Каков совет би и дале на многу блиска другарка кога ќе сподели со вас дека не била интимна со сопругот неколку месеци,или кога се интимни се било некако механички,ради реда,за негов ќеф? Дали маж може физички толку време да апстинира,нели имаат утрински ерекции,па може и спонтани во текот на денот,а кога си со деца од околу ништо работа,зарем не е проблем кога не се празнат? Прашувам од физиолошка гледна точка бидејќи поинаку функционираат за разлика од нас жените. Јас ислрено помислив дека има друга,бидејќи колку што знам од нејзино кажување (а сме многу отворени двете меѓусебе ) претходно имаа здрав и редовен сексуален апетит. Неговиот муабет е дека не мастурбирал,немал потреба… Женава почна да си ја руши самодовербата,и да се обвинува себе… Не знам што да ја советувам…
Srce moe se prazni toj kaj nekoja druga ..veruvaj mi Sovetuvaj ja da go faka patot na vreme,da ne si ja maci dusickata za dzabe
И јас го мислам истото. Ама душа не ми дава да кажам,мислам дека не сум објективна бидејќи си носам трауми од неверства.Па си велам да не ширам паники од моето искуство. Ме интересира физички дали и колку е тоа можно,без да мастурбира.
Ништо немој да ја советуваш ,не е мало дете,сама може се да си согледа.Колку и да сте блиски сигурно има некои работи за нивниот брак ,кои ти не ги знаеш ,а влијаат врз нивниот сексуален живот.
Kolku si poiskrena tolku podobro Mozebi taa gleda ama ne saka da sogleda Samo pazi na kraj da ne izlezes vinovna Oti za nea ako mazot e car vo domot dzabe ke ja ubeduvas vo nekoi raboti Zavisi kako taa go gleda nego
Епа затоа викам да не советува,не е нејзина работа.Пријателката и да ја праша за мислење/совет ,она треба да е свесна и да и одговори вие си знаете,вие сте во брак.
Од кај излезе исповедта за мастурбирање сега, кој може да каже дали да, дали не? Физички велат можно е, ама не знаеме, јер не сме мажи. Секој да си ги решава своите проблеми најарно, шо и да советуваш може крива да бидеш.
Може има некој здравствен проблем човекот. Го има ли директно прашано? Мажите нерадо зборуваат за намалено либидо, често го сфаќаат како пораз.
И на тоа помислив но навистина ми е многу тешко кога ја слушам како се напаѓа себе,упорно бара вина во себе . Повеќе ме интересираше од уролошка гледна точка колку е тоа навистина физички возможно ? Сигурно постои некоја граница што е возможно а што не .
Јас не ги сфаќам и луѓето кои на блиски се исповедаат за вакви интимни работи и бараат совет.Па колку и да сме блиски со некој нема потреба да знае за маструбации на мажот ми и за тоа колку пати имаме секс.
Toa si e nivno kolku se bliski Ama najpametno e da ne mudruvas mnogu oti na krajot sepak ke si vinoven
Заначи не ми е пријателка,другарка ми е,многу блиска. И многу ме погоди ситуацијата бидејќи гледам како влијае врз неа на психа. А млади луѓе,помлади од мене(имаат помалку од 30год). Искуството ми вели да се држам на страна од давање памет ама па од друга страна душата не ми трае да ја слушам како запаѓа во депресија. Па еве прашувам,повеќе глави се попаметни од една(мојата).
Мажот велел нема проблем и толку. Женава е сексуално фрустрирана,а тој упорно и повторувал нема проблем . Значи здрава права убава згодна млада жена да запаѓа во депресии дека нешто и фали итн…жалосно е. И јас со маж ми правам муабет кога има проблем ама не ми вели дека нема туку бараме решение.
Прашањето е од уролошка(веројатно) гледна точка дали е тоа возможно со оглед на наведените околности? Може требаше се друго да изоставам од ситуацијата и да го поставев прашањето вака директно и конкретно.