1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Се слагам со постот на имелда, и се е тоа ок, се случува во многу бракови, но морска кажа дека е вака веќе 1 год. а тоа не е малку време да се нарече критичен период...и не мислам дека многу разговор би помогнал, хемија е во прашање, ако таа се изгуби нема фајде многу од разговор и разбирање (освен ако не се работи за некој моментален проблем). И сите критики, молења и закани од страна на морска претпоставувам дека идат од очај, краен обид да се постигне нешто, погрешно но...Обично мразам да читам совети од типот "смени фризура, парфем, гардероба, поработи на сексуалноста, врати ја мистеријата, немој да го третираш како најдобра другарка", но во пракса знаат и те како да бидат корисни...наивно е да мислиш дека секогаш ќе има секс со иста страст како на почеток...само полека, лагано, ненаметливо, без да ствараш притисок...пробај, па кажи ;)
     
    На mache007, imelda и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Главна причина е недоволно ниво на тестостеронот во кртва(вкупен и слободен тестостерон) за ваква тотална незаинтересираност и немање на иницијатива од негова страна.
    Нема шанси, да нема желба за секс а "опремата" да му функционира нормално.Мислам дека типов е корисник на VIAGRA,и сака да го прикрие вистинскиот проблем.Љубовница на страна може има,може нема
    не знам.Но знам дека ако е хормонално во ред,дека и двете може да ве работи без никаков проблем и тоа редовно :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па таа вели дека нема секс, значи повеќе ја работи швалерката.
    Ок :!: до хормоните е :worried:
     
    На Gjurgja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Конкретно мојов пост е реплика на оној на Имелда,бидејќи сметам дека не е генерално применливо таквото размислување за оправдување на немањето секс кај сите парови.Во ред е доколку либидото е горе-долу исто кај двајцата партнери,доколку пр.еднаш месечно и на двајцата им е доволно-нејсе-нема проблем.Ама ако едниот има потреба да има секс барем еднаш неделно,а другиот ни да чуе за ни еднаш месечно-имаме проблем и тоа голем.Доколку мојот партнер одлучи самоволно да немаме односи тоа за мене е навредливо! Ако веќе сте се решиле да бидете во врска или брак значи да сте во партнерски однос,значи дека треба да мислите и на потребите од другиот.

    Ако постојат оправдани причини за апстиненција на едниот партнер (здравствени проблеми,физичка разделеност на др.локација и др.) е во ред,ама да се нема бидејќи некој се повлекува од немање интерес,за мене не постои оправдување за вакво однесување.И ако дојде до изневерување не ви е после крива др.личност што влетала,ако сами сте ја оставиле вратата ширум отворена.Зошто наместо да се мисли како тој треба да разбере како не сакате,не си речете зошто јас не разбирам дека тој си има потреби,кои јас не му ги задоволувам,а немам некој доволно јак аргумент зошто не го правам тоа?!За танго треба двајца и треба да се гледаат двете страни на медалјата.И јас не би сакала да сум со некој не премногу заинтересиран за секс и што би гледал на сексот како рутинско празнење.Не велам дека сексот е единственото нешто што ја прави врската или бракот,ама дефинитивно е меѓу приоритетите за нејзин опстанок и зацврстување.

    Еве ќе зборувам за себеси во овој контекст имав дечко кој беше доста религиозен и со него сфатив дека и 2 недели да поминат со еден единствен секс беше нормално,на што јас многу се фрустрирав и ја разбирам потполно Морска како и е.Со наредниот со кој бев 7 год. во врска поминавме низ многу проблеми-почина татко му,брат му кој е 20 год.постар имаше тежок инфаркт,нас дома еден период ептен ни се влоши ситуацијата финансиска,понатаму кризи во самата врска сакам да нагласам дека поминавме низ многу проблеми,ама никогаш не го запоставивме сексот-и натаму имавме најмалку 3 пати неделно.Мене лично сексот ми е анти-стрес терапија,ми помага да се опуштам кога сум уморна од проблеми.Токму фактот што не сме машини е поврзан и со потребата да имаш секс-со гушкањето,бакнувањето и телесното спојување стануваме поблиски со партнерот.Јас лично кога долго би останала без секс би ми било чудно дури да му пристапам на партнерот-се губи нишката така.Сите сме различни со различни потреби,ама хармонија е можна само доколку партнерите си парираат меѓусебно на ова поле не само во изведба,туку и со имањето желба.Наместо да се бараат причини за апстиненција,јас сум секогаш да се согледа и ускратувањето кое му се врши на другиот-доколку е така,ако не е-нема проблем,ама ако е-фрустрира и ја урива блискоста и натамошниот сексуален живот ќе тргне по надолна линија.И да не се повторувам по милионити пат пак ќе завршам со мотото-секс се има-не се дискутира.
     
