1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не знам што сте се фатиле за причините што ги наброја Имелда. Сите тие причини што таа ви ги изброја се само шала, ништо озбилно. Нити таа, нити било кој друг човек, макар сакал или не сакал да има деца смета дека децата се тоа, пелени нечисти, неспиење итн. Тоа е шала која што дури и секоја од вас мајките ја кажувале некогаш во животот пред да имаат свои деца, а ги гледале другарките со деца. И сето тоа ви изгледало хаотично , ве плашело, ви се чинело дека вашиот живот ќе се промени целосно, дека ќе го изгубите слободното време, ве плашел фактот како ќе изгледате физички, ве плашел самиот чин на раѓање, ве плашеле стриите, компликациите при раѓање, прашањата дали ќе е здраво, дали се ќе е во ред со тоа дете и милиони други работи ви се мотале низ глава.
    Ама вистинската причина поради која не сте сакале да имате деца тогаш не биле пелените, не било какувчињата што треба да ги миете, настинките, забите што им никнуваат итн. него било вашиот личен страв од тоа како вие ќе се справите со сето тоа, колку вие ќе сте способни да бидете родител. Секој во таква ситуација размислува за себе во улога на родител. И јас таков човек да го наречам себичен ли. Бидејќи размислува пред да има дете, дали има доволно време да му посвети, дали би бил добар родител воопшто, дали е скроен за родител?!? Или важното е само да се има деца, роди ме мајко па фрли ме на буниште.
    Јас имам 28 години и немам размислувано за свое лично дете да имам, а напротив сакам посвоено дете, макар и тоа да не е бебенце. И што, тоа мене ме прави себична ли бидејќи ќе го пропуштам тој дел пелените, растењето на забите, првите чекори на детето?!?
    И јас имам размислувано за тоа колку јас би била добар родител и мене сето тоа ме плаши гледајќи ги околу мене сите оние кои имаат деца, како се однесуваат со нивните деца, како тоа однесување влијае врз нивните деца, нивните незадоволства, фрустрации... тие родители се подобри луѓе ли од оние кои не сакаат да имаат деца, бидејќи баш на тие работи размислувале. И имам искуство со чување деца, менување пелени, учење со нив, гледање цртани и правење тапшин тапшин тана на, играње џамлии и прераскажување приказни дур устата не ти се исуши. Но, не размислувам за брак. И сега, како ќе го сместите фактот што јас сакам дете, а не сакам брак.. нели е битно детето за бракот, бракот за детето.
    Имањето дете нема да го врзе мажот на една жена, ако тој отсекогаш бил женкар и си излегувал секоја вечер по кафани.. ќе си остане женкар и ќе си излегува по кафани само ќе има деца, за кои веројатно мајката ќе биде единствен родител. Нема да ви ја зацврстат децата врската, нема да ви ја вратат љубовта ако сте ја изгубиле. Тоа може да биде само моментално.. некоја промена и ништо повеќе. Ако беше се така, не ќе имаше толку разводи дури и со мали бебиња штотуку родени.
    Знам дека и јас и било која друга жена, вклучително и Имелда доколку се случи да имаме свое дете,, тоа дете да ќе биде на прво место, да ќе биде сакано и гледано... ама и за мене и за неа е важно да детето биде планирано, т.е да дојде во момент во кој ќе е и таа и јас и останатите како нас способни да го чуваат и да му се посветат.
     
    На Dust, CameliaMiller, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Темата сигурно не беше отворена со цел ајде да ги оговараме тие што не сакаат да имаат деца, туку сигурно се очекуваше дека некоја како мене ќе се јави. Причините што се наведени дека не сакам да имам деца, не се причини, дефолт ситуација. Јас како прво и основно не сакам да сум мајка, тоа е тоа, ако некој бара причина, поголема причина од моето не сакам да имам деца не треба да барате. А се другото што доаѓа во животот без деца, што јас преферирам да спијам, да си купувам убави работи, го гледам како позитивно во мојата одлука затоа што е нешто во што уживам. На кого и зошто му сметам со тоа не знам.

    За тоа која религија сум, или тоа што не сакам да родам каков човек ме прави, па оној кој ми помогнал, ова не е тема за религија и нема да се изјаснувам на тоа поле.

