1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас стапив во брак со целда го сменам презимето оти моето македонско ми е мачно да го диктирам на телефон буква по буква секој ден. И сега по твоја дефиниција мојот брак не се важи. Шала е, не рипајте!

    Mои пријателки јадат зелка секој ден со една и основна цел, да ослабнат. Јас јадам зелка оти ми е слатка. Разбравме ли се?
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Лесно е од страна да се поедностави се‘ на обично равенство брак=деца и да важи апсолутно за сите бидејќи тоа е единственото правилно пред Бога и заедницата. Само што токму во тоа е неговата апсолутна некорисност, бидејќи нема општоважечки и општоприменливи правила, бидејќи за момент ќе ја вметнам може најклише, но истовремено и највистинитата реченица - луѓето не се еднакви помеѓу себе и не сакаат исти нешта, дури и да сакаат колкава е веројатноста за истовремено и подеднакво остварување?!

    Прво, поседувањето само здрав репродуктивен систем не го прави секого во брак способен за да биде родител, сетете се на многу монструозни чинови извршени баш од страна на родители, тоа е крајност ќе рече некој, но на светско ниво и не е баш занемарлива, како што не е занемарлив фактот за физичко и психолошко семејно наследство кое во најголем дел случаи за жал останува притаено не преминувајќи го куќниот праг, но оставајќи печат во свеста на тие деца. Второ, има луѓе кои се во брак и не се во состојба да имаат свои деца и според вас ќе ги сврстиме во недоличните пред Бога и заедницата?! Никој нема поим како е да се биде во нивна кожа и ни за миг немаме претстава за големината на нивната тага. Трето, има луѓе кои од свои причини одлучуваат да немаат деца, лесно е од страна да се напаѓаат меѓутоа секој има свои причини, а најмалку право на избор да одлучи во врска со своето потомство т.е.дали ќе го има или не, без притоа да е должен да и‘ рапортира на заедницата врз што се темели неговата одлука. Четврто, постојат многу деца надвор од бракови дали во склоп на вонбрачни заедници или самохрани мајки кои од милион причини се решиле на овој чекор или па и немале баш избор. Значи равенството пропаѓа.

    Овие одлуки околу потомство (дали ќе се има, колку деца, што ако нема можност за свои деца, дали е вистинско време итн) се меѓу најтешките одлуки кои било кој од нас ги донесува во својот живот бидејќи последиците од нив се трајни. И никој нека не мисли дека ваквите одлуки се носат непромислено и од каприц и избрзано бидејќи не верувам дека е така. Секоја треба своите мајчински инстинкти да ги насочи на своето потомство, што е природно и потребно, а што ќе прави комшиката или братучедката или некоја анонимна на форум, таа сама ќе одлучи за себе и тоа е неприкосновено нејзино право. Бидејќи секој САМ ги сноси последиците од своите одлуки какви и да се тие, па ако е така кога заедницата освен со критички осврт никако на друг начин не е поврзана со теретот на одлуката и не мора да се уважува. Па, последно и не најмалку важно, ако толку веќе се има потреба да го вметнуваме и Бог во дискусијава, тој дава право на избор дали да стапиш во брак или не најпрво, во крајна сметка ниеден човек не ја знае вредноста на друг човек во Божји очи!
     
    На rajna-vojvoda, Annath и imelda им се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Брак без деца го губи сиот сјај...има љубови со бракови, љубови без бракови и што ли уште не ќе произлезе како резултат на некоја замислена борба за еманципација. Тоа проклето јас , јас, јас, јас. Јас кога ќе сакам, ако сакам, може да сакам, ти си направил да ми се отсака...бла бла бла.Проклет егоизам. А кога би размислиле малку како нашето однесување влијае врз останатите драги личности на моменти би се запрепастиле. Брак без деца не е потполн. А ако некој си има некоја силна причина да не сака да биде родител од тоа што смета дека нема да е добар родител е друго. Подобро на време лиши го детето од секирации кога ќе попорасне. А за тоа љубов без брак доверба као мене едно ливче не ми игра улога. Ха...само кога ќе навалат проблемите од типот документи за ова она, па зошто си вака а не така или кога не ќе можеш да си заедно ако не си потпишан? И сега јас треба заради некои си мои убедувања да не се потпишувам а при тоа ризикувам да не сум заедно со љубениот? Не мислам.