    На WildMk, imelda, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
  6. morska

    morska Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Внимателно ги читам вашите мислења и ви благодарам...со некои се согласувам повеќе, со некои не баш..
    Чисто само да разјаснам...Маж ми нема љубовница и не е педер... Сигурна сум во сите тие работи, па маж ми е бод да чува...го познавам...Добар човек е и внимателен татко...само нема либидо.. Нормално дека сум разговарала со него за проблемов...ама се согласувам дека секс се има, не се зборува...Затоа и всушност се фрустрирам.. Не е дека не сме имале секс цела година, туку сексот што сме го имале и го имаме не дошол спонтано, туку со договарање од типот "aј да имаме секс" што најчесто било моја иницијатива, или негова кога знае дека сум му више лута пошто му е боље да задреме пред тв, одколку да ме секса...некогаш ми се чини дека ако ја не му спомнам дека него нема да му текне..и тоа исчекување он да ме побара ме излудува...и не се случува ако не го викнам јас...
    Двајцата изгледаме нормално, не е дека сум се здебелила 20кила или дека смрдам...Кога имаме секс, сексот е добар, завршува со оргазам, а би бил и лудница, ако не се плашам кога ќе биде следниот пат...Што се однесува до мене ја би имала секс многу често (ај да не ставм пример со бројки), но во последно време се фаќам себе си да му барам секс и кога мене не ми се праи, само колку да имаме...безврска...Точно е дека имаме обврски, и дека во последно време деновите ни се окупирани со тековни работи, дете и друштво..( социјалниот живот ни цвета), но јас и скапана уморна би се изебала, а он не...
    Разговарав со него повеќе пати, и пред некоја вечер имавме бурна дискусија, полна со емоции...да не раскажуем све по ред закључокот беше дека ни сам не знае зошто е така, и ја сум била некогаш крива,но повеќе он, дека ќе се потрудел..така ми обеќа...чисто сумљам..еве пројде некој ден ништо посебно не се смени...

    Што мислите дали да запнам да не му барам јас, па да видам што ќе се деси? ама повеќе пати сум пробувала така, и не сум издржала ( не ради што сум немала секс, него зашто он не ми бара), мислам дека никад нема да ми пријде и збеснувам, накрај тоа завршува што он ме приметуе дека не сум со сите и дека нешто сум му лута и тек тогаш ќе ми пријде, а мене тогаш не ми е до секс, а имам само за да имам...и така зачаран круг..

    Како спонтано да дојде до секс, без размишљане и замарање...у пм..
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ако ти правиш како него, мислам дека работата ќе се сведе на немање секс. Поинаку е да сте во обична врска според мене, да не сте во брак, пак да не се ни трудиш за врската бидејќи знаеш дека ќе најдеш друг, ова, според мене ќе биде подеднакво на кревање раце, откажување. Но, вие сте во брак, имате деца, тоа е работата и треба да го одржите, бидејќи фрустрации се и знам како влијаат на човекот, особено кога ќе се натрупаат, како му влијаат на секојдневието, пак ООБЕНО на самодовербата.
    Според мене, остани си ти таа што ќе иницира, но прави го така да биде интересно и за тебе, да не биде чист разговор ајде да имаме, како некој договор меѓу деловни партнери, а самата прави, смислувај игри, сценарија сосе се што ќе ти текне напамет да се зачени од облека до разно разни помагачки чудесии :). Така и тебе ќе ти е интересно, така може и нему ќе му стане интересно.
    Ако оставиш така, работите ќе преминат во немање секс воопшто, ќе се изгуби според мене врската помеѓу вас двајца и ќе станете стандардни брачни парови, кои се повеќе цимери, одошто било што друго. Нека не те фрустира тоа што ти ќе си иницијаторот, ти велам направи си ја твојата иницијатива интересна во главата и реализирај ја секој пат гледај нешто различно. Веројатно и ти самата имаш некакви фантазии, па заживеј ги. Време им е да излезат од шкаф.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    А не, во право е Жапче. Ти ако оставиш на него потполно да си ја сам врати желбата и да посегне по тебе, нема ич да има. Кога он нема желба, не му текнува, па зашто да му текне и дека ти би чекала на тоа? Му станува нормала.

