Во брак сум две години и имаме мало детенце, пред тоа бевме во врска две години. Го сакам маж ми, и он мене. Можам да кажам дека супер се слагаме, се смееме, се дружиме, арно ама..(стално има арно ама..) Иако маж ми кога ме бракаше за девојка, и на почеток на врската и бракот, беше многу заинтересиран за секс, и сексот беше одличен, и он предходно има богато сексуално искуство ( а ни ја не можам да се пожалам ) во последната година воопшто не е заинтересиран за секс..се е он уморен, се ми вика не сега-после, утре итн..Едноставно не посегнува по мене..ја му зборам, му се лутам, понекогаш го молам..и кога имаме секс, тоа е на мое инсистирање.. Сум пробала и со друга тактика, ја да не му барам, демек он да се сети, и пак ништо, овој абер нема...Маж ми нема друга, во тоа сум сто посто сигурна, постојано е дома, и знам дека ме сака...Ни детето не е проблем, мирно си е, си спие навачер..А ја не знам што да направам, понекогаш му викам дека ако он не ме е*е, дека ќе најдам друг што ќе сака...Се плашам дека со тек на време дека и тоа ќе се случи..А не сакам да го варам. На крај на памет не ми е да се разведам..Поради секојдневните обврски не се оптоварувам со ова постојано, но се повеќе ме мачи...Си маштам да ме зграпчи, да ме посакува страсно, он да ме земе...а не да си бидеме братче и сестриче по дома! Кажете нешто? сте имале ли слично искуство?
Па што знам! Прави муабет со него кажи му дека сакаш да имаш односи со него! Кажи му дека сакаш и 2 дете! Измисли нешто!
драга наташа, нормално дека сум разговарла со него и разговрам...проблемот е како него да му текне, он да посакува да има почесто секс со мене, а не ја да инситирам...ако ја не запнам..кујзне него кога ќе му текне...
Па направи нешто што ке го запали! Облечи нешто секси! А ако не ми текнува на него тогаш можеби има некој проблем! Зарем машко да не сака секс да имааа
Не знам колку време има од твоети породување бидејќи кажа дека имате дете, ама нормално е мажот да нема желба за секс, после породувањето на жената. Индивидуално е, има примери каде мажот не сака има примери каде и жената нема желба за секс. Сепак мора ова само со разговор да го решите, бидејќи колку и глупаво и не знам смешно да излгеда ама секое внимание од друг маж тебе би те однело во друг правец, а сигурна сум дека маж ти тоа сигурно не го сака. Сега може си дома ама секое дружење со други или одење на работа сигурно ќе те одведе во нечии други прегратки. Сексот е потреба и јас те сфаќам во целост.Разговарај зошто не сака, ако е изморен пробај да го масираш па ќе предизвикаш нешто. Мораш да смениш нешто, преминати сте во некоја монотонија, ама се излегува не се грижи.
Што ми вика, па најчесто, Чекај, не сега, попосле, да одморам...и сл...не бе луѓе ви викам не заинтересиран е... ја ќе го натерам да ме изебе ако запнам...ама зашто јас...сакам он прв да почне...и шо секс е тоа со терање, а не спонтано.....не знам шо к*р му е...онака к*р го боли Иначе нема проблем со потенција и сл...
Се согласувам дека по породување е нормално да ја снема желбата за секс или кај мажот или кај жената, барем така сум читала во овеќе списанија. Едноставно е потребно да оставиш се на времето, желбата сама по себе ќе му се врати, или ако веќе подолго време трае тогаш да, не го моли не разговарај со него, но затоа заведувај го, натерај го повторно да трча и да се пали по тебе како кога сте биле дечко и девојка. Вежбај некоја недела аеробик, фитнес, зацврсти си го малце телото. Потоа купи си некоја секси долна облека и само прошетај си пред него. Ова секогаш давало позитивни резултати
и јас би постапила како што вели unigue123 облечи нешто секси врткај се така по дома провоцирај го остај го малце да се пали играј си топло ладно напрај некоја атмосфера ,па ајде ние жените сме опасни
ај фала..ми значи подршкава..сакав ете така да си кажам проблем...дур си куцам на форумов, а он спие онесвестен на кауч..а така е згоден...ќе го убијам...сељак...
А да го разбудиш ти иницијативно? Онака жешко и нападно како тигрица, м? Е сега има две опции. Или ке ти одговори соодветно на повикот за крајноаприлско парење, или ке те ошамари, за што не преземам одговорност. Сериозно, нападни го, нека види дека си имаш потреби. Ако нејќе, стој му настрана и нека те гледа како мастурбираш. Доволно нека му биде на мажот-немаж.
