Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.997
    Пол:
    Женски
    Затоа паровите кои влегле во брак со децата како причина доколку не можат да имаат деца завршуваат со развод. Нема основа бракот да опстане, бидејќи причината поради која бил формиран веќе ја нема. А тоа е жално. Јас познавам пар кои за жал не можеа да имаат деца. Прекрасни луѓе, се обидоа со се и сешто, ама за џабе. Мајка ми ми кажуваше дека се сакале премногу, се и сешто поминале, па ни ова не ги разделило. Тоа е вистинскиот брак, основан пред се на љубов, таков брак може се да издржи.
     
    На Lolo5, SV1911, rajna-vojvoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Jaс останав бремена пред да се венчаме.
    Бракот не беше последица на бременоста, туку бременоста беше последица на нашата љубов и нашите заеднички желби. Зборот ми е дека како што може да се гледаат деца без маж, така може и да се има брак без деца. И во едниот и во другиот случај има недостатоци, но секој со своите размислувања.

    Сепак јас мислам дека оние што не сакаат воопшто деца во бракот (оние што не сакаат, а не оние што не можат да имат) или се исплашени од одговорност или се премногу себични. До сега немам сретнато личност да не сака деца, можеби и затоа ми е тешко да сфатам како во брак без деца ? Но во секој случај, пак ќе повторам, секој со своите желби.

    Ве молам без остри критики за овој пасус. Секој си има свое мислење.
    А за личноста ЗП не сакам да коментирам, тешко тој што ќе ти прави деца :tmi: :fubar:

    Реинбоу, и јас имам таков пример, луѓето по две децении брак, никако не можеа деца да добијат, но не се откажаа и заедно претрпеа се. Сега имаат прекрасна ќерка.

    Ми текна сега за бракот помеѓу Искра и Џамбазов. Да не шпекулирам овде многу, но мислам дека Искра беше поминала преку тоа дека не може да има деца со Џ,но не помина преку нешто друго (коцкарските проблеми на господинот).
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Апсудно е што...распадот на нашата култура и општеството општо поаѓа од семејството,а не брак ко институција.Моментот семејство е далеку повозвишена и поважна,отколку бракот. Нејсе,ко човек кој не верува во брак,зошто сведочам една врска меѓу моите родители кои е безвременска и ми се пример за постојаноста на некои нешта и кои ПРКОСАТ ( :D е ова е правата намена на зборот,интерна шега!) на времето,мене,либидото (е сега тука дискутабилно е :D ) и ми се допаѓа кога ги гледам стиснати под чадор како се закачаат,можам да кажам неколку работи. Балансот е многу важна ствар,а според мене,цел на животот е создавање на хармонично семејство,а не други нешта. Па затоа не ја сфаќам суштината на бракот без деца.
    Не дека брак се склучува само за деца,ама дали од времето кога црквата го вовела или не,суштината му е останата иста.Ако не е така,зошто воопшто се мажите и жените?! Или зошто не се одлучивте да имате деца,па да стапите во брак?! Сепак,не се работи за брак или врска која е долга и вклучува се што вклучува брак,само нема потпис,туку се работи за моментот за самата одлука за добивање деца или не у животот,дали сами,дали во брак,како сакате.
    Имам запознаено многу луѓе во години кои немаат деца.Многу од нив не ни сакале,некои касно им текнало,еден куп разлози,но едно им е заедничко и кај сите го забележав...колкава разлика има од луѓето кои имаат деца.Им се гледа себичноста,неисполнетоста,несигурноста,нереализираност...ау страшно нешто.Особено кај жените...каде што една од поважните улоги е мајка.Не дека сега 10 век и жената мора да биде мајка,секако дека има други улоги,ама од таа улога нема повозвишена и единствената која ја потврдува основната причина за постоење,репродукција,мајчинство,се разбира и татковство.
    Како и да е,тажно ми е кога некој може да има деца,а не сака.Сепак подобро е да ги нема штом е толку себичен и самодоволен.
    И не зборувам за оние парови кои не можат да имаат деца од други причини.А ако пак се надоврземе и на оваа тема,ќе се врземе и за темата,брак без(со) секс,па ќе заклучиме нешто сосема трето.Дека основата на врската помеѓу двајца сепак е во нешто трето и многу покомплексно од сув секс,само деца или само делење на воздишки,комплименти и духовни нешта.Едното да го нема,другото страда,пак ќе речам,балансот е најважен.
    Комплексни се овие теми бре.Ко онаа со неверството,ко онаа со сексот...зависи од индивидуите кои ја формираат целината и не смее,ама не смее да се генерализира.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако не си омажена - ајде омажи се
    ако немаш деца - ајде дете правите
    ако имаш дете - ајде второ, што чекате
    ако имаш две деца - па ти само деца, никаква кариера немаш.....и така во недоглед...

