си дадам таква голема одговорност и да дадам од себе толку време и енергија на друг(ова може се гледа како себично), по цена на никогаш да не видам сама за себе што значи тоа мајчинска љубов(не можам да сум себична и да губам во исто време). Сечиј живот има предности и мани, така и мојот, ама се додека секој како сака за себе одлучува и се додека со неговите одлуки не штети на никој друг, тоа е ок со мене.
     
    На CameliaMiller и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.692
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секој си има право на свој избор дали ќе има деца или не.
    Сега за сега сум млада, но деца планирам да имам обавезно!
    Си ја користам младоста за спиење до касно, одмарање, шетање и воопшто не ми претставува проблем да штедам и да чувам за образованието на децата.
    Што се однесува до стариде денови јас секако ќе морам да зависам од некого кога нема да можам до тоалет или пак чаша вода да си земам сама па поарно ќе зависам од моите деца одколку од некои пензионерски домови во кои би морала да идам или пак од луѓе што ќе ги плаќам, а не ги ни познавам.
     
  17. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ..пуста,пуста Имелдо што зборуваш...
    во што мислиш дека уживаш...во безделничење или лежење до пладне,во некакви си патувања незнам каде,во праење некаква кариера..во кондурите ли уживаш..спиеш со нив или спиеш во скапите парталчиња,или комплет сосе се,барабар со накитот...
    фетиши ли се тоа или само се мали глупости...
    сеедно Имелдо ти губиш нешто неповратно..и тоа го губиш секој ден..
    го губиш присуството на сопственото дете..
    а во тоа што ти мислиш дека уживаш може да ужива само некој...недоквакан....
    а не ми личиш на таква.....
    и од каде ти наеднаш дојде..така паметна,воспитана,работлива и образувана..
    ...се тоа сама ли направи или некој ,,малце,,ти помогна..ти една убава на мајка..

    ...еден ден набргу се надевам ,драга Имелдо ќе имаш дете..(не едно ти заслужуваш и ќе си имаш повеќе деца)и тогаш сакала,не сакала ќе си помислиш на ова што сега го мислиш, гледајќи си го и држејки си го во рацете туку што родено детенце...верувај ми ќе ти стане нејасно како си можела да имаш таква идеја ...веројатно и ќе се засрамиш од самата себе,од својата себичност...мислам кога ќе си го прочиташ погоре напишаното....уплав ќе си фатиш...
    ..но не се секирај за тоа,рачунај дека ти е простено, бидејќи истовремено ќе се почувствуваш како да си најсреќната жена на овој свет...и сигурен сум дека кога тие мали очиња за прв пат ќе те погледнат пет пари нема да дадеш за тоа како изгледаш во тој момент....
    ..и да ни се јавиш...по некој ден..да знаеме дека си ок...
    ...за одговорноста...
    ..со тоа што и самата си родена од мајка, знај дека имаш одговорност од која неможе да се избега...
     
    На ennaz, SparkyAngel, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не сум ти тражила прошка за ништо за да ми проштеваш. Додуша пет пати те прочитав и уште не ми е јасно што ти јас имам згрешено тебе :?:
    И дај молим те, што ти сметам ако сум паметна, работлива и убава? А ако веќе ме имаш прочитано од А до Ш за да ме психички анализираш, ќе видиш дека никаде не сум се правила некоја образована туку со средно електро и на панагон по колеџи.
    А зошто да се јавам да знаеш дека сум ок? Па ништо не ми е, само jet lag имам, никој од тоа не умрел.
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Имелда смотано ми беше што те напаѓаат после првиот пост секој има право на избор кога кажуваш дека не сакаш да бидеш мајка. Еве и јас така сум размислувала во одреден период од животот. Сега инаку мислам не сакам да се мажам а за мајка сакам да бидам.Од бебиња имам антипатија ама ке ја надминам кога ке видам мое бебенце. Ако не сакаш да бидеш мајка поарно да не бидеш отколку да родиш дете и да не го гледаш како што треба.

