Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ееј полека, женет човек си ;)
    И значи тебе сепак ти одговараше да прочиташ тоа што сакаш наспроти толку мислења кои ти ги дадоа искусни жени кои се во брак и со деца.
    А ти и сопругата работите? Кој ви ги чува децата, кој готви за нив, кој го одржува домот...? Ме интересира чисто онака :)
     
    На Nausicaa и joy1 им се допаѓа ова.
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @malegender26 што велиш да ги смените улогите со жена ти? Мислам на домашните обврски. Таа нека ги прчи нозете, а ти: направи ручек, намести ја масата, собери ги сите на куп, раскрени, измиј садови; пушти машина, постели ги алиштата, а подоцна собери ги од жица и испеглај ги, а потоа се на свое место распореди; со правосмукалка помини се низ дома, потоа избриши прашина; Ај доволно е...

    Таа да има време веројатно би објаснувала на форум дека маж и, и бара повеќе од два пати неделно.

    Не очекувај дека овдека некој ќе те разбере, утеши или ќе ти најде решение за поредовен секс. Добро, има и исклучоци, еве ти веднаш се заљуби, се разбравте де.

    Не е доволно ако ги дигаш нозете додека таа поминува со правосмукалка. Биди ти домаќинката, ќе видиш како таа ќе има желба, два пати, секој ден.
     
    На Petar80, okcenzi, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. malegender26

    malegender26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Никој не ви ја навреди професијата,знаеме дека имате работа 24/7 со децата не се сеќирај :)
    Да ме познаваше никогаш немаше да речеш "прчи нози" секој си ја сноси својата одговорност и улога,ама и тоа е друга тема...а иначе и жена ми се вртка по форумов,наоѓа време да не ја мислиш...
    А заљубен во девојката зошто го кажа тоа јас што го кажувам..позз
     
  4. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Тоа што жена ти, ти дава 2 пато неделно значи дека го прави тоа колку да си ја изврши брачната обврска а не за да ужива. Не секогаш уморот кај жената е пресуден за сексот, понекогаш не уживањето со партнерот доведива до тоа, таа да го одработува тоа онолку пати колку мисли дека е потребно и тоа е тоа. Верувај дека не сте единствениот пар кој има проблеми со сексот. Според мене најчесто причината е во непознавањето на женското тело од страма на мажоте кои мислат дека само треба да се качат и дека сексот завршува кога ќе свршат они. На жената и е потребна нежност, мазење, долга предигра... а не само гол секс.
    Уште нешто, да бидеш жена и мајка во никој случај не е професија. И само уште ова заборавив да го кажам. Обично таквите љубовници како тебе кои се претставуваат како потентни на кој никогаш не им е доволно секс се многу лоши љубовници затоа што за нив сексот трае 10 минути, качи се сврши и тоа е тоа. Пробај да водиш љубов кој ќе трае со часови па ќе видиш дека не е се во бројот на колку пати си имал секс туку во уживањето. Не секогаш квантитетот значи и квалитет.
     
    На MarchelineAmaru, katalina, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Уште е на тапет проблемов со човеков.Како да разглабаме за светска криза.
     
    На malegender26, Abeja и joy1 им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Мислам дека и здодеал и дека го избегнува намерно.
    Не и е дојдено до него.
    Јас сум 100% сигурна дека и кога имаат секс тоа е како на тајмер, таа гледа да заврши што побрзо тој чин и да си легне.
    Отрпната е на неговите допири и не е интересен.
     
    На kjukli, joy1, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Двaпaти неделнo вo брaк сo рaбoтa, децa, oбврски дoмa и привлечнoст кoјa не е истa кaкo нa пoчетoк oд врскa кoгa сaмo oд пoглед се пaлиш, е мaлку? Мaлку? Некoгaш едвaј се гледaме вo текoт нa неделaтa, честo сме премoрени или мaлиoт решил дa не спие дo кaснo пa чекaш сaмo дo перницa дa дoпреш. Си немaте другa рaбoтa изгледa пa умoт сaмo вo секс ви е.
     
