Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Има луѓе со депресија кои не можат од кревет да станат и да извршат физиолошки потреби, и на истите тие сум видела како партнерите им ги сечат ноктите и ги сакаат безусловно, и секако не бројат колку време апстинирале од сексот истите.
    Тоа е љубов.
    Сексот доаѓа секогаш со луѓето кои ги сакаме па макар апстинирале и години од некакви причини.
    Еднаш чим ни биле атрактивни и сме сакале да водиме љубов со нив, тоа си стои во мозокот ако не сме го избришале со нешто ДЕСТРУКТИВНО.
    Да. Има парови кои премногу се сакаат и се над секој ваш стереотип запишан тука, на многу од членовите мислам.
    Нема смисла ни да се дискутира повеќе. Сите имаме различни односи и либида, и
    за ова се разговара со партнерот и со себе самиот.
    Поздрав на сите.
     
    На IRBBB, nena2010, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    .......................................................................................................................................

    Паметно размислуваш, не ми е поентата Оганот се тие пеперутки кој ги имаме на поченокот, барем јас не гледам низ призмата на животинскиот инстинкт. Велат кој бара ќе најде, зацврстете ги вашите емоции , видете кај сте згрешиле кај се почнало.Продолжете дадети си шанса, затоа велам на Оганот замене е животот.Најмногу на Оганот и смета водата, а воедно водата се солзите измореноста и тркаѕа за пари. Но ние освен материјалност имаме и духовност а тука спаѓа и љубовта, страста и радоста.

    Сексот е само инстинкт за опстанок и јаготка на тортата.
    Сето товоето горе наведено е солидно напишано и искрено искажано.Немој да очајуваш само повеќе депресијата ја продлабочуваш.
    Не барајте по други дворови тоа е во нас, барајте во себе , компромиси и медијации.
    Вистинската љубов и страс ако била присутна на почетокот таа е длабоко всадена во нашата потсвест.Само свеста е голем непријател и ни ги меша работите.Вдиши длабоко и нурни во самата во себе.Само внимавај биди таму толку колку што имаш кислород за дишење. Ако не излези и крсти се со ОГАНОТ. Затоа што кажавме еден е животот, не треба да го силуваме.Бори се и барај, истите пеперутки никогаш во ист број нема да дојдат но барем тој ОГАН тивок што го спомнавме држете го сеприсутен и нека тлее во вашите срца.
    Се извинувам можеби бев подолг во своето излагање но беше искажано од длабочините на моите емонионални залистоци кој кохерентно пецкаат на емоционалната страст за вистината.


    Со почит,

    SecretMan
     
  3. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Немам никаков проблем со него, само се надоврзав со мојата апстиненција поради здравствени проблеми со цел да им покажам на членовите дека е нешто многу нормално и да не прават фама од истото.
    Не ми е прв пат да не сакам секс и низ ова сме поминале многу пати досега и воопшто не нѐ плаши.
    Значи со никого не би имала секс сега, не сакам ни да мастурбирам, проблемот не е во него, едноставно сум депресивна и си барам начини за тој проблем.
    Кога ќе сум подобра либидото си се враќа.
    Благодарам на советите, сѐ е во ред со нас, јас сакав само да помогнам со мојот пост да не очајуваат оти многу нешта се нормални, како кога ми беа кога бев сама пред да стапам во брак, и тогаш имав периоди кога не ми беше до секс, а сум можела да имам ако сакав.
    Така и сега, ако сум во брак морам стално да имам солидно либидо?
    Не никако.
    И токму зашто не правиме драма од ова со сопругот, секогаш се враќа..
    Пеперутките се секогаш присутни и кога му спремам доручек од ноќта за утрото и му оставам писменце до шолјата за кафе колку го сакам...
     
    На sj *O*, flower30, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    (y) Секоја почит кон Вас. Љубовта ги подмрднува сите граници.
    Се најубаво.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Благодарам, исто.
     
    На SecretMan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Лично зборувам за љубовта која ги надминува сите препреки ако ја има. Зборувам за бракот со сродна душа партнер кој може да ти е сѐ буквално и не те стресува ако не ти е добро и немаш волја за секс, него те прифаќа и ти помага да бидеш добро.
    Тие што ги врзала само сексуалната привлечност и потреба, секако дека и тие ќе се распаднат.
    Ако стапувате во брак со личност која не ја чувствувате како најсродна душа покрај останатото, подобро не стапувајте зашто брак без сродна душа е институција на заблуди и мачење.
    Колку и да имате секс ако е само тоа она што ве врзува, утре ќе имате потреба од сродна душа и пријател и ќе се заљубите попрво во друг, а нема да е сексот проблем. Или едноставно ќе ви здосади само со него/неа да имате секс.
    Ако фали секс постојано има проблем се согласувам. Ако фали емотивна надополнетост и меѓусебна грижа и комуникација пак има проблем и тоа поголем.
    Ако еден аспект целосно фали секако дека прекин е логичен.
    Парадокси има до бескрај..

    Може да се најде и едното и другото во еден човек, ама тоа нема да исто и пропорционално секогаш во секое време, како што не бев ни јас иста и кога бев сама.
    За тој аспект зборувам тука како можна причина за фрустрации, и за истрајноста да се задржи ако сте нашле веќе таква душа од партнер.
    Јас го имам и за се' зборувам со него.
     
    На sj *O*, nikolovskaaa1, stsmua05 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на разбирање и поддршка.
    ❤️
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.478
    Пол:
    Женски
    Има разлика измеѓу брак без секс и страст и брак со периоди без секс.