    Балкански размислувања постоеле, постојат и ке постојат
    како и нелогични исто така
    се во свое време :)

    и ако еден партнер не е стабилен како партнер во бракот (машко, зенско) не е вазно, и ако тргне по лош пат, а во мегју време дојдат и дечиња, ТИЕ ке ги сносат последиците :!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Ти ќе ми кажеш мене дали јас лошо размслувам:?Што си ти?Психолог, психијатар,филозов???? Како тоа ти го имаш правото да кажеш дали некоиј лошо размислува или не?
    Дрска си многу и самата го посочи тоа...и тоа не е во ред.Што е добро за мојот маж а што не...најмалку си ти повикана да кажеш.Гледај си ти твоите маки и не се грижи за мојот маж.
    Ајде дај ми еден пример каде брак функционира без деца до крај? Дај ми само еден пример...луѓето по 15 год немаат деца ама на крај сепак ако немаат друго чаре посвојуваат.Така? Зашто сепак децата се она што му е едно од најпотребните работи на бракот.
    Јас драга моја за разлика од тебе ќе бидам среќна ако мојот дечко ми каже дека јас сум жената со која сака да оформи семејство во иднина....ќе бидам среќна ако тоа му е една од основните желби во бракот со мене.
    И не само лупајте без аргументи и факти.Дајте ми доказ каде двајца функционирале совршено без деца до крај на живот и можеби ќе ви поверувам.
    Ајде сега доста беше.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Eве учителке Злата, јас кревам две прстиња.

    Најдобрите куќни пријатели, во брак се повеќе од 30 години, немаат деца, не можат да имаат, не сакале да посвојат. Функционираат беспрекорно, се сакаат, шетаат, уживаат и бракот им е исполнет. Од друга страна се мајка ми и татко ми, јас дете а они разведени. Замисли!
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.997
    Пол:
    Женски
    Па сега сакаш слика да ти дадам од луѓето за кои зборев погоре?
    Они не сакале да посвојат, немало да биде нивно и немало да им биде исто. Сигурно не се совршено среќни, ама љубовта е се уште тука. Жената мене ме сакаше како свое дете додеа растев. Ете, се помириле со судбината, си функционираат нормално, како и секој пар.
    Злата, што ќе правиш ако не дај Боже ете он не може да има деца? Ќе го оставиш одма?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Да се знаевме лично ќе ти донесев три пара на врата, па процени.

    И не тврди дека ти си во право, зашто ниеден не видов да те поддржал во мислењата.
    Да, не сум психолог и не треба да бидам за да знам дека сум во право.А дрска извини, ама не бев, за разлика од тебе ;)
     