    Значи тргнуваат со помисла да не стапат во брак околу трошоци со развод ако дојде. Значи со овој чин тие унапред си даваат некоја луфта опција и поголема можност за чао тути аморе јб обврски, дете, жена ма која жена, ние не сме во брак, ја не сум обврзан ..она на мене...
    И да не се лажеме, ние луѓево си сме такви што сакаме да си се залажуваме и да не лажат, а длабоко во себе ја знаеме целата вистина дали ќе го биде или не мајка природа ги надарила жените со особено развиена интуиција, само се надеваме на подобро. А нели надежта последна умира.
    И да не дојде до недоразбирање, си има исклучоци
     
  4. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    добро со оваа зелката сакаш да кажеш дека некој стапува во брак од други причини а не да оформи семсјство.ајде кажи ми кои се тие други причини поради кои се стапува во брак?наброј ми.
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Да, освен што е здрава зелката, успеа да наслика поента. Озбилна си за набројувањето?

    Статистички луѓето во брак се посреќни, подобро стојат финансиски и живеат подолго. Девет од десет мажени жени и женети мажи кои се живи на 48 години се сеуште живи на 65, за разлика на немажени/неженети од кои само шест од десет кои се живи на 48 доживеат 65та. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Бракот е воведен од црквата како институција, ако не се лажам, со цел да се знае кој е татко на децата, т.е тие да го носат неговото презиме. А многу пред тоа, ако се навратиме на племенското уредување, луѓето не живееле во брак, само се знаело кои деца чии се (додуша, и во тоа се сомневам). Само како пример, има доста племиња во Африка кои и ден денес живеат така.

    Бракот или потписот не ти е гаранција дека ќе имаш деца. Точно е дека во брак се стапува од различни причини, не само поради имањето деца. Имам пријателки кои одамна се мажени, а деца немаат. Не сакаат, не се спремни, или можеби не можат да имаат деца. Не знам, само знам дека секој има право на избор. Бракот е демек за да се знае чии се децата - во спротивен случај, вака родените деца се, простете ми на изразот, копилиња. Ама тоа е општо познато мислење и став во малограѓанските средини, со кој што јас не се согласувам. Секако во изводот на детето го пишува таткото, и обично децата го носат неговото презиме, без оглед на тоа дали родителите им се венчани или не.
    Јас стапив во брак затоа што верувам во традицијата, и ја почитувам таа света институција, го сакам мажот ми и сакам да бидам со него, да живееме под еден покрив (не дека не можевме заедно да живееме и без да сме венчани), а во меѓувреме и забременив. Не го зедов само затоа што сакам да имам деца со него. Ќе ги имав тие деца веројатно, само затоа што јас и тој го сакаме тоа, без разлика дали сме во брак или не.
     
    На Phyramide, Theodora и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сериозна си? Мислам навистина?

    Стапувате во брак САМО за да направите деца?
    Тоа е суштината на бракот и целата поента?

    Нема љубов, нема меѓусебна сатисфакција, нема пронаоѓање идеална половина, исполнување на се' она што ти фали, нема квалитетен секс, поддршка, разбирање, хармонија, дружба, заштита, туку БРАКОТ = ДЕЦА?
    Толку?

    Бракот е многу посложена институција од тоа и секој кој го сфаќа на ваков еднодимензионален начин е според мене осуден на пропаст.
    Затоа и многу бракови денес се дисфункционални, ама за атер на дечињата, се преживува во таков пекол.
    Но, тоа е веќе сосема друга тема.

