1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    веројатно се работи за некој психички проблем (немој да ме разбереш погрешно незнам како точно да се изразам) односно мислам на тоа дека едноставно жената нема потреба од секс и тоа е некаков вид на пореметување. слични случаеви гледав на една телевизија додека студирав во странство, жената имаше некоја траума или слично и одбивала секс долги години. ако ми дозволиш јас би ти препорачала најпрво да прогуглаш точно за ваквиот проблем и да видиш точно медицински за што се работи за да можеш подобро да сватиш. вториот чекор би било да разговараш со неа и да и кажеш дека не се работи само за неа тоа дека нејзе не и треба секс. тоа не е нормално и тебе ти пречи. јас не гледам како би успеал вашиот брак ако она воопшто не е заинтересирана а ти си имаш нормални потреби.а фактот дека не сака да те бацува незнам како да го објаснам. навистина би било добро убаво да провериш дали навистина има аверзија спрема сексот и нежностите или има аверзија кон сексот со тебе. поздрав и со среќа се надевам дека на добар начин ќе го решите проблемот.
     
    На Shana и eleni23 им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Мене не ми е ништо чудно овде.
    Има луѓе на кои не им е до секс, и не се преокупирани со него.
    Можат најнормално да си живеат без секс.
    Тоа не значи дека жена ти не те сака! Ако таа не сака, што го ставаш одма проблемот кај неа?
    Побарај ја малку вината и во тебе.
    Можеби тебе те бива в кревет, ама таа сака нешто друго, поинакво, можеби не добива доволно нежност од тебе, што и да е, има некој проблем, некоја `мака` која и` е врежана в глава, нешто си ја повредил во минатото, па не може да е интимна со тебе... Ама да повторам-тоа не значи дека не те сака или дека има некој друг!
    Разговарај со неа, ама убаво, без вршење притисок. Ако и` вршиш притисок, само ќе ја влошуваш ситуацијата.
    И не и` приговарај дека в кревет е како труп. (како труп е бидејќи има секс само поради тебе, да те задоволи). Нека се качи таа над тебе, каде мора и таа да `работи`, прашувај ја дали и е добро, дали ужива, дали сака друга поза, гали ја, активирај ги рацете, запали ја, , давај и по некој комплимент....
    Со среќа :) ;)
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    ниту еден нормален возрасен човек....не би можел најнормално да живее без потреба за секс,а притоа да нема ниту еден подлабок психички проблем.Сексот е физиолошка потреба еднаква и кај мажите и кај жените.Јас досега не сум сретнала некоја еве пр другарка или пријателка која рекла дека може нормално да живее без секс.
    Затоа јас и рекла најдобро оди ти кај некој психолог или психиојатар и посевутувај се.Нека ти даде некое стручно лице мислење и совет за да можеш да видиш од каде тоцчно доаѓа проблемот.А проблем сигурно има.Зашто секој нормален човек кој се сака себеси и го сака партнерот,има сексуална потреба и нагони.
     
    На WildMk и joelle им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Брак без секс. Самата замисла мене ми создава кошмари.

    Јас сум си рекла одамна, ако треба да се мажам веќе со некој, се надевам дека тој некој ќе ме исполнува по точка - секс. Максимално. И ќе добијам компатибилност. Мислам дека би ме убило еден ден да западнам во стереотип од кој нема излез па уште и згора на се да немам секс, е тоа би ме убило уште повеќе.
    А знаејќи се себеси би ми фалело тоа ненормално многу.
    Мислам дека сексот е движечката енергија во секоја една врска. Добивате лош секс? Го барате на друго место, или мечтаете за него со некој друг.
    Не ве привлекува партнерот? Ќе шетнете и ќе почне да ве привлекува некој друг - а тоа веќе не е добро. Не мора да дојде до физичкиот акт на неверство за да изневерите некој, нели?

    Затоа велам и тврдам дека еден брак не може да опстане без секс. Или ќе опстане со сила а партнерите ќе си го надокнадуваат дефицитот на страна, или ќе се распадне.
    Да, разбирам, взаемна почит, љубов, одговорност кон семејството - но луѓе сме, и нели бракот го разбираме не само механички туку и пред се емотивно. А ако веќе го создаваме со човек кој ни значи нешто и кон кого имаме емоции, невозможно е истиот да успее ако тој човек не не привлекува.

