Мене најмногу ми бодеше очи тоа што ти самиот си кажа „сакам мене се` да ми е комплетно/ еднаш живеам“ и сл. и со тоа наведуваш некого да заклучи дека твоите потреби се на прво место. Не можам да знам повеќе за тоа какви се нештата, носам заклучоци од тоа што си напишал и се` што сум напишала и сум те посоветувала било со најдобра намера. А за тоа што не ти беше јасно. Самиот велиш дека сакаш да си го проживееш животот, се` да ти е комплет и слично. Дали во тој стремеж некогаш си оставил нејзини потреби неодговорени? Многу е лесно со многу малку (некогаш без воопшто да бидеш свесен за тој труд) труд во лошо време и место една жена да се разочара а по тоа да почне да се лади. Затоа што ние сме склони кон анализа. Како беше онаа „жените се како мачки, свикај и` на мачката еднаш и веќе нема да ја видиш“. Има вистина во ова. Мене како на жена, ми беше многу чудно тоа изненадно оддалечување. Мене ми наликува на последица од нешто што и` ја срушило самодовербата и ја повлекло до тој степен да не може да зборува за тоа. Но, можеби навистина нема врска со тебе. Е на тоа мислев под „се оладила.“ Значи се` ова што ти го пишувам, е со најдобра намера. Мораат да се разгледаат сите опции. Не заради нејзе или заради минатото, вашето завршило, туку заради твојата иднина. За да не се сопнеш вторпат на истиот камен. А за децата, труди се во нивни очи да гледаат човек којшто ја почитува жената којашто му ги родила. Затоа што не е крај на свет како што велиш ти, но не е ни ништо да ти донесе некој твои деца на свет. Имај си ти мислење одредено за неа, Tи посакувам многу среќа и што поскоро да го почувствуваш она по кое пиша дека копнееш а одамна не си го искусил.
Последниве неколку дена пратам дискусии на форумов, па еве не одолеав да се приклучам на дискусијава затоа што ова погоре одлично ми ја опишува ситуацијата во која се најдов. Никогаш не мислев дека ќе го изневерам сопругот затоа што и самата сум била изневерена од други во минатото и многу тешко ја поднесов таа ситуација, ми се влоши здравјето и ми се распадна светот околу мене кога тоа ми се случи. Но еве, по 4 години брак, сопругот падна во депресија заради тешка економска состојба и невработеност... почна да оди на терапија и да пие антидепресиви што му влијаеа на либидото и 6/7 месеци+ немавме редовен секс, а кога имавме не беше тоа-тоа... Во целата ситуација никогаш не го обвинував за ова затоа што знам дека му е многу тешко и му давав морална поддршка колку што можам затоа што ми е најдобар пријател и нели "не е се до сексот" кога сте добар тим... И, пред некое време, на службен пат, го изневерив со колега. Баш без умисла како што опишува differentmkd... се се случи некако брзо, спонтано и ми беше премногу убаво за да престанам. Сега мислите ми се во хаос. Ме мачи тоа што ова го направив кога на сопругот му е најтешко. Ме мачи тоа што после толку време без секс и самата изгубив веќе интерес во него на тој начин а и тоа што економски комплетно зависи од мене и да го оставам сега би било најсуровото нешто што можам да го направам, кога самодовербата му е на толку ниско ниво... Истовремено, се "затрескав" во колегата, ништо не се случило помеѓу нас од таа вечер но знам дека да имам прилика не би можела да се исконтролирам, постојано фантазирам за него... И јас се прашувам дали има некакво оправдување за оваа моја постапка, и што да правам понатаму...
olive87 Тешка ситуација според мене ,јас се наоѓав еден период во истата ситуација како маж ти многу е тешко тоа што го преживува немој во никој случај да го оставиш ке биде фатално за него ,тоа што си го изневерира е само авантура која ти ја рабудила страста ,не мислам дека ке ја имаш истата љубов како со маж ти , тоа е само страст која се губи ,затоа соземисе не само тој што ке се уништи туку и ти .Депресијата е многу тешка состојба,затоа немој ни да помислиш да му кажеш на маж ти за таа авантура , ко ке ми текне колку му е тешко па и тоа да го дознае и крај на програмата ке биде,полошо нема .
