Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Низ темиве ги читав твоиве мислења, не само ова, само не знам дали да речам штета што не сакаш деца инаку колку што забележав си модерна жена, реалист, со доза резервираност кое ако не грешам произлегува од сурово-убавото не знам да разграничам попрецизно животно искутво. Се на се, би била шик и опасна мама :lol:
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Еј изреволтирана сум веќе, Злата, гледај ваму, ти си дрска како прво, само ти кажа дека не и се допаѓа твоето размислување и ти тоа сакала или не, мораш да го прифатиш, си изложила твое мислење и тоа јавно и сега сакаш или сите да ти ракоплескаат или да си ќутат ако не им се допаѓа, епа што ако ти кажала ? Не и се допаѓа и готово и тебе ако не ти се допаѓа нејзиното кажи, па што. А бракови успешни без деца знам повеќе и тоа што траат повеќе од 20год. а поголем доказ од тоа дека се заедно 20-30год. потребен ли е? На крајот познавам и луѓе кои не можеле а и не посвоиле затоа што едноставно сакале или свое или никакво и бракот не им се распаднал, тоа се различни убедувања и нема потреба од осуда. И на крајот зошто сите вие дечари толку ги нападнавте оние кои сметаат дека би им било подобро без деца? Тоа е нивно право, никој не се родил со обврска да направи дете, ако сака, сака, ако не сака никој не го тера. За бракот и јас сметам дека причина треба да биде љубовта меѓу партнерите, а за деца по желба и можност!
     
    На Decapitated.Hanna и girl.23 им се допаѓа ова.
  3. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Знам повеќе случаеви на распаднат брак од ниедна друга причина освен можноста за немање деца. Децата се како акомулаторот на еден брак. Без нив не функционира...сеа има случаеви кога и таквите бракови успеваат ама тоа е поретка појава.

    (најверојатно тие работата на магнетна енергија :P )
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ако твојот брак не би можел да функционира без деца (ако си во брак) не знаци дека ниту еден неможе. Имам пример да кажам, луѓе немаат деца (незнам од која причина), а 20 можеби и повеќе години се во брак.
    Секој разлицно си има поставено приоритети и цели и секој различно си го определува животот и не секогаш децата се најбитни.

    Што се однесува до мене јас сакам да имам свои деца, свое семејство кога за тоа ќе биде време.
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Ниту тебе ти се обратив, ниту пак помислив на тебе пишувајќи го мојот пост, па да објаснуваш дека си имала попаметни работи од кафичи и деца. И нигде не напишав дека во животот има само две нешта, ноќен живот и деца, не знам каде го прочита ова.

    Муабетот ми беше дека МЕНЕ поубав би ми бил животот, а со тоа и бракот, знаејќи дека креирам живот, дека тоа суштество ќе биде мој плод, јас ќе го воспитувам и туркам низ животот и дека ни едно патување, облека, шетање или било каква занимација(значи било каква, не се фаќај за примерите наведени како што си се фатила) не може да го замени.

    Никого не осудувам, ниту нешто наметнувам, си кажувам за мене.
    Кој што го прави среќен тоа нека прави.
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас лично давам подршка на бракот без деца.Има убавини и без деца,убави работни места,убав среден дом финансиски задоволни,ке си се сакат двајцата и можат со се да бидат исполнети.Познавам луѓе кој се во брак немаат даца ама си имаат се си живеат срекно и не оскудеваат од ништо,а во брак со две деца кој се школуваат неможеш на крај да излезеш едвај кубуриш со нашите плати во македонија, нервите и живците башка што ти се истрошени. За мене се е нормално и секој како сака нека си живее.
     
    На maca99 и MiaBeMia им се допаѓа ова.
  7. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    злата ке се умешам и јас ама стварно си дрска......како можеш така...!!!!! јас лично јас знам брак кој функционира без деца несакам да образложувам да не се препознае некој али..има ...и како можеш со цел памет да кажеш дека би била срекна некој да те сака само како машина за рагање деца ...како!!! извини не ми е јасно
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Целта на бракот е да родиш над 3 деца и државта да ти плаќа надомест.
    Е заради тоа ќе родам деца!
     
