Вајлд, сексот го одржава бракот. Факт. Штом нема секс, нешто не чини. И јас да немам со недели, ако нема здравствени проблеми, и јас ќе размислам. Може нема веднаш да се разведам, ама тоа е почеток на крајот на секој брак. И оној кој што сака, може ќе остане во брак, ама ќе си бара надвор. Сексот е битен, исто како почита довербата, љубовта. Нема брак без секс.
Мене ми беше паднато либидото, поради депресијата. Ако ме оставеше тогаш, ќе го мразев. Затоа реков... јас тоа. Вие ќе си одлучите за себе. *И има бракови без секс. Моите немаа секс, после 30 и некоја.
Реков, освен здравствен проблем. И ние сега ради крварење во бременоста паузираме. Тоа се во ред ситуации. Друго не е.
Абе јас не верувам дека постои некој кој не пробал прво да реши Али на крај ако и на двајцата не им одговара зошто да трпат!? Разводот за да не се лажеме постои. И за да не трпиме де..
А оти мислиш дека е 'трпење'. Не го гледам така. Ставаш на кантар се' во бракот, не само еден аспект од него.
А што е ако не е трпење? Он би трпел за секс. Она ќе трпи коа ќе имаат секс. Што е Вајлд ако не е трпење и фрустрација да си одиш против своите желби?
Ами Вајлд, вие и надвор од дома нели си имате, кога некој не може, бара надвор од домот. Е јас не би можела да бидам во отворен брак.
Епа не секој сака да трпи. Пола и поише од тие шо идат на страна е ради трпењето. И доста веќе со тоа дека само мажот е крив за се. Во оваа ситуација ако не најдат заедничко чаре најарно е да се разведат. Јас лично не би трпела.
Тука е во прашање колку си општо одговарате сексуално што се дознава уште од самиот почеток. Јас не би можела да сум со некој на кој не му одговара да го "замарам" цело време пошто такво ми е либидото. И тоа е мој стандард за врска и моментално сум во врска која го исполнува тоа. Ако приметувам дека нешто се менува одма осеќам дека има проблем, дали во врската дали кај партнерот лично. Ако не може да се реши со месеци и месеци тогаш не си веќе сексуално одговараме и толку.. Ама во исто време сигурно нема да раскинам ако 3 недели не се ебеме, треба да е многу подолго од тоа.
Ne rekov deka samo za seks bi bil vo brak, tuku ako nema seks brakot zosto bi bil so nea? Radi decata ok no samo dokolku imame
Ако жена ти не сака секс, сигурно има некој проблем, наместо одма да мислиш на развод, подобро би било да го најдеш коренот на проблемот.
Јас бев во брак без секс. Не беше така од старт. Ми омрзна и се оладив откако почна некои работи (неповрзани со сексот) да ги прави. Пред да се разведеме година дена немавме секс, ако не и јаче. Проблемот не можеше да се реши зошто тој човек толку ме имаше разочарано што одвратно ми беше да легнам со него. И? Треба со сила? Ете коренот знаевме каде е и немаше начин да се реши.
@WildMk некогаш мислам дека намерно се контраш за се Брак без секс не можам да замислам,убаво кажа @JuLleE погоре,тоа е дел од двајцата како што е довербата љубовта,почит,разбирање ... Има периоди кога не ти е ни до секс ни ништо ама ако трае подолго време јас мислам дека има проблем,кој што може да се реши .
@majaskkkk1 очигледно дека ни ја кажа приказната од страна на "пријателот".Ако толку те интересира зашто не ја прашаш и "пријателката" која е причината за нередовен секс ако сте толку блиски ?
Амин, ми го зема зборот! Баш ме интересира што мустра на луѓе се тие кои ете така можат да си се навигирааат да извршуваат некој процес константно пропорционално. Да спијат секој ден во исто време и исто толку часа, да се чувствуваат добро нон стоп и ткн. Лично, има периоди кога сакам секс и секој ден речиси, а партнерот не е должен да ми го овозможува тоа. Затоа постојат и др начини. А има и периоди со недели кога заборавам дека имам дунда и не сакам да чујам за секс. Не ми е јасно како не разбираат дека либидо е нешто исто како и секој друг процес и дека е различно кај сите, и нема нормално или ненормално. И тинејџери има што не сакаат толку често секс. Тука баш прочитав некои членови не веруваа дека има и а сексуални луѓе и велеа дека не е нормално ако ги има. Нашиве мислат дека само секојдневно јавање е показател за здрав натус. Верувам дека има и такви со повисоко и стабилно либидо иако стварно не ми е јасно како може некој нон стоп стабилен и ист да е по нешто, али ајде да речеме дека ги има и нека бараат такви партнер(к) и за брак пошо им е битно, или нека си имаат отворен брак. Кога нешто ти е приоритет се бара токму тоа и завршена работа.