    Мене не ми е јасно зошто тој напад од некои, таа омраза, затоа што не сакам да раѓам? Не ме ни знаете ни познавате, не знаете каков човек сум, ама едноставно ме осудивте оти не сакам да ги искористам репродуктивните органи за да створам човек кој на вас не ви би значел ама баш ништо. Ништо не губите. Тоа колку сум јас лоша и себична личност, го заклучивте од еден факт дека не сакам да родам. А ако ви кажам дека давам од мене и пари и слободно време за сиромашни дечиња во Македонија, оти знам како е да си дете, да сакаш а да немаш, ќе ми намалите бројот на камшици?
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  3. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ..омраза..тој збор ти е прејак,пресилен и неадекватен за прецизно толкување на моите не баш претерано големи размисли за тебе...не те мразам скраја да е,што и да направиш како и да постапиш ти си во право..твој живот,твој избор...од твоите постови видов што сакав да видам,ти давам рака и те почитувам за тоа..си била во кал до гуша,си излегла како победник и сега е се ок по тебе..
    ..тогаш да признаам дека е ок и по мене....е сега...
    ..тоа што јас после се,сум уште повеќе убеден дека би била прекрасна мајка нека ми стои на мене како товар...грешам или не не прави штета,бидејќи и онака нема ништо од таа работа..
    кога ти несакаш,бадијала јас навивам за тебе...нели..

    ајде дозволи ми без лоши мисли малце да те боцнам...сепак ти си metropola lady..
    ти победи...но победникот обавезно победата ја посветува на некого...или нешто...
    ..на кого ти Имелдо му ја посветуваш победата над тешкиот живот...
    мојот духовен пријател Марк Нофлер има песна со исто име Имелда како твојот пост..
    ако ,,имаш време,, послушај ја бидејќи пее за тебе...и прикажува за тебе..
    и те молам биди спортист кога веќе возиш спортско ауто..
    не е до коњските сили колку брзо таа ќе вози...до шоферот е..
    за крај...
    ...од јет лагот не се умира точно е,а и иљачот му е прост и вели симни се од облаци дете...
     
    На SparkyAngel, srcekrsacka и izaaaaa им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Добро Виш. Го земам зборот омраза назад, не знаев да се изјаснам подобро во моментот. Тоа што велиш дека сметаш би била добра мајка, доколку сакав да бидам, фала ти, затоа што и јас лично не можам да сметам лош човек за поетнцијално добар родител.
    За песната, извини, ама не се препознав. Напишана е за Имелда како жена на Филипинскиот претседател која има портошено народни пари за кондури и дека на народот му е доста и веќе не сака да плаќа за неа. Фер. Единствена сличност ни е нејзиното име со мојот ник, и љубовта за кондури, која најверојатно 99% од жените ја имаат, без разлика дали всушност само ги гледаат или ги купуваат.

    На што ја посветувам победата? Јас всушност не се ни чувствувам како победник. Точно не ми е било лесно, и сум сакала на моменти да се отепам за да не трпам таков живот, ама да се осеќам дека сум победник да излезам од таков, не, туку чувствувам дека конечно сум добила шанса да живеам живот вреден за живеење и ја грабам со двете раце. Не чувствувам потреба дека треба да оставам нешто во смисла на споменик или било кое дело зад себе. Ако е до наследство, тоа е друго, веќе имам речено, не мора да имаш свои деца за да имаш на кого да оставиш.

    Од претходниот пост за мојата обврска кон мојата мајка од која ми рече не се бега. Не се чувствувам обврзана да ја чувам ако таа стигне до степен да не може да се сама гледа. Таа денес знае тоа од мене да не го очекува, макар ако и таа како многу други на тоа се има надевано кога ме има родено. И пред некој да ме суди и за ова, без разлика на тоа каква е нашата врска мајка-ќерка, не сум прва и последна иселена и оставено родител позади себе. Јас финансиски ја помагам, не затоа што таа тоа го очекува, или дека јас чувствувам обврска дека морам, туку затоа што јас сакам. Тоа се финансии без кои таа буквално не може да преживее, и без мене би била уште една сиромашна и болна душа во А1 или не знам која медиа, жалејки се од игнорантноста на социјалното биро и владата и барајќи милост од народот. Ако стигне до степенот да некој треба да ја храни со пластична лажичка и да и мења пелени и тоа ќе и биде овозможено со моја помош, ама работата не од мене лично. Не сум ни прва ни последна ќерка која планира да го тоа практикува. И пак, да бидеме најреални, домовите за старци не се полни само со луѓе без деца. Малку песимистички ама повеќето луѓе и не стигнуваат до тој степен на старост кога се знае колку умираат само од рак овие денови.

