1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Ме извадивте од контекст мислев на недај боже неможе :x тоа за трендафилка- незнам како да цитирам две мислења :tmi: А решение секогаш има само упорноста треба да е најголем и најбитен дел од него :rock:
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кааако бе на 40 да се немало секс? :devil:

    На 20 сеуште се опипаваме и сме у фаза кога правиме се а не знаеме точно што.
    На 30 жената го има најдобриот и најквалитетниот секс, опуштена е максимално и точно знае што прави, како да го прави и што сака да и прават. Ајде јавете ми се сведоци и кажете ми дека не е така и дека не уживате повеќе од обично а и мажите нека се пофалат :D
    А на 40 - сексот повеќе од идеален.

    И на 40 јас да немам секс? Па ќе отидам во манастир директно а и таму не е веќе ништо сигурно, затоа што кај католиците се јавуваат потоа силувања по манастирите и трудни калуѓерки - со причина.
    Немање секс, не е здраво. Не се навредувајте едноставно тоа е така.

    Познавам девојки кои се фригидни и признаваат дека тоа не е здраво и не се навредуваат.

    Јадење леб, пиење вода, квалитетен секс. 3те основни потреби на еден нормален хомо сапиенс.

    Во бракот - без исклучок.
     
    На sj *O* и gwen им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Зошто ако некој/а не сака секс одма е чудна, ненормална личност???

    Зошто ако на жената не и се сака, мора да оди на психијатар, психолог??? |(

    Како што напиша некој погоре, има и термин `асексуалност`, значи можеби жената не гледа насекаде секс, секс, секс, секс, секс......

    Се` е поврзано со секс. Пушти тв, вклучи се на интернет, излези, сегде зрачи: секс, секс, секс....
    И ако некој не гледа околу него секс, е не е нормален?? :^)

    Жената си има свои причини, ама очигледно ги крие од мажот, али ако и самата беше свесна дека и` е проблем, самата ќе појдеше на психолог. Можеби нејзе тоа не и е проблем, си се задоволува со други работи во секојдневието.
     
    На softqueen и Antonija123 им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    Имаше мислам форумџики и форумџии овде над 40 па да ни кажат што се случува на тоа поле во таа возраст...Поуки од списанија дека сексот на 20 треба да е ваков, на 30 онаков, бла, бла... Сите знаеме дека сексот е битен, најмногу оние во дваесетите кои планираат да го имаат до 60...добар ви е планот, само...
    Имам разговарано со постари на оваа тема и скоро сите ми го кажуваат истото...Потребата за секс се намалува, па дури и ја снемува, станува како обврска која треба да се исполни, а се друго функционира одлично, па се навикнуваат на тоа...
    Тажното кај тебе е што не добиваш воопшто а не ретко... :( Проблемот е кај неа, таа очигледно веќе не чуствува привлечност, а ти не знам како би помогнал...
     
    На Bibko, softqueen, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Добро, не вадете ги работите од контекст, никој не вели дека нема воопшто да има секс на 40. Јас само сметам дека не сме ние луѓето ваљда паднати на ниво на животинки па за да јадеме, пиеме и се сексаме и како тоа да е најважно и единствен услов за живот, како што ми оставија впечаток некои коментари, па ко што би рекле некоја не дај боже ситуација, еве пример парализа кај партнерот. Нема да е способен за секс, се дотогаш било супер, ама пошто повеќе не ќе може да ме е*е јас ќе треба да собирам парталите и да ме нема, тоа е најисправно испаѓа. За мене некој на 40-50 години кој што очајно сака да се секса зачестено и е подготвен за тоа да уништува брак, да почнува неверства или да остава деца, си има некој проблем. Колку што имам запознаено такви луѓе не ми се баш во ред. Освен тоа, јас не знам за 20-30 години колку би ме привлекувало остареното тело на тогашниот сопруг за да се сексам со уживање. Не верувам.. Уствари ќе се видиме сите овде себеси како жени на четириесет и кусур, па тогаш ќе правиме муабет дали ќе сме за на психијатар зашто ни опаднала или евентуално ни исчезнала желбата за секс, јас ја напуштам темава, пошто очигледно не води никаде вака до утре сабајле можеме а не сме ни на тие години за да знаеме..
     
