Да викенд е секогаш дома се трудам колку можам да му удоволам околу одморот после работа имаме две дечиња едното 4 другото 2 секогаш гледам да бидат мирни кога тој одмара,незнам можеби некој проблем одвнатре го мачи а несака да го сподели со мене ,следната недела идеме за мк па таму има кој да ги почува дечињата да одмори малку повеке па ке видам дали ке има подобрување на ситуацијата ,ви благодарам на сите на советите имајте убав ден
Мислам дека она дека мажите неможат без секс е заблуда. Можеби на помлади години да, паметот им е нон стоп на секс, ама веќе после 40-та година работите се изместуваат. Проблеми на работа, притисоци, семејство дома, деца, најчесто во таа возраст мажите почнуваат да пијат и разни лекарста за висок притисок идруги болести кои во огромна мера влијаат на желбата за секс. Во секој случај разговорот со партнерот е прва работа која мора да се направи. На крај доклуима некој проблем кај мажот, и размена на нежности е дел од една врска, ако веќе неможе секс.
Ве молам помагајте .... Ве молам помогнете ми. Поминувам низ пекол. Женет сум со две дечиња од 5 и 7 години. Во изминатите неколку години мојата сопруга избегнува сексуални контакти со мене. Постепено нештата дојдоа од можеби два пати неделно до ако имам среќа еднаш месечно. А и дури тогаш ние немаме вистински секс. Тоа е повеќе како да кажува ај побрзај те молам за да не се разбудат децата. Нема предигра. Дури ниту ме бакнува. Јас сум тој што секогаш иницирам било каква акција. Јас сум комплетно бесен, исфрустриран, повреден и тотално на крај на живците сум бидејќи не сака да ме разбере во каква состојба сум и колку сурова кон мене е таа. Сакам да и кажам, ако не ме сакаш повеќе, тогаш плукни ме и замини си и продолжи понатаму, но имаме деца и мислам дека не е во ред за нив, Сакам да бидам тука за нив кога наутро се будат или кога заспиваат навечер. Но исто така не сакам да бидам со жена која не ме посакува и сака. Така да секој мој ден е борба за тоа што да сторам, а не можам вака да наставам понатаму. Ова е тешка мизерија. Зборев со жена ми за сето ова и за тоа како се чуствувам и тоа неколку пати, и понатаму ништо не се менува во нејзиниот однос. Се прашувам што може се уште да се стори освен развод? Има ли некој што од вас што ќе пише, така да таа од другу слушне за важноста на добриот сексуален живот во бракот?
Ве молам помагајте .... Samo seksot li e problemot vo vashiot brak? Ne me sfakjajte pogreshno ne sakam da se mesham vo brakot, no dali imate i nekoi drugi problemi poradi koi vashata sopruga ja odbiva bliskosta? Domashni problemi, problemi na pobliskoto semejstvo, finanasiski, problemi na rabota itn. itn. ....neshto da ja machi a da ne saka so Vas da spodeli. Kakva e komunikacijata vo vashiot brak....se li e Ok?Dali Vie so nekoja postapka se pridonele taa da se promeni ? Moze pa samo se raboti za period vo koj libidoto i se namaluva. Sekako ne treba da odgovorite tuku razmislete i analizirajte gi svoite postapki poradi koi vashata sopruga e smeneta. Samo kratko za nas....imame dve deca, 7 god. -kjerka koja spie vo svoja soba i ni zurli ni tapani ne ja budat nokje. Maliot e 18 meseci i spie so nas vo soba i pocnuva duri sega da ja prespiva nokjta. Golemi deca ne se budat tuku taka nokje ako se e vo red t.e. ako se zdravi, tuka mislam na nastinki. Nivnoto budenje ne e dobar izgovor na vashata sopruga za izbegnuvanje na seksot i bliskosta. Vi posakuvam srekjni praznici.
Ве молам помагајте .... Проблемот е во тоа што кога и да почнев разговор таа никогаш не се изјасни дека има некој проблем со мене, секогаш вели дека проблемот во врска со сексот е во нејзе и дека не знае како да го решела. Финансиски сме повеќе од добри работата и моја и нејзината е за сега во ред. Сами живееме никој не ни смета. Фамилиите наѓи се супер. А верувај ми моите постапки по милионити пат ги анализирав. Таа не се жали нна мене. А за друг не верувам да има освен ако толку добро се крие од мене. Сепак добро ја познавам и такво нешто ако ништо друго би насетил. Едноставно после децата се во врска со сексот трга надолу. За се друго има сила само за него и зиморена и се спие, не сака. Затоа и кажав подобро нека ме плукне и секој на своја страна да си оди е најдобро. Искрено барав некој да ми каже колку е важен за него сексот во бракот и дали може без него. И не е само сексот со него оди интимноста која повеќе ја нема. Поздрав
Ве молам помагајте .... аман бе мажи со тоа сексот...за интимноста сфаќам ама и со блискост при спремање оброци фамилијарни раб.се создава блискост,остај на времето,не и навалувај и речи и кога ќе биде спремна сама нека изрази желба дека ќе ја чекаш и дочекаш уживај со неа во секојдневните обврски.