    Не сум компетентна да давам совети за подобрување на сексуалниот живот во бракот но од аспект на искуство со долгогодишна врска со заедничко домаќинство можам да речам, дека не спасија сексуалните фантазии - на некое време. Потоа и онака сфативме дека не сме еден за друг и тоа е тоа. Сексот односно немањето доволно секс ја уби нашата врска. Можеби затоа сум скептична и во однос на бракот....не знам.

    Битно знам мене што би ми ја убило врската. А веќе еднаш се случило. Затоа ако ви е сексот битен, мој совет - тестирајте дали и после многу години сеуште истиот човек со кој сте, физички ве привлекува. Ако хеклањето или следењето глупави сериски на ТВ ви е поинтересно отколку тоа да имате секс со него - тогаш знајте дека нешто не е во ред. И голема е веројатноста никогаш и да не биде.
     
    На bittersweet и zlatapetkova им се допаѓа ова.
  5. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Ајде , ја испратија жената на психијатар |( .

    Квадрос , без навреда , но прво осигурај се дека жена ти навистина не те изневерува . Доколку е така и доколку жената навистина нема желба за секс , тогаш неверство од твоја страна не ти е најдобро решение , ќе решиш сексуални проблеми , но можеш да си навлечеш други . Треба убаво да го разгледаш проблемот , да промениш тактика , нешто во начинот на однесување . Не знам колку години има таа , ако сте приближно на иста возраст , тогаш " проблемот " може да лежи баш во годините . Во голем број случаи кај средовечните жени се јавуваат одредени промени од физички , хормонален , сексуален , па и психички аспект . Ако е тоа во прашање , а жена ти не ја гледа таквата состојба како проблем , тогаш нема ни што многу да постигнеш . Можно е и за климактериум да станува збор . Но , можеби и не е до тоа , едноставно за некои луѓе сексот не претставува центар на светот , особено не повеќе во тие години и тоа не значи дека имаат психички проблем или нешто слично . Е сега , единствено ти останува да се обидеш да ја промениш тактиката и начинот на однесување . Па на крајот на краиштата , од она што го читам заклучувам дека ти неа премногу и одиш по ќеиф , можеби тука е проблемот , не зборувам јас сега да се карате и да се расправате дома , туку можно е жена ти да ја " оладил " фактот што не гледа доминација од твоја страна . Па , потоа , размисли малку , дали и даваш комплименти , дали ја заведуваш , дали ја разбиваш монотонијата , или директно ќе завршиш муабетот го тераш од работа и секојдневни обврски на секс . Знам дека си ја однел и на друг континент и сето тоа , но види , преиспитај си го однесувањето и начинот на пристап . Зошто не се обидеш да и станеш предизвик наместо да и ги исполнуваш сите каприци ?

    Можеби звучев прегрубо или прескептично , но , намерата не ми беше таква , сакав само да бидам реална . Поздрав .
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми личи дека станува збор за асекусална личност. Се чувале за брак, значи немале секс до брак, ако добро разбрав, раѓа дете и после пак се повлекува. Според мене женава е едноставно асекусална која сексот не го доживува како акт на задоволство туку само како начин да се добие дете. Таквите рамислувања се најчесто причинети од тоа во фамилијата каде што растела сексот била апсолутна табу тема и и било наметнато мислење дека тоа е нешто што го прават само брачни партенри и тоа само ако сакаат да имаат дете.

    Друг пример од моја поблиска околина е дека жената имаше пороѓај кој го дожиеа премногу трауматично и после тоа долго време одбеднуваше секс за да случајно не остане пак бремена.

    Психата е нешто страшно и не треба да се има страв да се контактира психолог да се види што е проблемот.
     
    На WildMk и tessie им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.744
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми е јасна аверзијата према стручна помош, апсолутно не е нормално да бидеш во брак каде повеќе години нема секс, тоа тогаш не е веќе брак туку двајца цимери кои окупираат исто живеалиште.