  9. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    ќе ве молам ...немојте стопати го кажав моето мислење на темава и повеќе не се навраќам...вие одма се нафрлувате како муви...едноставно не почитувате друго различно мислење од вашето ФАКТ.
    Ве моалм не го спомнувајте повеќе моето име...и продолжете со разговорот.Кој треба да ме поддржи во мислењето.?За разлика до вас јас не се радувам на ничија ваша поддршка.Ми зборувате за демократија а мразите кога некој има мислење различно на вашето.Сакате едноумие кога сите исто мислат ...епа така нема.
    А тоа што би било кад би било никој не знае. Раѓајте деца и немојте да имате бракови зашто тоа нели е само еден лист хартија.
    Ајде сеа уживајте и не се замарајте толку .
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.997
    Пол:
    Женски
    Само дискутираме. Кога си изнела некој став се очекува од тебе и да го поддржиш, да кажеш зошто вака или така, затоа е дискусија. Одма кога веќе нема што да се каже, леле ми се нафрливте, изговори и изговори само. |(
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Тетка ми има 2 деца од првиот брак, тетин ми 2 деца од првиот брак. И двајцата млади се развеле и се запознале па се засакале и се земале. И сега они двајца со 4 деца од други партнери нити имале можност нити желба за 5 то дете ееее ама нели не се нивни заеднички и како сега овој брак функционира. Значи и двајцата биле во брак во кој имале деца а тој брак не успеал а им успеал брак со личност со која немаат деца иако биле сеуште млади за да имаат.
    ПРАВИЛО НЕМА
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ајде не се напаѓајте на лична основа сепак само дискусија е, :) .

    Злата, имам блиски пријатели кои со години не можат да посвојат дете, во нашава држава многу нешта не одат како што треба, кај нив е начисто дека сопствено не можат да имаат. Инаку женичкава е против тоа да постапи како што очигледно се очекува, вели - јас не сакам да купам дете како што купувам нешто од маркет. Нејзин принцип и право. Друго само да ти напоменам има многу парови кои во дисфункционалниот брак се кријат зад своите деца како изговор. Детето не треба да е штит и предмет на манипулација. А кога бременоста се користи како изговор за влез во брак, тука од старт има калкулации повеќе изразено отколку мајчински инстинкти...

    Сложена е темава и има многу комбинаторика во неа, најпаметно е да се почитува правото на избор и ама баш никој не може да извага нечија (не)среќа или (не)оствареност ни по прашање на деца ни по друг критериум.
     
    На lovely-girl, JoxyTheFreak и julie77 им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Теодора,би те замолила во иднина да бидеш директна и да цитираш,а истовремено да ја намалиш дозата на ароганција и чувство на надреденост и супериорност во однос на одредени форумџики,дали тоа сакаат живот со деца,а без брак,брак со деца,брак без деца,француски парови,брак со албанец,секс без брак или што и да е. Зошто паралелно пропагираш дека секој има право на своја одлука кога се работи за негов живот.
    Сите ние имаме некоја приказна,некое искуство и некоја болка која може да те изненади.
    Ме иритираат свиткани работи и во иднина молам за директност.И не можеш да ми го тврдиш спротивното зошто имам(е) и очи и попаметна(ни) сме од што мислиш.

