Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Децата не се услов за брак. Ака двајца споружници не сакаат да имаат деца тоа си е нивна одлука. Има луѓе кои не се гледаат себе како родители, па затоа и немаат деца. Има луѓе кои од други причини решиле да немаат деца но сепак тоа си е нивно право и одлука. Кој како му одговара така ќе си го нареди животот.
     
    На maca99, verica81 и tessie им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Врзани сме со онај кој не создава и онај кој го создаваме така да не би стапила во брак со некој кој не сака или не може да има деца (барем јас така мислам). Мажена сум и имам едно злато синче за кое сум му благодарна на Бог што ми го даде и сваќам дека колку и да го сакам мм сепак суштината на бракот е во моето дете. Значи ова е мое мислење и се надевам дека не навредив никого со тоа.
     
  3. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    И со деца и без деца бракот е институција помеѓу маж и жена . Не е точно дека децата го прават бракот. Тие колку го прават толку и го растурат. Битно е мажот и жента да се сакат а љубовта е вечна ако е вистинска и не бледе. Утре децата ке си отидат мажот и жената остануват. Знам за што зборувам со сопругот сум 5 години во брак и немаме деца не се осекам празно.( немаме здравствени проблеми) .Не реков дека не сакам ама не ми некој хендикеп тоа што во моментов немам деца после 5 години брак.Здравје све ке биде.
     
    На awl, S-girl, Ilinaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BrightEye

    BrightEye Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    кај нас е спротивно тој сака јас не сакам,мислам дека сеуште сме млади за едно дете јас имам 22 тој има 23 еве една година и 8 месеци сме во брак се познаваме 5 години ми беше другар,во врска бевме 1 година не знам баш ми пишува доле во потписот точно колку време сме заедно, и одма стапивме во брак но ако некој сопруг нејке мислам дека има свои причини , уште не е спремен , па детето кога го рагаш ке го имаш цел живот не за еден ден два , треба и финанциски да бидеш спремен/на ,и ментално исто, јас мислам дека не е некоја голема пречка , паровите треба да се разбират еден со друг за секоја расправија и во секој момент од животот , ако некој мисли првин на своите желби па после од партнерот/партнерката мислам дека не е добро за бракот.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Гледам на темава каша попара се направило.

    И постои дискриминација на кило кон оние кои се`уште не се решиле да имаат дете.

    Зарем не е поубаво да се стане мајка тогаш кога навистина психички ќе се почувствуваш подготвена, ќе го почувствуваш тој инстинкт во себе?

    А не е некој себичен, злобен, ладен и сл само затоа што се` уште не го почувствувал тоа. Некој се чувствува подготвен на 17 некој на 37, како една моја другарка. Некому едноставно не му доаѓа таква желба. А и ситуацијава материјална, колку и да нема удел во одредени случаи и те како го крши филмот.

    Моите родители ми пружиле многу во однос на тоа колку имале. Многу. За да го пружат истото, се лишиле од скапи коли и одмори (иако можеле да ги имаат и двете), носеле иста гардероба по 10-15 години иако според нивните функции можеле да си ја обновуваат на месец-два и сл.

    Сега со мм ги правам истите жртви, ама не ни` се собираат толку колку што им се собирале ним. Друго време било, мора да признаеме. Големи фирми, стотици/илјадници вработени ... свекрва ми дури и не` жали кога не` гледа од што се` се лишуваме.

    Зарем ќе бидам поблагородна ако го родам, а не успеам да му го пружам истото (затоа што колку и да се трудиме во таа сфера, некој едноставно не ти дава простор да се бориш некогаш, не е само до тебе) и да го воспитувам утре простачки да се пикне во некоја богата куќа и него и нас да не` извади од калта? А има такви случаи и тоа многу. Ретки се обратните случаи. Епа не, фала.

    Не се најважни, но финансиите се многу важни за оваа работа. Како се снаоѓале порано, се снаоѓале. Потребите на денешниве деца не се исти со на тогашните. Немало потреба од издвојување на средства за образование, децата од мали работеле по нивите, учеле занаети (ете ти неколку плати, колкави-толкави за тогашните потреби доволни). Сега сите сакаат на факултет. Прост пример е ова.