Бариерата пред првото физичко неверство е најтешка за премостување. Мислите спонтано доаѓаат, акцијата малку потешко. Кој еднаш се осудил за првпат да направи таков потег, веќе назад враќање нема. Требало да се бориш за бракот, да бидеш поупорна, да разговараш отворено за своите потреби и твојата загриженост со маж ти и така немало да дојде до ова. И покрај неговата состојба требало да го третираш како да е во совршена состојба и отворено да му дадеш до знаење дека имаш потреба од него. Ако ме слушаш мене, ако останало барем малку почит во тебе (бидејќи љубов и страст веќе тешко) кон маж ти, признај му го неверството, па на него нека е одлуката за оставање или не. Од оставањето во ваква состојба, уште посурово е да го лажеш секој ден. Не го сфаќај како осудување, те охрабрувам да бидеш поотворена ако навистина ти е до овој брак. Јасна и мошне позната ми е таа состојба во која од грижа да се створи повеќе одошто е можно за семејството, на човека не му е до ништо. И не секогаш неверството било неизбежно, затоа и не може да биде оправдано. Не е бракот само квалитетен интимен живот што подолго. Не е тоа единствен репер за неговата вредност. Затоа и многумина трчајќи по сексот на нивниот живот, ја испуштиле љубовта на нивниот живот.
За греота човекот,место ти да му помагаш ти го закопуваш,алал да ти е.Човекот не знае кај тера од депресии ти си правиш мерак со колегата баш те заболе,спонтатно било,ма немој кажи ми бараше доле таа и си го направив меракот.Па уште и си се зтрескала браво бе,мн брза бе ти све спонтатно секс љубов све браво браво.Како и да е тука правда нема,мажти ова ако го дознае,барај парцела во бутел,пошто од две страни депресија ке го јаде,и ке спобудале човекот.Незнам стварно кај ви е паметот,ама све е отидено у *урац.
Извинете ама сопругот на Оливе сам ли се справува со финансиската состојба, зарем тоа е причина да запостави жена, зарем тоа е причина да се повлече. Не велам дека таа постапила правилно, на страна од тоа, тоа е избор за себе, но ако една жена не се грижи за себе, се запусте, и физички и психички, ако мажот си најде резерва тогаш ќе удрите по жената, како она се запустела па мажот сакал возбуда. Постапката на Оливе е лоша, требало да седне да разговара со него, со разговор се се решава, бар кај мене во брак, за се разговарам со маж ми, но потребата и ја разбирам, желбата за внимание, желбата да се осети како жена. Мене многу ме нервира моментот се затрескав, ако се затреска ти во друг со маж ти нема што да бараш, толку ти е тоа, така кај мене тоа стои, ако љубовта кон маж ми сум ја заборавила и сум развила нова кон друга личност, тогаш со маж ми сум раскрстила. Верувам дека не си затрескана, веројатно и колегата не помислува на тоа повеќе, но пусти женски памет си измислува приказни за мали деца. Малку похрабро постапувај, седни и разговарај со маж ти, вака вашиот брак оди само во пропаст, а ако не можеш да се помириш со тоа кажи му отворено, верувам дека се се решава со разговор.
Тоа ни` е и муабетот Ангелче (барем мене). Доколку отворено се разговара, во 99% од случаите сигурно нема ни потреба ниту пак се случува неверството. Во најлош случај, секој си оди по својот пат. Како што и мажот е тој којшто е виновен затоа што не и` укажува на жената којашто се запуштила што му пречи и што потреби има, а не жената којашто како да е сама во тој брак, за се` треба сама да мисли и да предвидува туѓи потреби. Отворен муабет.
Да бе таја имала потреба што и зела глата ветер,тој незнае каде се наоѓа кутиот неможе ни да се возбуди ни да јаде ни да пие ,ама тоа е ,тешко на тој со си ја има маката другиот ке си го тера кеифот.
