Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Имаш прекрасна замисла за семејство. Браво. Да беа сите како тебе, разводите дупло ќе се намалеа и немаше да имаме исфрустрирани и истрауматизирани деца како последица на нездравата средина во која живеат.

    Навистина ми е жал што ти се случува ваков период во бракот. Според мене решението е прво во разговор и трпение. Јас мислам дека ти најпрво треба да се осигураш дали од страна на твојата сопруга има сеуште љубов. Може ова ќе ти биде болна точка ама мораш да се осигураш дали она сеуште те сака. Ако има љубов тогаш позитивниот исход со малку труд е загарантиран.
    Е сега знам дека си пробал неколку пати ама сепак пробај уште еднаш, разговарај, внимателно и смирено. Види дали ќе има некаков резултат и каков одговор ќе добиеш. Доколку после разговорот нема некој резултат, биди трпелив. Покажувај и' секој ден дека ја сакаш ама не ја напнувај за секс. Биди опуштен, помогни и' нешто околу домот, земете гледајте некој филм, играјте заедно со децата некоја игра, едноставно одржувај некое позитивно расположение во домот. Доколку сака одете некаде на вечера, не мора да биде вечера, нека биде обична прошетка само вие двајца, ама не и' збори за проблемот туку општо за вас. Можеби има нешто што ја мачи, можеби има нешто несвесно што ти си го направил, или пак она погрешно сфатила итн. Може се' да биде. А може е само еден период.

    Не ни кажа, или барем јас не прочитав колку време се случува ова? Дали имате вие некаква блискост? Дали на пример се однесувате убаво еден спрема друг или чувствуваш одбивност од нејзина страна? Дали разговарате воопшто за нешто друго освен за децата и заедничките обврски во домот? Воопшто какво е нејзиното однесување кон тебе?

    Одговорите на овие прашања мислам дека многу ќе помогнат за подобро да ја согледаме ситуацијата.
     
  2. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    јас колку што можев да разберам, белосија не водел љубов со сопругата не месец, не два, туку година, две. оттука, мислам дека проблемот не е во премореност на сопругата, туку многу подлабок. како што кажа daydream, пробај да опипаш дали сопругата се уште има љубов кон тебе. да не случајно има некој друг па не знае како тоа да ти го каже? едно големо ДА за да се сочува бракот, но не знам како истиот би функционирал ако нема искрена комуникација, љубов, разбирање па и секс. значи сексот не дека е најбитен, но секако е многу важен за одржување блискост и продлабочување на љубовта.
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не сакам да перам гаќи на форум, ама...Едно време ми се уврте во глава нешто. Си имав проблеми на работа што ме истоштија, не можев ништо да сменам,малку духовно потонав со тоа, и така се спуштив, да од толку негативна енергија без да забележам почнав да се напаѓам сама себе. И како и физичкиот изглед си го запуштив. Како секоја убава девојка и жена, дали во живо, или на тв,во списание, во весник... ќе ја изгледав, ќе се погледнев себе, ни нога како дрога, ни гради ни задница, косата пуцвал... зошто би маж ми останал со мене кога види од примероциве секс во движење, што може да има на мое место. Од тука,кога јас сфатив дека сум грозна, не сакав он да се преправа дека сумму убава на око. Не сакав да ме гушка и покажува нежност, оти би се преправал, нели така јас мисламво тој момент. А не можев да му речам директно оти би признала гласно дека сум грозна.
    За два месеци, маж ми не ме остави да чемреам,евентуално му признав како се осеќам, и од тука со многу осигурување од него, менување на навики, едноставни секојдневни навики, како и најмала работа во кој супермаркет ќе земеме јадење, или кој на кој стол ќе седне дома, знам смешно звучи, ама има ефект(ова ми е научено од психолог во друга пригода/ситуација). И тоа што напуштив од таа работа пак највеќе ефект, ама полека се вратија работите на место.

    Другар, многу време поминало меѓу вас двајца со работите расштимани. Не знам дали би можеле да се најдете поново сами. Искрено мислење, ако двајцата сакате да го сочувате бракот, да бидете повторно среќни еден со друг и блиски, подобро помош од стручен кадар да си побарате.Верувам и таа е исфрустрирана, или барем во најмала рака разбира дека овој брак не е задоволителен, ако има волја ќе се согласи. Другата опција не е баш во полза на никој.
     