    ОК разговарате, и од разговорот излезе дека он сам не знае зашто не сака, ама важно е да продужите со разговорите и да го најдете тоа зашто. Најважното нешто тука е дали тој сака да се ситуацијата смени и колку го сака тоа. Сама ти не можеш. На проблемот требе да се работи, како што реков со вас двајцата, да се идентификува што е како прво, а не да продолжите со тие разговори со тапкање во место, сакаме секс, немаме секс, рече ќе имаме а пак немаме, ти си крив, ти си крива. Јас знам дека на тебе ти е скиснало да го заведуваш. Секоја жена сака да биде заведена.

    Целата работа со купи нова гардероба, фризер, свеќи, во секој случај направи го тоа, ама за твоја бенефиција. Ако на тебе ти е мил чипкавиот долен веш, сакаш да промениш фризура или сакаш миризливи свекички. Ама, ако ова однесување не ви е било нормално, ќе ти препорачам да не го заведуваш толку очигледно. Речеме, он си е во такво расположение кога не му се мисли на секс а ти изрипаш во долен веш и екстремно високи штикли да речеме, целата во очекување, и он ако те одбие, и он уште повеќе ќе се чуствува виновен за проблемот и ти уште поразочарана и поисфрустрирана од вчера. И ете ти кавга.
    За другите девојки да ме сватат. Не е тука проблемот во жената и како жената изгледа(освен нели драстична промена на полошо), или дали на нов парфем мириса, па ќе се ќитиме за да му привлечеме внимание. Да дека помага и тоа како, ама помага таму кај што е за двојка нормален сексуален живот, а не во ваков случај каде има нешто што не штима.

    Помогни му на него, за да си помогнеш на себе. Не го прифаќај неговото не знам зашто е така, кога тоа не ви е било нормала порано. Размислете што се има сменето во односот помеѓу вас, не само во поглед на колку секс се има и кој прв почнува? Ама без викање, и НИКАКО во спална вакви разговори! Морате да најдете зошто е тој така одеднаш незаинтересиран. Додека тоа не го решите спонтан секс нема да има, и ако го има од негова страна е затоа што ти обеќал а не дека така го тера. Некој предложи раѓањето на детето и како некои мажи се однесуваат после тоа, не дека свесно така сакаат. Или сама рече многу сте зафатени, ви цвета социјалниот живот, и дека ти мртва уморна би рипнала на шанса за секс а тој не, ама свати тој е друг човек. Еве и јас лично кога сум уморна само сакам да задремам. Ако е заморот проблем не ли може време за социјален живот на една страна, и време за сами? Кога бевте на одмор последен пат? Оставате ли време за вас двајцата исклучиво? Кога бевте на вечера, само вие двајца? Едноставно на прошетка да одете сами, во парк, на пикник, без другари, без роднини. Зашто блискоста со партнерот, таа хемија за која сите зборат, не доаѓа и не се чува само со имање секс. Кога луѓето зборат за романтика во глава прво ни се нацртаат срциња, трендафили и гугутки, ама всушност доаѓа од наједноставната работа, квалитетно поминато време еден со друг додека правите нешто во кое двајцата уживате.

    Знам тешко е, душата ти страда, самодовербата се лула, ама мораш и да бидеш стрплива. За жал реалноста е дека преку ноќ работите нема да се сменат, или за два три дена како што можеби од очај очекуваш, оти он обеќал дека ќе се потруди.

    Најискрено ти посакувам побрзо да ви се реши ситуацијата.
     
    На WildMk, Ariana.djm, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    имав комшика со истиов проблем .....таа уствари така и го фати дека иам друга немал интерес за секс :sweat:
     
  10. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    Во првиот коментар реагирав помалку лошо нарекувајќи го ,,неработникот,,спанко и итн...незнам што му е но нема логика да не сака да биде со својата жена ако е се во ред со него.Нешто е.
    Само знам дека ако денес не покажам ,,примерен,,интерес да ја имам сопствената жена,и покрај тоа што она планира да ме одбие бидејќи ете не и денот,наредниот ден ќе биде итекако незадоволна бидејќи воопшто не сум посакал да водиме љубов.
    Не помага тука тоа дека сум увидел дека не е располжена,бидејќи кај неа важи правилото на кое јас доброволно сум се согласил и кое гласи дека -
    во бракот наш
    ,,мое и твое право е да си бараме да водиме љубов секојдневно, мое и твое право е понекогаш да одбиеме да водиме љубов,но никогаш немаме право да не си побараме во секој момент,,
    Е сега јас не ја одбивам па да знам дека утре светот ќе го снема,па така таа знае дека не смее да ме чепка ако стварно не мисли,бидејќи има анекс кон правилото кој гласи,,нема пу пу неважи..важи такнуто макнуто...т.е не дирај лава ако ти је стомак пун...
    ...озбилна тема а јас се мајтапам..ама не разбирам стварно како не сакаш да н.т.г..ш сопствено женче..па уште и тоа со денови да му го праиш..бог да чува..незнам дал нешто полошо има..
     
