1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас се согласувам со лолита 777 мислам дека ако ние што сме мажени не разговараме со сопрузите тоа што не мачи тогаш кој ќе го реши нашиот проблем. Мене ми се случи нешто слично но јас бев таа што одреден перид не сакаше секс и навистина во тој поглед го запоставив мажми но и во тој период имав многу за учење за поздипломскиве ма ич не ми текнуваш на тоа само сакав да го фатам креветот и добро да се одморам. Сиротиот си мој маж се трпи од мене дури со солзи ми рече ти навистина во последно време ме запоставуваш и воопшто не ми се приближуваш ни љубов не водиме итн итн... Јас на тоа му реков извини навистина те запоставив бидејќи имав за учење но нема да се повтори ти си ми најважен. Така да се се решава со убав муабет.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Ги читам мислењава и се чудам...како е можно да нема отвореност да се разговара за секој проблем и секоја можна тема со партнерот...директно и без заобиколување...
    од ова можам да заклучам дека дури и се нема потребната доверба во партнерот...
    или дека партнерот не се познава доволно добро...
    па мислам ако си со некој стигнат до брак би требало толку добро го познаваш што знаеш како ќе изреагира за било која работа...некои бракови сепак потсетуваат повеќе на турското одколку на 21 век..
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ^^^ Се она што зависи од плус некој друг е од старт лабава работа. Бракот не е некоја не знам колку си цврста форма на сојуз помеѓу две индивидуи пак да се тапкаш в гради дека ти го познаваш, својот партнер до тој степен, што гордо ќе излезеш на пенџер и ќе се раздереш од највисокиот спрат, јас и маж ми се сакаме, и се ни функционира, без оглед што си немаме секс. Сексот е еден од проблемите, кои ја подриваат самата врска, дал биле двајцата во врска или во брак, истото ти се фаќа. Кога се нема, без оглед дали станува збор за здравствен проблем со тапија, или станува збор за некакви психичка состојба на умот кај партнерот, проблемот со дискусија никако нема да се реши. Секс се има, не се дискутира. Колку сака човек нека дискутира, кога ќе дојде моментот да се соблечеш пред некого и да нема ни каписла, а не дај боже душата да ти го посака огнометот од едни стари времиња, тогаш ќе сфатиш колку е тоа лесно, и колку тоа само зависи од еден разговор и доверба меѓу партнерите. Сакаш потпишете си ја довербата на едно писулче со штембил од нотар и ставете го во сеф од Швајцарска банка, со услов дека до крај на животот ви нема да го прекршите, џабе ти е. Проблемот е проблем, освен ако сексот не се „дигне“, се друго ќе паѓа до тој ден. А, колку ќе останат партнерите заедно ќе зависи, колку и двајцата се спремни да се жртвуваат еден за друг и колку другиот го има проблемот само со личноста до него, или е статус кво состојба со цела женска популација.
     
    На imelda, artemis и Li0ness им се допаѓа ова.
  4. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    ^^^