    Друга работа. Зошто да е толкав грев една жена да се води според сопствените чувства според кои се`уште не е подготвена за таков чекор во нејзиниот живот. Не мора да е кариеристка, не мора да е неспособна, не мора да е злобна или ладна. Едноставно жената си е искрена кон себе. Сега со напреднава медицина жени на 40 и кусур раѓаат без никакви компликации и можеме да си бидеме искрени кон самите себеси и да го планираме семејството. Многу е важно ова затоа што имам една познаничка од средно, рано затрудне, го роди и сега го обвинува (дури и во негово присуство) кога и да се спомне нешто кое таа ради него не може сега да го прави. Е, да и` се плукнам во големината на таквата мајка. Или пак други кои си го немаат првите месеци видено детето од тетки, баби, стрини, золви, и сл. Како што вика една другарка „Еее, родниниве ми го исчуваа детето од раце во раце, јас си живеев.“ И тоа е мајка? За мене, не.

    Не е доволно да го родам, наранам, напојам и погалам повремено детето. Тоа треба да ме почувствува како мајка, а како ќе ме почувствува кога јас се`уште не се чувствувам така ... (пример) Попотребна му е љубовта, зрелоста и подготвеноста за соочување за сите предизвици од жена која самата чувствува дека сака да биде мајка, отколку млада мајка која се бори за наталитетот (пример).

    Има ретки примери на луѓе кои се` постигнале ... и дете и брак и кариера и се`. Можеби можам, но не чувствувам желба да се соочувам со толкав притисок. Затоа ќе го чекам вистинскиот час.
     
    На Lolo5, Аliсe, julie77 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Теси гледам дека во неколку постови наназад дека кажуваш дека сакаш деца ама чекаш вистински момент .. тоа е сосема различно од одлуката дека во во својот живот не се гледаш себе си со дете . И во таквата одлука не си сама , со оглед на ситуацијата во државата многу парови чекаат на истото ... Секој со здрав разум пред да роди дете би размислил дали има услови и финасии да го одгледува .

    Имелда е категорична по тоа прашање , и не знам што ви е чудно ,едноставно не сака и готово ..
    Мајчинството е желба која некој ја има или ја нема .
    Мене ми е смешно малку што некои жени кога ќе родат дете веднаш добиваат крилја дека се надмени и супериорни па неретко слушам коментари на млади мајки со едвај 20 години дека што ако другарките , шефиците ,комшиката биле образовани и имале убави работи места не биле уште мажени деца кога ќе раѓале :^) Џабе им било се .. Стварно не ми е јасна потребата да се споредуваат , дали чуствуваат дека не се доизградиле во животот па детето е трофеј и решение за сите проблеми , не детето е врв на една љубов но и зрелост на двајцата родители а богами и финансиска стабилност, па ќе се лутиме после оти свекрвата не ни дала пари за влошки :rofl: .
    Сваќам дека мајчинството е голема радост , ама тоа е радост во вашиот живот и тоа што сте мајка не ве прави ни супериорни ни по морални ни по добри од оние кои не се .

    А пак недај боже некој да рече дека не сака деца :o Готово , секакви епитети , се запрепастив тука читајки ..
    Што се однесува до бракот . Јас не сметам дека љубовта е доволна да се одржи еден брак , мора партнерите да имаат слични гледишта за животот. Доколку партнерот рече дека не сака деца јас веднаш би го оставила , нема да се надевам дека ќе се премисли или пак да се обидувам да забременам со финта :D за мене животот без деца нема смисла , ако човекот со кој ќе го делам животот не сака деца тогаш тука нема место за компромис ... Значи за заеднички живот се потребни слични желби и гледишта..

    Ако партнерите не сакаат деца што е толку чудно , битно на нив да им е убаво зошто имате потреба да се мешате и да осудувате .. Јас се водам од филозофија човек да го прави она што го прави среќен се додека не штети на друг .
    Ама брак со партнер во кој едниот сака деца а другиот не , е осуден на пропаст , бидејки едниот ќе биде исфруструран и несреќен а и другиот покрај него ..
     
    На Lolo5, Glasna, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Ovoj post e navistina prostacki napishan,bez imalku da se razmisli...Mislam navistina :fubar: do tolku li bre nosot go butash u tugi gaki,pa da mu se :devil: nevidi i da tolkuvash koj kolku/doziveal/ne doziveal orgazam so izbraniot partner :clap: ...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Потполно се согласувам. Нема потреба од осуда. Еднинствено, многу е битно и двајцата партнери да имаат исти желби, во спротивно едниот ќе страда.

