Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Zenski ne znam sto e no vo poslednive 3 meseci skoro voopsto da nemame sex so mazmi skroz e oladen od mene...
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    16.988
    Пол:
    Женски
    Си го прашала ли зошто е тоа така?
     
    На Infinity freedom му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Da i nemam odgovor zaobikolkuva
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите!
    Во доста хармоничен брак сум веќе 4ри години во една западно европска земја и нормално имаме периоди со сопругот кога не ни е до секс и за истите повеќе воопшто не се потресувам како на почетокот, и тоа пазете немаме ни деца, нити живееме со стари родители, живееме сами.
    Има нешто во машката психологија и не мора да значи дека со сите мажи е истото, но еден добар сексолог овде ми објасни дека повеќето мажи поради тестостеронот кој им ги дава тие карактеристики, највозбудени се на почетокот од врската или бракот оти како кажав во природата им е да се покажат, да освојат, да докажат и после знаат да подзгаснат поготово ако дојдат деца, додека со жените е обратно, класична цис жена најмногу ужива и сака да има секс кога се чувствува најсетне стабилно со некого.
    Ова се само некои претпоставки, најсетне геј мажите и лезбејките исто имаат вакви проблеми, и понајсетне сите сме луѓе и не можеме да се навигираме како ние сакаме или мислиме дека треба.
    Прво, од искуство и од разговор со стручни лица, ве читам многу опседнати со тоа колку имате секс, дури со броење колку пати неделно или месечно.
    Лично појма немам колку пати имаме секс со сопругот неделно или месечно, оти водиме љубов дури и кога зборуваме, седиме на софата пред тв, јадеме.. Таа искра и тој љубовен спокој не ни исчезна и покрај секојдневието и проблемите што животот ги носи.
    Имаме секс кога двајцата сакаме, ако тој не сака или јас не сакам, секој си мастурбира кога сака и колку сака без едниот со другиот постојано да се инволвираме што е убиствено досадно. И јас бе сакам да си мастурбирам на порно и други машки алати без тој да е нон стоп присутен.
    После тоа уште поинтересно ми е со него.
    Кога ќе ми потпадне тој и нема либидо некој период не паничам и не правам драми, нити му зборувам оти така само ќе направам сексот да го гледа како обврска и мисија што на крајот ќе го направам импотентен на мене.
    Кога гледам дека ја претерал се правам најјаката ку*ва и го паѓам во несвест, и секогаш имаме ренесанса, и тоа не е тинтрење со свеќи и некакви долни вешови глупо ми е тоа, суров чист секс без да му навестам било што.
    Не ми е страно никаков секс со него. Мажите имаат простата која е добра колку и нашиот клиторис.
    Ако не сте му ставиле прст во анусот или тоа што тој сака не знаете што пропуштате а при тоа воопшто нема да стане геј потоа, оти гејовите тоа го сакаат со мажи. Некои мажи не сакаат тоа навистина се согласувам, но мала масажа околу анусот стварно им е ерогена зона, простата пости луѓе како тоа.
    Уживајте во орален секс, бидете слободни, бидете вие иницијаторки и видете ја играта, а не само да чекате тој да ви ги рашири нозете.
    Па и ја да бидам маж би ми здосадило само тоа да го правам и само ја да работам.
    Друго, во бракот не очекувајте норми никогаш. Се менуваме не сме исти. Да се грижите еден за друг, да си ги мирисате прдежите навечер и да станете практично фамилија ич не е исто како кога ми го мирисаше само Хипнотик појсон кога бевме дечко и девојка и кога пазев да не прднам пред него и сѐ беше насочено само кон тоа да имаме телесно задоволство.
    Па уште и деца ако имате, боже јака ви душа.
    Ја мислам никогаш не ќе имам секс повеќе ако дете ми има во станов. Па уште и македонски стандард, крпење месец со месец, па уште и свекри згора!
    Драги мои, шега на страна, бракот е таков. Две арна нема.
    Секс снемува и во бракови како нашиот без деца и супер услови.
    Кога се разбирате двајцата и не сте туѓинци еден на друг сексот секогаш се враќа.
    Ако сте станале туѓинци или тоа и сте биле ама сега сте го осознале тоа, па и чест секс нема да ве зближи.
    На крајот мислам дека отуѓувањето како партнери е клучното за овој проблем.
    А оттуѓувањето може да се случи и од премногу обврски и неможност сѐ да се постигне што се типични за балканските семејства.
    На запад превземаат онолку обврски колку можат да издржат и нема да им бидат пречка во нивниот сексуално емотивен живот.
    Ако мислат дека децата ќе им го уништат тоа, нема да имаат деца.
    Или ако немаат средства да плати некој да ги чува додека тие сакаат да уживаат.
    Балканците се најчесто несреќни оти по секоја цена ја следат традицијата и превземаат повеќе одговорност отколу што можат да дадат.
    Е нема 10 ет арна. Негде ќе се скине кесето од сета таа тежина.
    Ако ништо од горенаведеното не ве мачи и повторно сте туѓинци, на толку долги периоди секако дека нешто не е во ред и треба да ја најдете причината.
    Не сум броела оти мислам дека повеќе од месец дена не ни се случило да немаме, и тогаш некој беше болен од нас со операција.
    Да имам толку долги периоди без секс, а притоа да немаме здравствени проблеми би се запрашала искрено, али пак ќе потенцирам немам деца и не работи ко вол никој од нас.
     