    Штета ако е така во многу случаи...за основа на бракот ја сметам комуникацијата и довербата...
    ако бракот не е цврста форма на сојуз тогаш не ја гледам смислата зошто се влегува во брак...
    и онака е само едно парче хартија ако ги нема другите потребни работи за да опстои...
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Насловов на темава ќе извади очи некому од причина што нАли бракот е конзумиран преку сесуВалниот чин.
    Не би јас сега да изигрувам шринк и да давам дијагнози дали бил или не човеков во депресија,криза од финансиски карактер или идентитет или вотевр,ама точно беше речено погоре секс се има,не се дискутира.
    Само не би јас да навредам никого само ете оние совети од типот - купи секси долен веш или изведи му стриптиз-малку ми се забавни бидејќи си се прашувам дури си визуелизирам јас дали би некој машки примерок онака извел стриптиз и на крај гледаш танга на тазе депилирано газе :geek: -ако неговата партнерка изгубила сенс фор секс.
    Ама некако не ми се чини како изводливо сценарио, :?: .Ама,пак никогаш не се знае.
    Две возрасни индивидуи здрави,прави мора бре луѓе да имаат секс исто како што мора да јадат,пијат и спијат,значи за основни нагони зборуваме,ај сега нема секој амбиции за погорните слоеви на пирамидата,ама па вакво нешто дефинитивно е проблем.
    Па што да речам биди ти иницијатор ај може за промена ќе се активира со време.
    Ако не,размислувај за алтернативи,сега какви за тоа-потоа ...
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ^^^ Бракот е просто правно или религиозно, какво сакаш кажи го, регулирање на односите помеѓу двајцата партнери. Цел ---> формирање семејство. Само заради таа причина и двајцата партнери кои во тој момент чувствуваат потреба да бидат заедно, веруваат еден во друг... се обединуваат за да основаат сопствено потомство. Доколку бракот беше цврст сојуз не ќе постоеше разводот. Ќе беше задолжителен единствено и само црковниот брак, немаше да постои граѓански брак. И на брачната двојка немаше да и биде дозволено да се разведе. Но, не само што е можен прекин на бракот, развод, можно и негово анулирање сеедно никогаш и не се случил. Истото го дозволуваат дури и некои од религиите. Но, тоа не значи дека човек треба да очајува. Треба да ужива во моментот. Се мисли од денеска за утре и се радуваш на тоа дека си го нашл она по што целиот живот си трагал. А, кога ќе се појават проблемите, е тогаш веќе се мисли на тоа дека ништо не е вечно и правиш се што знаеш и умееш да нештата се променат, односно да заживеат. Доколку не заживеат, довербата е веќе на стаклени нозе, како што и врската, не бидејќи ќе се распадне веднаш или после година, две, три, а бидејќи тоа ќе биде тестот за двајцата партнери колку навистина тие биле еден за друг, колку ќе издржат да се откажат од се’ за да се одржат еден покрај друг.
    А, други се нашите женски размисли за романтичноста на самите чин просидба, свадба, прва брачна вечер, будење покрај човекот кого го сакаме, заеднички семејни ручеци... На западот веќе имаш толку многу парови, кои имаат и по неколку деца, живеат заедно и можеби имаат и подобри односи некои од нив, одошто оние во брачна заедница. Не е воопшто битно дали си во брак или не, кога има проблем, ништо не може да ти гарантира дека нештата ќе останат како порано, се’ додека тој проблем не се реши. Затоа, се’ зависи од партнерот што си го избрал да биде до тебе, од тоа како врз него ќе влијаат сите случувања и од причините за тој проблем.
    Љубовта е чувство, поскоро потреба на човекот да биде со некого. Но, потребите, откако ќе бидат остварени, задоволени веќе не се интерес на човекот, и си избира нова цел, базирана на нова потреба. Иначе не ќе имаше толку изневерувачи и машки и женски. Тогаш вистина сите ќе си бевме со првите наши љубави.
     