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не мора да значи дека ако немаш деца и бракот ке ти пропадне,бракот пропага и кога имаш деца,
    знам мн случаи кои немале не можеле да имаат и си посвоиле,знам личности кои цел живот немале деца па се сакаат претерано,има личности кои за тие деца трпат пеколл

    значи децата да се најубавото нешто што може да се случи ,али не сепресудни за успех во бракот
     
  10. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Бракот во никој случај не го сфакам за репродукција. Па не сме ние животни бе луѓе? Јас го сакам мојот дечко и не дај боже ако некогаш дознаам дека тој не може да има деца не би го напуштила. Се сложувам дека е убаво некој д ати рече дека сака д аоформи семејство со тебе ама уште поубаво е да ти каже дека дури и ако не можеш да му подариш деца ќе биде покрај тебе. Децата се плод на љубовта, а бракот зависи од љубовта а не од тоа дали некој може да ти подари деца или не.
    на мојата баба сестра и не можеше да има деца па сепак нејзиниот маж никогаш не ја напушти, живото им помина без деца.
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Брак е меѓу маж и жена.
    Семејство е кога освен нив двајцата има и едно или повеќе деца.
    Да не ги мешаме поимиве. ;)

    За среќен брак се потребни само двајца кои се сакаат неизмерно, не можат да се замислат еден без друг, каде едниот на другиот е најбитен.

    Ако, нешто `фали` во бракот, ако има празнина, ако има страв од иднината, ако имаат страв од старост и осаменост, најбрзо и најдобро решение се децата.
    Децата одма ја пополнуваат таа празнина.

    Брак без деца - не сакам никого да осудувам на изборот, ама ниту мене да ми судат, затоа што ако се решам на дете, јас ќе го носам во мојот стомак, а не душегрижникот, јас ќе го растам и воспитувам, јас ќе работам за да ги поднесувам трошоците на тоа дете....итн...
     
    На moniquee и wildflower им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Искрено ве читав сите до една.И ок е дека брак и семејство не е една иста ствар.
    Меѓутоа мое лично мислење е дека сите вие овде шо скокате дека нејќам деца,леле ќе ме зароби,нема да шетам,але аман.Од кај се најдовте вие овде група на поединци толку паметни.
    Шо мислите бе дека вие ќе го измените човештвото или нечовештвото :swear: ..
    Па да оние луѓе кои не можат да имаат деца ок ги оправдувам,за нив ниту дискутирам,но оние кои се здрави(пред се во умот)и прави мислам дека сами себе се осудуваат на тој чин или немање деца.
    Второ сите овде шо глумите невиност и некоја си хиерархија во општеството,као демек сега сум свртена кон градење на кариера,па да ги прошетам сите можни туристики дестинации според мене не се ништо повеќе туку ветер во магла...
    И не знам зошто ја осудувате сите злата и нејзините постови беа сосема ок,девојката јасно си го изјасни својот став во врска со нејзиното мислење околу бракот и сите обврски со него,исто како што и вие се изјаснивте дека попрво би умреле ако ја немата новата ташна на гучи,нанјовиот модел на обувки од маноло
    отколку да ве зароби некое си таму дете кое ќе ви биди бескраен товар во вашиот толку совршен стил на живот.Ајде ок е и сето тоа.Али шо ако утре тој ваш избраник го смени својот став па сака да има деца?Можи ќе си фати друга која ќе му го овозможи тоа задоволство.А шо си мислите вие дека на 60 години сепак ќе бидите толку секси и толку фатални во кревет..?
    Мислам но резон стварно неве разбирам.Па и самите вие не би биле родени ако и вашите мајки би сакале живот како од бајките без да се заробуваат со глупави дечишта.
    А што се однесува до Имелда,мислам ако веќе била толку страшно истрауматизирана во своето детство и кога сама си признава дека не е способна да гледа деца нека нема,но јас сум 100 посто сигурна дека би била одлична мајка,а што се однесува до останатите кои само глумат лудилопа само едно ќе ви речам:па вие кога веќе сте толку талентирани и не знам шо,шетани до будва и назад и дали и дотаму не глумете јако лудило и не мора па да ве има во сите теми а најмногу во брак,веридба,свадба и деца.Па нели не сакате деца?Шо коментирате во секоја тема и сегде различно се претставувате.Ќе се пронајдите кои сте и сепак вие не сте за дечко или за маж туку за секс бев обавеза денес еден утре друг и тако далје..no coment :x
     