    На darcy, MacenceEna, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Место да разговараат во четири очи за проблемот двајцата форумџии решија преку форум да се искажат |(
     
    На Abeja и joy1 им се допаѓа ова.
  9. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Што му направивте, ќе му набиете комплекси на човекот.:lol::lol::lol:
    Ама вистина е, ако не е заинтересирана за секс, до тебе е, не до неа.
    Ова го кажувам не дека сметам дека двапати неделно е малку, туку претпоставувам дека и тие два пати се на твое инсистирање, а таа го прави тоа чисто како исполнување на брачната обврска. Натерај ја сама да сака, сама да бара, а не ти да ја молиш.Е, ако не знаеш како, тогаш навистина е проблем:lol:
     
    На ForeverYoung и Waka-waka им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    После 15,16, 20 години брак се е*е некој секој ден ?
    Ај бидете отворени и кажете..
    Да не испадне сега сите совршени сме.
    Крај краева има периоди кога либидото ова-она...има период кога од очи не ти се гледа
     
    На sugarlips, slavica999, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Пa уште и вo брaк без секс темa гo стaвил прoблемoт. Кoгa ќе дoјдеш дo еднaш месечнo тoгaш јaви се вo темaвa, сегa зa сегa си вo убедливo вoдствo.
     
    На katalina, ArmaniCode, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    хахаххахахаха е сега ме изнасмеа до солзи, па уште и во брак без секс тема го ставил проблемот :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  13. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    на темава како и на сите други теми сите што коментираме сме "совршени" имаме и по 3 саати секс, и секој ден по 5 пати секс.....и да не набројувам. Алоо бе жени свестете се. Во ваков бурен живот кадеод сабајле до вечер сме испаднати работиме трчаме, а дома кога кќе си дојдеме нњ чека хаос деца маж сите те чекаат тебе да им ставиш да јадат да пијат да средиш по дома , да переш, пеглаш и сите други обврски по дома па на крај ти иде сексот на памет. Сакаш да фатиш перница и да спиеш....да не се лажеме и сексот одзима мн енергија која не така често ја имаме навечер ...
     
    На popovich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Епа такви мажи сте одбрале... :)

    Незнам што се нафрливте со оправдувања одма, убаво кажав тој што несака ќе си најде милион изговори.
    @malegender26 убаво пиша дека и тој работи физичка работа, пиша колку ја сака и како ја третира и и помага. На крај па зошто воопшто треба да ја убедува за да имаат секс. Значи си имаа таа други причини зошто нејќе, за мене тоа со уморот е само изговор. Па не треба да копаш треба да водиш љубов, извинете, треба да сакаш да водиш љубов. Па уште не уживала, не била задоволена, ако си го сакаш мажот ќе ти биде задоволство да легнеш со него и после напорниот ден да поуживате малку и двајцата затоа што сте си го заслужиле тоа по напорниот ден.
    Не го разбирам тоа дека после бракот секогаш се намалувала страста, љубовта, станувало монотонија, па обврска околу деца, тоа значи дека го немате вистинскиот човек до вас, друго објаснување нема... Треба да си обрнувате внимание и двајцата, колку ти на неа толку и таа на тебе, не само по деца да се трчало и да се мислело на ручекот... Па и тоа да е, зарем тие 20тина минути пред спиење несакате да си ги посветите на мажот?
    Изговори колку сакаш, инаку кој ќе ги гледа турските серии.

    За информација, на тие што се подадоа одма да пишат оправдувања после мојот поуст и јас некогаш работам по 12 саати во текот на денот, па кога ќе си дојдам дома и ќе си легнам сама посакувам да си го имав до мене и убаво да го завршевме денот. :smirk:
    Сите проблеми во бракот доаѓаат од тоа недоволно посветување на жената кон мажот и на мажот кон жената. Не треба да се посветиш 100% на децата и да го заборавиш мажот, па да се трескаш од земја после зошто веќе не те сака. Не треба ни мажот да дигне раце од се и да чека се на жената, а на крајот од денот уште него да треба да го задоволува.

    Моето мислење е објективно за разлика од вашите затоа што сум сигурна дека многу од вас се пронајдоа во улогата на жената на @malegender26 па гледате да си се оправдате на некој начин и да ја оправдате неа.
    А и после моето мислење сигурна сум дека повеќе ќе водите љубов :P
     