    На LadyLidija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ок,за мене љубовта и сексот не се еквиваленти и може комотно да постојат независно и сега ако сексот е потреба не се губи интересот откако ќе биде задоволена бидејќи е од примарните нагони,тоа би било исто како да се изгуби желбата за храна после оброк.А од друга страна не гледам причина за немање секс со брачен партнер ако имаш некој на страна,бидејќи на некој начин се обврзуваш на секс со партнерот со кој стапуваш во брак и по дифолт се подразбира дека ќе го имаш.Независно дали ќе ја имаш истата љубов,жар и што ти знам јас друго,барем од навика одвреме навреме ќе падне-хипотетички зборувам ама мислам т.е.верувам дека е така.Не станува збор за романтики или верување во еврластинг фрст енд ласт лов-секс во брак за мене е ако не друго еден вид должност или облигација,како и плаќањето сметки-не сега дека ги изедначувам далеку од тоа-ама и не мора секој фрустрациите да си ги лекува со неверство,може и тивко да си страда и пак повремено да се секса со партнерот.Овде имаме случај за изгубен интерес кај машка индивидуа што мене ми е чудно,пак ќе речам нема да бидам ни шринк ни форчнтелер ни за момент да му ја барам дијагнозата ли,анамнезта,па да пропишувам терапии,само мора да има причина па ова е девијантно однесување и телесно измачување и емоционално насилство за сопругата.И не ни навлегувам во толкување на бракот како институција и зошто и како е основана и околу можностите за развод,не е барем во овој случај проблемот толку филозофски,колку што е психолошки-изгубен интерес,не му ја знам мотивацијата,ама не го оправдувам-себично ми е ваквото однесување-ако било кој се реши да функционира во пар-има да му ја мисли и на туѓите потреби,инаку нека не троши ничие време попусто.
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Па да, токму и тоа е дел од брачната заедница де, брачна должност, конзумација на брак, една од причини поради кои може и да се прекине. Мојот коментар беше повеќе поврзан со вечноста на бракот и довербата, за која беше коментарот на форумџиката.
    А, сексот, тоа ти е така едноставна, а сепак комплицирана работа, што никаква филозофија ни објаснување нема во целост да ја долови, бидејќи и некако мене ми изгледаат и непотребно дури. Како да ти речам видено, осетено, чуено :).
    А сексот и баш си влегува во таа сфера, како и љубовта во потребите. Јас љубовта ја поврзав со бракот, бидејќи се поврзува со довербата... сексот и јас го гледам како посебен, но кога ќе го снема, сиве овие работи се нишаат. Дури и да остане љубовта, немањето секс е... но, да не објаснуваме тука мислам околу сексот, мене не ми се ни објаснува дотолку бидејќи се тука жени со вистински проблеми со фамилии. :) Не би да попувам, повеќе ме поттикна оној критички став погоре за довербата и нафрлањето. А, јас и те како ги поттикувам жените да си направат се’ што знаат и умеат да спасат тоа што имаат.
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Кога еден маж подолго време нема секс со својата сопруга или се работи за здравствен проблем или има љубовница ... па истиот е истрошен од неа и слабо се пали на својата жена. Нема оправдување работа, замор и што уште не , ако во прашање е долг период. Многу од жените не сакаат да го слушнат ова посебно она љубовница но истите кои наидуваат на ваков проблем убаво би било да ги подотворат своите очи, а и устата и отворено да поразговараат што е проблемот што желбата за истиот е намалена... мора да постои причина .Така млади а веќе да се нема желба за истиот чудно. Ете толку кратко и јасно да не го тупам многу , па вие си знаете...
     
    На zalosna, 2505, Zaljubena111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.332
    Или можеби нема веќе љубов. Или уште поверојатно, нема веќе страст. Што и да е.
    Според мене, и не мора да е љубовница во прашање. Не мора да значи дека е причина, ама може да биде последица. Муабетов за губење интерес и љубовница ми е сличен на што е постаро - јајцето и кокошката.
    И не е ни важно, важно е дека не чини, и дека треба да се реши. А како - ако не со искрен муабет.

    Сега ми текна на неколку навидум успешни бракови, со совршени семејни слики на фејсбук, а внатре така трули. И не поради трета или четврта личност. Само поради двајцата.
     
    На BabyStyle, verica81 и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    ^^^

    Ако ми е целта во бракот само да формирам семејство (иако по дефиниција семејство веќе и е заедница од двајца кои делат некаков интерес) и при тоа од кога ќе ја искусам љубовта и сексот,да останам со партнерот само заради детето...и да не му зборувам за моите потреби за секс или за било какви други потреби,туку само да ги исполнувам неговите мачо желби и замисли за животот,да се жртвувам за да му угодувам за се,зошто нели секс се има само тој кога ќе сака...зошто ми е срам да му зборувам за таа тема...или па тој е од оние мажи што никогаш не созреваат за такви разговори...тогаш навистина нема смисла бракот...од никоја гледна точка...

    ако е за дете бракот,детето можеш да си го имаш и без брак...
    бракот е многу повеќе од само анимален парачки нагон за обезбедување потомство...
    плус тоа децата ќе пораснат па ти пак ќе си заглавена сама со него..и со проблемите на сексот...
    и тогаш ќе имаш уште помала сатисфакција да си во брак...

    а на запад,да има и сведок сум,врски кои не се бракови а функционираат многу подобро од брак...
    со деца,без деца,и сите можни варијанти на заедничко битисување....
    но знаеш зошто? Зошто ги нема размислувањата од типот..ако се има секс не се разговара за тоа го има и толку.. Не,ако се има и ако се нема секс,се разговара а тој да се подобри...и да се направи секогаш инвентивен и интересен...за љубовта да се одржи,се тежнее партнерот да се освојува секојдневно со мали детали кои ќе му го разубават животот,и ќе го направат среќен...тие врски се одработуваат од ден за ден и ја немаш можеби формалната сигурност како во бракот,но сепак имаш сатифакција дека не запаѓаш во досадна монотонија...
    бидејќи ако некој не е задоволен,едноставно се труди на секој начин да го подобри тоа...а не седи и чека сам од себе да се реши проблемот,и така да му поминуваат години...