    На hristinnnna, BurstBerry, bubuce и 4 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам чичко и стрина(од страната на тако ми)немаат дечиња,незнам што и како се случило-незгодно би било да ги прашам, ке си помислат што и е гајле, а и незгодно ми е од секогаш биле фер кон нас
    имаат внука, и ја сакаат ко да им е керка-и таа има дечиња, ги сакаат ко внучиња да им се
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Знам за неколку фамилии кои немале деца во бракот, таквите обично си имаат дали внучиња од брат/сестра кои си ги прифаќаат и гледаат како свои.
    Знам и такви кои животот го поминаа градејќи кариера, шетајќи , а сега кога наполнија по 56години кажуваат како сепак нешто во животот им фали , како не се осеќаат комплетни.
    Да, за брак кој настанува без притисок(поради тоа што останала девојката бремена), да за брак од љубов, но неможе некој да ми каже дека тој брак е идеален, дека никогаш нема да посакаат да имаат дете. Еден нормален процес, во кој двајца се сакаат, се заедно па со оглед на тоа следен чекор е да створат живот.
    Искрено не би можела да си го замислам животот да сум во брак, да имам до мене некој што го сакам, а да не оставиме ништо зад себе, да не створиме живот, дете кое би го изградиле во прекрасна личност. Ете за мене тоа е уметност, нешто совршено, зошто да бидеме искрени не секој успева во тоа.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moniquee

    moniquee Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0


    Исто и јас,вујко ми и вујна ми што ги сакам највеќе,што се прават за мене,и ме гледаа/ат ко нивно дете.Млади се, толку многу посакуваат да имаат деца , а сеуште немаат.
    Но тоа е тоа,проблеми здравствени.Најжално е тоа што некој уште што неправат со своите деца(малтретирање и сл),а некој толку многу пати за нив.Али Господ давал таму кај што не треба,а не кај што треба .
     
  16. MMMKKK

    MMMKKK Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    ТОА Е БОЖЈА РАБОТА НЕМОЖЕ НИКОЈ НИКОПГУ ДА ОБВИНУВА ИМА ДОМОВИ КЕ СИ ПОСВОЈАТ ДЕТЕ И ТОА Е ТОА БИТНО Е КОЈ ГО ИСЧУВАЛ А НЕ КОЈ ГО РОДИЛ
     
  17. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80

    За жал потполно се согласувам со тебе. Гледам околу мене како растат некои дечиња по семафори по улици, тепани , измачувани, малтретирани.Кај луге што слободно можам да кажам дека не ги заслужуваат сепак господ им го дал тој непроценлив дар.Некој се би дал за едно свое чедо, за еден детски плач и насмевка ама за жал нема.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Искрено, на тие ко Злата, што се трескаат како животот без деца е пропаст, како тие луѓе немаат деца малтене немаат идентитет, како примарната фунцкија на бракот е само имање деца и семејство, а сите што се решиле за обратното (неизживеани, себичњаци, визонери што ќе го изменат поредокот |( , лудаци, ментални, вакви, онакви) , значи Злата и златините ревносни поддржувачки би направила да не можат да стапат во брак.
    Штом сметаш дека бракот е створен само за таа благородна функција, а сите други аспекти од овој вид на заедница се ирелевантни, денес барем технологијата е напредната, молим лепо, оди, оплоди се со епрувета и имај си деца колку сакаш, ако САМО ТОА е суштината на овој земен живот, уживај со детето, ама нема да уживаш во благодетите на бракот и сопругот, оти нели тоа е себично, занемарливо, и не е суштината на постоењето.
     
    На CameliaMiller, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Абе аман уште ли има уметници на темава шо ги нарекуваат тие што се во брак а решаваат да немаат деца себични и неизживеани ? Па не сте интересни бре веќе.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ах, па тогаш ќе почнат муабетите, како без маж дете ќе гледам од едната страна, а од другата којзнае кој ја затруднил, таткото е некој криминалец сигурно и сега е во затвор итн.
    Затоа маж по цекоја цена, дете и после ништо друго не е важно :)