Ве молам помагајте .... Ve razbiram. Jas sum zensko i za mene licno mnogu e bitna intimnosta i bliskosta, spodeluvanje na pregratki i baknezi....sekako i seksot. Navistina ne bi znaela kako da vi pomognam. Bidete trpelivi, ne go rasipuvajte semejnoto gnezdo. Obidete se kolku mozete da pomognete okolu domashnite obvrski malku da se rastereti soprugata, mozebi i navistina e samo umorna,a mozebi sepak e samo period.
Јас не можам да ве разберам вас мажите..... Не се врти се околу сексот! ДА потребен е, има човек потреба од секс и секаква друга блискост, ама жена како жена има 1000 обврски, околу деца, околу куќата, па на работа и одвај чека да си легни да спие! Ако си сигурен дека нема друк и ако се останато во бракот функционира добро, нема причина за кревање прашина. Желбата за секс не е на дугме, или ја имаш или ја немаш! Ако ја немаш денес ќе ја имаш утре, или машкото его не ви дозволува да се помирите се тоа.Мора жената стално да е на располагање за секс????
Јас иако сум женско сепак ке кажам дека без разлика на сите обрски кои ги има една жена ,секоја жена која вистински го сака својот сопруг значи и го посакува ,сепак треба да има желба да има секс со својот сопруг ,да води грижа за својот изглед да му биде привлечна и пожелна ,да и биде исто приоритет како и децата ...Избегнувањето секс со својот сопруг заради обврските поради децата ,домот... се само изговори ,ако се сака може добро да се организира и барем двапати во неделата да имаат квалитетен секс ,а не само ради реда 5 мин....треба да бидат свесни жените дека кога ке се прекине сексуалниот живот во еден брак прекинува и бракот.
stefi23m нормално дека не се состои еден брак само од секс ,но факт е дека сексот е една од најважните алки за успешен брак .Јас и понатака си стојам на тоа дека ако нема обострана страст ,љубов кај двајцата во бракот ,тогаш неможе да има ниту успешен брак.
Доколку сексот го нема само како чин одреден период заради одредени причини од секојдневието не е страшно. Тоа може да се среди и е до некаде нормално. Ама да се избегнува секаква интимност со партнерот, да нема ни бакнежи, гушкања, блискост, да се случуваат само механички работите како според некој протокол е веќе загрижувачка ситуација. Значи едно е да е едниот од партнерите изморен, има притисок од работа итн, па не сака и не е расположен за секс, ама сето тоа може да се дополни со разговор, со гушкање и бакнување навечер, со некоја убава вечера, убава атмосфера, поминување на времето заедно и многу други работи кои ги зближуваат партнерите. А доколку немаат никаква блискост, не разговараат, си легнуваат навечер и си се вртат со грб, немаат никаква интимност, никаков телесен допир тогаш проблемот е многу поголем од немање секс. Јас барем вака го разбирам ова. Може на секој да му се случи да биде нерасположен за многу работи не само за секс. Сешто може да влијае на нас во ова стресно време. Ама сепак ако некого вистински сакаш ќе се потрудиш сето тоа да го подобриш, ако ништо друго барем една прегратка, бакнеж и краток разговор може да си посветат еден на друг на крајот од денот. Ако ни тоа го нема, има нешто друго во позадина.