    И јас моментално сум во брак без секс меѓутоа од оправдани причини, се наоѓам во висока бременост и е апсолутно невозможно да се препуштиш на своето сексуално задоволство кога те клоцаат одвнатре, после повеќе месечната одвоеност имавме секс неколку пати ама е не е баш најпријатно кога те клоцаат одвнатре али мм во никој случај не се чувствува одбиен од мене, на крај краеви има и поинакви начини да биде задоволен ;) за моето задоволство ќе почекам уште малку :lol:.
    Значи разбирам да се нема секс од оправдани причини како бременост, болест, период на адаптација на нови родители али ако тоа трае со месеци или години време е за стручна помош или развод.
    Ако дојде ден да не почувствувам пеперутки во стомакот од неговиот допир, или да не ми се сечаат нозете кога ќе ми шепне нешто на уво јас би си побарала стручна помош ако и тоа не помогне би се развела, нема причина зошто тој да страда без секс само затоа што јас не уживам веќе во истиот.
    Сметам дека е крајно себично а би рекла и ненормално жена да држи маж во брак во кој таа не ги исполнува своите брачни обврски само за да биде ете мажена, ако има аверзија према секс односно е асексуална нека се разведе, ете има дете ако тоа и било желба и нека го остави мажот да си ја побара среќата со друга.
    Sex is the foundation of every great marriage
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Најбитно прашање е дали постои љубов меѓу двата партнера и колку време трае апстиненцијата (а трае подолго колку што успеав да разберам). Ајде ок е некој период да се јави монотонија и да бараш некој излез ама воопшто да не си заинтересиран е веќе загрижувачки сигнал. Не постоела уште во старт сексуалната компатибилност меѓу дваицата.
    Да не филозофирам и јас туку едноставно ќе ти кажам да ја прашаш и да ти одговори на 2 прашања ,, дали те сака,, и ,, дали сака да си го спаси бракот,,?
    Се додека јасно и гласно не ти каже што сака и што и се допаѓа а што не, ќе се вртите во круг.
    Oд друга страна престани да се лигавиш по неа и направи нешто само за себе. Биди себичен, индиферентен спрема неа, незаинтересиран па ќе ја видиш нејзината реакција.
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се согласувам со Битерсвит, и само да додадам - сексуално апстинирање е битна причина за развод на двајца брачни партнери која најнормално се произнесува на суд.
     
  10. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    секс и само секс,мажите тоа најмногу го сакаат
     
  11. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Еј па ти со 16 години шо се замараш толку со брак без секс? Каква монотонија треба ти да разбиваш на сериозната ти врска на 16 години, рецимо?

    Да, општо познато е тоа, само да се надеваме дека човеков нема до развод да ја дотера кога бракот му е инаку во ред од останатите сегменти бтв и дете имаат.
    Туку овде сите што напишале нешто се отприлика на 20-30 години, триесет и некоја, па никој не ни знае како е да се биде во кожа на претпоставувам жена во четириесеттите.Интересите и потребите кај луѓето се менуваат со годините. Јас си мислам дека на 40 сексот нема да ми биде приоритет во животот.
     
    На softqueen и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.239
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    Малку е стереотипно размислувањето дека мажите сакаат само секс. Но веројатно зависи од човекот, можеби некого навистина го интересира само сексот.
    За бракот сексот не е најважен, но има голема улога во одржувањето на истиот. Јас лично сметам дека мојот брак нема да функционира ако сексуалниот живот не ни е како што треба, без оглед на тоа што на сите други полиња се' е во ред. Сите си имаме свои мигови кога сакаме секс, но и мигови кога не ни е дојдено до тоа. Но ако потрае „сушниот“ период, би се запрашала зошто е тоа така и ќе пробам да ја откријам причината за тоа, и секако да го решам проблемот.
    Најважно е во бракот отворено да се разговара со партнерот за секој проблем, па ако има потреба од стручна помош зошто да не се побара?! Квадрос, мора да има некоја причина зошто твојата сопруга не сака секс. Можеби е асексуална, или има некоја траума, не знам. Не е нормално здрава млада личност (претпоставувам дека сте некаде во 30-40 години) да не сака секс, без разлика дали се работи за машко или за женско. Биди упорен, консултирај се со стручно лице, види што ќе ти каже. Мораш некако да ја убедиш твојата сопруга да го решите проблемот.