    На tessie, sj *O*, marlonbrando69 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Претходно кажав неколку аспекти, а ги има многу.
    Ме заинтересира темава оти знам колку знае да те преврти наопаку, поготово почетниците, кога наеднаш од толку страст и секс, дури во првата година од бракот ќе дојде период кога ќе се гледате како пензионери, и навистина е пренормално.
    Поготово ако имате многу платонска љубов и сте осетливи по природа, сексот не оди со тие чувства заедно. Доаѓа во моменти кога се подослободувате од тие чувства.
    Ве убедувам дека многумина од вас мажите ве сакаат бескрајно, али сватете, поготово вие со деца, значи сега сте и мајка на вашите деца, многу чисто и фамилијарно е тоа чувство и некои од нас не умеат да го надминат. Не сме сите исти забога! Има парови кои абер немаат да имаат секс во спалната додека децата си играат во дневната, едноставно си умеат да се дистрактираат, а на некои дури им е стимул дека можат да бидат фатени секој момент.
    А мене внукот кога ми доаѓа на гости по две недели срам ми е по бањарка да бидам во дневна, а не па да имам секс во другата соба.
    Нѐ има секакви и затоа ве молам не се споредувајте со другите.
    Погоре веќе ги спомнав егзистенцијалните македонски проблеми кои те разболуваат во секој поглед, а оти да не го разболат и сексот кога веќе те имаат тебе, сексот си ти.
    И во најидеални услови сексот во бракот стивнува и не треба да е причина за толку многу сомнежи и стравови наеднаш.
    Ако стварно сте пребукирани со милион обврски, деца и македонски стандард побрзо прашајте се како сте уште живи.
    Сексот доаѓа со стабилност и безгрижност, оставете ги тие кои и со проблеми имале нон стоп секс, едноставно се такви како и ние вакви.
    Најсетне колку други квалитети имате во вашиот однос?
    Јас имам многу. Ми се чини и импотентен сега да стане во 30 тите нема да го напуштам, оти душата ми оргазмира од тоа колку ме разбира и помага. Подобар пријател немам од својот сопруг!
    И со следниот пак ќе згасне сексот после некое време, а можда ич ќе немам други квалитети со него.
    Прашања има многу и вреди да се размисли најпрво колку други квалитети имаме со нашите партнери и дали навистина ги сакаме, што е за нас приоритет и што очекувавме од еден македонски брак.
    И доста со примерите за бабите и дедовците што правеле, две заеднички точки немаат нашето време и нивното.
    Ако сексот навистина згасне на толку долги периоди, а сте здрави и односот ви функционира одлично секако дека треба да се прашате самите. Причини има милион.
    Најсетне многу од мажите првите симптоми на импотенција ги јавуваат уште во 30 тите.
    Па колку од мажите страдаат од други психички проблеми, а се плашат да кажат, ве молам.
    Балканскиот маж уште не е доволно еволуиран за да разговара за сето ова како човек, а не како "мажјак" .
    Жената исто. Мисли дека само треба да шири нозе и да биде очајна пред него кога нема тој да ѝ ги рашири.
    Прашања има бескрај, на вас останува да размислите што конкретно е вашиот проблем.
    Главните точки мислам ги спомнав.
     
