Мора да се научи да ти се доверува. Кажи му дека го разбираш што и да е, дека сте заедно и во добро и во зло - не само на хартија. Осетливи се многу мажите за нивниот сексуален перформанс, и тешко им е да се соочуваат со проблеми од тој домен. Секако, и уролог ќе треба да посети. Да се дијагностицира дали е физички или психички проблемот.
Влијае на ерекција? А кај жени влијае некако на сексуален живот? Не е 'решение', ама може да е проблем. Биди спремна и на таква можност...
Да знам, треба да сум спремна, да бев во мк секако тоа би било проблемот, овде сме буквално 24ч заедно, не контактира со некој на телефон, не пишува.
Да. И кај мажи и кај жени. Пад на либидо,проблем со потенција,депресија . Ендокринолог + уролог,ако имаат можност да одат.
Моја другарка имаа таков проблем одкпга им се роди првото детенце. Односи имаа после 8месеци првпат од кога се породи. Веројатно маж и имаше психички притисок заради новата ситуација, а и му било неугодно после пораѓајот на жена му. Разговарајте почесто на темата и смирено, со тек на време ке се среди. Другарка ми толку беше нервозна, од една страна ненаспана со бебето од друга страна ова со маж и. Но се среди, се надевам и кај вас ке се среди за брзо.
Мислам се убедувате себеси, другите дека имаат психички и некаков проблем, па затоа немаат секс? Не,имаат друг/а. Има исклучоци, ама најчесто причината е ова. Само кој е спремен да ја види или прифати. Немање секс, незаинтересираност и слично е постоење на трета личност. Па вие убедувајте се дека ги фаќа постпородилна депресија.
Апсолутно точно. Тоа го зборам наназад. Секогаш постои трета особа, 99,9%. Тешко е да се разгледува таа опција, ама тоа е реалноста. Исто имаше случај пред некој месец на форумов, во кој една жена бараше совет за бракот, скоро па идентичен случај како овој од погоре. Сите му наоѓаа оправдувања, дијагнози му поставуваа, јас едина пишав дека има друга и ми скокнаа. Жената тврдеше дека не е можно пошто го знаела добро и знаела кај се движи. Дојде после некоја недела и рече дека имал паралелно друга особа веќе долго време, дознала. Тоа е реалноста во огромен број на бракови, е сега кој е спремен да истражи а кој да живее во бунило, нивно е.
недај боже, ама по се или има друга личност во неговиот живот или некоја слика добивам во глава дека хммм ам ммм геј?
Не постои маж што го знам што 1 година нема да ја пипне жена му, освен ако нема друга. Не би да скокам со заклучоци, ама по се' така личи.
Јас не познавам 1 месец што нема да ја допре. Многу е тешко да се соочиш со тоа. Нормално дека ќе си бараш изговори и ќе се убедуваш. На крај, прифатил ти или не, вистината е таа.
Па најверојатна опција е Се' друго е помалку веројатно. Срам од неговите, како не. А детето кај го направил?
Ја изгубил желбата за жена му. Има проблеми со импотенција. Мисли на друга жена/има љубовница (ама пак, колку мажи имаат љубовници па и дома и надвор си ,,бркаат,, работа)
Ова што се случува е од психички аспект само кај човекот,не можи да го определуваме животот на човеков само инспирирани од турска серија.Овде се работи за тоа дека човекот,и неговата психа,секако и постпородувањето на неговата жена кои можеби влијаеле врз него.