    На ell и NoellePage им се допаѓа ова.
  4. belosija

    belosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Daydream - Последниот период и баш тоа ми се врти во главата. И јас сакам да се осигурам дали ме сака. Ако го нема тоа нема потреба од залажување. Деновиве е баш моментот во кој ќе останеме еден ден сами на планина па ќе падне и тој раговор. Таков ми беше планот сами без деца во мир. Што се однесува до сексот еве две години е така со спорадичен секс, плиток повшен никаков да кажам. Последно да сум искрен ниту го барам ниту го посакувам ако е таков. И кога после тоа ќе имаш грижа на совеста дека нешто си добил со молење или на поклон а не со борба не е слатко барем кај мене е така, дека цел живот за се што имам убаво сум се испотил и не ми паднало од небо, можеби е навика ама така ми е послатко. Кој би посакал таков секс. А разговорите за децата за обрските за домот одат како подмачкани ама кога е во прашање интимноста многу тешко а од нејзина страна последно никако да се отвори да каже дали нешто ја мачи.

    imelda - Да многу време поминало, ама надежда последна умира, тоа и мене ме плаши знаејки се сам себе од кога ќе ги пробам сите опции за успех и после се пак остане истото јас ќе заминам и никогаш нема да и се вратам за ништо на светот. Се би пробал и брачни советници и се. Најлошо од се е што се друго функционира перфектно и заедно сме супер само интимноста ојде јабана.

    Поздрав
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.243
    Допаѓања:
    140.427
    Belosija, мораш повторно да се обидеш да разговараш со неа. Мислам, само дека проблемот со сексот е во неа и таа не знае како да го реши - не е некој одговор. Ако сакате да го задржите бракот мора да бидете отворени еден кон друг. Само не можам да ти дадам совет како да добиеш искрен одговор од неа.

    Привремени кризи има секој. Моите деца имаат 7 и 9 години. Имало периоди кога сум била преморена, па никогаш не сме имале такви прекини во сексот, т.е. никогаш не било помалку од 2 пати неделно. И не само секс, мислам на интимност, генерално. И тоа било кога малите беа бебиња, вашите се сепак веќе поголеми, па верувам и доста сте растеретени од обврски.

    Она што ви се случува вам, им се случува и на многу други парови. Многу е лесно да се изгубиш околу обврските со децата на кои и онака им нема крај, и да заборавиш на партнерот. И најчесто сфаќаш откако е веќе доцна.

    Ние имаме многу убав брак, ама сме имапле и по некоја криза, па и во момнетов поминуваме низ една таква, но во многу поблага форма во споредбба со вашата. Не дека немаме инимност, ама според нас не е на нивото на кое треба да биде. Помина некој месец во очигледни фрустрации од двете страни, пред некое време седнавме, направивме муабет, се договоривме што и како ќе промениме, и еве, веќе има резултати, иако тоа беше многу скоро, па уште не сме целосно вратени во нормала. Ама ние двајцата бевме многу искрени и отворени. Без никакви препукувања и желба за докажувања, искрено и отворено. Само така можеш да решиш проблем, никако поинаку.

    Во однос на сексот, мене лично сексот не ми бил посебно привлечен кога не сум доживувала оргазам некое време. Ми се има случено 1-2 пати, главно поради тоа што сум била преокупирана со работи што во моментот ме мачеле, најчесто поврзани со работа, и не сум можела да се опуштам. Сепак кај мене тоа траело максимум еден месец. Ако за други работи не разговарате отворено, тогаш за сексот ќе биде уште потешко, деликатна тема е во прашање. Ама имај на ум дека постои и можност да не е задоволена, па види што можеш да направиш во врска со тоа. Не знам зошто инаку не би и било до секс. Е сега, причина може да биде и губењето на блискоста, и пак се вртиме во круг.

