Недостатокот на секс е само симптом на неговата психолошка состојба, пробај да погледнеш од друг агол, на пример: колку споделувате, колку разговарате, колку сте блиски еден со друг, какви се другите аспекти од вашиот брачен живот? Можеби е апатичен, депресивен, можеби има некој друг проблем, па тотално е исклучен од сѐ друго. Може глупав совет е, ама пробај да работиш на вашиот однос без притоа да иницираш секс, да се зближите како луѓе, да може да ти се отвори, забавувајте се заедно, направете нешто ново, избегајте од рутината, ова е отприлика тоа што ми паѓа на памет за да се види проблемот со други очи.
@Garry Ќе го седнеш и ќе му објасниш дека ова го сфаќаш сериозно и дека ти е важно да ја знаеш причината и да го решите проблемот. Зборувај отворено, кажи му како што ни кажа нам овде - дека се чувствуваш како да се оладуваш од него и дека ако продолжи со ова темпо дека си подготвена да си заминеш. Едноставно очекуваш повеќе од бракот и минимумот не те исполнува. Добро би било да прифати барем брачно советувалиште ако веќе не сака да оди на лекар за физички да се провери, но не може да те одбива за се до бесконечност. Тоа што спомна дека се задоволува сам можеби е причината за сето ова, можеби повеќе не чувствува потреба од физички допир од тебе затоа што веќе се навикнал да се задоволува самиот. Си го открил за него полесниот начин да се задоволи без да иницира секс. Можеби тоа го практикувал додека сте живееле со неговите и преминало во навика/ опсесија, но ова е само една теорија која никако не значи дека е вистина. Возрасни сте, мора да разговарате, мора да ти даде образложение, го заслужуваш тоа. И полека со коментариве дека ќе му го покрива "срамот", да им каже на сите каков проблем има со маж ѝ итн. Кој срам, што ви е? Можеби зад ова се крие сериозен психолошки проблем.
Јас мислам дека треба да му ставиш до знаење дека дури откако ке те изгубит ке сватит шо имал,ама дека ке е касно Јас би си заминала и то со зборојте" најдов човек шо ме прајт среќна,а со тебе сум несреќна Чао и имај си убав живот" и низ врата Па нека се чукнит малку во глата празна
Ako si mu bila prva, mozno e da mu ima zdosadeno, i da saka da proba nesto novo. No toa sto go kazuvas 3 pati godisno e premalku, taka da moze da e psihicki problem. Probaj iniciraj nekakov drug vid na zadovolstvo, ne znam drug vid sex, ne ona klasicnoto. Ako ne biva toa, togas e do psihata.
Ова е најглупиот совет што може некој да го даде на жена во брак што сака да си го спаси бракот и да го помине животот со мажот и ... Се сложувам со @Peanut Butter ... Човек може да изгледа многу среќен од надвор а внатре да е несреќен... А на многу брачни партнери им е тешко тоа да го признаат и да зборат за проблемите.. треба од самиот корен на проблемот да се почне, не од моменталното (сексуално) незадоволство.. Па дури на крај ако не иде, спогодбено да се разидат. А не, јас најдов друг ти еби се..
Човеков буквално со ништо не придонесуват за да се спасит браков туку го туркат надолу Не можиш да спасиш нешто шо не сакат да бидит спасено
Не можеш да знаеш каква е психичката состојба на некој човек, најлесно е да дадеш глуп совет. Членката вика дека пред брак бил ОК сексот, значи дека сега нешто има што му ја потиснува желбата за секс... кај мене беше период на депресија, кај друг нешто друго е.. Кај се родивте се толку паметни ..
А зо Не знам дали сеуште се чудиш...но и јас се чудам ако немаш проблем како во насловот на темата, зошто би пишувала тука? Ако на некој му е потребен совет а вие немате сличен проблем, не значи дека мора да се додава сол на раната и да се исчудувате.
Мислење? Се работи за пар со кој се дружиме, доста блиски сме нормално јас повеќе со жената но не до степен да си раскажуваме за во кревет. Нешто на шала и на пример еј со мали деца, обврски, ненаспаност... си трпи сексот или ептен ризичен контакт па фрка за бременост и сл. Прееска мм ми кажува дека другаров (маж и) му се доверил дека премногу ретко имаат секс. Еднаш месечно(ретко два, три пати) некогаш ни толку. И тоа се било демек како молено од негова страна, нејзина иницијатива никаква. Дури и тој некој пат кога ќе прифатела како да било со сила. Му рекол како да живеам со сестра, се жалел дека не реагирала кога суптилно ја задевал па ни на директно барање. Одбивала со различни причини, генерално уморна. Последно му рекла дека не чувствува желба, потреба. Демек ова не било ново и порано не била "мераклика" ама знаела да покаже некоја иницијатива, откако имаат деца ептен сериозно станало. Му рекол на мм да ме потпраша да не знам нешто а он ме убедува да ја потпрашам неа. Мене искрено ептен ми е тапа ова, посебно што сум ја приметила дека кога слуша шала на таа тема во друштво одма реагира за мењање тема и не и е пријатно и стварно не знам како да седнам и да ја прашувам зашто нема секс со маж и .
Многу глупа ситуација, мене би ми било незгодно да се распрашувам. Најубаво тој да си збори отворено со неа за проблемот, многу работи може да се причина, ако товарот со децата е само на неа па може и стварно е уморна..
А зошто да ја седнеш и да ја прашаш зошто нема секс со маж и кога гледаш дека не сака за тоа да зборува? Мој совет е ти и твојот сопруг да не се мешате во интимноста на други луѓе. На сопругот нејзин може да му дадете совет со жена му лично да ги решава сексуалните проблеми, а не со пријатели. Може цела работа со домаќинство и деца е на неа, може комплимент не и дал 2 месеци, може не е нежен и внимателен, може не е добар во сексот, може во менопауза влегува, може многу работи, и сите од прва до последна се скрос лична работа на жената. Таа треба да побара совет сама ако сака, а не да ја форсирате.
Не бе какво прашување. Прво ќе се осети глупо што се дискутира нивниот сексуален живот, а после и директно прашување. Тоа е ептен влегување во приватност.
Нека си ја праша мажот и за што се во брак. Има доста парови што се жалат еј слабо имаме секс ме одбегнува а цела одговорност е само на едниот како одење на работа, готвење, чистење носење дете во градинка па искрено ни мене не би ми паднало на памет секс да имам на толку обврски.
Може да е асексуална и едноставно нема никаква потреба за секс...Ова е доста табу тема на која не се збори многу а има значителен број на луѓе што патат од ова...знам и за други блиски луѓе каде жената нема никаква желба за секс а мажот се надева дека некогаш ќе се смени.. Секако ова не мора да значи дека е случај со твоите пријатели туку е само мое мислење
Нема ти што да потпрашуваш. Пријателот треба да си разговара со жена му директно, а не преку други луѓе. Со нејзе е во брак, не со вас.
Освен што јас не би прашала затоа што тоа е сепак нешто што би требало они сами да си решат, исто така постои и друга страна на целата ситуација. Имам пријатели што кога ќе се напијат малку повеќе се жалат на нивниот сексуален живот. Тој мисли е она не сака намерно, дур таа кажува како не сака ни да се погледне во огледало. Секогаш има две страни, и затоа јас не би се мешала.