    Веќе кога индиректно ми се обрати,верувам во семејство,а не во брак(тие што можат да ме сфатат,ќе ме сфатат во било која комбинаторика и на било кој начин),да не се најде некој повреден,без да знае како сум дошла до некој заклучок. Не верувам во живот без деца,зошто прво тоа е нашата биолошка мисија на светов ( и да не се осуди некој да рече,пф ама примитивно,кога денес светов ехеее каде е отиден,а после ќе се обрати на темата брак без секс и ќе рече дека сексот е најбитен!Е баш непримитивно да ви кажам право,а тој паралелно има првенствена намена,размножување,а тек потоа задоволство.И не го пишувам постов под сопствени импресии и потреби,туку врз основа на факти кои ќе ги најдете у биологија за 5то одделение,а после испреплеткајте ги со други виши вредности и модерни сфаќања,кои даваат нишка на индивидуалност и личен став.Ама против наука не можеш да одиш,а лицемерие ме вади од кожа и ме потсетува на обесерваторскиот пост на Дузи во сдк!).
    Јас не можам да судам на некого што не може да има деца.Побогу еден од моите најголеми стравови е да не не можам да се реализирам како родител. Се плеткаат многу контрадикторности.Има такви што не сакаат да ги имаат,а можат,па си викаш колку се себични,па вадиш нзс и викаш,па подобро и да ги немаат,штета би било за децата.Тие луѓе...никогаш нема да се стекнат со титулата човек,а и не очекувам многу од нив ни ко пријатели,ниту емпатија,ниту ништо.
    И на крајот пак се сведува на балансот,личните потреби и сфаќања. Имам близок пример кој е многу тажен,ама личноста сама одлучила.Ништо не и е останато на светот,освен туѓите внуци и приказните од потврдата на останатите и секогаш вели,ко што дете ќе те потврди,друго не може.Жално е што во добар период имам работен и со деца без родители и со родители што сакаат да посвојат и сум ги видела двете страни на приказната.Макар ризикувала да ме препознаат,ама ете ќејф ми беше да знаете дека некој не суди по не знаење или немање искуство по некои теми.
    А кога веќе се фативте за баш брак без деца,по исклучок се среќни,а не по правило,за жал.Среќни се само оние кои се спој од двајца себичњаци кои напросто мразат деца и се поврзано со нив.Они би по цел ден да се тинтраат сами себе и нивните потреби.И утре очекуваш нешто повеќе од тој човек ко пријател,соработник...?! Етеее...каде започнува оваа пропаст од која што се жалите на други теми.
    Овде веќе не се работи за либералност,туку за нешто многу повеќе од тоа,но најмалку почитува генерализации.И темава ко што гледам гласи луѓе што можат да имаат деца,а не сакаат...што да кажам повеќе?! Не и не ги разбирам и не би останала со таков човек и напросто се прашувам како се чувствува благодарен што живее?!
     
    На ROSII му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не се однесуваше мојот пост на твој претходен за да би те цитирала, Лилит.
    Инаку не ми била целта да оставам впечаток на тоа дека поседувам супериорност никогаш ни па така се чувствувам ни па јавно или тајно алудирам на нечија инфериорност.
    Секој може да има приказна која другиот би го изненадила.
    Само толку ќе кажам.
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Бракот и децата се личен избор и толку. Секој одлучува за себе, и се додека со своите одлуки не му наштетува никому, нема зошто мене да ме засега.
    Денес во 21 век апсурдно е родителството да се поврзува исклучиво со бракот и бракот единствено со децата. Знаеме стотици примери, вакви и онакви. Примери за самохрани мајки кои подигнале прекрасни деца, и брачни партнери за кои стопати сме рекла дека треба да им се одземе родителското право, бабички со бремето на годините и болестите кои велат - Ех, ќерко сум израснала икс деца а сега никој нејќе да ме чува...

    Мојот личен став и лично искуство е дека родителството ме направи комплетна личност и нашиот брак доби на квалитет. Детето ми е се, и јас не можам поинаку да го замислам мојот живот. Значи ова е мој став, мој живот, дел од мојата приказна. Сум за брак, сум за деца за да целината има се. Но, не по секоја цена, и одговорно тврдам дека не е секој за родител.

    И се што е поразлично почитувам. Особено оние бракови кои опстојуваат, оние луѓе кои останале покрај саканата личност и покрај неможноста да имаат деца. Тоа е за ОГРОМНА почит.
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ова ти е како изговор. Прво бараш потврда дека не постојат бракови без деца кои опстојуваат со децении, а потоа кога ќе ти дадат убави примери дека такви луѓе постојат околу нас ти збеснуваш дека не ти го почитуваат мислењето.

    И јас сум реално за тоа дека едно семејство е побогато со дечиња во него. Но децата не треба да се темел на бракот, љубовта треба да е и довербата меѓу партнерите, а децата да се потпорните ѕидови. Џоа градежник сум. Кога го имаш и тоа и тоа имаш семејство. Мене полошо ми е да имаш брак пропаднат кој опстојува заради децата, постои на лист единствено а луѓето кои живеат во него се се само не брачни другари. Ебате таков брак со деца, подобро и да го нема.

    Секоја почит за семејствата кои неможат да имаат дечиња и успејале да ги пребродат сите препреки, сите оние рампи во животот кои ги направиле посилни од се нив како луѓе а и пред се ја зацвртиле нивната љубов.