    На Ariana.djm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    dragi devojki..moe mislenje e deka seksot e najvazhniot dvigatel i na edna vrska i na brakot,ako seksot ne e pogoden ili ako go nema dovolno ,navistina pretstavuva problem
     
  12. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    мислам дека најважен двигател не е....има тука многу други компоненти кои интегрирани со сексот даваат совршен брак...само има еден феномен кај сексот (во бракот) - доколку сите други компоненти функционираат беспрекорно а сексот го нема кад-тад ќе дојде до крај на бракот. А од друга страна, доколку бракот има доста мани ама сексот е одличен, бракот (најчесто) е обезбеден.
    за да не биде одговоров сфатен како контрадикторен, под "обезбеден брак" подразбирам таков брак кој не завршува со развод, а не хармоничен, совршен, итн. :)
     
  13. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    Проблем е кога мажот почнува да ја гледа жената само како мајка на неговото дете, а не и како сексуално битие. не сум мажена така да не знам колку сум компетентна да давам совети, ама мислам дека ова е најчестиот "корен" на проблемот
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Доколку сексот е одличен бракот е обезбеден макар со маани, велиш. Е ајде имаме супер секс, ама ете маж ми не ме пушта никаде сама да мрднам оти е од оние што мислат дека те поседуваат,ко парче нива или ко кучка. Што ако ме омаловажува нон стоп пред сите велејќи на пример колку е глупа оваа значи и јас при жена сум се ставил, да ми кажува како да се облекувам, да ми вика дека сум станала како крава дебела, отворено да гледа по помлади жени да ми ги покажува и да коментира еве гледај ја оваа, и ти ми беше таква еднаш на времето а сега што ти биде, или не дај боже и да ме испегла со ќотек саглам оти манџата му е пресолена...ама сепак да ме секса секоја вечер. Значи не е хармоничен бракот што е многу важно, ни совршен туку фала богу ретко чив е совршен, ама маж имам јас тука, обезбедена сум со некој да ми даде одличен сексуален живот, па се друго се турка.
    Што знам, ама јас викам развод за ваков.
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  15. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    според мене само со разговор се решава проблем,но само еднаш седнуваш и разјаснуваш,а не постојано тоа па тоа,така ситуацијата ке се влоши,кога некој несака секс од било кој причина,а може и да ја нема,едноставно хормони во пад,габе е да облакаш што сакаш,ако некој сака секс тој ке те соблече и ке го привлечеш и во 10 скафандери да си,,,,,мислам дека секој во животот поминува нис таков период но само кога е ,,период,,ако тоа продолжи значи проблемот е тука,постојат советувалишта,сексолози,кои работат со такава проблематика,мене лично кога се породив одреден период не ми беше до секс,ниту на маж ми,додужа и од пред да се породам,неколку месеци,едноставно хормоните некако така реагира,а претходносекој ден,е затоа сега да поплукам во дрво хахаха,детето се игра во креветче,а ние си играме позади креветче,хахах
     
  16. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    да,сосема си во право
     
  17. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    мојата реплика важеше за нормални брачни односи, каде што нема ни физичко ни психичко насилство, ама го има оној момент кога не ти паѓаат гаќите баш по партнерката/партнерот поради појава на монотонија (која резултира од рутина) се манифестира со почести кавги, кои впрочем се и неизбежен дел од брачниот живот ;)
     
    На ROSII му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kvadros

    kvadros Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Во брак сум повеќе од 10 години, од кои последните неколку без секс. Жена ми е секогаш преокупирана со работата, со детето и никогаш нема време за нас двајцата. Наоѓа секакви изговори само да не бидеме интимни. Последните неколку пати кога имавме секс одвај чекаше да заврши работата. Не мрда, глас не пушта, изгледаше како да имам секс со труп.
    Со сестра и на телефон има време да тупи по 2 саати, оди на шопинг со пријателки, само за мене нема време.

    Со неа сум уште од школска клупа. Таа ми беше првата сериозна врска, таа ме бркна мене. Сексот никогаш не беше нешто сјаен ама беше ОК. Прво се чувавме за брак, после направивме дете и потоа тоа се случуваше се поретко, за да на крај го снема.