    Јас сакам да имам деца. Да имам услови (а под услови подразбирам да имам финансиска сигурност дека ќе можам да им обезбедам покрив над глава, храна, облека, школување и дополнителни активности) јас би родила и три деца. Но за жал, ситуацијата е таква што до пред неколку месеци не се осмелувавме ни за едно дете. Сега кога се обидуваме, тешко оди (т.е. не оди), но не сметам дека сум направила погрешен избор во животот со тоа што почекав да се дообразувам/е, да се вработ-ам/име, да обезбедиме свој дом. Никако не ми изгледа подобро сценариото во кое јас на 20 години, не вработена, без иднина чувам дете и чекам пари од родителите, кои благодарение на „транзицијата“ сите останаа без работа и едвај скрпуваат крај со крај.

    И на крај секој си го живее својот живот. Ако двајца партнери не сакаат да имаат деца - тоа е нивен избор, и тука нема место за осуда. Па нема јас да сум жртва за „општеството“. Ќе имам деца затоа што ЈАС така сакам, а не затоа што некој друг смета дека наталитетот ни бил во опаѓање или не. Тоа е право на избор.
     
    На Lolo5 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  9. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Многу е едноставно, ако и двајцата не сакаат деца без разлика од кои причини, тогаш е ок. Подобро и да немаат дете отколку да се роди и душичето да расте со луѓе кои не сакале да го имаат. Доколку едниот не сака, а другиот го прифаќа тоа, тогаш не е ок бидејќи кога-тогаш ќе избие куршлус, едно е да не сака - а друго е да прифати дека партнерот не сака.

    Инаку, не сметам дека себичните луѓе не сакаат деца, нема врска тоа со себичност. Имам пријателка која е премногу себична и роди 3 деца, па пак себе се става на 1 место и за јадење и за облекување и за пари и за све. А знам несебични луѓе/родители кои имаат по 1 дете, а имаат услови за повеќе. Значи не зависи бројот на деца или изборот дали да се има деца од себичноста на луѓето. Ако е така тогаш тие што имаат пари и услови зошто немаат 10 деца? Од себичност? Не, едноставно не се гледаат во таква слика и тоа е тоа.

    И почитувам се што е кажано конкретно и јасно. Секој има право на избор.
     
    На Lolo5, Mrs.Bass и duffi им се допаѓа ова.
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Се додека не бевме финансиски спремни на нашето дете да му го пружима барем тоа што нашите родители ни го пружиле + 5%, не се осудивме воопшто да размислуваме за дете. Правевме муабети нон стоп, ама не и бебе. Кога станавме финансиски независни и добро потковани, со врски на сите страни за дај Боже и не дај Боже, со блиска иднина за наше гнездо каде ќе бидеме сами газди - сами паши, решивме да пробаме за бебе. Сега не ни е воопшто гајле, работевме се и свашта, тргнавме пари на страна кои никој не ни ги знае, потрошивме дел за свадба другото ќе оди за реновирање на станчето и за детето. Се што заработуваме го тргаме на страна со исклучок нели на животните трошоци и еден одмор годишно. Гајле ми е за се останато, ние решивме да се жртвуваме за да имаме бебе сега под овие услови.

    Друга работа. На што личи ова обвинување дека тие што не сакаат деца се себичњаци или незнам што??? Кој тоа го суди? Кој знае дали е правилно да родиш дете само затоа што ти дошло јајцето на газот или мислиш дека ти е должност, а свесен си дека ќе го упропастиш, или пак ќе почекаш се да се среди? Во овој век имаме право на избор за се! Длабок поклон на тие што решиле дека сакаат да си средат удобства па после ако даде Господ да прават бебиња. Не е секој кадарен за притисок од сите полиња, и не е секој створен механички само бебиња да му се во памет. До пред 2 години секој шо ќе ме прашаше дали сакам деца викав НЕ! Затоа што вода во очи немавме што се вика, а не па бебиња! Еднаш ни летна едно бебе, па од што не бевме спремни и од што се тресевме ко листови имав спонтан кој ми направи патолошки страв да не ми се повтори тоа пак...

    Се во свое време, и секој за себе. На ништо не личи ова обвинување нас знам подобро, не јас знам подобро. Секој си знае за себе, секој си знае што чувствува и што може. Алал да ви е и аплауз на сите кои се снаоѓате со минимум и деца, ви завидувам на истрајноста и преголемата желба да ги истерате тие деца на прав пат. Вистински ви се восхитувам, и сте ми идоли! Алал да ви е и аплауз голем за сите кои сте решиле да го жртвувате мајчинството за да го цените животот кој ви е даден вам, и се обидувате да створите се и само најдобро за вашата идна фамилија! И вие сте ми исто идоли, ви се восхитувам подеднакво! Јас решив да бидам нешто измеѓу, колку успевам во тоа, живи били па видели.
     