Не сакам да повредам некого или пак да помисли дека му судам на некој (посебно тебе мила), ќе го кажам само мојот став кон највлијателната причина за бракот без интимни односи. Сите без исклучок во животот поминуваме понекогаш низ кризни ситуации. Нема да ти се гледа пред очи од болка (без разлика дали е тоа телесна или духовна), а не пак да добиеш мотив и волја за интимност. Навистина треба да се почитува и желбата на другата половина, ама во такви ситуации барем секој треба да биде совесен за тоа низ што поминува другиот. Она што сакам да го потенцирам е љубовта. Таа е доволен показател дека се оладила истата и дека или се губи или ја нема, па затоа и нема разбирање кон она низ што поминува другиот. Изневерувањето е лесна работа, ама градењето на вистинското е многу тешко. Простете, ама мене тоа изневерување кое е резултат на слабост на телесна или пак духовна болка на сопружникот, ми е една егоистична постапка. Секој е човек со чувства и душа во себе. Замислете вие (оние кои изневериле поради слабоста на сопружникот) да се најдете на таа негова страна. Навистина се извинувам, ама овде веќе станува збор за егоизам. Иднината сега од тебе зависи и ти ја имаш главната улога. Прво запрашај си го срцето и најди одговор дали воопшто го сакаш сопругот, па потоа преземај понатамошни чекори. Само знај мила дека нема да биде воопшто лесно. Совеста ќе пече како оган, иако имаш било какви чувства кон колегата. Тоа и во суштина ти е само една минлива заблуда, едно искуство кое те фасцинирало, ама верувај, со време ќе исчезне и избледи таа привлечност. Но што потоа? Ќе биде доцна, бидејќи ќе го изгубиш сопругот, ако се одлучиш понатамошна дружба со колегата. Или пак не дај Боже нешто да му се случи на твојот сопруг од преголемиот преживеан шок. Внимавај. Внимавај да не предизвикаш уште поголема болка и грижа на совест од она што си го сторила. Човечката душа е вистина парче стакло. Може да се лизне и падне кога најмалку се очекува. Потоа за се е доцна. *** На темата... Според моето скромно мислење сопружничката интимност е чин на взаемно покажување на љубовта. Можеби малку сум поразлична со својот став, но искрено според мене интимните односи не се и најважниот дел од животот. Има многу побитна работа за градење меѓу сопружниците, љубовта. Таа е онаа која е темел на се’. Темелот на разбирањето и читањето на чувствата на другата половина. А од тој сегмент произлегува заклучокот, зошто едниот привремено се оддалечил од другиот.
Не ја оправдувам постапката на девојката но претпоставувам во каква емоционална и психичка сосотојба и она самата се наогала за да стори едно неверство. Знам каков е животот со лице кое е во таква состојба и можам да речам колку што е тој кутар, толку е и тој кој со него живее. Но нема назад после таков чекор. Би советувала терапија за парови или сличен вид на советување каде во придружба на компетентно лице ке се каже вистината и ке се разгледа прашањето дали има што да се спасува во тој брак.
Теси мене муабетот ми беше дека проблемите не се само на едниот или на другиот, а животот не прекинува заради проблемите. Кај мене секој проблем се решава со муабет, сум имала и кризи и моменти кога не ми било ни до секс ни до муабет ама за добро на бракот сум преќутувала или сум зборела, исто веројатно и маж ми. Иначе Елисабета, финансиските проблеми во една фамилија не се само проблеми на еден маж, на цела фамилија се, исто и за Оливе и за него, ако нема пари за храна ќе нема и за двајцата, ако нема пари за луксуз ќе нема и за двајцата, тоа е фамилија, тоа е заедница, не е само мажот, не е само жената. Јас никогаш заради секс нема да го направам тоа што го направила Оливе, да се разбереме, ама затоа што ни маж ми никогаш не би постапил како мажот на Оливе. Една заедница не функционира само од секс и пари, има нешто многу поголемо, има нешто многу посвето и многу посилно помеѓу тоа. Двајцата во пар и на психолог, нема од тоа срам, и кај двајцата има проблем, а проблемите со време не се решаваат.
Одбивен ти е сопругот заради неговата немоќ моментално а ти не знаеш или не сакаш да се справиш со проблемот па си бираш полесен пат за себе. Си се заљубила велиш а? Нормално, после добар секс наивна жена се заљубува, тоа не е ништо ново, ама треба да знаеш и дека не е вистинско. Ама од друга страна и ова со сопругот што го имаш не е. Барем според мене, во спротивно не би го турнала додека стои на чекор од дното.
Јас барем мислам дека кога се вакви нешта во прашање, ние сме посилниот пол. Дали ради таа наша поголема аналитичност па побргу доаѓаме до решението. Нормално, не сите, стереотипно ова. Еве јас на пример. Кога има некој проблем, маж ми повеќе се нервира. Јас научена како будала некоја секое „добар ден“ шо се вели да го анализирам и да го кубам како несредена веѓа, ќе поќутам, ќе погрицкам нокт-два и ќе почнам да предлагам (за што и да е проблемот). Многу сум за отвореност во бракот, а за советувања и психолози, на овие простори е многу тешко еден пар да се осмели. Се` повеќе сме со современи сфаќања, свесна сум за тоа, ама уште ги има оние „леле срамота е, мали деца ли сме па да не` советуваат“ сфаќања кои релативно тешко се искоренуваат еднаш вгнездени. Отвореност и воља.