    Додека за оние бракови кои бркаат кариера и не ги сакаат децата, имам воздржано мислење зашто има тука различни причини поради кои не сакаат да имаат деца. Сметам дека се себични дел од нив што животот го посветуваат само на себе, се само ЈАС во центар на внимание и поради немање време немаат деца. За се може да се најде време ако се сака. Пред некое време гледав емисија за вакви луѓе во брак без деца, се гледаа само на спиење партнерите, чуваа дел од нив кучиња и си ги викаа синче и ќеркиче, а други ги нарекуваа децата што ќе ги сретнеа ѕверови. :^) Ама подобро и што немаат таквите деца, зашто да си родител кога ја немаш таа желба? Едноставно ќе родиш зашто сите имаат а притоа да си лош родител и да го гледаш на 1 минута пред спиење детето? Епа подобро немој! Иако таа група на луѓе што бегаат од децата како од крволочни животни не ме воодушевуваат и ми се антипатични.

    Живееме во време кога треба секој сам да си ги зацрта своите животни планови дал сака брак, дал кариера, дал сака топол дом, дал сака цел живот сам да помине и без деца и без партнер. Секој сам одлучува и никој нема право да му наложува на друг што да прави со својот живот.
    Сеедно што јас некој сметам дека е супер и многу успешен, дал за друг сметам дека е себичен, друг дека ми е антипатичен, битно е он да е среќен со својата одлука.
    Сосема друга приказна е тој да не е среќен и да се кае потоа во подоцнежните години што не станал родител кога можел, тоа значи дека не успеал во една од поубавите работи во животот кои би го исполнувале до крај.
    А ако некој и на 70 години е среќен што нема деца тогаш тој е човек кој во минатото ја донел вистинската одлука и секоја му чест за таквиот начин на живот.
     
    На JuLleE, lolyta777 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Најдобро за ова прашење е кога заедно си одлучуваат брачните партнери. Особено е важно да си ги расчистат сите дилеми и очекувања еден од друг пред да стапат во брак, за подоцна да не дојде да разидување.
    Имав прилика да се разговарам со дипломат од источните земји, кој е господин во години. Разговарајќи, ми даде комплимент дека би била одличен дипломат, а јас возвратив дека одмана и радо се разминав со тој некогашен сон заради благосостојбата на мојот брак и дека се насочив во друг исто така драг правец. Тој ми рече дека жената со која е заедно оди секаде со него, но дека немаат деца. И двајцата се согласиле на тој чекор како крајна одлука и пресудна за нивната понатамошна кохабитација. Рече оти нема ничто против деца, но сам ја одбрал таа професија е е неговата животна пасија и дека не би сакал децаата да ги шанта и малтретира лево десно по светот и креирајќи непостојан дом за неговите деца.
    Јас ЛИЧНО сум за брак од љубов, со љубов и разбирање, дечиња да даде Бог најмногу сакаме со мм, бидејќи и пред да стапиме во брак си кажавме кои ни се очекувањата од животот и еден од друг, кои ни се маани, кои доблести и како сакаме да се постапува со нас и се по ред.
    Во врска со горе наведениот пример, јас иако сум за брак со деца, не го осудувам господинот што одлучил да нема. Подобро да нема, откако да ги шета на секаде по светот без стабилен дом, стабилно друштво, менување училишта...Што? Сега јас имам различни ставови од господинот и треба да го осудувам? Никако. Ниту пак ги осудувам оние кои од егоистични причини не сакаат да имаат деца. Нивните постапки ги презирам, ама ги почитувам дека си е нивно сопствено мислење.
    Кој како ќе е среќен, така нека си прави. Мое е да си гледам за куќава моја, а за нивната нека си гледаат сите посебно за својата.
    И во потполност се согласувам со Росонерка, која како и мене горе долудаде сличен опис . Прво треба да се види дали си способен, дали сакаш, колку сакаш....Мора да се знае што сакаш и дали си спремен
     