    На Bibko, MSkorpionka и julie77 им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Сите кажаа свои мислења, дијагнози и ставови во врска со твојов проблем ... Јас кратка ќе бидам.
    Според мене се работи за криза и тоа не мала, голема криза во бракот ... монотонија која довела до ова. Искрено мислам дека ти неа повеќе не ја привлекуваш. Извини на суровост ама тоа ќе е. Штом воопшто ни ти прифаќа ни ти иницира милување само, водење љубов ли ... има антипатија кон тебе. Ама веројатно не сака да признае за да не си го расклима бракот уште повеќе. И штом вака со години тера и станало навика така да сексот го потиснала негде многу длабоко, па затоа и не и е најважен дури и само важен. Се посветила на други работи. Иако може не делува така, веројатно е и депресивна ... без волја за да направи некој чекор напред и затоа уште повеќе тонете во монотонија.
    Имам пријателки кои само со еден биле во животот и останале ... Викаат ех колку би сакала да знаеме како би било со друг. Испаднав не кратка малку подолга, ама според мене ова ќе е причината, монотонијата, навиката и не привлечноста кон партнерот.
    И другите нека знаат дека жената и те како може да поднесе долга апстиненција. Толку.
     
    На sj *O*, Antonija123, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Едно е да не гледаш насекаде само секс,а сосема друго е воопшто да немаш потреба од него.Сексот си е секс,потребата од него е таа истата и на 20 и на 40,дури би рекла на 40 многу повеќе изразена бидејќи си оформена личност и добро го познаваш своето тело и знаеш што сака.Нормално дека на 40 нема само тоа да ти биде во глава бидејќи имаш повеќе обврски,деца,пари,дом итн но желбата за секс не гледам зошто би била намалена,освен ако веќе не се чувствува таа возбуда и привлечност кон својот партнер.Но и тоа го сметам за период кој што трае одредено време и поминува,и после се се враќа во нормала.
    Колку и да игра улога монотонијата во бракот и секој ден да е исотото ...човек си бре мајко му од крв и од мео, ќе ти се присака на моменти.
    Не гледам причина за да на 40 год ми се намали желбата за секс,баш напротив верувам дека тогаш ќе ми биде многу поизразена отколку било кога.Убаво е све што велите,човек си има деца ,дом ,па се грижи за др работи како на прм сметки,пари итн но не се слагам дека сите други работи се многу поважни од сексот.
    За мене добриот секс е некаде меѓу првите места на листата со работи кои би сакала да ги имам со мојот партнер,ако не и прва работа.И контра на некои коментари...да луѓе...храната е основна физиолошка потреба исто и сексот.Мислам да не одам премногу офф топик ама имаме милион испитувања кои и те како докажуваат колку добриот секс е здрав за човекот и целокупното негово здравје и функционирање.Му помага на оргазнимот и психички и физички. Затоа не се слагам кога велите дека не бил една од најважните работи.
    Човек кој континуирано го избегнува,и не сака секс никако...дефинитивно има проблем.Или пак у краен случај се изгубила привлечноста и возбудата кон партнерот...ама и да се изгубила понекогаш пак ќе добие нагон за секс.
     
    На Annath, Peppermint, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    171.911
    Е па,квадрос ,што да ти кажам?
    Уште додека го читав твојот проблем со „асексуалноста“на твојата сопруга ,се обидов да замислам каков тип на човек си.
    Во толкав пост за твојата сопруга ,јас не прочитав ни збор за тоа каков човек си ти освен што бараш секс од сопругата која си ја однел на друг континент.Чудо големо-друг континент,па луѓето на месечина одат туристички па никому ништо.
    Во мислењето не прочитав ниту еден добар збор за неа,се некако и наоѓаш маани.Ова твоето повеќе ми доаѓа како да бараш оправдување за нешто кое планираш да го направиш наскоро со некоја друга(ако веќе не си го сторил,бидејќи сопругата е „асексуална“-што и да значи зборот,смешно звучи.
    Дај ,напиши,со што се занимаваш ти,а со што таа,кој е финансиски столб на семејството,кој се грижи околу детето,кој го заспива детето?
    Подзамисли се малку,да не сте имале неверство во бракот-од твоја страна-сопругата ти простила,ама не заборавила???!!!па затоа сега повеќе да чувствува грозење од самиот чин ,отколку страст.
    Размисли,можеби имала непријатно искуство(пупу скраја било,силување како помлада па и тоа да оставило вакви последици),мобинг на работно место,абортуси ,тешка бременост и породување.
    Секое зошто ,си има свое затоа.
    Можеби,не ме сфаќај погрешно и без увреда,ама го знаеш вицот за сламката и комбајнот.
    Ако една партија трае 2-3 мин(колку машкото да си го направи ќеифот)да ти кажам право и јас би станала како сопругата .Па замислете си девојки,доаѓа,го вади,го става ,1,2,3,.10 сек.готово-се врти и заспива.Е..ти и сексот и партнерот.
    Многу сте емотивно раздалечени,не те чувствува за близок со кој ќе биде интимна-запрашај се кога се раздалечивте,кој период се случи тоа,дали кога се роди детето или...???
    Тоа што сопругата „не дава“,не значи дека има психички проблеми.Некогаш гордоста или пак борбата за здржување на своето јас , зарекнувањето,стравот(пак се враќаме на гореспоменатите можни причини) се посилни од човечкиот инстинкт т.н секс.
    Како и да е ,обиди се да створите емотивно зближување ,во кое таа ќе ти ги довери своите стравови,желби и потреби во врска со сексот .
     