еј чоече само што се разбуди и си ги седна цвикерите и си ги скрши :rofl мислам дека вечерва ќе останам на мастурбација..хаха, во случајов, ова е црни хумор..
Леле ме изнасмеавте со мислањата Иако нели проблемот и не е баш за смеење Вака, мене не ми е нормално маж да одбива секс, ама најискрено. Па ај нека е и еднаш, двапати да не му се сака, па нека е и одреден период, ама константно да нема желба . Морска, а колку време веќе трае ова одбивање?
а бе како може да не сака? па добро велите ние жените сме опасни просетај се со некоја танга или по туширање направи да ти падне пешкирот пред него можеш и да се мачкаш со млеко за тело пред него онака заводливо
Маж кога одбива да има секс со жена си, најчесто во случаите има љубовница. Сите жени се сигурни во своите мажи, и на крај испаѓа дека имаат друга. Провери си за секој случај.
..девојко..за жал ти си за гревои...а тој спанкото...тој е за стап..ако нема кој друг пошто јас таквите не ги сметам за мажи,да препратам некој да го вразуми..па он тебе буквално тера во прегратки на друг....па ти си сега во најубавите години и треба максимално да те експолоатира..у ствари постојано да те има....ова е неверојатно...поздрав
Мене не ми е јасно зошто не сте отворени кон сопрузите... Драга Морска место тука на форумов да пишуваш и да се жалиш речи му него директно се што ти лежи на душа, кажи му - мене ми треба секс, ми треба квалитетно и добро сексање, ми треба да ми покажеш дека ме посакуваш и дека те привлекувам, толку е лесно..Гледам дека тука сме негде со годините, биди храбра, па маж ти е побогу, ако со него си директна и искрена со кого тогаш? Ова од искуство ти кажувам...Лани се погоди таков сушен период што веќе никад не ми се повторил...Маж ми, човекот кој беше секс. опседнат, кого не можев да го симнам од мене, ме остави без секс. цел месец...добро се погоди и циклус, ама месец дена без секс, ми се чинеше дека ќе се мрднам, го гледав и се палев, а он абер нема...И така еден ден си се средив, му се јавив додека е на работа и му реков вечер да се спрема, не чека сериозен разговор за нашиот секс. живот..а тој ми вика кој -секс. живот ...А јас - томку така Малата не ја успав на пладне, вечерта порано ја заспав и му објаснив се фино лепо што ми смета, дека не е само работата, колку и да му чури мозокот (тогаш го прошируваше бизнисот) дека има млада жена која ја навикнал на секс и која си има свои потреби, дури и го прашав да не си има некоја на страна, да не ме мачи ако сака друга, да ставиме крај на бракот и секој по свој пат, луѓе сме грешки правиме, човек се ќе си помисли...... Само си се насмевна онака под мустаќ што би се рекло, ме изгушка, ми се извини што ме запоставил и што воопшто направил така да се чувствувам, па дури да си помислам дека има друга, дека не ме сака и дека нема да му се повтори. И навистина е така, сега дури и ме прашува кога ми се приближува циклусот.. Само храбро и со среќа, се надевам дека се ќе биде ОК
Во секој брак може да се случи да има ваква суша, и не, не значи дека партнерот има добиено интерес за друг, или има друг некој. Едноставно опаѓа желбата за секс, а причини за тоа има ехее. Во случај кога желбата е толку падната, џабе се сите заводливи техники, ти сакала цел ден шетај гола пред него, ефектот е кажи речи ист. Моментално може да се смени де, на момент, но сепак долговремениот проблем си е тука. Јас можам само да нагаѓам причини за вакво однесување. Тој вели дека е уморен. Може човекот стварно се чувствува уморен, или не спие добро ноќе, и е искрено уморен. Дали има покачено килажа? Како и кај нас жените и кај мажите се јавува таа депресивност, каков сум дебел(макар 3 кила повеќе) зашто ќе она сака да ме погледне... Како е психички? Дали има други наливи на емоционални испади? Може е малку депримиран. Јас поаѓам на психички проблем затоа што самата имаш речено дека физички проблемот не постои. Во овој случај, напади во стилот на ако ти не сакаш друг може ќе сака нема ни најмалку да помогнат, или терање на сила, ради ред, затоа што очигледно ако на некому не му се сака, со зор убавина не бидува. Разговор, со разбирање, без заплашувања, без уцени, и се надевам, ќе се разберете и ќе си помогнете еден на друг.
Можда е само мрзлив, и му треба малце некој да го поттурне малце, (јеби га има и такви) Пушти му порно