    На rossonerka и eli25 им се допаѓа ова.
  18. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    на темава само ке додадам,не осудувам никого на каков чекор и да се одлучил,дали би сакал или не дечиња,но лично ЈАС,никогаш не би била со таков човек што не би сакал деца,децата се благослов од бога,а на таквите себичнни кои мислат само на себе подобро да не им даде,немислејки дека кога ке ја завршат кариерата и ке се свртат наназад нема да видат ништо ,освен осамена куќа.ГОСПОД рекол множете се и наполнете ја земјата со деца,,,,,,,,е сега кој како сваќа,,,,,,,,,јас сум мајка,и секогаш можама да распознаам жена која има или која нема деца,без разлика дали несака или неможе,познавам и луѓе кои несакале но добиле,па биле најсреќни,,,,,,,,но некој да ми рече јас нескам деца,за мене тој не е човек со емоции,да нескаш нешто најблагородно а да ја сакаш кариерата,.но секој со своја глава,ова е мое мислење,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.515
    Станува збор за личен избор.
    Не може да се развива убедување како е подобро.
    Не секој што има дете може да биде родител,не кај секој има родителски инстинкт.
    Ги оправдувам и едните и другите.Зошто секој треба да си прави како му е убаво и му одговара.Некој смислата на бракот ја гледа во деца,некој не итнннн-personal choice ,како и за се друго во животот.
    Ајде сега некој што нема деца,ќе го напаѓаме а без да ја знаеме причината-која всушност и не треба да не интересира нели? Може неможат да имаат деца,може ова,може она,не ме интересира.
    НЗС е- бракот може да функционира и СО и БЕЗ деца ;) .Децата не го држат бракот.Има и многу други фактори,сплет на фактори.
    Пример-каков брак е тој,кога родителите се заедно ради децата,а нема љубов меѓу нив,се изневериле,се испотепале и незнам друго што? Преправање и глумење институција брак-пред децата? Мене тоа не ми оди во концепт брак.А денес има милион примери дека многу парови се во брак заради детето или како што се спомна останала трудна-по дифолт-свадба на прв слободен термин :^) Не и не!
    Јас не можам конкретно да се изјаснам,зошто паметот не ми оди натаму,ама стојам на тврдењето дека брак без дете -може да функционира.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Колку и да сакаме да бидеме слободоумни, секогаш ќе се најде нешто во животот што некој го прави кое ние не го разбираме, па поради тоа, и што ете сме жени, ќе си покажуваме со прст еден кон друг. Ама некогаш се претерува.
    Гледам Лилит ја отера до таму што практично ги прати луѓето како мене на стрелање! :lol:
    Па гледам Роси и се придружи со тоа што ги најде луѓето како мене не емоционални. По таа логика, еве јас што немам родено досега, без разлика дали ќе раѓам во иднина јас, ама сите што досега не сте родиле сте не емоционални, ќе родите и оп, со среќа справувањето со тој налив на сите можни емоции одеднаш :!:

    Не зборувам јас за сите што решиле дека не сакаат да родат. Колку што гледам само една сум тука, па ќе чекаме некој друг да се јави да збереме статистички податоци нели. Но како може некој да заклучи онака, дека еве јас, пошто сум во тој кош луѓе, едноставно мразам деца и не сакам да имам ништо со нив. Еве Лилит, тебе ти се обраќам повторно, и ти немаш родено досега а работиш со деца. Јас работам на проекти да им помогнам на деца во Македонија на кои им е потребна помош. Работам со луѓе кои не се ниту Македонци, некои се родители а повеќето од нив и самите немаат деца.

    И не, по стоти пат, не ми е до кариера. Напротив, сите знаеме дека ако се сака се може и дете и кариера, само треба планирање и организираност. Ама ако се сака. Еве во мојот случај не ми се сака. Ако тоа во нечии очи ме прави да изгледам како нечовек, изрод, себичњак, нечувствителен идиот, поради тоа што не ме разбира, не мора ни да се потруди да ме разбере, и има право и да ме дискриминира кога станува збор за пријателства или било каков контакт. Постојат многу луѓе што и јас не ги разбирам.
     
    На CameliaMiller, tessie, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.