Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Ariana.djm

    Ariana.djm Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Целосно се согласувам со ова. Колку и да сум реализирана на сите останати полиња, блискоста со партнерот не може да ми ја замени и надополни ништо друго. Се останато би ми изгледало безвредно ако ми недостига неговата нежност.
    А и тоа која колку може да издржи без секс е малку релативна работа. Можам јас да ти кажам дека и една недела би ми се чинела како вечност ама што фајде имаш од тоа? Јас во моментов немам ни физиолошки ни емотивен проблем, имам прекрасен партнер кој прави да се чувствувам сакана и посакувана и секогаш се грижи за моите чувства.
    Работата е што јас сум сега ваква во оваа ситуација и со овој партнер. Не се чувствував порано исто со истава страст и ја немав истава желба за интима кога беше поинаква ситуацијата.
    Затоа и ми беше предлогот таков. Верувам дека жена ти те сака и верувам дека и недостига вашата врска каква што била порано ... Дури можеби и повеќе одколку тебе ... Иако не ти изгледа така
    Меѓутоа има некој проблем кој може да се реши само ако најпрво си ја повратите блискоста.
    Рачунај дека ако од некоја причина се осетам несигурна пред партнерот, ако се сомневам дека сум му привлечна и посакувана ... никогаш нема да му признаам ако имам некој проблем.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ...''Зборев со жена ми за сето ова и за тоа како се чуствувам и тоа неколку пати, и понатаму ништо не се менува во нејзиниот однос.''......и затоа пак ќе си стојам на ставот кој претходно го дадов..
    ова што го напиша ми значи дека нешто превземаш и сакаш на подобро да промениш..
    и додека ти и ја кажуваш својата мака на сопругата што ти прави таа...,таа слуша добро нели..
    но значи ли тоа дека а)не разбира што и зборуваш,..б)те разбира ама не смета дека е потребно да превземе нешто или да се потруди да ти се пожали или да објасни,...в)сеедно и е,..а зошто и е сеедно??
    И сега ајде одете на тајни вечери со свеќи,талкање негде по езерава,шумиве,насамо демек без деца ко да ви се тие проблемот,па разговарајте,па анализирајте,па убедувајте се дали се сакате или не,па ќе решавате мистерии,како да не може тоа нормално во две реченици во сопствена спална чоечки да си го кажете..или да ти се каже..
    па сите имаме пун к..проблеми,лично реткост е ден кога нема да дојдам дома папсан,уморен ко сто планини на грб да носам,ама знам дека она носи и повеќе од мене,па и затоа не си бараме оправдување во ,,лошиот ден,,или уморот за да не се грижиме за нас и за нашата љубов.
    И ако и влезам на врата не поднасмеан,не ја прегрнам,бакнам,гушнам или недај боже да ми се случи во постела да не ја стиснам до мене,да не ја погалам насекаде ,ке ме загине зошто што мајка и требам ако се тргам од нејзе или несакам да ми е во близина..па одма утредента ме гледа ко државен непријател..
    И каде е напишано дека мора секс како што и нема секој ден,ама да нема воопшто или да е како под присила ..еееее..па може ли тоа да биде од било која страна и да испадне на добро..
    па два три сата да ме игнорира ке се мрднам а не 2 години да...абе планина ќе поместам за два дена..
    и не ли треба во секој дом да се тркала слична приказна...,
    што тогаш што ќе направите/превземете..
    одговорот на проблемот не е во тебе или во неа посебно,во вас е и не е на друго место....дома ви е..
     
    На Ariana.djm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    belosija сигурен ли си дека од нејзина страна никогаш нема да има иницијатива?Oд тука произлегуваат многу прашања?Прво зошто е тоа така?Дали така било од самиот почеток и прераснало во навика која почнала да ти смета и сега сакаш да ја смениш?Можно е да се срами таа да биде иницијаторот, или ти е лута за нешто, или пак е премногу горда.Има жени кои се убедени дека машкото треба да биде иницијатор, зошто едноставно не знааат за поинаку.
    Мислам дека тебе повеќе ти недостасува нејзиното внимание и љубов отколку сексот со неа.Самиот призна дека има секс но дека тој е многу ретко и дека таа те брза.
    Значи се уште ништо не е изгубено и имаш шанса да ги поправиш работите,но желбата треба да биде обострана.Значи и обајцата треба да се потрудите,и истото да и го кажеш, повеќе пати ако е потребно.
    Но внимавај и вината не и ја префрлај нејзе, оти ќе направиш поголема штета.
    Запрашај се себе. Каде погрешив јас?Каде погреши таа? Верувам дека само така ќе го пронајдеш одговорот на твоето прашање.


    Не мислам дека си себичен напротив.Твоите размислувања за семејните вредности , јасно кажуваат за каков човек се работи.

