Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    абе добро колку години има таа твоја жена што не сака ништо и така се понаша сигурно има некој друг, да не се гледате толку време и потоа да несака никаква блискост сериозно разговарај со неа ова не ми мириса на добро поздрав
     
    На meri24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Се случува и тоа,а за мене не е воопшто нормално.Една колешка од новата ми работа,ми рече-ќе видиш сега после прва година од брак нема да сакаш да го погледнеш ни секс ни ништо.Еве едно дете имаме не сакам да смислам да имам друго :^) Толку е исфрустрирана и гледа само за работата,тешко на маж и !
    Како и да е јас не можам да си го замислам бракот без секс,ми се чини дека откако сме во брак се повеќе и повеќе го сакам :)
    Ако се случи такво нешто,треба да се разговара,иако не секогаш причината е неверство.Денес е стресен животот,па се дешава.Ако трае подолго,тогаш сигурно има проблем .
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    маца99 примерот што го кажуваш со колешка ти дефинитивно е нешто што се случува кај повеќето да не кажам самобендисани, себични жени. Мислам која е логиката да се омажиш, а после да не сакаш да си го погледнеш мажот... Знаеш жално е што ваквите најчесто се тие кои се жалат дека мажите ги изневеруваат. Епа да ми простат, но што им се после мажите криви??? |(
    И јас како тебе од кога сме со маж ми заедно, под ист покрив, јас секој ден се повеќе имам потреба од него, сакам да сме заедно и често пати само ја пружам раката да го допрам, да знам дека е до мене, така и полесно заспивам.
    Да, може немаме секс секоја вечер(едно ради бременоста, друго ради желбата, нормално е да не си секогаш расположен за секс), но нежноста и интимноста си ја надополнуваме на секој можен начин ,во секој слободен момент.
     
    На eleni27, rici.aaaaa, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Вака секако една од работите врз која се заснова бракот е и сексот. Тргнувајќи од тој факт за да еден брак функционира потребен е, и квалитетен сексуален живот. Но како и во секоја работа така и тука може повремено да дојде до губење на желбата за секс кај еден од партнерите. Иако се жените тие на кои најчесто им се случува да ја изгубат желбата за секс но и мажите не се имуни на таа појава, само со таа разлика што кога мажот ќе ја изгуби желбата за секс се сваќа малку потрагчно бидејќи се смета дека мажот по природа е секогаш спремен за парење и не одбива секс, што воопшто не е точно. Додека жената и немора баш да е возбудена за да има секс, мажот не е во можност во тој дел да одглуми и затоа жената пати, постојано е напната, и летаат мислите во правец на тоа дека тој има друга или уште полошо дека веќе таа не го возбудува а тоа е ноќна мора за секоја жена. Причините за машката незаинтересираност за секс може да се бараат во неколку правци. Првиот е биолошки а тоа е проблеми со потенцијата, фториот е можен замор, напнатост, проблеми на работа и низа други пред се психолошки пречки. Исто така како причина за незаинтересираноста може да биде вљуеност во друга жена негова опседнатост со таа жена, и еднставно го губи интересот за интимни односи со сопствената жена. Но како проблем може да се појави и недоволното обрнување на внимание на жената на самата себе, запуштенос, недоволна хигиена како што тоа било ппред бракот и уште ред други причини кои може да доведат до машката незаинтересираност. Последнава причина е многу честа каде што жените се преоптоарени или неспретни во снаоѓањето со децата, домашните обврски.... и се запуштаа себеси се згојуват, и еднотавно мажот губи интерес.
    Но како причина може да биде и монотонијата во сексот, има жени кои мислат дека е само доволно да легнеш на грб, и да буљиш во таван, и си ги завршила брачните обврски што фсушнос е тотално погрешно. Доколку сакаш да го задржиш мажот дома треба да бидеш креативна и секогаш да внесуваш некои новини во сексот, бидејќи монотонијата во брачниот кревет не само што ќе ви донесе караници,незаинтересираност за секс туку може да го натера партнерот да замине кај друга која ќе му биде поинтересно, а тоа сигурно најмалку го посакувате.
     
    На Aleksandra1977 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    брак без секс =пропаст.Тоа е тоа.Љубовта и онака заминува со тек на време.Останува само сексот.И ако и тој замине,е тогаш е лошо
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски

    Сексот не е она што ги држи партнерите заедно, иако е една од клучните работи во бракот. Ама без љубов, нема секс. Така што, не си оди прво љубовта, а после сексот. Најчесто заедно си заминуваат ;) :wasntme: :D
     
    На imelda, lolyta777, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    без љубов и те како има секс.овие двбе работи не ги врзува ништо заедничко.Напротив...сексот е потреба,љубовта е емоција.Многу се различни.
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А бе донекаде, и двете сте во право, ама тука стапува на сцена различноста на индивидуите.
    Јас на пример, не би можела да имам секс (зборам за со мажот нели - Брак без секс, не Секојдневен живот без секс) ако не го сакам. Значи, ако како на маца99 колешката, ми се гади од мажот ми, јас пре би си ја задоволила потребата со некој друг надвор од бракот, отколку со него.
    Со сила ништо не правам, ама тоа сум јас.