    Во тешка ситуација сте, ама не се предавај. Полека, смирено, со убав муабет, ако треба уште милион пати. И гледај да правите што е можно повеќе работи заедно, да ви се врати блискоста. И на крајот, имај на ум дека за брак се потребни двајца, така што колку и да се обидуваш, мора да има одговор и од другата страна.
     
    На Dentina и imelda им се допаѓа ова.
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Iskreno se nadevam deka gresam,ama ako zena nema nikakva intimost so mazot, kako sto kazaa baknuvanje,miluvanje,ubavi zborovi vo takov slucaj mislam deka veke ljubovta zgasnala.ubavo ti pisaa vo predhodnite postovi,zavedija povtorno.
    Kupi i buket od omilenoto cveke,kazuvaj i deka se uste ja sakas i posakuvas. 2 godini se golem period. Morate so razgogor I so smireno Da go resite problemot.
    Iskreno se nadevam ke go resite problemot.
    Izvinete Za lat
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Аман деца. Цвеќе, заведување, долен веш , свеќи... и порано имам речено на темава, тоа пали кај веќе здрав сексуален живот помеѓу двајца како зачин, и гаранција за добра ноќ. Очигледно не разбирате.

    Белосија, чекаш шанса на планина да ја прашаш за нејзините чувства, јас би да те прашам тебе, мислам, би ти рекла ти прашај се. Кога ја погледнеш невестата, дали ти уште ја сакаш неа? Не сенката од тоа што сте имале пред да стигнат децата и пред сексот да згасне, туку сега, овој момент и оваа жена пред тебе, искрено, колку ја сакаш. Ако ја сакаш, бори се за неа, барај помош, а не за бракот да опстане, не за децата, не за што ти би останал без.
     
    На kate21, Ilinaaa и mimiiiii им се допаѓа ова.
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Извинете што ќе се вмешам во темата бидеќи не сум ни мажена но чист пример имам од моите дома...
    Ако не се потрудиш за децата незнам за кој треба да се потрудиш...Значи децата се сунѓерчиња и се што се случува тие го впиваат,меморираат и сметајќи го возрасниот за свој пример мислат дека тоа е нормално и дека и тие треба да пораснат имајки го тој истиот однос кон своите партнери!
    Јас сум растена во брак каде што со свои очи не сум видела моите да се нежни и наклонети еден кон друг,за позади затворена врата во спалната-незнам.Иако некои ќе речат дека тоа е нормалното воспитување јас сепак не мислам така бидеќи треба поголем дел од времето да владее таа хармонија измеѓу нив,хармонијата што ја имаат здравите врски!
    Ете и јас стигнав на тие години и имам долга врска што можеби ќе биде крунисана со брак и јас сеуште неможам да се опуштам пред партнерот да правам било што,гледајки ја мајка ми како се крие од татко ми цело време...На мојов веќе почнува да му смета и сака да нема никакви табуа измеѓу нас.
    Затоа велам,баш за децата треба највеќе да се потрудите,поздрав!
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Иако сметам дека е несоодветно да дадам совет на темава,со оглед на тоа што сум во дваесетите и абер немам од брак,сакав да пробам да дадам скромен придонес кон дискусијата,се надевам нема да ми замерите. :)

    Јас мислам дека доколку сте во функционален брак,но без секс дека проблемот може да се разгледа од физиолошки и од психички аспект.

    Прво физиолошки, можеби вашата сопруга се соочува со период на хормонални промени,т.е менопауза. Во тој период жената не се чувствува како жена.Естрогенот полека ја напушта зградата и жената нема сексуална желба,кај некои жени речиси никаква. И можеби се плаши да ја сподели таа животна фаза со вас,затоа што мисли дека и вие би ја гледале како помалку жена со самото тоа. Добивањето мензис повремено не е знак дека не претрпува хормонска промена. Во секој случај тоа денес лесно се средува со внимателно ординирани хормони,што ќе и помогнат не само со сексуалната желба туку и со сите промени и намалувања на физиолошките функции со кои се соочува.

    А,доколку проблемот е од психичка природа,многу веројатно е да се чувствува помалку атрактивно и за тоа да ве избегнува,зошто вашиот израз би бил огледало на она што и се случило,здебелување,опаднат мускулен тонус и слично. Иако е можеби плитко,ама на сите жени ни влијае тоа на расположението за било што,а особено за интимност.