    Инаку што се однесува до кажаното претходно дека луѓето се менуваат со годините, поточно се менуваат нивните интереси и потреби - точно е. И точно е дека сексот не треба и најверојатно нема да ни биде приоритет во животот, ама дека е важен сегмент во бракот, важен е, и како таков не треба да се занемарува :)
     
    На sj *O*, WildMk, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.278
    Антонија, да, можеби во 40тите сексот нема да ти биде приоритет во животот, ама овде човекот спомна дека за жена му сексот не бил приоритет никогаш- ни во 20тите, ни во 30тите.

    Според мене тоа е огромен проблем, секоја чест за сопругот кој и покрај се не се откажал и сака да го реши истиот, можам да замислам како му било да ја секса (извинете за израз ама не можам да употребам води љубов) а таа да не покажува никакви знаци дека е присутна, можам да замислам колку била ладна и таа и нејзината внатрешност, а тој упорно настојува да внесе некаков жар.

    Епа и тој е човек, ќе му пукне филм.

    Жената очигледно си има некаква длабока причина зошто така реагира, ама тоа е крајно себично од нејзина страна, и можам да кажам дека треба да и биде срам него да го обвинува дека стално и зборува за секс :devil:
    И да, психијатар и разговор со него не е луда идеа, секако мажот може да појде и да се консултира и потоа да види како да се однесува со сопругата.

    Меѓутоа јас да сум на негово место ќе пробам да ја игнорирам на секој можен начин, да види дека не сум тука за неа и дека може и да ме изгуби.
    Тоа е нож со две острици- или ќе се свести што прави и ќе сака да те врати, или ќе излезе на виделина дека не и е гајле за тебе.

    Но во секој случај ти ќе се спасиш- или ќе ставиш крај на оваа агонија, или ќе ти се подобри бракот.
     
    На sj *O*, Peppermint, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Па мислам дека со годините се менува се... сега нешто шо не ни е замисливо може еден ден да бидеме поборници за истото. Тоа се случува со секого, едноставно се менуваат гледиштата. Искрено, кога веке 10 месеци апстинирам и немам кој знае каква потреба за секс, зошто тоа да не биде така и во брак ( да напоменам дека не сум во врска ) Во бракот според мене се многу поважни други работи да и сексот е важен но почитта, разбирањето или најдобро кажано пријателството е многу поважно. Сексот според мене е физичко изразување на емоциите, а свесни сме дека во бракот не ретко ги снемува. Од тука се јавува можен слуцај кога едниот се грижи за доброто на семејството и само тоа му е важно, а друг може да размислува да го уништи тоа семејство заради една причина секс. Да не звучам фригидно... сакам да споделувам емоции, и ке го правам тоа во бракот, но не дај боже ако дојде до некој момент во животот партнерот да стане неспособен за секс па посебно во помлади години, тоа не значи дека ке го оставам или дека ке барам друг. Ако најдам човек како што сакам, ке сакам да бидам до крајот на животот со него поради него а не поради сексот. Крај краева има начини за самозадоволување :tmi:
     
    На Antonija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Па тогаш зошто пекаме сите по мажи, дечковци, врска, брак? Ќе си се самозадоволуваме до бескрај и ќе си бидеме сами, имаме ли потреба од маж покрај себе? :^)

    Значи како ги појаснувате работиве, секоја чест.
    Важно било пријателство, хармонија, разбирање, доверба, а сексот... па ако го нема мање-више битно.
    Па тогаш за маж можам да го земам и најдобриот другар, со него ги имам сите горенаведени работи, минус сексот и би функционирале супер.
    Не знам до кога сексот ќе го ставате на маргините, онака пролазно и небитно дали го има воопшто и дали е добар, или му давате некој мал беззначаен процент во однос на другите работи.

    Цело е кога има се', залажувајте се само како на мажите не им е важен сексот, а воедно се самозалажувате и себеси, како вам ви е небитен.
    Па уште на 40 направивте како да имате 70 години. Желбата можеби ќе се намали, но сигурно нема преку ноќ да го снема.

    Не ги разбирам браковите без секс, не ги оправдувам и не знам што прават двајцата во таква врска.
    Емоции се искажувале и на друг начин |( ... абе рози и колачиња во облик на срце имајте на тони, се додека не доживеете асален оргазам од љубениот, нема да се поврзете на истата фреквенција.
    И точка.
     
