Така само ќе го зголеми проблемот и ќе искомплицира. Контра ефект не сака жената, затоа мисли што пишиш. Не се тие тинејџери. Доволно добри совети имаше до сега, прво разговор па и брачно советување. Ако не сака, не е должна да го трпи. Не е проблемот до неа и нема потреба да го прави љубоморен, до него е.
Некогаш партнерот не го гледаат веќе како сопруг, маж,(сопруга/жена) туку само како пријател/брат/сестра. Посебно после долга врска(брак) или доколку од млади започнале. Не дека не се грижи, не дека не ја сака(на негов модифициран начин), туку еволуирале, се промениле во различни насоки. Може веќе е вљубен во друг(а), може има само симпатии, може тагува по слободата...но човек може да е едноставно несреќен со изборот кој го направил пред икс години.
Јас и мм пред да се земаме редовно имавме односи, секоја вечер, од кога останав бремена тоа минатото лето беше, до сега сме немале ич однос. Кога го прашував што, зошто, цело време се вадеше со возачката ја мислам(знам банален изговор), ајде ја зема возачката, викам сега шо ти е пречката, вика неможам, аха викам а пред да се земаме зошто можаше секоја вечер? Совет?
Како може возачката да е изговор за немање секс? Причината е многу подлабока,или има друга или веќе не сака интимни односи со тебе. Совет,прашај што е вистинската причина без да ти дава дебилни изговори.
@Nenna97 Мора да одвоиш време за разговор само на таа тема. Седни го и прашај, нека си каже отворено. Не е фер да те мота со вакви одговори.
Можеби има проблем со потенција.. Ваков пример имав од пријателка. Немаа секс, бидејќи се срамеше човекот да и каже дека имал проблем. Сега не знам дали е можно тоа.. прашај, разговарај. Ако е се во ред тогаш можно е да има друга.
Како не друга, освен додека спијам навечер излегува тогаш ок, на фб нема ништо, пораки нема од некоја, работи у фабрика со наши луѓе.
Јас не мислам дека има друга,затоа што има многу мажи што можат да терат и со двете жени паралелно и со жената и со швалерката.Баш ако има друга ќе е попретпазлив и повнимателен, жената нешто да не посумња. Прво поразговарај со него, прашај го каква психичка пречка има, што е коренот на проблемот.Ако има некој здраствен проблем идете на доктор. Ама не ја исклучувај и опцијата дека има друга. Какви ви се односите сега во бракот, да не се карате за нешто?
Да имаше нешто секако би дознала, секое сабајле оди со свекор на работа секое поручек се враќа со него, во иста куќа живееме
@Nenna97 Да не му е неугодно од самиот факт што живеете во заедница? Па стресот да си го прави своето.
Реално, цело време откако си иди од работа е со беба, заедно спијат поручек, после ја шетаме, си игра со неа..
Да ми има кажано за тоа, спалните ни лепат со мајка му и татко му и се некој е во движење, не спие Не, не доживува
@Nenna97 Епа јас мислам тоа мора да е. Штом и ти спомнал, а може и тие некогаш му пререкле нешто. Човекот најверојатно не може да се опушти, неугодно му е.