Немаше секс, само бакнежи. Кога почна да оди натаму прекинав заради сопругот. Не очекувам медаља за ова, но како што кажав се се случи навидум спонтано, не го планирав, не бев ни свесна дека имаме проблем во бракот па да одам и активно да барам некој друг. Дури отпосле почнав да анализирам зошто го направив тоа. Во колегата не сум вљубена, само има физичка привлечност. Јасно ми е дека не е вистинско. Исто така јасно ми е дека треба да бидам отворена со мм за ова, но ако му кажам, нема каде да оди. Нема да му помогне да се опорави по секако... се што ќе постигне е што ќе ми го намали чувството на вина... ако му кажам ЈАС ќе се чувствувам подобро, но тој нема, и тоа е некако себично. За оние што фрлаат дрва и камења, не се лутам но сакам да кажам тешко е да се пренесе ситуацијата во целост во пост на форум. Во животот не е се црно бело ко на шпанска серија, и луѓето имаат слабости, не сум силна и не сум совршена... не знам ни што сакав да постигнам со ова, претпоставувам сакав некој да ми каже дека ИМА враќање назад и дека работите можат да се поправат...
^^ Па во претходниот пост не делуваше како да се каеш и да сакаш да ги поправиш работите, туку дека ти е жал што сопругот е во таква ситуација па не можеш на раат да му кажеш и да се разделите како луѓе. Тоа ли најмногу те мачи, што ќе го дотолчиш? Или ти значи сопругот и вистина сакаш да ги поправиш работите? Мене ми се чини дека ти него не го сакаш, ти го сожалуваш. Ако сум грешка, и ти вистина сакаш да ги поправиш работите знаеш што треба да направиш. Не мора да му кажеш што се случило, само заборави на случката со колегата и труди се околу бракот. Ако само го сожалуваш, џабе ти е трудот, кога тогаш пак ќе пукне.
Драга моја, се` додека размислуваш вака ... за колегата или за кој било друг, тогаш оправање тешко. Кога самата помисла на горецитираново би ти била дегутантна, а не пак да ти буди некоја желба, тогаш постои надеж. Но, арно рече Бриџит, се` зависи од твоите чувства за сопругот.
Не е така црно-бело во еден брак каде има проблем, ако ова си го направила не го сакаш маж ти, или така од ракав вадење асумпции. Депресијата на едниот партнер не го само толчи едниот човек кој пати од неа, туку и партнерот. Некој да си замисли како е да му бидеш „мајка„ на партнерот долго време, да заборавите да бидете љубовници како прво, ќе му стане можеби појасно како се појават јазови. Потреба на интимна поврзаност која кога ја добивате ве прави силни, скротени и смирени, исполнети не се игнорира долго време. Ако на феминкава не и беше до спасување на бракот и доведување назад во нормала, ако и беше до колегата немаше да се исповеда и самата куди тука. Не оправдувам да се разбереме ни неверство со секс, ни бакнежи, ни само очи трепкање или воздушни пољупци, и се што е нежност и внимание надвор од бракот, макар што едниот партнер добил моментарна еуфорија на чувството да бидеш забележан/посакуван па се насочува уште повеќе од каде му е подадена, макар не од таму од каде е барана. Утешна работа(опишаната затресканост како што е опишана погоре е таа). Ама ако јас не го оправдувам, или Рајна и Стојна, не значи дека не се случува во моменти на слабост. Не е секој силен да го увиди тој момент на паѓање од кој тешко е враќањето. Човек греши. Можеме сите да попуваме како Деви Марии, макар јас сум убедена, или се убедувам де, дека неверства во досега добри функционални бракови не се случуваат туку така, оти некој го зачешал газот, а кога има проблем во бракот не се раѓа тој проблем само од едната страна, туку од двајцата. Совет за феминката, не знам. Не знам како би постапила на твое место. Си го знаеш момчето, се знаеш самата себе. Во брак сте, се знаете, веројатно доволно долго за да знаеш сама да процениш. Преиспитај се и најди се каде би сакала да бидеш. Само без разлика на која страна ќе одиш во врска со бракот, единствен совет е стриктно држи се подалеку од колегата. Во секој случај! Како ѓавол од крст!
љубов и секс во врска и во брак Во врска со сопругата бевме долго време и љубовта и сексот беа добри. Меѓутоа откако стапивме во брак сеуште се прашувам каде све тоа исчезна, дали јас не го гледам или едноставно тоа е брак. Во брак сум 8 години мегутоа имам недостаток на секс и внимамие затоа сто јас го прузам не ми се врака целосно. Ако кажам дека домашните обврски ни се поделени и дека редовно чистам по дома усисувам понекогаш правам и ручек пружам веш собирам прав се гризам за детето некој ке ми казе дека лажам или измислувам. Едноставно понекогаш незнам дали да се жалам сожалувам бидејки ако речам дека имам секс 5 пати во годината некој ке ми се смее. Дури размислувам и за други чекори. Иако имаме разговарано за оваа теме со сопругата казува дека уморена е детето спие со нас или било што. Незнам, далие е ова нормално или несто е во мене.