    На WildMk, emekreme, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не вадете ги работите од контекст, а се продолжува со бизарен случај ко парализа кај еден од партнерите? :^)
    Значи зборуваме за нормални маж и жена, физички здрави и способни кои немаат исполнет сексуален живот.
    А вие притоа се вадите со некакви си аргументи како не смееме да бидеме на ниво на животни
    Па да ти кажам тоа и се најважните услови.
    Си испуштила само спиење +.
    Јадење, пиење и сексање, односно продолжување на родот, како една мошне битна работа, покрај нели примарната функција - уживање во сексот.

    Мене искрено ме чуди една работа, не сакав да навлегувам ко некоја пицајзла, ама зашто давате банални примери и одите во крајност , ќе одам и јас.
    Вие кои сексот не го сметате за така важен, по дифолт некако пукате од романтичарски чувства, сакате нежност, топлина, разбирање, бла бла бла, а земете погледнете било каков филм, или било каква литература - од квалитетна до петпарачка и ќе видите како најголемите љубови завршуваат со описи за жестоко водење љубов, како на долго и широко се опишува страста помеѓу партнерите, како примарна за среќен опстанок.
    Ме чуди како така романтични души не веруваат во добро, редовно и квалитетно плескање.
    Простете ми на моите изрази, јас сум животинче во душата. Тоа ќе да е.

    Ако сексот не е важен, не го сфаќам чинот губење невиност, не би имале потреба од допири и интимност, зашто не е важен де, се живее и без него.

    И да, има психолошки проблем ако се работи за асексуална или фригидна особа, затоа си има соодветна стручна помош.
     
    На sj *O*, WildMk, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    Во романите Трендафилке обично крајот завршува со таков секс, откога долго време се меркале главните јунаци, или имале недозволена љубов, па на крајот happy end се љубат до бесвест-тоа прво, а друго-роман си е роман, а и ретко кога прикажува што се случува со истите после 10, 20 или 30 год. :)
    Никој тука не е против нежност и романтика и секс, но тоа се заслужува, а дека треба да ти следува затоа што си во брак, и дека треба да имам желба кон сопругот иста како што имам сега без оглед на се? Можеби, не знам...Ти веруваш дека секогаш ќе биде исто?
     
