Фала на сите. Веднаш му реков на мм дека нема да учествувам во таа глупост ама изгледа не ме сфатил доволно сериозно па вчера гледам седнати двајцата (мм и другаров) кај нас да сум седела да правиме муабет. Не знам по кого повеќе викав. Викам зарем мислите дека е нормално да седиме тројцата и да збориме за тоа? Па уште утре кога ќе дознае она . И дека не им личи муабетот ниту на едниот ниту на другиот. Ептен ме збунија, како да имаме по 15 години После размислував, криво ми е што ете имаат "проблем" а не може да им помогне некој од страна. Дечково е на место скроз (барем од она што го знам). Посветен и сопруг и татко, и деца игра, чува, готви, чисти... (добро сигурно и чорапи фрла кај стигне ) ама нели некогаш не е се ни до тоа. Во секој случај му реков да разговара со неа а он упорен дека разговарал. Додадов само дека очигледно или недоволно разговарал или недоволно слушал, жена некогаш многу кажува ама мажот не ја сфаќа буквално
Не патиш ти, пати маж ти. Иначе, кога си у брак и имаш деца, ако сакаш секс од жената, треба само да ги успие децата, да ја смениш у средување кујна, за да одмори бар еден саат пред да си легнете и ете. А не он да си гледа у телефон, она се да прави па уште и секс нејќела. имаше една анегдота за еден тип, вика денеска решив да ја сменам жена ми. Ги разбудив децата, направив појадок за нив, за нас, исчистив цела куќа, направив ручек, собирав играчки, спремав овошје и сокови. Два пати измив садови, бев у маркет, пишував домашно со двете деца, го избањав, направив вечер,а пуштив две машини алишта, спружив, ги легнав и им читав приказна, кога легнаа сметов и ставив ручек за следниот ден. И сега некој уште да дојде да ми рече шири нозете, ќе го убијам.
Како сакаш наречи го сепак не е баш најнормално да си асексуален...Асексуалците не патат зашто немаат секс ипак немаат никаква потреба за тоа но и те како патат од други "состојби " кои можат да бидат последица на немањето секс...
Многу ме интересира кои се тие состојби од кои патат, кога немаат потреба од интимност и физички допир на пример.
“Ако не правиш како што мене ми е убаво, сигурно нешто не е во ред со тебе“ Тешко име на луѓето да разберат појави кои не им се својствени.
Јас пак мислам дека ако некој нема потреба од интимност дека тоа е последица од нешто што го мачи. Дали депресија, анксиозност, недоверба, страв од нешто...некоја состојба која поттикнала да нема потреба од интимност и од никаков физички допир. И тоа како продолжува да трае се продлабочуваат проблемите што понатака веројатно поттикнуваат и други последици. Мене не ми е нормлано да нема некој потреба од една прегратка, од бакнеж.
А тие се? Асекссуалност или ниско либидо или други причини за немање секс сеедно не се животозагрозувачки состојби, океј е.
Не се мешајте, нивни проблем. И не е некој голем проблем ама нивно си е. За некои партнери 2,3 пати месечно е нормално, за некои толку неделно. Кога се има деца, не оди секогаш по план. Сите немаат баба сервис или не сакаат. Кога повеќе од денот не знаеш каде ти е главата со мали деца, навечер тешко дека некоја до секс ќе и е. А и мажот па, колку години е 15? Друг да му решава проблемите дома, седни како човек прашај ја, за тоа голем удел и хормоните имаат ако треба да се испита, или можеби преморена е, има многу можеби..
Ти како права пријателка кажи и дека знаеш за тоа , веројатно она ќе разговара со сопругот.Штом маж и се обратил на вас како нивни пријатели и ти стори го истото .Може ќе и ги отвориш очите на пријателката дека тој наоколу зборува за интимната состојба нивна,така вистински ќе и помогнеш .Ова е мое мислење и совет и повеќе да не се мешаш а маж ти со него нека си зборува колку сака и како сака ,инаку на твое место би му рекла да му каже да не ве меша вас во нивниот сексуален живот
А зошто ја советуваш да и прави "дополнителни" проблеми во бракот? Плус и пријателството може да страда
Фер е да и каже дека знае ,зошто да молчи?Секако дека може и пријателството да пострада,но по мое мислење искрен пријател е оној кој е искрен и ти е верен.Не треба да премолчи .
Ако маж и продолжи да ги убедува пријателите,да.А за знаење пред се ,ако се работи за блиска пријателка би сакала да знам ,да ми каже .
Дали е се во ред со мене ? Со мм имаме секс 1 месечно или 2 пати. Се се смена од кога се породив првиот пат. Ми беше страв дека нема да е исто и се плашев да не го изгубам цело внимание од мм према мене, што ако се насочи кон бебето ? Не беше така. Се беше во ред. Ок. Помина доста време имав јас и постпородилна депресија. Мн ми беше тешко ментално, не посакувам на никој такво нешто . Наеднаш се сменав. Некако не сакам ни да помислам на секс. Значи не е до мм . Премн го сакам и презгоден е ,и многу ми е убав ама некако ич не ми оди паметот на така. Не ме возбудуваат други мажи . Немам ни фантазија за други. Едноставно како да бегам од тоа. Пр ако почнеме супер ми е. Ама во последно никогаш не сум иницијатор. Мн. Се трудам , ама незнам зошто ми е вака. Последна работа што сакам да ја правам е тоа. Во минатото воопшто не беше така. Дури мислам дека мм ме осеќа и почна да остава на мене дали сакам или не. Нежност има помеѓу нас многу. Постојано има прегратки, бакнежи, романтични гестови но поретко секс. И се е поради мене. Дали ова ќе се промени ? Да напоменам имам второ бебе па си велам можеби е до тоа или пак сум во некоја депресија....
Имаш 2 деца рмбаш ко коњ и последно што ти паѓа на памет е секс да имаш што е нормално ќе потпораснат и по друго ќе биде. Цел ден мислиш за јадење, чистење, шетање да завршиш триста работи на крај ти треба само да те гушне.
Јас сум иста. А навечер и да помислам, не ни успева уште пред бебуш заспивам од умор. Ваљда ни е фаза со бебињава сега. Пошто моето пример не спие цел ден, и тек вечер, а јас до тогаш сум преуморна што заспивам кај стигнам. Сметам дека ќе помине.
^ Ништо не ви фали само сте преуморни. Син ми кога беше бебе не знаев главата кај ми е првите месеци, додуша и маж ми не знаеше Посебно со прво дете е потешко, дека неискусни, јас научена убаво да си поспивам, ова ми дојде без сон како шок, едвај фатив ред. Кога потпораснат е друго. После па следуваат маќи да не ви улетаат во соба, или додека се кај баба се користи времето Кај сите е така со мали деца, освен оние што имаат постојано помош од бабите. Додека се фати ред во спиење, па после запчиња кога почнуваат да излегуваат тоа се непроспиени ноќи кои си земаат данок. И најважно првата година ни хормоните не се средени како што треба, ама се поминува.
Zdravo vo brak sum vejke 6g.. Vejke ne me privelkuva ic mm.. Nesakam odnos ic so nego pa ni mala blizina od nego mi e problem.. Dali vi se slucilo Nekogas vaka? Dali da razgovaram so nego ili ne..
Да. Треба да разговарате и да откриете која е причината и дали сакате така да живеете, дали можете нешто да смените ... итн..