Поминувајте време сами.. Излегувајте сами, одете на дејтови, одете во хотел, каде никој нема да ви пречи...
Најпрво отворен разговор за причините поради кои се дошло до таа ситуација. Искреност околу работите кои пречат и подготвеноста за промена. За страст треба внимание, поминување на време заедно со споделување на нежности и интимност, мали изненадувања на секојдневна база, дејт термини...
Тоа би било супер кога би имале време, но за жал и двајцата работи мм работи плус и дополнително и детенце едноставно невозможна мисија да бидеме 30 мин потполно сами а не па да одиме некаде
Не И ние така функциониравме ама веќе се се обледува губам желба за сексот, он ке дојде од работа навечер некогаш нервозен па одма тел во рака и кога и да го прашам што е проблем одговорот е ништо и буквално после немам желба за ништо.
@pharmacy не е ненормално нешто тоа што ти се случува. Секој брачен пар што има обврски околу работа и деца доживува моменти на апстиненција. Ич да не те секира тоа ако ти се случува во моментот. Само малку добра воља треба. Па и немора некој дете да ти причува за да бидете интимни. Знам дека детето исцрпува (ако никој не ти помага) и дека голем дел од енергијата трошиш на него, ама пробај....сред ноќ...брзински. И сексот како и љубовта и сите други ,,сетила,, ако не ги одржуваш не дека ќе се изгубат, ама ќе обледат.
Затоа реков дека најпрво е потребно разговор. Не сме на возраст кога црвен долен веш ги решава сите проблеми и страста ќе се распали како огин во делче од секундата. И главата на рамења активно работи и без да се открие проблемот и изворот на незадоволства ќе биде фактор кој ќе пречи. Телефонот во рака е проблем. Распределување на обврските е исто проблем. Да не се дојде до состојба едниот да е уморен до исцрпување и онесвестување па да не му се гледа пред очи, не па на секс да мисли. Доколку има професионален стрес мора да најде начин да го оддели од приватната сфера. Едниот дете додека успува другиот мезе нешто нека спрема, релакс муабети...
Не реков и ја секој ден ама се случува и по 2 недели да немаме односи. Иначе работам и јас само мм работи дупло. А и не сме баш во некои поодминати години (24-25)
Кога е дома неможам да се пожалам за околу детето ако јас сум на работа а он не е он се грижи целосно. Додека носеше памперс менуваше и кога ќе успее за заспивање и за хранење за тоа немам никаков проблем. Само што за нас двајцата најмалку обрнува внимание
Разговарај отворено, смирено и упорно. Повторувај му што те мачи. Прашај го што него го мачи. Отворете си ги душите...
Кажи му дека дома нема телефон и работа, нервозите да ги остави пред врата... дома сте само вие. Штом заспие детето, кажи му дека ти недостига, дека сакаш повторно да ги почувствуваш пеперутките во стомак. Кажи му дека не сакаш да се оддалечите и дека ти е важно да поминувате квалитетно време заедно, макар и пет минути. Не мора секс да имате, разговарајте, гушкајте се, масажа, шепкајте си на уво како порано... млади сте, ви фали и малку да излезете да се издувате... ако немате баба-дедо сервис, сигурно имате некоја пријателка или роднина да го причува малото, некоја што ја знае (не знам колкаво е). Макар и пет минути на прошетка рака под рака многу значи. Ама да му кажеш дека не е во ред само ти да се трудиш, мора и двајцата да работите на бракот. Ако сте се венчале и имате дете, не значи дека завршил животот.
Дали кај некого во бракот се има случено да се изгуби страста тотално и бракот да биде само чиста формалност? Би сакал доколку има некој за совет и разговор да ми пише.. благодарам
Iskreno neznam sto e problemot no vo posledno vreme nemame seks.. A kazi mi kako mislis ne se vozbuduvame eden na drug?