@Tictactoe мислам дека советот од Вајлд држи вода. Причини можни се безброј а и на мажите и на жените подеднакво влијае стрес, депресија, хормонски дисбаланс... Пробај да избегате некаде на одмор, на продолжен викенд, без смартфони и компјутери... само вие двајца. Ако и тоа не помогне, нешто друго ќе да е проблем, или ќе го решавате како тим или разделба на некое време.
@Tictactoe Има друга особа вон бракот. Секогаш во вакви ситуации, постои друга. Ништо поголемо од тоа, ништо друго. Знам дека е сурово да се каже вака, ама тоа е реалноста во х бракови, со мање више исто сценарио како вашето.
Ќе се сложам со @WildMk Друштво, жената веќе кажа дека ги исцрпила сите ресурси за да дознае кој е проблемот, но без успех. Пробала со разговор неколку пати, пробала спонтано со романтична вечера, пробала со провокации не вродило со плод. Да си оди е крајно (и единствено според мене) решение. @Tictactoe
Ги прочитав мислењата од другите членови и не мислам дека им друга или дека е геј. Веројатно е премногу оптеретен со некои други работи,егзистенција или сл.па се наоѓа во некоја депресивна состојба. Мој совет е да разговараш заедно да посетите некој психолог. Тие имаат свои техники за да дојдат до вистинскиот проблем за кој можеби ни сам не е свесен. Поздрав и секое добро
Не мора да значи. Маж ми има пониско либидо од мене. додуша, последнава година и мене ми е за никаде либидото... Секс имаме еднаш на месец... се случувало и поретко. Ама внимание, гушкање, муабет, задевање, дружење не треба да изостанува. Проблемот нивни е подлабок од има-нема секс...
Има особи водени од страст и моментални чувства одлучуваат набрзина сериозни и големи одлуки и моментално им е супер, убаво се осеќаат и мислат ќе трае вечно, ама времето поминува и не е се така како на почетокот, се губи и бледее секое чувство, оној кој си го идеализирал гледаш дека има еден куп маани и е обичен човек и посебно ако на млади години се одлучиле на големи чекори, доаѓа момент кога сакаат да живеат, се гледаат себеси како заробени, ги фаќа депресија, каење...Она што требало да го живеат кога биле ептен млади, т.е по нивно да менуваат женски, да излегуваат до сабајле, да флертуваат, да шетаат со другари. И сега тоа го нема и реалноста им прави притисок и сигурна сум дека тоа е проблемот со мажов. Мој совет е да не се моли за внимание, ни да се замара со прашања, него некако да се направи повозбудлив животот, да види дека и во брак може да биде забавно и откачено, што ти јас знам нешто ко секс во природа (казна се плаќа за тоа) па друг ден покер во соблекување, па идете до казино опнете едно иљадарче на 50 денари влог (јебига секое задоволство се плаќа) па возбуда дур чекате дали ќе добиете нешто стисни го за рака ова она, се разбира ова еднаш до два пати не сакам да ви причинам зависност, пишете ливче, барај нешто коефициенти мали изнапиши ги демек се разбираш, гарант ќе му биде тоа забавно да си ја гледа жената заинтересирана за фудбал, не знам како ама знам дека скоро сите ги пали женско што гледа и сака и разбира фудбал,па вечерта приготви му некој стриптиз, сабајле разбуди го и правете нешто било што, да е исполнет денот, пошто еве секој да е и исто да му се дешава секој ден после толку години ќе почне да се затвара во себе и да се депресира, па уште и некој ако нон стоп прашува од страна што ти е, што ти е, бетер само. Зачини си го животот со повеќе забава и помалку критики и побарувања и мислам се ќе си дојде на свое место.