    Тоа за колата и шоферот ако беше некоја метафора не го разбрав.
     
    На Lolo5, CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Imelda, твојот избор е твое право. Јас не сум од оние кои мислат дека само себичните луѓе не сакаат да се остварат како родители. За жал, колку себични родители има, можеби ќе било пофер и тие да сфателе дека не се parent material. И во тоа нема ништо лошо. За мене тој избор е проблематичен само ако едниот партнер не сака деца, а другиот сака. Тогаш мислам дека нема компромис. Ако останат заедно, едниот страда, кој и да е. Доколку си нашла партнер кој има ист став за животот како тебе, искрено и од се срце ви посакувам се најдобро.
    Единствена замерка која може да ја искажам во врска со тебе е да не бидеш толку дефинитивна, остави можност дека сепак, можеби и само можеби, еден ден ќе мислиш поинаку. Ти кажувам од сопствено искуство. Секогаш велев дека не ми паѓа на памет да се мажам и дека нема да раѓам деца. Сега сум мажена (што и не е така важно :P ) и имам две дечиња кои ги сакам повеќе од себе. И мислам дека само во однос на деца човек може да искуси таква љубов. Сите претходни љубови кои изгледале поголеми од животот во споредба со оваа стануваат безначајни.
    Од друга страна, човек низ животот се остварува низ многу аспекти, родителството е само една од нив. Доколку ти си ја нашла својата приказна, уживај во неа. Низ светот има многу парови кои живеат еден за друг, не само еден со друг, без деца, но сепак со многу љубов кон животот, постојано гладни за некои нови освојувања, било материјални, било просторни. Можам да ја сфатам жедта постојано да се бара нешто ново, ново искуство, патување... што и да е. Се додека тоа те исполнува и те прави среќна, се додека се сакаш себеси кога ќе се погледнеш во огледало наутро (велам наутро, оти тоа е најискрениот поглед кон себе кога маските уште не се ставени) уживај во својот избор. Никому не му должиш објаснување (што не значи ароганција, туку е само уште една лекција која животот ни ја подарува со годините).
     
    На tessie, imelda и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Драги мои, ај да ве прашам колку од вас 100% се сигурни дека ќе им менуваат пелени на своите родители? Или колку од вас веќе го прават тоа? Тоа ли е смислата на животот да имаш дете за да оставиш нешто свое, за да не бидеш сам во староста?? Тоа ли не е себичност? Значи повторно тие деца се родени за да се има некаква корист од нив? Секако дека сите не го мислат тоа, ама во неколку постови го прочитав истото демек како ќе ви биде кога ќе нема кој да ве однесе до wc, оф баш сакам да дочекам да видам пост од истите особи кој нив ги носел на мочкање и им менувал пелени во староста, дали децата или сестри во пензионерски домови и геријатрија. Прво тоа е толку себично према своето дете, да му оставите толкав терет на грб, замислете вашете дете со свои деца да мора да ве чува и вас, да мења пелени и на бебушот и на вас. Па има ли нешто поодвратно од тоа?
    Конкретно на темава мене не ми делува себично тоа, можеби не е чест случај па онака е малце чудно во нашево земјиче кај што се раѓаат по 7-8 деца што живеат во една соба без струја и вода, ама битно е дека родители направиле деца и нивната мисија е завршена. Оставиле потомство. Сигурно не би родила ако не сум целосно спремна и финансиски, а пред се психички и физички нормално. Од секогаш сум сакала деца, ама во последно време како да се предомислувам, се повеќе се гледам како посветена целосно на работата, нормално имам тек 20 години за 7-8 многу работи ќе се сменат (да сме живи и здрави), и сигурно ќе сакам да имам деца, ама ете во моментов тоа ми е мислењето.
     