    И ако иницирате интимност,обидете се тоа да е во периодот кога овулира. Тогаш потребата од интимност на жената е најизразена.
     
  10. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Потполно се согласувам со болдираното ,јас лично не би сакала да бидам во брак со маж кој останува во брак со мене само поради децата а не затоа што ме сака .Тоа е е пред се погрешно најпрво заради децата да живеат во таква лажна средина каде нивните родители се само заради нив ,секој нека си се запраша како би се чуствувал кога неговиот татко или мајка му каже дека останале во брак само заради нив ,а не заради тоа што се сакаат .Секое дете сака да верува дека неговите родители се земале заради љубов и дека и тие се резултат на нивната љубов , и да ја чуствуваат таа нивна љубов додека растат ,бидејки децата се приметуваат,и неможат родителите да глумат љубов ако ја нема или обратно ,тоа децата едноставно го чуствуваат.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. belosija

    belosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ariel - Како што ти и самата даде пример свој дека имало периоди и кај вас ама тоа сао периоди биле и останале. Кај нас кризите никогаш не биле од финансиска природа. Е сега нејзината работа можеби понекогаш носела напор за нејзе ама и за тоа раговаравме и таа никогаш не е била под толкав стрес на работата. Никогаш не морала да стрпи дали ќе ја задржи работата, никогаш немала расправии со газдата затоа што таа е носител на дејноста, ако ја нема нејзе не ќе работи фирмата. Знам дека се е поврзано ама секогаш сме збореле за тие нешта. Стресот од крајни рокови кја нејзе го нема дека не е таква дејноста што ја врши.

    imelda - Јас се уште си ја сакам како и првиот ден. Ако не беше така немаше да пишам овде, дека таков човек сум едноставно сакам се да е во ред. Никогаш не би ја лажел дека ја сакам за ништо на свет па ни за децата. А за тоа колку таа мене ме сака самата си знае. Не сакам сенки што останале. Знам дека е добра во душата само што има некоја мака. Не сакам остатоци од трпезата сакам комплетно и тоа ќе го имам или нема да бидеме заедно. Тука нема филозофии, станува збор за карактерни особини. Баш како што кажа и самата нејзе сакам назад да ја имам ако не, не ми треба таков брак во кој што децата ќе научат исто да постапуваат понатаму со партнерите нивни како што напомена и Be-yO-nCe, тие се како празни чаши во кои ние ја полниме содржината со воспитувањето ама и со секојдневните наши постапки. А деца како деца си сакаат гушкање мазење и тоа го добиваат од нас ама нас двајцата не може да не видат или многу ретко и со тоа ги буниме како треба и што треба.

    Waka-waka - Физиолошки се е разгледано и Естроген пилули едно време и проена на спирала од обична со естрогенска и тоа од пред една година, и батерија на тестови за сите можни хормони зженски а и машки кој што можат да направат дисбаланс во женското тело. А за психолошкиот дел јас може да помогнам ако само и таа сака да се отвори или пак ако сака да оди на психолог. На сила може да и земам а не може да и дадам.

    Ilinaaa - Во потполност се согласувам со тебе, биди сигурна дека истото гомислам и јас и не сакам во брак само за децата или само за што ќе кажат другите, јас си го живеам мојот ѓивот и намој начин не за другите.

    Поздрав
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    @belosija

    Mислам дека вреди да се борите. Особено, затоа што ја сакате и затоа што знаете дека е добра во душата и дека со ништо намерно не би Ве повредила, па дури потоа заради децата.

    Општеството (во секое општествено уредување, па дури и во ова световно во кое живееме кое навидум дозволува и навидум подразбира поголема либералност) на жената отсекогаш и` наметнувало огромен притисок, од стандарди за убавина, до стандарди за се` останато. Со мажите е поинаку. Од нив се очекува да заработуваат за семејството и да бидат глава на куќата. Чист пример за притисокот за кој Ви зборувам е случајот од мислењето на една од оние кои ви дадоа совет.