    Според неа нема тука никаков проблем. Сексот не е наважната работа во бракот.??? Ме обвинува дека ако ја напуштам на сите ќе им каже дека тоа сум го направил заради секс.
    Ми ја руши самодовербата до даска. Не знам дали само мене ми се случува.

    Таа има машки пријатели кои јас не ги дружам, ама ја гледам дека има аверзија кон сексот и претпоставувам дека ништо не се случува. Таа не може да смисли секс. Затоа знам дека нема ништо. И не е само сексот, туку немаме никаква блискост. Ме бацува ако воопшто ме баци во ретки прилики, кратко на образ како баба ми да ме бацила.

    Шетаме, се дружиме со пријатели редовно за викенди. Пред некоја година ја однесов на шетање на друг континент. Никаков секс не падна.
    Едно време викаше дека сум се здебелил. Запнав, ослабнав, ги стопив килограмите за неколку месеци. Камо секс? Ништо од секс.
    Има големи ангажмани на работа, ајде јас се грижам околу детето, работиме домашни, чистам дома за да таа не биде оптоварена со обврски, ...ама од секс повторно ништо!

    Не сака да чуе за советувалиште или психолог. Според неа се е во ред, најнормално. Искрено и мене ми е незгодно да барам помош за секс од некој друг. Можеби таа игра на токму на таа карта.

    Сме разговарале, многу работи правам за неа. Таа вика дека сексот нејзе не и треба воопшто.
    Некои викаат дека е неверство? Сте виделе ваков случај во животот?
    Еден изговор, па тера со тој изговор до каде може, па после друг изговор, па со тој... ако веќе нема друг изговор, тогаш универзалниот е дека не е заинтересирана, не и треба.
    Едно време чекав таа да иницира, да не биде дека секогаш јас ја притискам и да не доаѓа како обврска. Се изначекав со месеци и пак ништо!!!!
    Сега да го почнам муабетот што и како, ќе ми рече, Ти пак со тој твој муабет за сексот?! Дај порасни веќе!
    Очигледно чека да се откажам.

    Би ценел мислење од некој кој е во брак. Уште повеќе ако имал ваков или сличен проблем и успеал да го реши. Не сакам да го растурам бракот, но не гледам друг излез освен да почнам некоја врска на страна. Дали ова ви се има случено некогаш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Да ми се има случено, но не како на тебе во случајов, бидејќи сум тазе во брак помалку од година.
    Проблемот беше што постојано настојуваше на тоа, а друга страна беше отсутен психички цело време.
    Кога зборувам психички, не мислам на мамење, туку во смисла дека сексот беше во ред, а сето друго никаде го немаше. Да бидам искрена и мене ми беа истите муабети за сексот познати, и јас истото го велев ,, пак ли со тој муабет“, ама решив дека ќе се сменам и дека ќе дадам се` од себе да нема расправии и кавги т.е би рекла исклучувања и молчење, кога мислиш дека се` е во ред, но не е.
    И да работите се сменија и одлично е.
    Но би рекла дека се` тоа зависи од вас двајцата.
    Искрено незнам колку е добро да помислуваш на неверство, бидејќи реално гледано според пишаново си ја сакаш сопругата, единствено што ти смета е сексот.
    Неверството би ти направило додатни проблеми.
    Немој да мислиш дека таа ако не сака да има односи со тебе е неверство.
    Општо гледано има илјадници причини за сексуални проблеми или одбивност кон сексот.
    Можеби ти треба да поработиш на тоа да ја откриеш вистинската причина.

    Поздрав, се надевам дека работите ќе се средат. :)
     
  20. Fasty

    Fasty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Секоја чест..аплаудирам на луѓе што се заедно више 6-7-8 месеца а се немаат ни чепнато..
    АЈ АКО САКАТЕ ОВДЕ ПРЕНЕСЕТЕ ДЕТАЛНО..како тоа го зачинувавте брачниот и животот во врската без да си завршите работа ?:) ... како да ја разбијам монотомата рецимо ?!
    Браво...ама не претерувајте.. сепак иам фобија. .врски над 8 месеца или веќе треба да и нудиш секс на девојкава ... или си и станал навика или нешто ќе се деси ќе се расправаш .. вака знаеш дека се мисли .. едноставно ќе си ја однесеш негде ..и завршите и тоа е тоа хахахах .. не е така едноставно не ме сметајте сега за материјалиста секако .. ама...СЕПАК ..да чујам како тоа некој без секс во брак или врска веќе 6 месеца ало....закон ствар (до негде) :)