    На CameliaMiller, imelda, girl.23 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку сте се напнале на темата :^)
    Секој има право на избор, јас сум против тоа дека кога ќе се омажиш мора одма деца :devil: од ова поглупа работа нема. Бракот не е само пелени да менуваш цел живот и не значи дека ако немаш деца не треба да има љубов помеѓу двајца што се во брак. Ј
    ас лично би сакала прво да си одживеам со маж ми, да си се изнашетаме па потоа деца најлесниот проблем за решавање се децата...има време до 30 години ;)
     
    На stilas7, girl.23 и ines79 им се допаѓа ова.
  8. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Идејата дека бракот и децата одат секогаш рака под рака е застарена како големите телефони на почетокот на деведесеттите.

    "Ќе пропуштиш да си родител."
    "Нема да имаш кој да се грижи за тебе кога ќе остареш."
    "Што е бракот без деца?"
    "Ти си себичен/на ако не сакаш деца."

    Ниедна од овие причини не важат, затоа што не секој може да биде добар родител. Сопругот и сопругата не мораат да станат татко и мајка. Треба да се биде реален за очекувањата, потребите и желбите.
    Семејство и брак се два различни поими. Во суштина, се се сведува на прашањето дали децата се тоа што и двајцата партнери сакаат. Децата треба да се нешто што сакате, а не нешто направено зошто општеството мисли дека така треба.
    Не викам дека на моменти ваквите бракови нема да бидат досадни, ама во исто време даваат повеќе можност и време за двајцата партнери да се посветат еден на друг.

    И, откако одлуката е направена, нема каење. Живејте го животот на начин на кој сакате, а не на начинот на кој другите велат дека треба да биде.
     
    На Lolo5, girl.23, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема и едно ми боде очи. Оние кои не сакаат да имаат деца се себични. Тоа го сретнав неколку пати. Па добро бе луѓе, не е во устав запишано дека секој мора да стане родител. Јас лично сакам да станам мајка, сакам да се реализирам на тој план било во брак или вон брак. Но од друга страна повеќе ги почитувам оние кои свесно не сакаат да имаат деца од нивни причини, отколку да имаат деца заради некои општествени норми или да не бидат себични, и да бидат лоши родители. Кој како сака така нека прави. Не значи дека ако секоја жена која има материца и јајници и овулира еднаш месечно дека мора да роди дете. Побогу луѓе ова е 21 век. Доста со тие етикетирања, осудувања. Како и абортусот што е право на избор на секоја жена, така и мајчинството е право на избор.
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  10. ines79

    ines79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    И јас мислев исто како тебе.Со маж ми бевме во врска 10 год.се изнасетавме сега сме 4 год.во брак и сакаме бебче,но тешко ни оди.Ама ке биде надежта последна умира :dance:
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Темата сигурно не беше отворена со цел ајде да ги оговараме тие што не сакаат да имаат деца, туку сигурно се очекуваше дека некоја како мене ќе се јави.


    зошто некој што мисли нешто поразлично веднаш се осудива не можам никако да сватам :fubar:
    подобро е секој што откако ке се омажи веднаш по дифолт праи бебе прво да си постави неколку прашања и да види да размисли до кај е со тоа дека може да биде родител, колку добар родител ке биде, колку тоа дете ке добие внимание нега ..и се што му треба на едно дете во 21 век. и дали во одредениот период од животот може тоа да си го дозволи!!! можеби за 5 години работите би се смениле и тогаш би биле условите подредени да се има дете !!!! какви се размислувањата од типот,- па зошто се мажам ако немам дете !!!! ало 21 век сме па можеш и да не си мажена па да имаш дете , јас лично имам другарка што несака никогаш во животот да биде сопруга ама сака да биде мајка (и тоа ли ке го осудиме)
    јас имам 26 години и лично јас се сметам дека сега во овој период од животот не би била добра мајка а и имам други приоритети, а сакам да имам едно дете ама тогаш кога ке бидам подготвена за тоа !!!!!
     
    На CameliaMiller, srcekrsacka, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    ако не си омажена - ајде омажи се
    ако немаш деца - ајде дете правите
    ако имаш дете - ајде второ, што чекате
    ако имаш две деца - па ти само деца, никаква кариера немаш.....и така во недоглед...