    Сериозен, но и опуштен разговор. Без притисоци, без нагласени очекувања, само со искрено давање до знаење дека Ви значи, дека ја сакате и дека сакате да се потрудите со се` што е во Ваша моќ да се средат работите меѓу Вас, тоа ќе значи и поубава и поздрава заедница во која ќе живеат Вашите деца. За нив, но и за Вас.

    Но она, сакам се` комплет, веднаш или развод, искрено не ми се допаѓа. Не се откажувајте без борба. Самите велите сигурни сте дека има мака. Ако има мака, потребна и` е Ваша помош. Колку што не е добар пример за децата да го оставите оној од кој не добивате се` комплетно, исто толку лош пример би им дале доколку ја оставите тогаш кога најмногу сте и` потребни. Само интимата не го држи еден брак, можеби ако сега заминете без трпение и борба, еден ден кога нема да ја имате сегашната способност да бидете интимни ќе Ви недостига разбирањето и согласувањето на други полиња кои сте го имале со неа, нејзината поддршка, нејзината добрина. Затоа што потребата за интимност лесно се задоволува, но добар човек, многу потешко се наоѓа.

    Во тој разговор, обидете се да го поттиснете притисокот кој го чувствувате, не дозволувајте и таа да го чувствува. Ова особено важи ако проблемот не е од физиолошка природа, како што и покажале испитувањата. Трпеливо и со многу љубов, мирно, без лутина пристапете и`.

    Ако е таква личност каква што велите дека е, ќе Ви се исплати. Сега, знам, дека после толку чекање и игнорирање на проблемот, би Ве извадило од такт она „бидете трпеливи, не очекувајте резултати уште утре“ но долго се чекало, полесно е да излечиш настинка од бронхит, не треба да се дозволи да се дојде до второво, но и за двете има лек. Кога во другите аспекти, кај Вас останала слогата и разбирањето, верувам дека и оваа патека ќе биде нешто полесна за изодување.

    Само едно ќе Ве замолам, како семејна жена која помина низ тежок емотивен период, Ве молам не потклекнувајте и немојте да тргнете кон патот на неверство. Нека заедничката потреба за поправање на тоа што не штима во домот Ви биде пред Вашата лична потреба за интима. Јас сум оптимист кога се вакви случаи во прашање и верувам дека ќе има среќна завршница.
     
    На sonce777, Glasna, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    белошија..
    твојата сопругата се чуствува како реализирана жена..со право..има сопруг и деца,води успешно фирма,финансиите не ви се проблем,се основно имате и мислам дека она смета дека ги реализирала работите кои се суштествени..а сексот сега и е секундарна работа т.е во моментов нема никаква потреба од секс(деца имаме)а задоволства имаме во се друго..сексот сега не е потребен и тоа е тоа..
    и не се работи овде за умор од нејзина страна,па дека не те сака или ви фали разговор,па разбирање или внимание од твоја страна..
    верувај ми она и не разбира што и зборуваш и зошто креваш толкава галама поради немање секс??
    по мене она си размислува отприлика овака..
    па што му е овој мојов ..имаме се,добивме деца,имаме работа,бизнис, што ке ни е секс тоа е завршена работа..ајде да ги изгледаме децата како треба,да ги школуваме,жениме,па да гледаме внуци,да старееме итд..еве примамлекови,инекции триста чуда и еве пак не иде...што запнал,секс па секс..тууу
    едноставно нејзината природа е тоа..и не верувам дека сте имале некаква специјална интима и пред да стапите во брак,може и да грешам,но пак по реализирањето на основата-децата,она смета дека тоа е завршена работа...
    а пошто за тебе работата не е завршена ти си во каша до гуша..
    чаре овде немаш што и да направиш нема да излезе идеално т.е ке патиш,поинаку кажано ако ја оставиш тешко тебе,без деца и без нејзе ке попукаш,ако останеш тешко ке додржиш без нормална интима,да фатиш нешто на страна нема баш да го реши проблемот..
    јбг пријателе баш не би сакал да сум ти во кожа...позз од мене и с.н.2014..
     