    Последна измена: 23 февруари 2022
    На sj *O*, Cecko85, elenaklasik и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    8.472
    Пол:
    Женски
    @Mentalna85 сосема си во право за се што си напишала а најмногу за тоа дека не се сите исти, со тоа ни врските не се исти. И врските се менуваат низ времето, што не значи дека нужно стануваат полоши, со помалку љубов и страст.

    Не треба да се поставуваат критериуми за тоа што е нормално, да се даваат бројки колку пати неделно, месечно, дневно е нормално. Не е трка и натпревар. Она што за некого е доволно, за друг не е.

    Битно е вие како пар да сте меѓусебе ускладени, без разлика на другите околку вас дали им личи тоа нормално или не. Let them talk :lol:
     
    На anggell и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Апсолутно драга моја!
    Дури ми е жал кога ги гледам колку се напнати и исплашени, а со тоа создаваат само дополнителни стеги!
    Во момент на најголема взаемна возбуда да си речете ухх ќе имаме секс конечно, ќе згаснете од помислата на очекувањето.
    Нема поголем убиец на сѐ генерално од очекувањата.
    А сексот како најранлива категорија најмногу е погоден од истите.
    Познавам парови кои бескрајно се сакале и супер им одело за сѐ, чим се опседнал еден од нив со норми и бројки се развеле, а после им било криво.
    Не викам дека некаде стварно нема проблем, ама сметам дека тој проблем најпрвин се провлекува во другите аспекти на врската за последно да дојде во сексот. А читам многумина веруваат во обратното оти сексот веројатно им е единствената спојка, а ако е само единствената не знаат кои други прекраснотии ги пропуштаат од еден однос со човек кој го сакаш и најпрво треба да ти е многу добар пријател.
    Убедена сум дека ако веќе еднаш сте имале страст, ќе доаѓа секогаш ако ги имате и другите квалитети. Ако сте имале само страст, многу поверојатно ми е дека кога таа ќе спласне а секако дека спласнува, недостатокот од други квалитети и блискост ќе ве оддалечат побрзо.
    Повеќево мислат дека мажите сакаат и изневеруваат само за секс, НЕ, има мажи кои плачат за емотивна пријателка најпрво, оти тоа не го виделе во својата жена поради страста од која биле заслепени, и обратно.
    Колку од сиве овие очајни жени си го запознале прво сопственото тело и телото на нивните мажи?
    И на крајот сексот ќе се случува кога најмалку ќе мислите и ќе се опседнувате со него.
    Ако не ми е добро, сега се сетив дека имав период од некој месец кога поради психички проблеми ни на крај памет не ми текнуваше на секс и му реков фати си ја раката и некое време не чепкај ме ич, тој исто ми има речено кога е напнат и нема никакво лутење и правење филмови.
    Па за првиот Валентин дури позната сум по тоа кај другарките, отидов да купам торта и демек ќе водиме љубов, имавме некоја суша, ја подуплашена прва година од брак, и кога се вратив тој си мастурбирал брзо брзо додека ме немаше, а ја ко ментална си ја изедов тортата сама.
    И плачев и се смеев самата, ама тоа беше клучниот момент кога ги разбив сите стеги и ирационални очекувања. Тој период ми ја полнеа главата другарки со тоа колку пати имале секс, шо им се дешавало и на крај пола од нив се разведоа од тоа што многу имаа секс, а пола имаат швалери.
    А таа ноќ ако не си напраев добар муабет со самата себе и не се сетев какви сме биле пред да стапиме во брак и дека нема поголем затвор од тоа да не мастурбираме сами ма колку сме ги сакале нив, готова бев да се спакувам и заминам.
    Нормите, непотребните очекувања и слушањето другарки многу врати имаат затворено.
    За решавање проблеми се оди кај стручни лица, ама за жал таму нити имаме култура за тоа, нити прави стручни лица.
    И стварно кај секој кај кого снемало или исчезнало секс не би се чудела воопшто таму со условите во кои живеат. За чудење е како успеваат да имаат секс покрај сите тие неуслови.
    Сексот кај возрасните се случува кога се чувствуваме стабилно и заштитено, како кога на животно или дете ќе му дадеш храна, ќе го погалиш и почнува да се смее и тегне, е тоа чувство е потребно за да еден возрасен пробуди желба за секс ако е здрав и не му е одбивен партнерот.
    Еден проблем да фали мозокот не ни дава сигнали за опуштање и уживање во телесни задоволства.
    А таму ретко кој е опуштен.
     