    Почитувам сечиј избор на оваа тема.
    Не се дрзнувам да кажам дека некои парови се неисполнети или исфрустрирани, затоа што не се реализирале во улогата на родители.
    Гледам па некои родители се цветки за мирисање, само социјални служби да им повикаш на врата. :^)
     
    На _adi_5, Harper, Lolo5 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Има толку многу постови дека е тоа ОК дека ако љубовта била многу јака па вака па така, јас мислам дека тоа е детска работа да се сакаме ние и друго ништо не ни е потребно, така мислев и јас до пред некое време, меѓутоа прво и основно кога имаш дечко и веке забележувате дека сте на иста бранова должина и веќе размислувате за брак неминовно е и прашањето за деца, не дека јас би се омажила за да имам деца па партнерот кој го врти, меѓутоа мое мислење е дека децата се составен дел од животот кога тогаш секое живо суштество ќе посака да има деца..или дете, барем едно. Кога мене некој би ми рекол дека он сака да се ожени со мене но не сака да имаме деца би пробала да го одвратам малку од таа идеја меѓутоа ако тој цврсто си стои дека за деца во неговиот живот нема место колку и да го сакам ќе се откажам од него...е сега има партнери, иако многу ретко каде и двајцата не сакаат да имаат деца ако така си сакаат ОК, но јас ова не би го прифатила, би прифатила ВО НАЈМАЛА РАКА еден период од нашиот брак да немаме деца, но потоа да имаме.
     
  9. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    оффф :D смешки туку ајде
    Не стапувам во брак САМО за да имам деца туку првенствено со цел да одформам семејство со човекот кој сакам да биде татко на децата во кој притоа сум заљубена.што мешате баби и жаби и само вртите во круг.
    Не се слагам да имам деца вонбрачни т.е да имам деца а да не сум во брак и точка крај на дискусијата.
    Во брак влегувам за да оформам семејство со човекот кој го сакам.ако не сакам да имам деца нема потреба да стапувам во брак.Тоа не е единствената функција на бракот туку ОСНОВНАТА.
    Зошто тогаш кога девојка ќе остане бремена веднаш се закажува термин во матично и црква? Не мора да се земате бе..терајте си така.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски

    Затоа што кај нас се' уште важи она „што ќе речат комшиите“. Ете затоа. Башка и повеќето мислат дека ако се венчаат со некого и имаат деца, полесно ќе го задржат крај себе доживотно. Ова како размислување сум го сретнала кај многу млади еманципирани жени. Чудо едно.
     
    На CameliaMiller, tessie, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Баш се смешки овие твоиве аргументи. Тука си во право. |(

    Имањето деца по дифолт не ти гарантира семејство (барем не секогаш среќно и нормално функционално).
    Тоа е исто како старата кинеска поговорка - можеш да имаш куќа, но не и дом.

    И не - имањето деца не е основна, ниту примарна функција на бракот.
    Абре што лупеташ глупости?

    Тие што се венчани, а немаат дечиња - не се во брак? Во што се, дефинирај еве според тебе...

    И што си запнала со тоа матично и црква како слеп за стап, тука зборуваме како би функционирал бракот со или без деца, според мене првенствено од психолошка гледна точка, а не дали комшијата Петко, Рајко и Станко ќе рече - си затруднела, а не си стапила во брак, ќе гориш во пеколот... :geek:
     
    На _adi_5, CameliaMiller, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Жената ќе остане трудна и цела нејзина фамилија дига узбуна „леле леле БРАК! Мора! Што ли ќе речат комшиите, роднините?!“ а воедно ова е за мене најлицемерниот потег кој може да постои затоа што бременост автоматски не значи за мене - подготвеност за заеднички живот со партнерот, среќа, идеален момент за брак, а уште помалку не значи дека треба да се опнам во бел фустан во црква и тоа кој патем онака, меѓу нас значи невиност. Една невиност, дева Пирамида се праам одма.
    Ете затоа сите трчаат веднаш да се венчаат ;)