Vichy - Не мислам само на сексот, а за интимноста не можам да ја поделам нејзе со сексот. Од друга страна никогаш не е имала проблеми со спремањето оброци или со чувањето на децата и се што е поврзано со домот. Можеби само дечињата ме натераа да седам до сега во бракот како што кажав сакам да се будам со нив и да заспивам со нив. А за врее имаше доволно време. Ако две години не е време не знам уште колку ќе треба. Stefi23m - И мажот има 1000 0бврски па не му е дозволено никогаш да се побуни. Како би ти било тебе кога после службен пат од три и пол часа позади волан да се вратиш дома и да немаш на маса јадење? Па и сепак после се јас имам желба може да кажам после напорниот ден секој ќе посака длабока интима а не само едно плитко добар ден. Тие три и пол часа патување се минимун два пати неделно. И мислам дека моето машко его е мало како зрно грашок сега. Стави се ти на моето место. Ако сакам а таа не може, јас сум крив, секогаш се наоѓа начин да ме убеди во тоа. Ако таа сака а по некоја си луда случајност не добие јас сум кривецот. Ако заминам со друга (а не сакам друга затоа што си ги сакам децата и не сакам да растат во лаги) на крајот пак јас ќе бидам кривецот и тој што шврља и секој кон мене со прст ќе впери а никој нејзе нема да ја распраша ниту пак да ја обвини. И на крај како што судат судовите пак ке сум без децата ако дојде до развод. Како и да го свртам јас сум кабаетот. Поздрав
Во еден брак сексот е морален,човек си ти бара душичката, ама успешноста на бракот и општо на заедничкиот живот не е да имаш луд секс како по филмовите,(на работната од кујната, на подот од кујната, па на спална, па во дневна, тоа го имало и таму ќе остани, во филновите). Некој не му е крив на мажите што кога стапуваат во брак си мислат дека ќе имаат секс по 100 денот, па после се разочаруваат.... Реалниот живот е поинаков! Успешноста е да ги изведеш децата на прав пат, да им обезбедиш добар живот. Кога ќе дојдат децата тие се преоритет, нивното добро е нај важно, а тоа колку пати ќе имаш секс, не е многу важно. Јас не велам не е битен, битен е. Ама не можи мажот да бара од жената нешто што таа после неколку дена неспиење и деноноќно висење на нозе, нешто што таа не можи да му пружи.
Ах Стефи, ти како да не сваќаш или не сакаш да сватиш. Каде виде дека пишам дека сакам како во порничите секс. Сакам само секс нормален заедно со интима. Ништо повеќе. Ти како да си изгорената во некоја врска а не јас. А баш како што кажа главната причина дека се уште сум тука се децата како прв приоритет. Ама тука е и доблеста дека не сакам да тие живеат во лаги. И баш како што кажа успехот да ги изведам нив на прав пат ми е најважното. Ама тука се раминуваме со начинот ка кој јас и ти ги гледаме нешатата. јас сам себе си не би се погледнал во очи а камо ли малишаните ако имам лаги пред нив. И баш поради нив акам низ Македонија по работа да им снабдам се што ќе им треба. Кажи ми што успех ќе биде мојот, ако ги воспитам и им снабдам се што ќе им треба а ќе пораснат во дом во кој нема да научат што е тоа интима и љубов. Кажи ми го тоа ти мене појасни ми го и јас ќе им пренесам те молам. Што ќе ти се сите пари во животот кога ќе немаш никој покрај тебе. Верувам ми јас со работава моја тоа го гледам на секој чекор. Што ќе им се љути коли на газдиве со кој соработувам кога на крајот на денот кога седиме во кафана кога ќе заминат сите фарси и лаги и млади девојки од 22 години, кога тој седи до мене како скршен чевек и ми вели дека жена му го заслужува тоашто и правел и он не бил крвецот. Кога тој си оди дома ко странец да е а децата го гледаат како новчаник а не како голем татко што секогаш ќе е тука за нив. Знаеш ли ти после такви исповеди колку ми е полесно да седнам у кола и да преку планини и снегови и дождови брзам накај малишаниве мои кои ме чекаат. Изгледа не го знаеш тоа чуство. Без задни намери и ако грешам извини ми. Поздрав
belosija а да пробаш ти повторно да ја заведеш жена ти? Заборави на сексот на некое време и купувај и по некоја ситница да ја изненадиш, изнеси ја на вечера во некој романтичен ресторан, посветете си време едни на други, отидете сами на викенд итн. Исто така, ако не си помагал до сега низ домот, почни тоа да го правиш, поделете ги обврските, пиша дека и жена ти исто иде на работа, сигурно не и е лесно и да се грижи и за куќата и за две мали деца.
stefi23m мислам дека мешаш некои работи .Најпрво за еден брак да опстојува нетреба да бидат децата најосновната причина ,ниту пак само бременост да биде причина за сколопување на брак .Најважниот темел на еден брак е љубовта помеѓу сопругот и сопругата ,а со тоа и страста и взаемната желба за секс ,комуникацијата и довербата помеѓу нив ...после тоа доаѓаат и децата и се останато што си носи бракот а животот .Кај мене во комшии има еден брачен пар сега веке пензионери кои немаат деца ,ама откако ги знам па до денес секогаш се водат за рака и секогаш се насмеани ,зрачат ,се гледа дека сеуште се сакаат .Ако сакаш некого со целото срце тогаш ке ти биде стало до тоа дали тој е срекен и ке направиш СЕ за тој да биде срекен ,исто како што ни е стало до нашите деца да бидат срекни, треба да ни биде стало и нашиот сакан да биде срекен и да не се занемарува на сметка на нашите деца .Секогаш може да се најде време АКО СЕ САКА ,а за турските серии можат да најдат време ,а за да си посветат време на себеси и својот изглед и за својот сопруг ,неможат ...само изговори и ништо друго