    никому не можеш да му погодиш и најНЕбитни се туѓите мислења и искуства. Секој за себе.
    Ако некој сака деца, нека повели, знае како се прават.
    Ако некој НЕ сака деца, негов избор, негов живот, негова одлука.

    Ако има права љубов меѓу партнерите, нема да има никаква пречка меѓу нив. Без разлика дали имале или не деца.

    Ако некој НЕ сака деца, тоа не значи дека е груб спрема децата, тие луѓе најчесто мноогу ги бива со деца и кога би биле родители би биле подобри родители од тие кои веќе се тоа!

    Многумина ги `прават` ради реда, бидејќи НЕМА љубов меѓу партнерите (или ја има малку), па децата се на ред за да ја пополнат празнината меѓу нив; потоа поради `кому да се остави наследството`, па џабе не сме правеле куќи; потоа на старост да не сме сами - СТРАВ од старост и осаменост (деца од себичност!) што најчесто на крај испаѓа: рани куче да те лае!

    За да направиш дете лесно е, и животните го прават тоа, ама да бидеш родител е најтешката и најодговорната работа!
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  13. 135-5

    135-5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Читав и не можев да се начудам....можеби ова нема да се вклопи во оваа тема но толку се разочарав од некои постови дека побеке не знам што све сакаат да прават отколку да имаат прекрасно и мило малечко бебенце.Јас сум маженана 21 година и имам дете од 3 и пол годинии сега имам 26 и јас сум горда мајка,сопруга,жена,родител.... и тоа сто имам семејство мене не ми е пречка за јас да шетам си ги одржвам сите другарски линии нормално не по викенди со нив надвор од дрзавата... но се гледаме доволно често.детето не ми е пречка за јас да возам кола да одам на работа и да работам на мојата кариера...секоја година сме отидени на одмори надвор од државата и горда сум на моето детенце на мојот сопруг и на мене самата што можам да му пружам да го прошетам оти има семејства сто неможат ништо да си дозволат та со деца та без деца,тоа е индивидуално како ке си го сватиш животот.А за бебенце тоа е нешто што не се опишува со зборови првиот збор кога од неговото мало усте ке излезе мама,првиот чекор кога ке го направи сам,првиот ден во градинка кога ке биде самостално и уште многу др убавини што ги носи тоа прекрасно суштество кое растело во твојата утроба и се хранело од твојата храна....тоа е нешто што треба да се доживее а не само да се опише со зборови. јас мислам дека не би се одлучила да го поминам животот сама и осамена без да ме израдваат некои мали очинја кои после напорниот ден многу сакам да ме погледнат и да ми дадат сила за следниот.а изгледот па тоа е нормално сега барем има многу диети има многу теретани совети за здрава храна и сто ли уште не.јас имам 50 кг и имам убава линија која си ја зачував и после бременост.а за гради има сега разни креми третмани и повторно изгледаат како да се нема ништо случено со нив.a за сексот па тоа е дар што ни го дале за да се чувствуваме подобро и на тој начин да се размножуваме а после дете па тој е уште појке интересен. па ако сакате критикувајте дека на оваа тема го напишав ова но кога ја отворив темата мислев дека ке има напишано дека поради генетски проблеми неможат да имаат дете и мислам дека тоа е најголемата казна за некој да неможи да ја почуствува мајчинската гордост.Се извинувам ако написав нешто погрешно но сакав да споделам искуство од животот.И нај нормално секој си има право на свој избор што ке прави во животот и дали ке се одлучи да има дете или не....
     
    На tinkerbelll, wish и kikus02 им се допаѓа ова.
  14. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Се сложувам со тебе, сеуште немам деца, но сигурно нема да правам деца за да има кој да ме гледа во староста, тоа е многу себично, нема да очекувам моите деца наместо да се посветат на своите фамилии и нивните деца , да ме гледаат мене. Ако треба лично ке потпишам дека без никаква замерка би дозволила да ме однесат во дом.