    Последна измена: 23 февруари 2022
    На Cecko85, elenaklasik, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба да разговараш, и мојот не ми е привлечен стално некогаш пак и ич ама кога е до мене и ме гушка телото ми реагира одма и колку и да се запушти некогаш, сега и стомаче е, привлечноста ми доаѓа одвнатре.
    Ако воопшто толку време не чувствуваш потреба за интима, нешто згаснало сигурно, поготово ако имаш фантазии за други мажи.
    Јас кога згаснувам не сум добра со себе и не мечтаам за други, а кога се враќам при себе реагирам одлично.
    Разговор секако!
     
  9. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Имам пријатели маж и жена, млас брачен пар, мажот сака премногу секс , жената ич не сака, еднаш во 2 недели , што може да е со жената? А нон стоп се заедно и не оди ни мажот по други жени, ни жената по мажи , се нешто пна била уморна, не и било до секс , сакала да одмара...
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека е уморна.
    Дека неќе.
    Дека и е скурчено сама да се грижи за домашни и професионални обврски.
    Дека маж и не и помага доволно.
    Дека нешто не е во ред.
    Така мислам јас.
     
    На tessie, sj *O*, katalina и 10 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    колку години има жената?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Еднаш во две недели, не е ич.
    Немаме сите ист интензитет на либидото и немаме ист интензитет на либидото низ цел живот.
     
    На tessie, anggell, Mentalna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    29
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    многу млада бе 8-|
     
    На majaskkkk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80

    И понага маж и мнооогу и во домашни обврски и се
     
  16. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Па он сака почесто, сака дете, млади се...
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе тој можи да сака, ама таа може да неќи.
    Нека си седнат и нека си разговараат отворено.
    Ние нема да им го решиме проблемот на форумов.
     
    На sj *O*, snegulkata, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Колку би било нормално често да имаат секс? Јас на пример еднаш во 2 дена, некогаш дури и секој ден може и чудно ми е
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Се' е нормално.
    Со месеци не сме имале секс.
    Некои со години немаат.
    Некои по 5 пати денот се сексаат.
    Секој пар си е различен.
    Нема универзално правило.

    Затоа реков, треба тие двајцата да си седнат и да си разговараат.
    Или ќе се усогласат, или... ќе бараат друго чаре.
     
    На sj *O*, anggell, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    А зошто те интересира тебе? Мажот нејзин ти се жали на тебе, дека нема секс дома?
     
    На sj *O*, Ugly Duckling, Harper и 9 други им се допаѓа ова.