    На WildMk, zhap4e, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    ^^ Реков не се навраќам на темава ама.. Чекај, ти ова озбилно? :D Девојче ај што си полно со предрасуди и упорно се навраќаш да ги вреѓаш сите кои размислуваат поинаку од тебе т.е поприземјено и пореално од тебе (да, да, сексот на 50 е боза и лесно остварлив, колку лесно напалени 50 годишњаци има), уште и почнуваш со лупетање.. романтични души, губење невиност, ајде сега и љубовни романи мешај. И да ние нормалните луѓе, според тебе "романтични души", јадеме, пиеме, спиеме, страстно се сексаме, плескаме, водиме љубов, како сакаш наречи го, можеби и поквалитетно од тебе, па затоа и не мрчиме толку како пицајзли. И кога не ми ја разбираш поентата, немој да ми реплицираш повеќе. Стварно имам нерви одвишок, :D ама не ги користам за да се расправам со некој како тебе кој очигледно мисли дека напредокот на човештвото во 21 век се должи на сексуалната активност, а пак види контрадикторност, човекот го става на ниво на животинка, зашто му биле потребни само 3+1 основни услови за живот, останатото во животот било се бла бла. И се само поради тоа што најверојатно така прочитала во некое списание, и ајт сега :hai: па-па, си имам предавање, па после ќе почитам малку стручна литература а не истражувања за сексот во женски магазини за да ги прераскажувам на форум. |(
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Антонија, како за некој со дебели и одвишок живци многу рипна, не се потресувај де, остани со стручната литература и не испревртувај работи.
    Мислењата инаку ти немаат никаква поента,
    посебно оваа реченица, :D за плачка е, не е за смеење, прочитај што си напишала, па рипај после.
    И немој да судиш врз основа на нечија возраст како размислува, па уште и да се дрзнуваш каков ми е квалитетот во сексуалниот живот. :D
    Јас инаку зборував општо, а не за тебе, случајно се погоди да реплицирам на твој дел, а ако ти се пронајде.... па твој проблем драга.
    Остани со стручната литература в рака, и имај убав ден.

    Не, јас знам дека нема да биде постојано исто.
    Исто како што знам дека никогаш нема да престанам да се трудам околу мојот сопруг и нашиот сексуален живот. Нема да квакнам мрсна, недотерана и несредена пред него со монополот или доминото во раце, нема да измислувам главоболки што ги немам или да бидам како некои со менструација 3 пати во месецот во времетраење од 10 денови секоја.
    На тоа мислам.
    И иако недај Боже некогаш се појави проблем во тој аспект кај било кој од нас, очекувам да си признае и отворено да си побараме помош.
    :)
     
  13. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Џабе ќе ти биде оргазмот на крајот на денот ако мажот:
    -пие, се коцка
    -нема почит, се дере на жената
    -е болно љубоморен, кажува како да се облекува, кога да излегува, што да прави
    -не се грижи за децата
    - лежи по дома, мрзелив е, не сака да работи
    - или пак од работа глава не крева и нема време за ништо, ја запоставува жената, не и посветува внимание
    - а уште помалку нежност
    - не ја сака како порано
    И ова не се никакви крајност туку многу чести случаеви во брак и врска.
    И да нагласам дека ние што зборуваме дека сексот не е најбитната работа работа во една врска, не значи дека го немаме и не уживаме во него, туку дека е само пропратна работа што доаѓа со уживањето во врската. И да, треба да го има.
     
    На WildMk, Shana, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    па ти мислиш дека некоја жена ќе доживее врхунац со ваков маж (како горенаведените особено за тепањето пиењето коцкањето)?? или подобро кажано ќе има желба за секс? :^)

    ова доле е општо, не е за хајди, да не настане бунки, како погоре ;)

    брак без секс- пиши пропало
    Hе можам да сфатам, навечер легне до тебе, па автоматски нели ви иде мозочето натака? :^)

    OOOOOO јас патувам повеќе од пола ден, скапана скршена кога ќе стигнам кај него, не можам да стојам, ама сила наоѓам да влезам во кадата да се избањам, и да се сексам 2 саата, така да уморна не уморна, кога се сака се се може, тоа уморен/а сум, во превод е не сакам ;)
    Hе сакам да мислам на ваков брак, само да чукнам во дрвце 3 пати, недај боже да ме снајде, па ни најјакиот шопинг, нити најубавата поема под виножитото нема да ме смират :D
    и да, ако дојде до ова, нема ништо лошо човек да оди на психолог да се посоветува, на крај краева има многу начини да се среди ова, ако се сака и ако се има воља од двете страни, нормално
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Се каам сто отворив да прочитам низ темата,не сум компатибилна да давам мислење еве немам ни 40 ниту 30,но дојдов до заклучок дека зените само кукаат и се самосозалуваат тоа било друго било па како така само за секс се зборува па имало други битни работи,има да! седнете и куцајте тука по тастатура и писувајте во темата брак без секс,епа ќе немате тоа нели не ви е приоритетно.За еден брак да опстане потребни се двајца,јас немам брак но имам родители кои се разведени па си дадов за право да споделам и мое мислење... монотонии монотонии ,некој погоре многу убаво се изјасни дека станува збор за здрави партнери кои немаат секс,според наведеното, мое мислење е дека тој каков таков побарал мислење значи :!: се труди човекот да го реси проблемот а сите други кои се трудат да објаснат дека таквата апстиненција е нормала,воала нека тераат таков брак и нека писуваат во темата сопругот ме напусти..
    Не посочив никој само посакувам сите кои барем малку размислуваат поинаку да гледаат да си го задрзат бракот а не да го растураат со измислени главоболки и незаинтересираност,секој мозе да одглуми и да направи на другиот да му биде добро,ама ако бракот се сведува на постојана глума ќе пропадне како оној на моите дома.. и да,не е приоритетен сексот ама на 60-70 или ептен во незавидни други случаеви.сигурно ќе речете оваа тука се прави паметна но некогас е добро и некој друг да сподели мислење
     