    На VivienLeigh, pikolino и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе не разбираат дека сите имаме различен степен на енергија во нас. Некои се заморуваат по 2 часа пеглање, некои и 20 часа нема да ги замори.
    Некои нема да се заморат цел ден да чистат по дома, на некои им е тешко после 2 часа..
    Некои можат без проблем да се грижат и за 4 деца, да ги хранат, да чистат по нив, ама на некои и со едно им е тешко..
    Некои на крајот на денот се преморени и единствено што сакаат да прават е да стават глава на перница и по 10 секунди веќе се во првиот сон, а некои сакаат да им скокнат на мажите и да им ја извадат душата со двочасовен секс..
    Лесно им е на оние што работат канцелариски работи (макар и 12 саати биле), имаат по 2+ деца кои ги носат во градинка (или имаат баба сервис), па ќе поработат по дома 3-4 саати и после со мажот се сексаат до бесвест..
    Јас немам деца, имам внуки ама и тие не се во МК. Кога ги чував, единствено што сакав да направам после целодневен домашен "третман" (родителите им работеа скоро цел ден, ако се земе во предвид што таму по саат ипол или два е нормално да поминеш во превоз до работа па после и од работа) беше да легнам и заспивав во истата секунда.
    Да дојдеше во тоа време некој и да иницира секс, веројатноста дека ќе го избркав од соба е поголема од веројатноста дека ќе го добиеше побараното|(
    И што читам тука, 15-20 мин биле доволни?! Абе ајде, кучиња ли сме ние па само да се заврши работата..
    Па за 15 минути не му давам да ме соблече бе, не 15 мин секс!
    Убаво рече некоја феминка погоре, бања, купка, релакс масажа..
    Што од ова пробал напатениот маж тука?! Измасирај си ја жена ти малку или како што кажаа, направи и добро изненадување во бања, па донеси винце (шампањ), еве сега имаш јагоди, па запали некоја миризлива свеќа (под услов да не е како мене, да кива:rofl:) да ги осети благодетите, па после ако не падне секс дојди жали се..
    Или направи проба, купи и нешто дијамантско, ако не ти се фрли во кревет за благодарам, значи одамна стиснала turn off копче:D
     
    Последна измена: 27 мај 2015
    На VivienLeigh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    @mims-89 Колку години си во брак, колку деца имаш?
     
    На ArmaniCode, joy1 и referentka им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Човекот си кажа дека жената му рекла една недела да и ги земе некој децата нема да се симне од него...што индиректно алудира на фактот дека има љубов, привлечност, хемија а и желба за почесто од наведениот просек.
    Значи свесно или несвесно самиот знае дека обврските се оној клучниот фактор кој влијааат на нивниот сексуален живот.
    Претпоставувам мала промена на улогите и растеретување на обврските и те како ќе влијаат...но добив впечаток дека типот смета дека не е потребно ништо од тоа.
    Туку некако да ја убеди де, без додатни напрегања.
     
    На kjukli, lunicka, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    0 години брак, 0 деца.
    Тоа ли е клучно за човек да си има формирано мислење?
    @Dust па неможе сеа секој ден по 2 саати, доволно е една брза апртија пред спиење за мирен сон.
    И да, продолжете си да си наоѓате оправдувања наместо да смените нешто ако така ви се чини правилно.
    Кажи @malegender26 дали жена ти гледа серии и дали има време да седне на комјутер? Се кладам дека има. Ако телевизорот и компјутерот и се позабавни од сексот до неа е.
     
    На VivienLeigh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Ако сериите и компјутерот и се позабавни од сексот, значи до мажот е, не до неа.;)
     
    На kjukli, ArmaniCode, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    @mims-89 клучно е верувај.Има голема разлика помегу животот со деца и без деца.
    Идеш од раб и кои се твоите обврски?Туширање,одмор,кафе со другарки,нешто ситно по дома ке фатиш...
    Кои се обврските со деца знаеш?Во три ке дојдам од раб.Ме чека 9 месечно бебе кое било будно до 3 наутро со Т што значи и јас сум била будна.Ме чека уште едно прваче кое сака да раскаже како поминало,да напише домашно.Ме чека обврска ручек да спремам да ги избањам ,да ги прошетаме.Па пак бебето да го заспијам и се така во круг.

    Навечер ме чекаат машини за пуштање,алишта за пеглање.Се разбудило едно па друго...а во 6 те чека будулник за на работа те вика.

    Башка мажот што чека :D
    Па измегу излегуваат 1001 друга ситница ехеее крај се нема верувајте.

    Не се тоа изговори за имање немање секс.Него тоа е просечно секојдневие на една мајка со мали деца и на една жена :)
     
    На okcenzi, katalina, Maceto123 и 15 други им се допаѓа ова.