    Ама после овој пост каде ги набројуваш причините зошто не сакаш да бидеш мајка се запрепастив. Виш може малку претерува ама донекаде е во право. За тебе автоматски ми дојде дека си лоша и себична личност (не дека ти е важно моето мислење во животот). Велиш себично е да одгледуваш дете за на стари години да те чува а ова твоето не е себично ич.Велиш не сакам да си го упропастувам телото. Ако имаш убаво тело ке бидеш згодна и по бременоста. Плус на 60 години и јас и ти ке имаме старо тело, ама јас ке бидам опкружена со деца и внуци а ти ке бидеш сама со неколку баби. За мене тие ке се грижат а за тебе никој. Може ке се мачам да ги школувам ама кога ке дипломираат ке бидам горда со нив со нивните успеси. Искрено ако си уште тинејџерка ке кажеме не зрела си ама ако си возрасна личност :swear: ( не сакам да ме банираат па нема да ти кажам за каде си)
    Ај за да не одиш до таму прочитај ги темите во категориите БЕБЕ и ДЕТЕ кога мајките кажуваат за своите деца искрено ми го будат мајчинството (а мислам дека и кај мене е малку закржлавено) . Сексот не ни е даден за да свршуваме по Х пати на ден тој ни е даден за да го продолжиме човештвото.Не знам од која религија си ама во христијанството се вика безчедник-безбожник.

    edit Виш не вели дека ти е простено од него туку од морална страна и не нему да му се јавиш туку да дојдеш на форумов и да бараш совети една ден како мајка.И не му смета што си паметна образована и убава туку ти кажува дека ’’некој’’ ти помогнал да станеш таква а ти размисли се кој
     
    На joy1, SparkyAngel, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Бракот без деца според мене не е целосен, секогаш ќе недостига детскиот џагор, насмевки и солзи, ќе фалат караници, ќе фалат теми за разговор, ќе фалат неделните кафиња...
    Секоја доба си носи свое, прво џагор, па пубертет-караници, тинејџери-време кога најмногу внимание им треба, неделни кафиња-веќе се свои луѓе, со свои семејства, и пак тука доаѓа детскиот џагор но овој пат од внуците и се си тече во круг.

    Од друга страна ги почитувам луѓето како Имелда, едноставно тоа се тие, таков е нивниот поглед на животот, така според нив изгледа совршеното семејство, не ги осудувам туку се обидувам да ги сфатам.

    Во мојот иден брак, сакам да имам деца, но под еден услов, да можам да им обезбедам пристоен живот, да имаат секогаш храна, топол кревет и покрив на глава.
    Ако неможам да им го обезбедам тоа и не би ги раѓала, зошто претпоставувам дека боли кога детето е желно за нешто, а родителот не може да си го дозволи тоа.
    Знам како и било на мајка ми кога едвај сврзувала крај со крај, сама жена, вдовица, со двете деца, секогаш се трудев да бидам скромна ама во очи ми се гледаше желбата по играчки, гардероба, одмори, излети...а таа неможеше да ми пружи и и било тешко-ја сфаќам.

    Но доколку сум во можност да им обезбедам на некои начин сигурна иднина на моите деца би родила, не едно туку три.
    И нема да ми биде тешко да им менувам пелени, нема да ми биде тешко да имам безброј непреспиени ноќи, нема да ми биде тешко да ги влечам по одмори, патувања, продавници...
    Едноставно ќе уживам во тоа, ќе се гордеам со нив, и ќе сакам на светот да му покажам дека јас сум мајка, дека тоа се моите деца, моите ангели.

    Иако сум верена, во блиска иднина не планирам да родам, прво зошто сум млада и јас и вереникот, и двајцата студираме, не заработуваме (тој летово работи, но хонорарно, сезонски), едноставно не сме ниту психички ниту материјално спремни за таков чекор, зошто сепак тоа е одговорност пред се.

    За неколку години, 5-6 кога ќе созреме, кога ќе заработуваме, кога ќе бидеме свои луѓе, би родила со задоволство, и никој не може со сила да ми каже „Не раѓај“ или сега да дојде и да ми рече „Роди“, субјективно право е тоа, секој сам одлучува за својот живот, дали ќе има и кога ќе има потомство.