    На WildMk, joelle, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168

    Па тоа е поентата, дека треба прво битните работи да ги исполни мажот па после да бара редовен секс. Ако е се во ред, ќе и' биде задоволство да има секс, па и некогаш како што викаш ти и мртва уморна да му ја исполни желбата.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    Епа тоа де, тука некаде е зајакот, значи колку и да ни е сексот потреба, ако имаме аверзија кон некоја личност заради вакви работи кои се трупале секојдневно, тогаш се губи потребата или се потиснува, па или си мртов ладен во кревет или скроз го избегнуваш сексот...Лек? Психијатар, друга особа за секс, или помирување со ситуацијата? Секој по свој избор...
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  18. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Се чудам и неможам никако да си најдам дефиниција за насловот Брак без секс.Што чудо ке е? Во брак сум 1 година,а претходно бевме во 8 годишна врска.Имаме мало бебе,двајцата одиме на работа,живееме сами...сакам да кажам дека функционираме со сите проблеми и обврски што ги сноси еден млад брачен пар.Воопшто не е лесно ама време за нас секогаш успеваме да ,,украдеме,,.И јас сум имала главоболки-само мм знае да ме излечи.Сум била и уморна-мм одма релакс масажа :D
    Покрај сите тие обврски дете,куќа па да не е сексот пропаднавме мислам.И некој кажа секс и само секс као мажите само на тоа мислат,а жените демек не? Мм не ми е брат па да се бубнеме у образ и да си легнеме,се знае спалната соба за што ни служи :$
     
    На sj *O*, kate21, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Потполно се сложувам за ова.
    Кон ова можат да се набројат уште мноогу работи, и после на жената на крајот на денот ќе и` е до секс??
    Што за жал е честа појава во многу семејства, и типично за нашиот менталитет.
    Да не се правиме сите
    јаки ебачици
    , многумина имаат секс, но колку нивниот секс е ускладен?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Точно,се знае за што служи спалната....па ако после 2, 3,4 вечери си легнеме без да ги изгужваме чаршавите, па што ќе ми е, ќе си спијам сама, барем ќе се ширам.

    Се согласувам дека сопругата на господинот има некаков психолошки проблем, со оглед на тоа и дека избегнува да разговара за нивниот сексуален живот, избегнува нежности, бакнежи, прегратки, има нешто што ја мачи.
    Најдобро би било да се најде начин како да се убеди жената дека има проблем, да се најде соодветна помош.

    Зборувај отворено со неа, иако верувам дека веќе многупати си се обидел и си наишол на несоработка.
    Ако ја игнорираш и отстапиш, може тоа да си го сфати како олеснување, си и се симнал од грбот и веќе не ја гњавиш и не и досаѓаш. Ако сакате да го сочувате бракот не се откажувај.

    Сексот, бакнежите и нежностите се многу битен фактор во една здрава и нормална љубовна врска.
    Имало денови и јас сум била уморна, сум била нерасположена, нервозна, ама тоа се денови, а не месеци или години.
    Квалитетниот, а не квантитетниот секс мене ми изнудува насмевка, знам цел ден да се смешкам и со песна да си ги извршувам останатите обврски. И со теков на годиниве, да не подречам ама либидото ми се зголемува и си се приметувам и дека почесто провоцирам, па и иницирам. :$
    Затоа и за мене брак без секс-не е брак, можеби партнерство, соживот, ама не и брак.
     
    На sj *O*, Bozica1980, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.