Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Здраво феминки , јас сум нова на форумов и токму поради ова се зачленив. Имам еден сериозен проблем за кој ми е потребен совет или ако некоја го има искусено па да ми каже како се справила со тоа. Вака најпрво да кажам дека сум во брак 4 години и имам едно дете сега за сега. Па се додека да останам бремена имавме секс со сопругот секоја ден освен за време на менструалниот циклус. Во текот на бременоста прокрварував па поради тоа од страна на матичниот ни беше забранет секс се додека се порадам. Но откако се породив мене ми се изгуби желбата за секс. Скоро и ич не сакам да имам секс. Секогаш сум или изморена или сум нешто налутена и многу ретко ама баш ретко имаме секс. Можам да кажам еднаш неделно. Незнам што ми се случува , но со оглед на ова и бракот ни пропаѓа. Како јас да си помогнам сама та на себе ? Постои ли начин или нешто со што можам да се вратам во нормала со интимноста во бракот?
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски

    Исто ама баш исто како јас да сум го пишела!!!
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    Пред колку време се породи?
    Ако е мн скоро тогаш сигурно настспила на сцена пост породилна депресија.
    Умор,нови обврски,хормони,немање време за себе си,можеби вишок килограми..се тоа има улога.

    Дали само немаш желба или сопругот воопшто не те привлекува?Разговаравте ли?
    Тој како реагира?

    Дај ни повеке информации за да може да посоветуваме :)
     
    На lovepotion и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  4. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Пред 1 ипол година се породив.Полека полека поради проблемите сто ги имам во куќата и дека мм се повеќе не обрнува внимание по цел ден е на работа и коа ќе си дојде е на компјутер почнав да оладувам од него.
     
  5. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    најдобро да седнеш со мм и да поразговараш на таа тема.Не би требалу уште да те држи постпородилна депресија.Верувај ако продолжите вака ке ти се расипе бракот, а за добар брак и мир во куќа само добар секс со сопругот.Мора да седнеш со него и да му кажеш што те мачи и што ти фали во бракот, за се има решение, не оставај на случајност, позз
     
    На joy1 и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со ДВААНГЕЛА пред се седнете поразговарајте додека комплетно не сте се одалечиле или недај боже некој да ви се примеша или некоја во ваков критичен периот мала искра поголемо внимание убави неколку зборови претпазливост и скрос ќе ве сврти одалечи (мислам некој маж кон тебе или жена кон него-сехс и сл.). Посвететеси време еден на друг ова верувам на голем дел им се сличува по добивање на бебуш но би требело да се среди по година ипол како што кажуваш. Направетеси нешто интересно викенд одмор и сл. доближетесе повторно почуствувајтесе малку даретеси љубов, поклони некој посебен момент нешто што ќе ви ја зближи довербата во однос на љубовта и сехсот. Куќа без темели и брак без добар сехс не опстојува ќе се сруши или метафорички кажано ако стави некој друг потпора на кучата или во ме сваќаш веднаш ќе биде убаво да знаеш по толкава апстиненција и ќе ви клизне бракот.
     
    На joy1, DVAANGELA и referentka им се допаѓа ова.
  7. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Ние од пути кавги што ги имаме си се одалечивме многу. Јас коа зборувам за проблемот мм со дерење го завршува и ме оценува или тука или кај мајка ти.
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Не ми е јасно, маж ти сака да имате секс а ти не си заинтересирана па се расправате?
    Ти во главата си имаш ,,врзано,, дека несакаш.
    Или имаш нешто друго на памет ?!
    Секоја нормална жена поретко-почесто сака секс...незнам како еве ти 1,5, година несакаш.
    Да не имаш бендисано некој друг ?:D
     
    На vitamina, joy1, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.521
    Пол:
    Женски
    Па според ова што го кажуваш ти неможеш до него да седнеш асален муабет да направите бидејки ти се дере и те уценува, па после долги кавги ти се смачило од него и најнормално не сакаш да бидете интимни. Како тоа за се ти вика одиси кај мајкати .. како што гледам ни тој не е цветка за мирисање па сигурно од сите тие кавги произлегло и ова.
    Не е само сексот во прашање како проблем туку од сите работи произлегло и ова .
    Ти си му жена треба да седнете да разговарате смирено и без кавги и уцени и да пронајдете некое решение, вака со кавги неможете никако да си помогнете.
     
    На galapce, LUCERKA, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Едно мислење од машки аспект за твојов проблем:

    Велиш, пред бременоста сте имале секс скоро секој ден, а сега - еднаш неделно. Нормално е поради промената на животниот стил и сите обврски и стресови кои ги носи мало бебе желбата и можностите за секс да се намалат. Во секој случај, не мислам дека еднаш неделно во даденава ситуација (па и во било која друга ситуација) е премалку, особено не толку малку за да ти се јави причина за загриженост. Не разбрав само дали тој еден пат кога имате секс во неделата ти имаш желба или го правиш тоа ради-реда или за да му угодиш на маж ти? Ако и тебе ти се сака, еднаш неделно не е никаков повод за загриженост.

    Од твојов втор пост гледам дека всушност во твојот брак постои и друг проблем, поголем од недоволно секс. Во ваква ситуација, според мене, намалениот секс е последица, а не причина за брачните проблеми.

    Верувам дека другиве проблеми кои ги имате ќе си ги решите со нормален разговор, а кога ќе спласнат тензиите, желбата за секс сама ќе ти се врати.

    Поздрав.
     
