Прати свекрвица и свекор на шетња со бебе па види дали ќе сака.Ако не сака разговарајте. Мм исто по пораѓајот некако се одалечи од мене ама полека се зближивме пак.
Можеби, ама шансите за тоа се минимални наспроти другото. Не сум чула за постпородилна депресија кај маж, ама за постпородилно швалерисување, ехеее...
Да може да има, јас не негирам, да живеевме во мк секако на тоа прво ќе ми текнеше, арно ама, не сме во Мк, овде во нашиот крај нема каде да излегуваш, да не оде на работа т. е да оде по други, ни тоа не е, тоа се проверува, да оди да шете навечер сам ни тоа не се случило, да пишува со други ни тоа не е цело време гледам. Јас го гледам и го прашувам оти, зошто он ме гледа само, ни збор не кажува, викам да немаш некој проблем, па ќути.
Нена мој совет - отвори 10 очи. Тој што сака да изневери ќе најде начин. Дај Боже да не е тоа, ама не спиј на тоа уво.
Ова го има во психологијата само...како наука...Не е само жената таа која го прави детето од биолошки аспект сега...па така е и со породувањето,точно е и факт е дека жената го раѓа детето,но двата партнери подеднакво ја чуствуваат таа улога.
Да секако, јас се породив пред 3 месеци тежок пораѓај, многу ме нервира што ќути, денеска и јас ќе ќутам, џабе и милион пати да ме прашува на мене зошто ќутма и не правам муабет нека си види и он како е некој да те прашува а ти да го гледаш само како ќути.
Може да те изневери на работно место за време на пауза. Може да пишува додека спиеш, си во тоалет, во кујна, со бебе. Верувај ако сака ти нема да го фатеш во ништо. Не спиј на тоа уво. Не ти зборувам на памет.
Не ја убедувајте дека ја изневерува човекот. Вашите искуства не мора да значат ништо. Многу психофизички состојби и болести доведуваат до оваа опишана ситуација. Уролог ке им објасни подобро.
А да му спремиш нешто секси? Вечера,винце, подвезици, тивка музика ова она..? Или свекор и свеки да почуваат бебе на ден два да тркнете до некаде да се опуштите? Не верувам дека има друга. Мислам 99% е друго нешто. Не сум искусила лично ама мислам дека освен жените и мажите некогаш на потежок начин се прилагодуваат на новиот живот, проширување на семејството, стрес, умор, нервози, проблеми на работа и сл. И кога се собере се тоа последно нешто што би ми паднало на памет е секс Ако грешам некаде исправете ме..
Да и искуства на 99,9 посто луѓе околу мене кои си швалерисуват, а партнерот си мисли дека депресија го мава или е болен. За ниеден случај до сега не сум слушнала да излезе друго освен трета личност, за жал. Може е исклучок. На крајот се враќаат ат на темава и испаѓа трета личност.
И братучедка ми го имаше овој проблем еден период, и јас кога и кажав уште од старт има друга, се налути дури муабет не ми правеше. Исто и она кажуваше, не пишува, цело време е со мене, и сл. Кога се породи со второто дете дури тогаш го фати, бебенцето немаше ни една недела кога дозна, и на крај сам и призна колку време трае тоа.
Јас па 99% од изневерувачите што ги знам сите и дома си ги работат сопругите и надвор си плескаат. Јас не сум слушнала некоја да се пожали дека не е ***на цела година. Ама па моШ и не кажуваат. Но за многу од нив па ќе разберам дека се трудни со второ. @Nenna97 јас би ти рекла за почеток само да му предложиш да појдите на уролог , во опција е и психолог/психијатар. Чисто само спомни му, да видиш како ќе реагира на идејата да посетите доктор. Со инает ништо не правите. Ова е реален проблем и мора да најдете начин да седнете и да разговарате.
Драга,мислам дека проблемот не би го решил и ти да се инатиш.Тој верувам дека не се инати од што сака,туку има некој проблем.Мислам да најдеш некој начин,затоа што ти знаеш како функционира вашиот брак најдобро,што може да му годи и како може да се отвори.Еве зошто не излезете на мала прошетка и да разговарате на само? Детето нека го причува некој друг,за саат време нема да претставува проблем.Се надевам.Ипак,ти си знаеш најдобро,но инаетот не ми звучи баш паметно.И сите луге се различни,така да..Искуствата овде што ти ги кажуваат,нека не ти ствараат дополнителен притисок.
Браво! ❤ Сакајте се и почитувајте се секогаш сите еден со друг,инаетот ништо нема да ви донесе,а многу може да ви однесе. Само разговор,без лаги.
Ееее па ти! Пред три месеци си се породила, а пред тоа бремена... Ами и јас толку немав секс (скоро) ко бев трудна и после пораѓајот. Ги мава шок и мажите кога ќе добијат дете. Им се пореметува цел живот. Маче да земиш се' ќе ти поремети, не па бебе. Терјате сега
Прочитав еден многу убав текст на редит, па ќе пробам да го прераскажам: Станува збор за двојка која немаат секс со години и во кратки црти проблемот е немање доволно комуникација. На крајот излезе дека жената била премногу сексуално стегната личност која несакала експериментирање во креветот, а мажот исфрустриран се откажал од обивањата од нејзина страна и почнал самиот да се задоволува. На крајот со искрен моабет жената од падната во депресија станува весела - позитивна личност каква што не била со години, мажот повторно има страст и покажува љубов кој неа. Секс имаат секој ден, најмалку по еднаш(некогаш и повеќе пати на ден), пробуваат нови работи, комунициираат, посветуваат време и внимание еден на друг и си посветуваат време кога се сами двајацата. Жената ужива во работи кои на почетокот мислела дека се одвратни(анален секс на пример) и имаа среќен брак. Мислам дека многу парови можат да извлечат поука од ова