Од искуство, медитација не намалува либидо, напротив. Нешто си ги измешал лонците. А ако ја прелисташ темава за жал ќе видиш какви бракови се тие без секс, не се нешто духовно исполнети и задоволни тие партнери, така да, твоите тврдења паѓаат во вода.
Само да ти кажам дека човек каков што го опиша погоре, нит се жени , нит го интересира жена, нит секс. Монаси можеби. Така да ова то го објаснуваш и ова што се пишува на темата се две различни работи.
Најмногу ме иритираат "спиритуалисти" кои на сексот гледаат како на нешто ниско, без да размислат дека и нивните "возвишени" духовни патувања не одат подалеку од онаа маса под черепот од главата која е дел од телото , и истите им причинуваат задоволство, мир што и да е, лично Ним, исто како и на другите сексот, водењето љубов како сакате наречете го, а на многу од нас и двете заедно, зарем ние сакаме само секс и ништо друго? Не знаеме што е платонска љубов и други несексуални видови на сензации... Често се шокирам кога истово го слушам од луѓе кои сум ги сметала за разумни. Веројатно "спиритуалноста" ја мешаат со темата Хуманизам која е најздравата, највозвишената форма на интелигенција на човекот, кога без разлика дали е сексуален или не, колку и како практикува секс, (а истиот е помеѓу возрасни битија) тој човек е продуктивен и прави добра за човештвото и природата околу. Дадов најпрост пример со еден добар доктор кој без разлика на неговата сексуалност и либидо , станува сабајле и лечи луѓе..и сите останати кои прават нешто добро за овој свет. А Буди, господи , и слични религиозни тракатанци на кои од не знам која причина еве им се гадело или не им се сакало толку секс нека си медитираат и понатаму, ако тој вид на сензација им годи..и секако нивниот целибат или медитација е сензација телесна иста како и сексот, ама ај докажи им. Се запнале духовното та духовното ко пустото да го чувствуваат вонтелесно, хахахах. Или ние кои љубиме секс чунки душа немаме??? Дај ми 15 мин на ден добар секс, останатите саати ќе имам снага и волја да го спасувам светот повеќе од сите богови што некогаш постоеле, хехехе!
Почитувани членови Ве молиме да се држете до насловот на темава. Секоја дискусија надвор од тоа ќе биде бришена, а членовите соодветно санкционирани.
A Хиндуизмот учи дека Кама Сутра. И ај сеа. Исто и потиснувањето на телесни нагони и премногу фокусирање само на духовното може да доведе до дисбаланс и духовен и психофизички немир. Стварта е во балансот.
Moze kako meraklikine pred brak se iznasitil od sekso i sea u brak domakinka ke izigrava mirna postena lol
Мнолгу пати тука читам совети од членки упатени до други членки ,дека ако се облечете во танга /секси облека сексот ви е загарантиран таа вечер аха.Абе девојки на тој што не му се дигнал на вас 1 година,нема да му се дигне и од црна танга.
Па не баш. Жена ако не му е привлечна на маж, тогаш ни со танга нема да му биде. Тебе некој лик што не те привлекува, ако му стави панделка на курето, ќе те привлече?
Жена ако не му е привлечна на мажот дома па нема потреба од брак...Мојот лик е дома и со панделка да ми излези ке ми биде и смешно и привлечно... Тогаш не е сексот проблем, него друго нешто
Ама сеа, значи друго е муабетов, ти многу буквално сфати. Ти на твојот лик дали ќе му излезеш у гаќа, танга, без ништо, си му привлечна како и обратно. Ама на сила да си му привлечен на некој не можеш, не е работата да думаш што да направиш за да легне со тебе, туку тоа природно си доаѓа.
Се сложувам. Уште додај немање комуникација, немање физички допири во денот, гушкање и се ствара одбивност веќе. Почнуваат кавгите. А инаку апстиненција во бременост се смета за проблем? Мислам дека кај некои и тогаш е една потенцијална врата кон неверства.. како многупати што сме читале низ форумот и од познати луѓе знаеме. Ако се нема доверба и гаење нежност и внимание и сите многу важни фактори за опстанок на врската, она гаење лесно преминува во гасење. И бременоста може да биде еден тест за довербата меѓу партнерите и почитта. Жално, место тој период да е период на зближување, кај други доаѓа до пубертетско однесување.
Брак без секс ти е како мрак,исчезнува блискоста помеѓу партнерите и ствара одбивност помеѓу двајцата жената сака да биде мазена, галена си сака внимание ако мажот тоа не и го пружи тоа значи си има најдено некоја друга на која сето тоа и го дава.Не е исто кога си легнуваш еден на една страна друг на друга,да не се лажеме не сме деца тоа е потреба на секое живо суштество.