    А замисли ситуација, со некој тип си неколку дена, спиете заедно - забремениш, и што потоа? Брак? Ако одиме по логиката дека детето е основата на секој еден брак.
    Пф! Да не одам во поекстремни случаи, те силува некој (не дај Боже пу пу) останеш бремена и? Ќе одиш да го бараш ли тој типот за да го земеш за маж ли?

    Не е секогаш бракот еднаков на имање и потомство. Познавам такви кои се со години во хармонични бракови но немаат деца. Ниту сум се осмелила да ги прашам зошто ниту пак ме интересирало. Знаете зошто? Затоа што тие се едни од најмилите луѓе кои ги познавам во животот. Имаат по 40 и кусур години и кога ги гледам со каква љубов и хармонија ко-егзистираат се топам ко Снешко на плус 20.

    Јас би сакала да имам еден ден деца, да, но бракот не ми е неминовен услов за создавање потомство - сум се изјаснила и на друга тема, сосема сум и за заеднички соживот со партнерот доколку се согласи. Мислам, свадби и остали тракатанци за не знам колку илјади евра за да може некој да рече - ија шо убаво си поминав мори кај тебе на свадба? Не ми се потребни. Навистина сум по ова прашање отворена за секаква опција :D

    И сосема се согласувам со Трендафилка. Како бре можете една комплицирана институција како брак да ја сфаќате толку шаблонски и еднодимензионално не ми е јасно. Кога секој поединец е различен и секое општество е поинакво. Како?
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 9 други им се допаѓа ова.
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Злата Петкова, не знам колку години имаш, ама еве јас имам 21 и дури и ако сум многу помлада од тебе ќе се дрзнам да ти кажам дека многу лошо размислуваш и е штета што е тоа така.Ако ништо друго штета е за човекот што некогаш ќе ти биде маж.Не сакам ни да помислам што ќе се случи, ако ете по негова вина не можете веднаш да имате деца.

    Брак кој не би функционирал без деца, воопшто нема да функционира па и цела градинка ако имате дома.Ако дечко ми некогаш ми каже дека е со мене само за во иднина да оформи семејство, очи нема да ми види повеќе.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Свашта се изначитав. Целосно се согласувам со Трендафилка, како е можно толку сувопарно да се сфаќа институција како брак? И како може бре само деца да го крепат бракот? Тоа значи дека јаловите жени не треба да имаат маж?

    Аман од рудиментирани размислувања, аман од прости жени што се претвораат себеси во раѓачки машини само затоа што мислат дека со ново бебе по дома ќе го задржат сопругот. Криење позади дете ми е доказ на исклучително слаб карактер. Деца се лична одлука на секој човек, и барем според мене желбата за истите не мора да се роди само ако си во брак.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Само доколку претходно бракот или врската биле стабилни,кои се темелеле на љубов,доверба,почитување,тогаш кога ке дојдат децата тие усте посилно ја зацврснуваат таа алка ,што се нарекува семејство,,,,,а доколку претходно постоеле недоразбирања кога ке дојдат децата тие може да станат и поголеми,парови остануваат во бракови поради децата ,немислејки на тоа дали детето е срекно што секојдневно се караат,важно живеат заедно,најголемата грешка,,,,,,,познавам парови кои немаат деца,харминични,срекни,значи постои разбирање,љубов,но пак ке речам кај такви парови ако им дадел господ дечиња цреката ке им била целосна,,,,,,,,,,,,
     