    На Lolo5, miss.ella, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Zdravo dechki, jas imam 18 godini, so mojot maz vo brak sme 1 godina.... :)
    Se omaziv mala sepak imav odredeni pricini, zabremeniv.. Bevme mnogu srekni mislevme deka i taka se ke ostani.. koga napraviv 3 meseci od bremenosta padnav po 22 skali... i se ispushtiv.. :/ ete od togash nemozam da zabremenam i mnogu se plasam, od toj den, od taa slucka mnogu rabotii se slucija vo nasite zivoti. Kako ljubota da zgasna ne sme povekje istite kako porano.. :( STO DA PRAVAM!!!? Sekoj den se karame sekoj den e so kavgi, stres.... :( Ve molam za sovet ... fala :*
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.536
    Мислам дека имаш соодветна тема за оваа проблематика, ама сепак ќе искоментирам во врска со твојот проблем тука. Млада си, можеби уште не сфаќаш дека дете бракот нема да ви го спаси, нема да ги намали кавгите и несогласувањата. Со маж ти треба да зборувате отворено, да расчистите и да си кажете што ви се собрало за овие година дена. Со тивок разговор, без викање и понашање. Љубовта неможе туку така да згасне, туку сте ја запуштиле, па мој најдобронамерен совет за тебе е да разговараш со него, врати ја романтиката или воопшто атмосферата која ви била додека не се случил тој немил настан. Не е толку тешко како што изгледа, ама за се се потребни двајца.
     
  13. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Aham, deneska e na rabota do 8 casot, Pa ke se obidam da go iznenadam so edna romanticna vecera.. Taka ke mozime da razgovarame na raat da si gi kazime problemite i sve da reshime... Jas go sakam, i KE USPEAM... ti blagodaram mnogu <3
     
  14. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    suzuki било што било млада си,зошто толку брзате за дете?се ќе си дојде во свое време.сега кога сте сами посветете си повеќе време еден на друг,поработете малку на бракот.доколку вие не се сакате и не сте посветени еден на друг детето нема да го спаси бракот,туку ситуацијата ќе биде полоша и секако детето ќе страда.поздрав
     
  15. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Mislam i taka ke bide... vreme e da si posvetime povekje vnimanie na NAS, jas dete pa i ushte dete mii fali :$
    FALA :* povekje problemi, povekje nervi, pogolema odgovornost
     
  16. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Ова ти е личен избор. И никој нема право да се меша во истиот, исто како што и јас не се мешам некому. Крај краева јас ке треба да го одгледувам тоа дете утре, не комшиката, па самото тоа си кажува колку е релевантно нејзиното(или било кое друго) мислење.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.536
    Ти сама најдобро си знаеш подготвена си за принова или не, туку напиши, како помина разговорот со маж ти?

    Да дополнам: прочитатав дека си бремена (во еден од твоите постови во друга тема), честитки! :)
     
  18. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    DA toa beshe vo JUNI... no za zhal zavrshi za kratko... Ostvani toa, mu pripremiv vecera na masata imashe i svekji.. koga vleze doma se zacudi i se nasmea me prasa so e ova.. I se razbira jas mu rekov ova e nov den, nov list vo nasiot zivot... Toj dojde i me pregrna, sednavme na masata si razgovaravme za problemite i se se reshi... Mi reche bez razlika na se JAS TE SAKAM.. i veruvajte koga mi go kazha toa mi padna grutka od srceto..mi olesna i srekna sum se shto se reshi so ubavo!!! :$ :* Sepak vi blagodaram na site za sovetite
     
    На Lori-30 и SV1911 им се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.536
    Се извинувам, не го видов времето.. ехх глупача :worried:

    Многу, многу ми е мило за вас! Само така продолжете, со убав муабет се се средува!
     
    На Suzukii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Душичка.Постов, да, не е за во темава, ама некаде човек треба да си каже. Губењето на бременост е голема работа. Не само за тебе физички, туку и за него, и он осеќа загуба. Тука ментално веќе минат многу работи во главите на двајцата. Ако немаше бременост ќе се мажевте ли или не, и тоа ви оди во глава и да не си признаете, така е, а одговорот што натака зависи од вас двајца. Сте ја изгубиле ситуацијата која ве врзала во тој брак, сега ја нема, ја барате повторно истата ситуација за да ја заврзете врвцата. Зарем ништо друго не ја врзува моментално? Притисок,нервоза,гарант ни не мислете еден да праша друг како се осеќа, туку се фокусирате да го добиете пак тоа што ве натера на брак на прво место. Некогаш мајка природа знае најдобро.