    а за разводот,неспорно,може кој кога сака да се разведе...но сепак нели ако е брак имаме тенденција да го направиме траен...а ако не е така тогаш тоа и не е брак...туку исполнување на исчекувањата кои ги наметнало општеството...дека мора да се биде во брак...

    и нема смисла сега да советуваме некој за еден проблем да се разведува...и при тоа едниов од партнериве да не ни знае за што е разводов |(
     
    На sj *O*, verica81 и ROSII им се допаѓа ова.
  12. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Не е страшно ако тоа го боли,.... него види онака дали газот му е здрав....
     
    На Gjurgja и eleni23 им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.302
    Допаѓања:
    101.413
    Пол:
    Женски
    А да си пуштиш пред него филм со некој згоден глумец и онака да го пиеш со поглед, да гризеш усни кога ќе го видиш полугол и мокар, и пред маж ти да си почнеш да си офкаш??? Да види дека дома има жена. И убаво ти викаат другите девојки и жени. Стегни се во нешто секси, однеси го детето на чување една вечер, запали свеќи направи романтика. А ако и тогаш не му текне е па седни го и сериозен муабет како лолита што ти кажа и право на брачно советувалиште.
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не видов дека било која од жените со проблем веќе нема дискутирано на темата, проблемот не е дека не дискутирале, проблемот е дека не се решил, или мажот просто поради х негови причини веројатно избегавал да дискутира. Твојот коментар браковите се како во турско време ја побуди дискусијава и довербата меѓу партнерите, тоа мене искрено ми падна во очи, бидејќи иако и јас имав сличен проблем во мојата врска, јас не се дрзнав да пишувам и објаснувам, бидејќи моето искуство е со негативен исход.
    А проблемот е секс. Секако се дискутира, но жениве не од вчера го имаат проблемот, дискутирале верувај ми милион пати, секој ден се дискутирало до караници се стигнувало, сигурно нема тука во пост се да напишат постапно кога што се случило. Но, проблемот не се решил, затоа и ти реков, сексот не се дискутира се има, не дека ти не треба да разговараш за проблемите. Не е ова проблем, тој не доволно време поминува дома, па ајде разговараме и решена работата, од утре на време си иде дома и си игра со децата. Станува збор за психолошки или здравствен проблем. Дали друга е во прашање, дали просто една мисла за време на некоја од вечерите му фркнала во глава и се сецнал и потоа тоа си оди ко на реприза истото тоа секој пат кога треба. Овде станува збор за немање желба, не проблеми со потенција, што е уште поружно, бидејќи кога е проблем со потенција, знаеш проблем е здравствен.......ваљда ти текнува што и како нели?!? Не можеш на сила да го натераш ако тој не сака. Јас за бракот така ти го реков, затоа што ти самата рече ако е така што потреба тогаш од брак. Ти велам овој проблем им се случува и на парови кои се во врска, не се брачни партнери. Но, шансите бракот да опстои и покрај овој проблем се поголеми отколку вонбрачната врска. Имам другарка, чијшто дечко на свои 25 години изгуби желба. Девојката е прекрасна и не е баш срамежливко суштество. Нивната врска не беше досадна, монотона, не е таа девојка што пред него во пижами до врат и волнени чорапи шета кога треба да имаат секс, напротив, отворена, слободна девојка, која ужива во сексот.
    И таа самата не знаеше што е работата, дискутираа нити откри нити разбра, нити доби одговор, асален. Не стануваше збор за друга во тоа време. Тие двајцата се заедно од 16 години. Се уште се заедно, се уште се во врска дури и живеат заедно. Дискутирале, дискутирале, се карале, се колеле... ама го нема. Ништо не се сменило. И, сепак се се уште заедно, макар што од тогаш до сега милиони пати си се изневерија. Нема правила. Од двајца зависи, не од еден.