    Сакав само да сватиш дека немаш само ти проблем, туку обајцата, а со самото тоа бракот ви е во криза за која треба да изнајдете решение и да ја надминете.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто имањето или немањето секс со некоја личност па макар тоа и да биде вашиот сопруг или сопруга го изедначувате и правите еквавилент со поимот љубов кој во самата суштина е многу покомплексен и не толку едноставен.Па може да се има секс со некој но,тоа не мора да значи дека се сакате со таа личност но,добро тоа е дискутабилно прашање за во некоја друга тема.
    Јас колку што можев да увидам од постовите на Белосија тој има скоро совршен брак исполнет со љубов, хармонија,почит и разбирање,негување на вистинските семејни вредности,сопружници со успешни кариери,без финансиски или други проблеми освен овој во брачниот кревет.Мислам дека непотребно се драматизира околу проблемов...најверојатно се работи за монотонија во сексот..доста чест и банален проблем со кој се соочуваат голем број на парови кои се подолго време заедно во врска или брак.Решението е да пробате нешто ново и поразлично,нешто што повторно ќе ја разгори страста и потребата за секс и интимност.Мислам дека и поради тоа што сексот не ви е веќе интересен таа те брза да завршите побрзо со самиот чин ,нешто што сите го практикуваме,нели она што ни е здодевно сакаме и побрзо да заврши.(се извинувам ако те навредив,целта ми е пореално согледување на проблемот)Оттука произлегува и неискажувањето на нејзиниот став,се плаши да не те повреди со нејзиното мислење или пак така е воспитана што темата секс е табу тема.Сепак Решение има а,првиот чекор е отворен и искрен разговор,но не нападен туку суптилно испитај кои се нејзините желби и потреби на тоа поле.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. milichka21

    milichka21 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Јас сум во брак 4 месеци,мојот маж ме скина на првата брачна ноќ,меѓутоа тој има некој проблем,не знам што е,со психата,кога треба да имаме односи му паѓа и не може да има секс. Пред да се земеме секогаш се мазевме и се беше во ред,не се случуваше вакво нешто. дали некој имал слично искуство и што би можело да му биде на маж ми? поздрав
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    за милицка мора да поразговарате искрено иако многу незгодна тема за разговор,сепак треба да дознаеш дали психички му е проблемот или ако е друго нешто болка итна треба да посети доктор-уролог,ти посакувам се најубаво :)
     
  7. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Можеби ова не е за во оваа темаама поврзано е некако. Дали некои од вас на сопругот му пратиле секси смс порака и како тој реаирал на истата? Јас вчера му пратив додека бев на работа а он беше дојден дома и он на тоа никако не изреагира. Мислев дека кога ќе дојде да ме земе ќе ме гушне, изјави љубов или нешто слично ама он ама баш ништо само дојде ме зема до дома онака само како помина на работа и толку. Кога дојдовме дома само седна пред тв јадеше и ништо не ми ни прозборе, после седна пред компјутер па дојде сестра му (живееме во иста куќа) и јас демек ми се спие да излезе она си легнав и она кога излезе он одма заспа. Веќе некое време не сум го почуствувала како маж.
     
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    А да поразговарате и да му кажеш што и како мислиш?
     
  9. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Кога му зборувам он или ќе се загледа во телевизор или во компјутер и воопшто не ме слуша. Почнав повеќе внимание да обрувам на мене повеќе да се средувам (коса, шминка облека) ама он ништо не приметува. Некое време веќе ке ми каже само те сакам онака само како да се каже и толку. Му зборувам дека може малку да се поруди со некои мили зборови, јас него секогаш мило злато а он се по име
     
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Нешто го мачи него, неможе тоа туку така, но неможам да давам предпоставки што би било тоа. Не ви ги знам карактерите ваши, но пробувај со разговор, настојувај, смирено, кажи му дека важно ти е да знаеш зошто ви се случува тоа. Не се предавај доколку ти ги игнорира прашањата, туку биди упорна.

    Може некоја поискусна форумџика ќе ти даде подобар одговор од мојов, но јас лично кога и да приметам дека нешто оди надвор од рамките на нормалното, секогаш отворено разговарам со сопругот.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Фармаси озбилно имаш 18 и веќе вака се понашате со сопругот? Лелееее... на тешки маки сте. Јас и мм сме отидени накај 30 што се вика веќе, добро јас имам 26 ама он е малку повозрасен од мене па пак знаеме да се опуштиме. Секси пораки не ти вршат работа, само муабет отворено, јас дури и го напињам некогаш ама кога ќе седнам асално се збори и се решава, да видиш после се како е подобро. Само муабет, со легнување секој на своја страна ништо не се прави, ама јас сум пискало големо, а нешто осетам одма се појавувам со моите теории на заговори и страшни сценарија, па сирот мора да се подзамисли. Само дубење на глава му е мајката, поготово на тие рани години, само тоа може да ве спаси, што вика бројчево, па и може го мачи нешто, пробај да дознаеш и да реагираш, не може да те изостави од проблемите ;)
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.916
    Ова ме подсети на една случка...
    Му праќам СМС на мм-Дојди кај мене,сама сум :D :D :D (јас дома,а тој на работа).
    По 5 минути ми враќа со СМС-Да не го згреши телефонскиот број,овде твојот маж.
    Секако,се беше на смешка-ништо злонамерно или пак да имаше љутки.
     