  14. Ariana.djm

    Ariana.djm Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    @belosija
    Мислам дека за да се даде таква проценка на карактерот на жената многу е важно прашањето каков бил интимниот живот порано... кога бил различен од сега и почест. Дали предходно покажувала повеќе ентузијазам, дали искажувала повеќе нежности...
    Од искуство можам да кажам дека притисоци и закани даваат спротивен ефект од посакуваниот. Дополнително ако ви се изгубила блискоста плус додади на тоа кавги и нервози баш и не може да се очекува да и се јави некоја желба за секс.
    Јас би ти предложила баш спротивен пристап. Се согласувам со твојот план да поразговарате за љубовта ( не сексот ) од двете страни. Ако констатирате дека и двајцата се сакате предложи и некое време пример месец или два воопшто да не разговарате на тема секс. Договорете се дека ке се потрудите да си пружите внимание нежности и љубов како сега да почнувате врска. Дај и до знаење дека може да си поминувате време заедно да се гушкате и бакнувате ама дека тоа нема да е убедување за секс туку само споделување на нежности ... Нешто што сте заборавиле да го правите.
    По овој муабет повеќе не спомнувајте ја таа тема некое време. Шетајте се, држете се за раце, бакнувајте се и обидете се да си заспивате прегрнати.
    Мое мислење е дека оваа стратегија има поголеми шанси да ги подобри нештата помеѓу вас. Ќе го тргне притисокот дека секоја прегратка и бакнеж мора да водат до секс па жена ти ќе може да се опушти и да се потсети како се чувствувала порано. Најважно е што вака ќе си ја вратите вистинската блискост и интимност ќе навикнете да си разменувате нежности секојдневно и подлабоката интима ќе си дојде сама по себе.
    Ако жена ти чувствува љубов према тебе нема да и е проблем да те гушка и бакнува ако е сигурна дека не ја притискаш да продолжи со нешто што не сака. Мислам дека кога повторно ќе се почувствува вистински блиска до тебе или самата ќе ти каже ако нешто ја мачи или едноставно зголемената блискост ќе си го направи своето.
    Во двата случаи ефектот би бил позитивен...
    Поздрав и секое добро
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tubathemaster

    Tubathemaster Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Брак без секс ти е исто како подрум без ајвар
     
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    belosija читајќи те едно нешто ми падна во очи.Jас,јас....
    Mислам дека повеќе мислиш на себе отколку на неа.Tи си повреден,лошо се чувствуваш, нема предигра, бакнежи, прегратки, размена на нежности...Никаде не напиша НИЕ.A таа ?Како се чувствува таа?Знаеш ли дали ја мачи нешто?Може има некој проблем за кој не сака да знаеш?...
    Посебно ми падна во очи онаа реченица секогаш јас сум иницијатор.Мислам дека тоа не значи дека не си посакуван.Верувам дека децата ви се приоритет како и во секој нормален брак.Но ако бракот е во криза,најдете некој да ги причува посебно сега кога е распустот.Испрате ги кај твои, нејзини , кај роднини , на зимовање.Така ќе имате повеќе време да се посветите еден на друг. Одведи ја на местото каде прв пат сте се сретнале,сте се бакнале ,сте имале секс.Не верувам дека има жена што не паѓа на романтика. :D Вие мажите правите огромна грешка што сериозните разговори ги практикувате пред секс.
    Мислам дека разговорите после секс, се опуштени ,отворени , и пред се поискрени.
    Причина мора да има. :!: Кога ќе ја дознаете пола проблем е решен.
    Не за џабе рекле дека четириесетите се всушност втор пуберитет. ;)

    Секоја чест за советот од tessie но и за твоите размислувања во врска со неверството. :bow: :bow:
     
    На Dust и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Јас ги замолувам машките членови да не даваат претпоставки за тоа што во моментот чувствува жената, туку да остават на самите жени преку нивните искуства да го посоветуваат човекот поаѓајќи од сопствените чувства и ситуации во одреден период од животот. Сепак сме различни, имаме различни улоги, минуваме низ различен притисок, а со тоа и се чувствуваме различно.

    Во целост се согласувам со ова. Ставање на личните потреби на прво место во заедница на пожртвуваност, несебичност и заедништво каквa што е бракот, не води на добро...