  16. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Темава у секој можен начин ми го привлече вниманието, читајќи што напишала ЗЛАТА ПЕТКОВА, јас искрено се зачудив на мислњето . И го жалам оној кој еден ден ке биде нејзина друга половина . Мада ние не сме должни никој да критикуваме, секој има различни ставови на таа тема .
    Бракот не треба да се објаснува како заедница ( општествена ) туку како врска за да се нагласи ДЕКА бракот не треба и не мора секогаш да се доведува до заедница

    Многу парови се одлучуваат за заеднички живот пред бракот, и јас навистина го почитувам тоа, затоа што се работи за нивниот ИДЕН живот. Од каде да знам јас каков ке биде мојот дечко кој премногу го сакам кога ке ми биде сопруг !?!? :?: Можеби нема да биде способен да носи сретства за домакинството, или слично, можеби ке чека цел живот јас да работам. Но со оглед во каки средини ние живееме многу е тешко тоа да им го докажеш на луѓето, но според мене, никој да не жив :?: е за другите и нека прави што си сака, и како сака,а ние сме должни тоа да го почитуваме, бидејќи се работи за луѓе кои така си решиле.

    Јас учам социологија и таму има доста интересни работи за бракот, за семејството и за се остало.... Мада еве има многу бракови каде што нема деца ( ради незнам какви причини ) а сепак луѓето живеат среќно .
    Искрено јас би сакала еден ден да имам голема фамилија со многу дечиња НО да имам услови да ги одгледувам и да им пружам се што е потребно. Сонувам за дом полн со хармонија и разбирање, за топлина и љубов со домашните членови, едноставно сонувам за совршенство, и еден ден , кога јас ке стапам во брак ке се обидам тоа да го исполнам

    Се осеќам најсреќна кога доаѓа енкој празник, или така некој ненандеен ден да се соберат браката и сестрите на моите родители, па зборуваат за нивното срекно детство, како играле како се забавувале а не како денешниве деца.

    Сепак бракот без дете нее брак, зошто ако има голема љубов да не се направи неке обележије со истата !? Зошто да се нема дете!? Тоа е прекрасна работа, имаш нешто од човекот кој го сакаш, кој е дел од твојот живот .

    Мое мислење и мој став, не наметнувам на никого, сепак јас сум за брак со дете, и ги почитувам оние кои решиле нивната љубов да не ја претворат во плод, зошто не секој на денешницава може да биде родител

    Поздрав :*
     
  17. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Извини Раунбоу твоето мислење ме иритира и неможам да не те прашам со кое право пишуваш пвде вака ?!!?!? Имам прочитано корисни мислења од тебе , б=но дали вака се понашаш со сите луѓе , што има лошо на колку се омажила жената на толку нее твоја работа , дал=ј мислење ако имаш и ајде чао пријатно . Со оваа ароганција која ја имаш , мислам дека треба да прошиташ нешто и да ја смениш. Неможеш да делиш мислења за луѓе кои воопшто и не ги знаеш, а Хипица само си прашала. Не размислила дека жената можеби сака да ги сокрие нејзините прави години, можеби темата ја погодила .

    Се оддалечив од темава ама ме нервира ароганција и ред др. работи !!!!! :puke:
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ЗлатаПеткова, сега ми е јасно дека навистина постојат жени по кој се телевизирани оние смешни blind date ситуаци кога некаде измеѓу „мило ми е„ и изборот на бело или црвено вино, жената го прашува мажот дали сака да е татко на нејзините деца.

    Ги разбирам и жените и мажите кои не би стапиле во брак со партнер кој не сака деца а тие сакаат, и го поддржувам нивниот избор. Сведок сум на брак што се распадна поради таа причина, па подобро да си го направат муабетот пред време, отколку да се залажуваат дека едниот ќе го предомисли другиот. Децата не се играчка туку најважниот избор што еден човек ќе го направи во животот, затоа како што имам речено порано, тој што има решено да нема деца има размислувано многу, ако не и повеќе од тој што решава да ги има.