    На Sweetheart87, hermosa, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Оваа е смс пораката нели фармаси?

    Lezi i zamisli ruke moje kako klize niz tijelo tvoje. Strastvene poljupce tvoje od kojih drhti tijelo moje. Krevet vruc sve do zore. To je lijek za nas dvoje!!

    Јас да ти кажам мене смеа ме фаќа од неа. Не дека леле срамотно хи хи хи смеа, туку озбилно смеа. Види, не ти се смеам на тебе, проблем си имаш, ама тоа со вакви споменарки праќање не се решава. Ако сте доволно возрасни да се мажите, доволно сте возрасни да убедите маж на еден саат муабет, уз прошетка на пример, надвор од куќата најубаво.
    Оставете рефрени од турбо фолк песни па уште и српски или не знам од каде младиве ги копаат ваквиве работи. Не им е романтично на машките. Не ги пали. Кога средите што ви е бутур и си дојдете во нормала, што ви било нормално пред да ве фати сушата, е тогаш понекогаш изненади го, ама друг пат ако сакаш да му пратиш текст размаани, туку сликичка му прати од вратот надоле во чипкан долен веш. Е, ако тоа го игнорира и не го барем спомне за фала да ти каже, тука веќе имаш проблем.
     
    На Sky-butterfly, tessie и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    148.100
    Пол:
    Женски
    BRAVO!!!! I офф топиц браво за анализата на принцезите во темата дали да се разведам.секоја цест.позз
     
  15. srna1

    srna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    11
    Незнам што се дешава мм воопшто не е заинтересиран за секс. Ми фали гушкање ,муабет, редовен секс а го немам тоа.Дури и неккао се помирив со здодевен живот. Џабе све, некои мажи во бракот многу се менуваат .
     
  16. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Веројатно е фаза. Многу норамално е во бракот да има и такви фази. Незнам коку време сте во брак, ама брак и дечко и девојка не е исто. Можеби има човекот некоја мака, нервоза, стрес, сето тоа влијае на сексот. Точно е тоа дека мажите се менуваат во бракот, ама и ние жените исто. Најдобро ти е со арно да си направите муабет. Поголем проблем е ако несака да разговара со тебе зошто одбегнува секс, отколку што немате секс. И ние сме минале низ разни фази со мм кога многу надворешни фактори влијаеле на нашиот однос. Само отворен разговор му е мајката. Само храбро и со среќа.
     
  17. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    И ние едно време имавме таков период може и два месеци воопшто да немавме секс,но за среќа помина тоа и после пак не можевме да си надокнадиме.Ама сакам да кажам треба муабет,потребно е меѓусебно и секојдневно да си разменувате и бакнежи и убави зборови со еден збор потребно е секој ден да си ја покажувате љубовта затоа што многу лесно може даја снема.Инаку верувам дека тоа е само период и дека со разговор ќе се реши.Битно е да не креваш раце и да се помируваш со ситуацијата.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srna1

    srna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    11
    Tri godini sme vo brak i otkako se zemavme e taka. A znam deka ima i nadvoresni faktori koi mu vlijaat kako sto kazavte pogore. No nemozam da se pomiram so toa. Mene ne moze nesto tolku dolgorocno da mi vlijae na seksot i na odnosite so mazot za koj smetam deka se ,mnogu vazni za raspolozenie. A i ne sakam da mi pominuva taka zivotot, sega ni se najubavite godini i momenti...
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Камо јас да имам среќа да најдам дечко кој нема да сака да има секс со мене, или да сака екстремно ретко би била најсреќната девојка на планетава. :tmi:
    Ова денес е луд свет, жеден само за земни задоволства. Ужас!
     
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Во еден брак или подолга врска нормално е да се има секс. Можеби не е убаво на почеток кога од небо се гледа дека некој сака да го искористи само твоето тело и те гледа како секс објект,но во бракот и тек како е потребен. Не за џабе се вика дека половото општење е физиолошка потреба и доколку си во врска или брак каде партнерот не сака или не може да ти ја задоволи таа потреба настануваат многу сериозни проблеми и фрустрации. Не мора клецање како зајци по 100 пати во денот :tmi: но сепак и ич да се нема или со месеци и години да се нема полово општење мегу парнерите пред се е нелогично.Ако ништо друго ,коа партнерот премногу те привлекува и ти се допага и да сакаш да го одбиеш ке нема да можеш.Барем во мојот случај е така. :D :D :D