    Избегавме од темата ...
    Што се однесува до бракот без деца, само можам да кажам дека како што околностите се менуваат така и вољата на луѓето, јас сеуште стојам на тоа дека сакам уште малку да поуживам во бракот без деца но никако не посакувам да ги немам воопшто, дури и со мојот сопруг многу пати имаме разговарано на тема ‘‘што ако не можеме да имаме дете‘‘ и и двајцата се сложуваме дека треба да посвоиме. Љубовта што си ја пружаме ние меѓусебно го држи нашиот брак а сигурна сум дека љубовта што ќе му ја прижиме на нашето дете ќе не држи во живот ... но сепак има време ... :rock:
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    E пак мене вакви реченици ме нервираат
    1. демек дете имаш со надеж дека ќе остане засекогаш мило малечко бебенце????
    2. демек ако немаш дете по дифолт си сама и осамена???
    Стереотипни ми се и мислењата од типот „мојот живот започна одкога јас ја родив мојата принцеза (мојот принц)“ аман демек пред тоа не живееше.
    Во моментов имам повеќе цртички на страната на против од мојата ЗА/ПРОТИВ ДЕТЕ листа. Прво идеални услови спремни и исполнети родители а после дете.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Не ги разбирам луѓето што по своја волја немаат деца, од проста причина што премногу сакам деца и сакам да имам свои(нормално кога ќе имам услови за тоа)

    Бракот без деца може да биде интересен на почетокот, но што потоа? Ке ги прошетаат посакуваните дестинации( што може да се прошетаат и во брак со деца) ке се изнаизлегуваат каде стигнат, кафичи, дискотеки...и потоа? После 40 година уште ќе излегуваат? Па мене веќе ми здосади ноќниот живот во скопјево, а не па на 40 години.
    А и нема да имаат друштво, сите пријатели омажени, оженети, со деца, посветени на децата, немаат време, а и не им забавно да денсаат негде каде сите се 20 годишни. Ај да речеме ќе одат во кино и театар, ќе одат на кафе (што исто така го прават и паровите со деца) ама нема тоа да биде секој ден...на крај се ќе се сведе на нив двајца, секоја вечер дома со сериите и филмовите. Ќе здосади, ќе им треба некое размрдување, нешто различно. Во постари години сите почнуваат да се прашуваат која е смислата на животот, зашто живееле и што оставиле зад себе. На старите луѓе најголема среќа им се внуците, барем баба ми кога ја гледам колку ни се радува. Не знам што би правеле со дедо ми да немаа никој.

    Единсвено родителската љубов е онаа безусловната, па вреди да се почуствува!!!
     
  17. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Интересното во бракот и убавото го прават децата.Затоа и стапуваме во брачни односи...за да оформиме семејство.
    Јас со некого можам да излегувам,да се забавувам,да шетам по земји низ светот и да не ми е маж,т.е доколку ми е дечко.Така да не сфаќам кога некој ќе каже....еј чекај прво да се изнашетаме ние двајца а деца после.
     
    На 135-5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Колку само не се согласувам со ова.
    Се стапува во брак од љубов и желба да си со човекот што го сакаш, не ми е мажот само играчка и начин да добијам дете.
     
    На Lolo5, SexiLy, MiaBeMia и 5 други им се допаѓа ова.
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Со дел од ова мислење не се согласувам а дел не го ни разбирам.
    Прво луѓево овде кај што живеам а неретко и во Македонија, живеат заедно со години и имаат деца а некои (половината од нив) не се во брак затоа што го сметаат за излишен административен чин.
    Вториот дел од мислењето нема смисла според мене, незнам навистина што си сакала да кажеш со тоа.
    Во принцип јас не мешам љубов, брак и деца затоа што се апсолутно неповрзани меѓу себе. Може да постојат заедно но и одвоено. Љубиш и си во брак, љубиш и не си во брак но имаш деца, нити љубиш нити си во брак а имаш деца итн ме сфаќаш дека сите комбинации се можни во слободното опшество.
     
  20. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Многу нормално стапувам во брак со личноста која ја сакам ,за целиот живот да го делам со него.Но...стапуваме во брак со една и основна цел...а тоа е да оформиме семејство,да имаме деца,да оставиме потомство.
    За мене не е во ред да имам деца од човекот кој го сакам а да не сум во брак со него,пред законот и пред бога.
    Обично луѓето во поново време не склучуваат бракови со цел да ги избегнат трошоците околиу него а и трошоците околу разводот ако дојде недај боже.
    Во слободното општество не се можни сите комбинации а тоа ми го докажувате вие овде на форумов се повеќе.