    Јас ги имам против мене општествениот притисок и наметнатата вина или поточно емоционалната уцена од моите родители оти ги лишувам од внуци. Тоа не е доволно да ми го мене смени изборот, па најмалку може некоја анонимна феминка, која се смета за нашетана оти отишла на шопинг до Солун и конечно е спремна за фамилија, убедувајќи ме мене тамо си некоја, колку сум јас несреќна, неисполнета, несакана, осамена, антибожна или каква уште да се наречам, оти немам дете.

    Без разлика на тоа што некој, како Хајди пред некој пост, смета дека во животот се имаат две нешта за уживање, првин ноќниот живот а потоа деца, и дека луѓето се стари на 40 години да имаат интерес да се радуваат на нешто друго освен на деца, јас фала богу успевам некако и преку 30ката да не излегувам по кафичи, да немам деца, но еве да не седам по дома и досадувам додека гледам сапуници туку сепак да уживам во животот со брачниот партнер.

    И по кој пат, по кое правило баба и дедо можат да бидат само среќни кога гледаат внуци? Со свои очи имам видено брачни парови над 50, 60 па и ако ви се верува над 70, како си се сончаат на плажа или базент, на луксуз, си шепотат, си ги мачкаат еден друг грбовите со млеко.... види ги еј ни срам ни очи, се довлекле на одмор да уживаат и да го трошат наследството на нивните потомци(доколку ги имаат) наместо да си седат дома, да лазат на сите 4 и да изиграваат мулиња за да се крекаат и радуваат внуците!
     
    На Lolo5, CameliaMiller, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Се', се', ама ќе ве замолам брак и семејство да не мешате. Тоа се две различни институции (кој учел во средно социологија знае, иако не мора од лекцијата социологија, примери околу нас има безброј).

    1. Јас ако сакам деца, по кое правило мора да сум во брак? Ако сум здравствено, емотивно, а и материјално (да не заборавиме) спремна, ќе си го чувам, а таткото шо сака нека прави...не ќе врзувам некого со детето, ножот под гуша и „ај, земи ме бе сеа пааа, дете ти родив еееј“. А, тоа дете не е и мое?

    2. Јас ако сакам мојата врска со некого да ми е прифатена и официјализирана пред Бога и пред општеството (законот) не мора автоматски да значи дека сакам да имам деца.

    Мислам, ова се основни работи...

    Јас лично стапив во брак со мм затоа што се сакавме, почитувавме, разбиравме и познававме доволно и по мое немаше никаква смисла да праиме киша око Крагујевца. Таа врска ни беше призната пред законот и пред Бога, ама на ниту едно место не слушнав дека сум обврзана да се расчепам на болнички кревет со стомак до заби. Семејство може да постои и без постоење на брак.
    И бракот е заедница и семејството е заедница, ама се различни и не толку тесно сврзани институции.
     
    На Lolo5, CameliaMiller и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    немам многу сила да расправам на темава али прочитав чудни работи како на пример што друго е причина за брак освен деца или брак без деца не е брак....

    хм.. чудно чудно како луѓево размислуваат. еве јас се спремам да влезам во брак оти сум ЗАЉУБЕНА оти се сакаме и сакаме да си бидиме фамилија јас и тој, и сакам со гордост да кажувам дека сум мажена и декој тој човек ми е сопруг. зар постои поиздржана основа за брак од оваа? се друго што е причина за брак нема услови да порасне во зрел брак и убава врска меѓу супрожниците.

    и како се осмелувате да кажете дека брак без деца не е брак, мислам нема смисла што оние што неможат да имат деца треба да се разведат или да престанат да живеат?

    јас искрено се надевам дека мојот живот нема да се врти само околу децата и нема да ми бидат единственото задоволство во животот затоа што штом се осамосталат жените беџ други окупации се исфрустрирани така да да прекрасно е да се има деца но не е единственото задоволство во животот
     
    На Lolo5, MiaBeMia и blond им се допаѓа ова.