    Второто е нормално. Ако не можете да го сфатите како појава и да сте тука за вашиот партнер, не знам што да ви кажам.

    И очигледно треба да работиме уште кон разбирање на анксиозност и депресија.
     
    На sj *O*, Cosmic Girl, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Жал ми е.
    Кај мене се манифестира со опаднато либидо.
    Меѓу другото...
     
    На Mentalna85 и Серотин им се допаѓа ова.
  10. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Исто, не само опаднато, него мртво!
    Просто, да му раздадеш задушница..
     
    Последна измена: 18 април 2022
    На WildMk и Cecko85 им се допаѓа ова.
  11. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Тешко е да те одбива некој, ама ако на секој друг начин некој ти покажува дека те сака, наоѓаш начини да се справиш со ситуацијата.
    Иначе и обратно било.
    Ионака маж ми има пониско либидо од моето, кога е во депресија... he's dead.
    Не сме се откажале еве... 21 година сме заедно...
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Преубаво кажано @WildMk.
    Истото е и кај нас. И нему му се случува да падне обично после огромен стрес на работа.
    Се опседнува со проблемот и во сон ги зборува колегите..
    Кај мене од анксиозно-депресивно нарушување, буквално имам страв од сѐ во тие периоди. Страв да одам да се истуширам, и обично ме фаќа на пролет.
    И одма да се разведеме кога стварно причината не е во нас?
    Истата бев и сама кога бев. Немав возбуда ни да мастурбирам во тие периоди.
    Никогаш не ни помислил да најде друга, нити јас исто, зашто како велиш на милион други начини и понатаму изразуваме љубов и грижа.
    Со годините не исто се носиме со либидото како на 20ет..
    Јас сум 37 тој 41..На 20 што и да ми се случеше умеев некако да се дистрактирам, сега не е толку лесно поготово после сиов овој стрес со короната и губењето работни места.
    Него ова би било друга тема, зашто некои и покрај немањето други проблеми едноставно не сакаат да имаат секс со своите партнер(к)и.
    Тоа е веќе друго.
    Не се наоѓам таму.
     
    На sj *O*, mira.mira, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Јеби га друже судија...
    Животот се случува, додека ние правиме планови.
     
    На cresa-jagoda, Annath и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  15. Anni5

    Anni5 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите нова сум на форумот
    Имам 27год и сум 6год во брак со дете. Во последниот период од 2год со сопругот не осеќам никаква потреба од секс. Го сакам и бракот ни е супер, но во врска со секс секогаш е со претходно договарање и тоа го правам за да не наоѓам изговори и да го одбивам. Во последниот период сватив дека тоа го чувствувам само кон него затоа што се појави друг човек кој иако не го познавам доволно осеќам поврзаност и желбата се враќа. Не сакам да го изневерам сопругот, но како поминува времето ништо не се поправа. Ве молам за совет. Убав ден
     
    На Tammsy, Cecko85 и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Обиди се да разговараш со сопругот, монотонијата разбиете ја со некое патување па макар и викенд романтичен само вие двајца. Лесно е да изневериш но што потоа? Дали вреди да си го расипеш домот и семејството само ради копнеж и секс
     
    На minne992, tambelina, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    Бракот е перманетна борба на двајца кој патуваат заедно кон животниот теснец.
    Компромис и комуникација мора најнапред да се дадиме себеси во целоходноста на институцијата и поврзано со емоциите да го најдиме она вредно кој што на почетокот не поврзало.
    Неверството не е решение треба да се бара причината.Доколку нема простор само тогаш преминуваш на ново ниво и нова фаза.
    Но со расчистени сметки и без многу драми.

    Сепак БРАКОТ е компромис и комуникација.


    https://mk.wikipedia.org/wiki/ Брак
     
    На Мамичка и mira.mira им се допаѓа ова.
  18. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Изневерувањето нека не ти биде опција, ништо добро не носи. Разговарај отворено, кажи му дека постои монотонија, дека сакаш да го решите ток проблем, а можете да посетите и советувалиште, ќе ви дадат tips за како повторно да ја разгорите страста. Очигледно дека проблемот не е до либидото, туку до монотонијата.
    Ако си отворена и навистина сакаш да ја смениш ситуацијата, не е проблем кој не се решава. Е сега ако неќеш, тогаш излези човек, и кажи му дека не ви иде, не си среќна, и прекинете го бракот, а не подмолно изневерување.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Кажи му отворено на сопругот, како се чувствуваш.
    И разговарај со психолог.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Во животот ќе сретнуваш многу личности, можеби уште 10 други ќе сретнеш кои ќе бидат симпатични и слаткоречиви. Многумина пред жените кои не им се во куќа се такви.
    И самата кажа дека го сакаш сопругот и имате убав брак. Внеси нешто ново, потсети се на старите денови, ама не си расипувај мирот и љубовта во домот.
    Многу пати сум кажала и пак ќе кажам бракот е многу повеќе од пеперутки во стомак и секс.
    Сопругот е за секс, ама многу повеќе за убав збор, подршка, кога ќе бидеме во лоши, најлоши денови да се до нас и за сите падови. Во убаво и леснотија лесно е да си со некој, е тогаш и сексот е песна.
    Ако со сопругот не се замислуваш на стари години, кога децата си имаат семејство, нема што понатаму да се размислува.
     
    На Tajnaotrovna, Cosmic Girl, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.