    А дека, кога си слободна, не мешаш потреба со емоција - не мешаш, ама сепак, и тоа зависи од карактерот :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Знам дека може да има секс без љубов, сум го практикувала тоа. Ама друго ми беше поентата. Во брак си со човек со кој легнуваш секоја вечер поради љубов. Ќе се омажиш од љубов (веројатно). А не од нагон или потреба. Инаку, ќе си бидеш сингл, ќе се плескаш со кој било само да си ги задоволиш нагоните. Додуша, тоа може да го правиш додека си во брак, ама тешко оди ако не го сакаш партнерот - тогаш е тешко да задоволиш нагон со човек кој не можеш да го смислиш.
    Од друга страна, сексот без љубов не е толку добар како сексот поврзан со љубовта, конкретно сексот во бракот, или еве, во подолга врска со еден партнер ;)
     
    На tessie и bittersweet им се допаѓа ова.
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    да во право си за повеќето работи,ипак се си е ствар на кој како ги сфаќа работите.Ама верувај дека после 20 години нема да го сакаш партнерот ниту приближно како на почеток така да ипак остануваат нагоните
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Ај ќе видиме. Може љубовта нема да биде иста како на почетокот, ама не би требало да исчезне. Ама тоа - кој како го сфаќа бракот ;) повеќето го земаат здраво за готово и тука лежи проблемот. Затоа и љубовта се губи.
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    ^^После 20 години ќе го сакаш повеќе него на почетокот, ќе имате историја, ќе имате деца(за тие што сакаат)безброј заеднички моменти, иљадници работи кои ви го праваат секојдневието а се поврзани со него, јас барем така ги гледам работите.

    Се сложувам со Анат, љубовта и сексот барем во брак си идаат рака за рака, не можам да си замислам ако не го сакам сопругот да легнам со него само затоа што имам нагони, па и тие нагони ќе ги снема ако личноста ти е одвратна.
     
    На danielka0507, HuremF, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Факт е дека љубовта во бракот со текот на годините се трансформира во различни форми, на крај можеби најмногу се сведува на пријателство и почит, меѓутоа од каде идеата дека после 20 години пак нагонот ќе ти остане? Зарем мислиш дека маж што си престанала да го сакаш дека може да ти го разбуди нагонот после 20 години? Може да ти работи нагонот без чувства за друг маж, ама овој дома што го имаш тешко дека би бил тој.
    И дефинитивно треба да се направи разлика помеѓу слободен секс пред брак со бивши, полубивши и потенцијални дечковци и сексот во бракот со сопругот. Со тие горе не те врзувало ништо, само нагон, со ова второво ти е врзано сопственото семејство, емоции, љубов... не може да биде исто во никој случај.
     
  14. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    правете муабет со повеќе мажи и жени кои се во брак повеќе од 15 год на оваа тема и ќе се зачудите од одговорите :)
     
  15. manekenka10

    manekenka10 Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Љубовта е хемија, сексот чиста физика ;)
     
    На anaantonia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    да во право си за повеќето работи,ипак се си е ствар на кој како ги сфаќа работите.Ама верувај дека после 20 години нема да го сакаш партнерот ниту приближно како на почеток така да ипак остануваат нагоните[/quote]

    после 20 незнам али после 10 години брак знам еве и после 10 години брак сеуште сум залјубена во истиот човек за кој се омажив пред 10 години и слободно можам да кажам дури го сакам и повеке а кога ке ми текнат сите успеси и падови свакам дека сеуште кај нас е се исто како на почеток со тоа што сексот ни е подобар и се лажете ако мислите дека сексот после пример еве 10 години отупува или не е ист со текот на годините станува се подобар и подобар тоа е од мене лично искуство али сепак ке речам се е релативно зависи кој како го свака животот
     
  17. alfimi3

    alfimi3 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo imam eden problem ne e od sega ali slucajno otvoriv na stranata i gledam interesni mislenja.znaci jas i mojot soprug imame neznam stvarno golem problem nie dvajcata skoro kako i nikogas da nemame seks :( znaci mesecot ednska dvapati moze i nikako . so nego sum uste od 16 godeni go poznavam kako disa i znam deka toj poveke ne me saka ili neznam mozebi jas gresam no sepak kazete mi sto mislete da nemate seks so svojot soprug dali bi bile zaedno a koga znaete deka ste mladi privlecni i deka mozete vo sekoe vreme da bidete so drug ama sepak ste mazena i go sakate svojot soprug..ve molam vazno mi e vaseto mislenje :call:
    [mod-kirilica:1vb4ysw0][/mod-kirilica:1vb4ysw0]
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    а зошто не го седнеш и да го прашаш за е ова што ни ко пиша нас прасај го него отворено направи муабет со него не енормален брак без секс па тоа тие човечки инстинкт животно со се животни имаат секс не па човек значи не е нормално изпрати го посматрај го провери му го мобилниот да не се дува на страна пак? не е чудно и тоа
     
    На alfimi3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    alfimi3-Очигледно е дека има некој проблем меѓу вас,потребен е искрен разговор обично тоа се случува кога проблемот е надвиснат а никој не зборува,мора добар и искрен разговор да се изјасни тој зошто се случува тоа што се случува...останувате заедно зашто има љубов меѓу вас,да нема без збор секој ке се заминел без разлика колку год.сте во брак...разговорот ке каже се но мораш да бидеш упорна,едноставно постави му прашања и по секоја цена барај одговор,инаку самата мисла ке те доведе до депресија никој не е вреден за да те повреди
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Темава ми одвлече внимание :)
    Што се однесува до Алфими, јас имам прашање? Дали чекаш само сопругот да направи иницијатива за секс или и самата пробуваш да го заведеш, а тој те одбива?
    Ако е првото, тогаш со сите сили напред, пушти му порно канал, облечи се нешто секси, измасирај го со етерични масла, превземи иницијатива со орален секс,направи му некој филм, влези и ти самата во филмот, гали го него, па гали се сама...ехе филмови колку сакаш,направи нешто да те посака,не да лежиш и да чекаш да ти побара.
    Ако е второто ти да пробуваш, ама он те одбива тогаш е време за разговор што е проблемот, оти со ќутење нема да се реши, туку и тие еднаш-двапати месечно ќе станат еднаш-двапати годишно :(