    На artemis, Lolo5, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  11. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Да така е , најчесто поради кавгите и поради тоа што секогаш се дере јас се свртувам на др страна и не сакам секс. Од друга страна пак мм секоја вечер гледа порно филмови и кога ќе дојди оп нему му сака душата а мене кој ме пита дали јас имам желба или да направи нешто да ме возбуди па да сакам и јас. Искрено во последниве 2 месеци премногу кавги имаме што дури ми смета и кога ме допира . Не дека не го сакам го сакам премногу ама таков тип сум кога сум лута не ме допирај. Не сум бендисала друг не сум ни помислила на друг, само поради многуте проблеми си се одалечивме еден од друг . Секогаш на прво место е МАМА И ТАТО (свекрвата и свекорот) , детето па тек на 3 место жената.
     
    На galapce, Petar80 и vitamina им се допаѓа ова.
  12. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Itno mi e potrebna pomos. Veke godina dena se soocuvame so ovoj problem. Jas nemam zelba za seks i ako mm saka jas odbivam nemam zelba. Duri ne me nervirat intimnite dopiri i zatoa se mrazam sebe si. Na pocetok imavme seks po 3-4 pati vo denot makar i mrtvi umorni da bevme. Dali postoi nesto nekoj lek ili nz sto za da se vratam vo normala?
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Дали си сигурна дека сакаш ваков брак? Оди си кај мајка ти, каков е тој муабет? Кој знае што се друго ти има кажано. Па уште и со порнографијава...
    Озбилно размисли си, вас не ви е сексот проблем, туку тој страда ради многу покруцијални проблеми меѓу вас двајца, прво како човечки суштества, а потоа и како партнери.
     
    На vitamina и Petar80 им се допаѓа ова.
  14. gjul

    gjul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    На мојот сопруг не му ни текнува за секс имаме 21 медечно дете кое спие навечер преку ден е доста активно а он се понаша веке подолго време како да ми е другар сум трпела и да ме одбива ми вика едноставно неможам и си тера работа имало моменти и кога сум плачела и сум се проколнувала дека сум жена све јас му барам и кога сме имале секс све беше на брзина си завршува и бега се тушира и си легнува сум му викала и сум го прашувала да не има да ми каже нешто или да не има некој друг во неговиот живот тој вели дека нема и јас баталив се обрнав накај керкАми си тешам со нејзе барем таа со љубов ми вика мамо и ме прегрнува а од него ни трага ни глас инаку немаме кавги секогаш јас се расправав и се беше поради секс затоа што неможев да поднесам ,да истрпам сакав да сум сакана ама за жал не сум се однесуваме како пријатели најдобри секој ден супер родители сложни за се што е во врска со домот но за нашиот интимен
    Живор престанав да се борам а го гледам секој ден дека задоволен си доага дома си игра со детето мене ми прави некои политики како сум суперр мамичка ама нема нежност повеке а многу го сакам верувајте ми многууу разлика сме осум години тој е 81 јас сум 89 .
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Поразговарајте околу тоа отворено укажи му дека бракот не е само соединение туку има и потреби и обврски во него како за семејството така и лични, физички и сл.
     
  16. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Nema vrska so godinite nie sme 13 razlika ,inaku i jas go imav istiot problem ama jas nekav vo nasiot slucaj poradi megusebni kavgi . Eve da ne se zarecam 3 dena kako sme. odvoeni od starite i jatrva i super ni e.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.521
    Пол:
    Женски
    Тука ти стоело решението на проблемот. Приватноста е многу важна работа, ако ја немате секако дека ќе се чуствувате онака како што сте се чуствувале и сте имале одбивност.
     
    На DVAANGELA, westt и Petar80 им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ste se preforsirale na pocetok.8)
    Kako ti izdrzaa jajnicite?
    Moze od sto se opteretile,sega imaat potreba od odmor.
    Mora da ima i drug problem stom ti se odbivni ointimnite dopiri.
    Seksot ne e samo fizicki akt.
    Stabilni odnosi si nosat i potreba od fizicki dopiri.
     
    На DVAANGELA и Petar80 им се допаѓа ова.
  19. taze vo brak

    taze vo brak Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    здраво,истото и мене ми се случува баш и затоа се пријавив на форумов да барам спас некој пред да е доцна,да видам дали и други го имаат мојов проблем. пред една година имав спонтан абортус а дотогаш се си беше во ред со сексот,многу бев и беше задоволен а откога ми се деси тоа јас имам голема одбивност во сексот.правевме свадба пред 5 месеци а јас од тогаш до сега ако се на се сум имала 5 пати односи.се во ред е во друго и викам вечерва ќе биде нешто и само што ќе легнам одма нервоза ме фаќа и уште полошо само се расправам и не дозволувам ни да ме пипне одбивност голема имам.се надевам дека ти го имаш надминато веќе проблемов ,па ако најде некое решение кажи :( pa i od drugi soveti bi mi bile dobrodojdeni,бидејќи ова веќе е голем проблем , се одалечуваме а тазе сме во брак
     
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски

    А зошто ти мислиш на бебе кога легнуваш со мажот ти ? Зошто мислиш декс ке биде нешто ако имате односи ? Јас мислам дека правиш голема грешка со тоа што го одбиваш ке ти пропадне бракот за џабе, а и мажот ти ако не најде кај тебе што бара ке најде кај друга,, никогаш не мисли дека ке му се случи на бебето нешто во тек на односи доколку останеш бремена, баш на бебето му прија тоа,, на секоја жена може да му се случи да пометне, и сега што треба да го одбива на мажот за тоа? Бракот без секс не е брак неможе да опстои