    На sj *O*, WildMk, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.239
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    Има решение и за тоа, не се секирај. Никој не стапил во брак со некого само заради сексот, ама брачниот партнер освен што ќе ти е најдобар пријател, треба да ти е и љубовник, а не цимер. Што ќе ми е да се самозадоволувам при жив човек до мене в кревет?!
     
    На sj *O*, bittersweet и zlatapetkova им се допаѓа ова.
  17. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Мислам дека Квадрос е пример дека и мажите можат да издржат без секс и не значи дека ако не го добијат дома одма ке го побараат на страна. Може да се види дека има мажи кои се трудат да ги подобрат работите со разговор.
    Сексот не е најбитен дел од бракот, но доброто е во тоа што ако пробемот е сексот а се друго е во ред, дека може да се поработи на тоа. Всушност добриот секс е пракса.
    Не верувам дека жената има љубовник затоа што и да имала нешто на страна ке има секс и со сопругот, барем понекогаш. Веројатно се работи за некој прихички проблем, некоја аверзија. Не може нормална млада жена да нема никаква желба за секс, сфаќам да е намелена желбата, ама да ја нема воопшто тоа не е нормално.
    Дефинитивно мора консултација со стручно лице, ако жена ти се уште те сака и почитува ќе се потруди да го реши проблемот, а не да ја бара вината во твоите вишок килограми, што веке и ги немаш. Веројатно станува збор за многу себична жена.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.744
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, да не ми завршува животот на 40 па да не ми биде приоритет сексот, јас пак си планирам и на 40, 50, 60 ако нели сум жива и здрава да уживам во сексот :P
    Која глупост е тоа демек имам 40 години и што веќе нема да бидам жена и тој нема да биде маж како така оддеднаш ќе ни ја снема желбата еден за друг само со една поинаква бројка во годинините?
    Приоритетите самите си ги одредуваме, мене секогаш тој ќе ми биде приоритет а со тоа и сексот со него, без обзир колку години ќе имам.
    И детето не е никаков изговор да се одржува брак кој веќе оддамна е мртов, детето ќе си порасне дали со двајца родители кои живеат заедно или не, среќни и задоволни родители значи среќно дете и обратно.
     
    На WildMk, Gjurgja, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Абе во животот доаѓаат и непредвидливи и трагични ситуации. Сексот не е небитен и не е на маргините, никогаш не ни бил ама не е на арно и да се преокупира човек со него, па да го заборави останатото. Јас кога сум со човекот сум со човекот а не со неговиот полов орган.
    Инаку ме спомна и мене некој, јас тоа што го кажав го кажав општо за да се надоврзам на дискусијата, а не за човекот што бараше совет.
    Мене искрено сексот, да, и те како ми е битен, ама пак да ми биде побитен од некои други работи и во иднина пример за еве 20 години од сега, така што би можела да напуштам партнер кој се нашол во можеби незавидна здравствена положба или нешто слично, да растурам брак и семејство само заради секс, е за мене тоа не е нормално. Дури тогаш ќе се обратам на психијатар зашто очигледно имам некоја зависност која си бара третман или пак сум крајно психо-лабилна и нестабилна особа па се гледам низ призмата на сексот.
     
    На baby-star и girl.23 им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    да се надоврзам дека муабетот не е дека сексот е приоритет или не луѓево со години не се сексаат и не се работи за приоритет или не туку очигледен проблем.

    и апсолутно ја подржувам трендафилка јас сум во долга врска заедно живееме и незнам што би било да немаме редовно секс. нормално некогаш не ми е до секс ама 1-2 во неделата не со години...

    и да знаете дека за успешен брак или врска сексот е една од најбитните ствари после добар секс се се решава на убав начин сите се среќни и задовлни и плус нема поголемо поврзување со парртнерот одколку кога водите љубов. значи не не треба да ви биде приоритет но не треба воопшто да го потценувате.

    а на 40 години мислам дека треба да се доживува најдобриот секс кога децата се потпораснати кога партнерите се зрели и знаат што сакаат...
     
    На sj *O*, Trendafilka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.