Јас мислам дека типот го има фатено апатија, односно незаинтересиран е за ништо, безволен е и се му е едно и верувам дека заморот го совласува лесно токму поради ваквата состојба, затоа е нон стоп уморен и поспан, без енергија. Сите имаме такви фази, кај него сега настапила и се одразува врз бракот. Поразително е што сте толку млади и на почеток во брачната заедница.Мислам дека сега е добро малку повеќе на себе да се посветиш. Додека немате деца тоа е многу поедноставно, верувај ми. Излези со другарка, појди на купувачка сама, појди кај твоите, нека те нема малку по дома. Ништо радикално, ништо екстремно, но само суптилно дај му на знаење дека имаш свесност за себе и време за себе, дека не се врти се околу него. Така сакал нејќел ќе се поткрене малку и ќе сака повеќе да се ,,вклучи,, во твојот живот како треба. И не е само сексот, потребно е да разговарате, милувате, споделувате. Можеш да кажеш и каков соговорник е, колку учествува во куќните обврски и слично, полесно би можеле совет да дадеме.
Можеби се и ради реда земени, да не речат комшиите оваа стара мома остана оти нели во Мк е многу битно што ќе речат другите. Другарка моја од детството се разведоа со мажот и после 15 години во брак. Се седоа на 20 години демек млади, можат заедно да постигнат се на време , сигурни беа во нивната љубов за на крај мажот и да ја избрка од дома. Кога ја прашав за причината за развод , мислев имаат финансиски проблеми, но верувале или не ја избркал со зборовите досадна си, не ме палиш повеќе, не ми е убаво во твое друштво, сакам да го живеам животот, ме гушиш. А ќе речиш се земаа од љубов , ех живот
Dirty, kinky stuff имаш пробано ? У фазон, секси провиден долен и горен веш, маска на лице, лисици и лесен камшик, добра штикла, парфем и малце шпанска мува течност некоја за кревање либидо сега има разно разни продукти ? Кој маж не сака да му ги врзат рацете и да гледа шоу од жена ? - Геј маж.
Оти упорно ја терате она да се труди?Кога проблемот е во него очигледно.Она може и на глава да скока ако он несака секс толку долго нема ни сега да го посака.Или има он лични фрустрации,незадоволства со кои незнае како да излезе на крај или има друга жена во животот.Отворен разг треба ама еве он ни тоа несака...
Ама баш. Ќе испадне уште дека таа сама по себе не е доволна, па маж кој сака секс ќе сака без стриптизи и не знам каква долна облека, ќе се возбуди. Ако почне со премногу егзибиции при ваков тип и крива ќе испадне, па ќе се искомплексира кутриот дека екстра стимуланс му треба. Пак ке кажам апатичен е, ама дур не му светне сијаличката дека таа има и други преокупации покрај него тешко дека ќе се свести и ќе прогледа. Изгледа па и сака да го молат. Со ваквиве и разговор не помага, само некаква промена ги стресува од мртва точка.
За по дома помага во се. За моето здравје се грижи не можам дс се пожалам. Муабетот милувањата нежностите се досадна и непотребна работа според него Може и да е вешто се крие без траги Имаш право може и треба да се посветам себеси да осети потреба за мене. Можеби му е премногу внимание дадено па му е дури досадно. Мислиш ради реда ме запроси дека доста време врска бевме? Нешто како ке ја земам да не не озборуваат? Е ова не го помислив
Се' може да биде, и ништо од ова што набројавме. Нагаѓаме без веза сите. Прашај го дали сака да одите на брачно советување.
vidi podolgite vrski se skloni na dosada realno poznavam mnogu takvi ama jas ne pogoduvam sto moze da e najdobro si znaes ti. Koga gi nemavme decava znaevme da praktikuvame se. Se rodi prvoto pa naogavme povtorno vreme za se. Sega so vtorovo seks Dali sme imale dvapati. Ama pred se nesme Sami so stari sme radi nacinot na greenje spieme so otvoreni vrati. I dvajcata sme razgovarale i otvoreno znaeme zosto se dolzi toa nemanje na odnosi ama zatoa gushkanje neznosti I se po red razbiranje, ljubov vo najdobar red. Taka da kazi mu vo raZgovor sto ocekuvas i sto sakas da dobies.
@Tictactoe ... а некое попладне да се стегнеш во нешто кратко, секси, и да си излезеш од дома без да кажеш каде одиш... и да се вратиш во 2-3 и ако те праша нешто да му кажеш, не ми се прави сега муабет... после тоа барем ќе бидеш на чисто на што си...