    Не смееме да заборавиме на самите себеси, но не смееме бракот да го претвораме во заедница за остварување на личните потреби затоа што тоа не е она што го претставува бракот.
     
    На Glasna, vinozito1 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  18. belosija

    belosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ariana.djm - Притисоци и уште полошо закани немало. А за претходно беше се супер затоа е и оваа мака, да не беше од претхондно како требало немаше ниту да зе залажувам дека може да биде пак супер. Туку да не е wish во правосо она што го напомена дека сега е реализирана особа во се и што ќе и е сега пак блискост со мене кога треба на децата да се мисли.

    vinozito1 - Не си во право со тоа јас те јас. Значи јас сум иницијаторот секако, но тоа не значи дека сум себичниот. Ако оставам на нејзе никогаш нема да има иницијатива. Од таму потекнува тоа јас и само јас. А од друга страна не сакам да живеам во Status Quo ситуација. Па кој од вас би посакал таква една состојба да ве прашам?
    И tessie да ги ставам моите потреби на прво место досега кој знае кај ќе бев а немаше да пишам овде :), така да и тоа не држи вода.

    Кажете вие колку вас ви знаци сексот и дали некој/а од вас би можеле да тера така во бесконечност бес секс и интима. Во осова и тоа ми беше причната намера...

    Поздрав до сите
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што покрај толку добри совети што ти дадов, ја извади единствената критика што сум рекла за „личните потреби“ за да као “ме побиеш“ прави да изгледа како да баш и не сакаш да го решиш проблемот на конструктивен начин, какви прекрасни совети отфрли. Како да ти треба нешто да те поттурне кон полесниот пат...немој, ќе направиш грешка.

    Да, да ги ставаше твоите потреби на прво место можеби досега немаше да бидеш тука.
    Но, ако одиме по таа логика и да НЕ ги ставаше можеби немаше да бидеш тука, туку ќе ја изведеше жт на вечера на пример или ќе бевте на продолжен викенд или едноставно на прошетка низ маало, покажувајќи и` со најмали гестови колку ти е значајна. Помисли на неа, на нејзината среќа, покажи и` ја нејзината убавина и вредност со која ти ја вреднуваш. :)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.243
    Допаѓања:
    140.427
    Belosija, јас воопшто не се слогласувам со wish. Не гледам зошто на самореализирана личност не би и била потребна блискост со партнерот и секс. Мене ова не ми држи вода ни најмалку. Баш напротив, мислам дека кога се ти е подмирено најлесно можеш да уживаш, затоа што ништо не ти виси над глава.

    Не се работи за тоа колку време може да се издржи без секс, ниту пак дали и колку треба да се толерира. Јас воопшто и не го гледам тоа како проблем. За мене поголем проблем во ситуацијава е тоа што таа има проблем којшто негативно се одразува врз вашиот однос, а таа не го споделува со тебе.

    Значи има некој проблем и тој треба да се реши. Ама најпрво треба да се открие или признае. А за тоа мора дома да разговарате отворено и да си посветите време еден на друг.

    И јас мислам дека ако се поставиш отворено, без ставот „ќе имам се или ништо“, ќе имаш подобри резултати. Ако некому му пристапиш отворено, со искрена желба за подобрување на работите, не знам зошто би одбил помош. И мораш да се обидуваш упорно, а верувам и дека си, затоа што ако не се лажам, те имам и претходно читано на темава, што значи се трудиш да најдеш решение веќе некое време.

    Имај трпение и биди упорен, ама биди подготвен да останеш смирен за каков било одговор кога ќе ти се отвори, ако сакаш отворениот однос да продолжи и во иднина. Може да ти каже и нешто што ќе те повреди, ама ако си навистина решен да го решите проблемот, нема да имаш повредено его, туку ќе бараш решение.

    Ако се согласувате добро и се друго е во ред, сепак ова е само еден проблем за којшто не вреди да се растура бракот. Јас верувам дека со отворен разговор се може да се реши.
     
    На Lovely93, lolyta777, tessie и 2 други им се допаѓа ова.