    И никаде во коментарот немаше совет за развод. Дискусијата пак ќе повторам беше надоврзана на твојот критички став кон жените и нивните бракови, нивната доверба. Бидејќи секогаш е лесно да се говори на темата, и да се плукне некого, да се исмее или било што од тој тип, а не си го доживеал тоа не си поминал низ тоа.
    Моето објаснување за разводот беше во контекст на тоа колку бракот е цврст, колку доверба можеш да имаш во човекот до тебе.
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Јас за мене можам да кажам нешто.Колку и да сме скарани со маж ми,секогаш легнуваме да спиеме во ист кревет,нема тоа, јас во спална он во дневна.Колку и да сум лута на него,во текот на ноќта барем нозете ќе ни се допрат,па потоа се по ред што следува-да не разглабам многу(знаете што следува понатаму).
    После е полесно,можеш на мира да разговараш за се што те мачи.
    За мене немањето секс,не е нормално.Здрави ,прави ,млади луѓе,да немаат желба,тука сигурно нешто фали.Скриена болест,некаков тип на депресија,или трета личност в бракoт.
     
    На little women, sj *O*, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Ова е одговорот што и јас би го пишала. Да не сака да има секс со мене... Проблем огромен!
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Абе Марли што направи :lol: можеби навистина човекот го боли, па нема интерес за истиот :) И јас сакав да кажам за газот ама ај да не бидам дрска го изоставив . Ама секогаш постои некој кој ќе надополни.
    Немој да ме карате јас само да си кажам :wasntme: Е веќе кога се прашува нема лутење секој совет треба да се разгледа .
     
    На sesilija и Marley им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Како може на некои да ви е чудно опаѓањето на либидо? Или сте едноставно многу млади или сте едни од среќлиите што никогаш досега не сте изгубиле желба. Ако сте вторите алал да вие и никогаш да не осетите такво нешто, ама ако сте првите не судете толку остро.

    Опаднато либидо е секојдневен проблем на многу брачни парови, во одредени моменти од животот. И ајде да го споредиме сексот со јадње, макар што никој не умрел од немање секс, ај дигнете рака колку од вас имате изгубено апетит за јадење? Било поради здраствено или емоционално страдање. Ние не сме машини, стави гориво, стави улје и ајде чака чака чака чака. За жал надворешните фактори ни влијаат и те како. Самиот сексуален чин е полн емоции а не само физичко дејствие, и за него треба да сме и физички и емоционално гладни, двајцата!

    Ако не сакам моментално секс, не дека сакам така, не дека сме се скарале па јас го казнувам, туку поради некоја лична трагедија на пример и не ми е до секс на крај памет, милион порничи ми пуштал, милион свеќи или било што се смета романтично, пак нема да се деси. Тука според некои веднаш маж ми треба да ме разведе оти се чуствува запоставен, или емоционално мачен? Јас не си ја извршувам брачната должност? А јас како се чуствувам ако е он спремен да ме остави едноставно така, додека и јас патам, ама етеон смета дека неговиот проблем е поголем оти на него ќефот не му се направил некоја вечер? И каде отидеа другите значајни елементи, се што си ветивме кога се земавме, она разбирање меѓу двајца брачни другари, разговори да си кажеме на кој што ни е, како ни е, да си се поддржиме, да се чуваме еден друг кога ни е тешко...

    Ако желбата опадне, не значи целосно изгубен случај. Како опадне така може пак да се искачи. Важно е кога овој проблем настане да двајцата работат на него. Макар што опаѓањето либидо го нарекуваме проблем всушност е симптом на други проблеми и тие во бракот треба заедно да се решаваат, со поддршка, а не со осуда. Важно е да се партнерите разбираат, а не се да се сведи на кавга, ултиматуми, закани, љубомора и нетрпеливост.
     
    На sj *O*, happygirl, BabyStyle и 14 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :bow: драго ми е што конечно нешто умно некој кажа на темава.
     
  20. pepi.pleasure.ve

    pepi.pleasure.ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    a dali si pomislila na toa deka pricinata moze da bide i cesti nedorazbiranja, omalovazuvanje i karanici. Ako jas denes mu se razvikam za bilo sto, go ommalovazuvam i degradiram toj siiiiiigurnooooooo vecer ili utre ke mi se frli vo pregratki i ke pocne da me miluva ljubi i seksa?????
    Poraboti na verbalnite odnosi i neznost kon tvojot soprug, (seti se kakvi ste bile pred brak vo toj pogled i napravi sporedba so segasnosta- pa ke vidis sto nedostasuva)

    [mod-kirilica:2wzv0s3o][/mod-kirilica:2wzv0s3o]