Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.855
    Ne sfativ bas..nemaat ic seks oti maz i ne saka ja odbiva?
     
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Ова е прашањето.
     
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.855
    Bez seks maz mi izdrza cela godina, rizicna bremenost, poragaj, prsd toa izdrzuval i po 6,7 meseci koga lecev sterilitet i pravev opraracii, znaci od aspekt na toa se izdrzuva, ama sigurno masturbiral go nemam prasano toa :doh:
    Ocigledno covekov ima nekoj zdravstven problem ili laze deka ne masturbira.
     
    На Belabelinakinder и tambelina им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    За возможно, возможно е, долго може да се издржи без секс.
    Ама тоа не е уролошки, ако е физички проблем, како ниско ниво на тестостерон ќе има и други симптоми и треба да се оди на лекар.
    Ако е психолошки заради разни фактори може да е, некои поврзани со врската со нејзе, некои не, може му е стресно на работа, може нешто е депресивен.
    Во секој случај не е фер што ја мафта дека нема проблем и ја прави да се осеќа ко да измислува непостоечки работи, ама причините може да се разни и само тој може да и ги каже.
    Валда знае како да го седне и да го натера да и каже
     
    На tambelina и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  5. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.311
    Пол:
    Женски
    Во иста ситуација бев и јас мажот ми беше во депресија неколку месеци воопшто немавме секс онака беше мртов ладен, јас на се помислував дека има некоја друга ги анализира сите работи неколку пати, каде е секој ден тој излегуваше од дома за на работа таква му е работата што излегуваше од сабајле се враќаше касно.Се јавував на секој сат од околу ги прашував вработените што правеле каде работеле,и на крај испадна дека се му е од депресијата затоа не избрзувајте со делење совети додека не си сигурна за ситуацијата може да направиш грешка да растуриш брак, а исто кога бев бремена воопшто немавме односи
     
    На ZAHRA, tambelina, Mentalna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Дека една од најголемите причини е монотонијата во бракот,
    и се случува и кај луѓе кои биле на голем мерак еден кон друг на почетокот.
    Да се биде покрај некого секој ден поготово со деца и куп други обврски не е нешто возбудливо..
    Некои успеваат да се дистрактираат некои не.
    Мажите први креваат раце зашто биолошки се креирани да бидат запалени на почетокот, додека жените со тек на време кога ќе почувствуват стабилност имаат поголемо либидо.
    Познавам многу брачни парови кои ми се жалат на сексот, ако не и сите што лично ги знам се жалат на 3,4 година од бракот или заедничкиот живот.
    И кај нас веќе се редуцира од еднаш два пати неделно на еднаш на две недели, а на почетокот беше секој ден..
    Мислам дека се нормални фази од бракот и кој умее да сфати дека можат да се пребродат и му е до партнерот со другите квалитети, се поминуваат.
    Но, сексот никогаш не е ист како на почетокот, во тоа бидете сигурни сите.
    И ништо сексуално не значат утринските ерекции кај мажите освен биолошка реакција на процесот на организмот кој се случува ноќта.
    Дигнат пенис не секогаш значи желба за секс , а верувам многу мажи веќе исто се уморни од неинформираноста на жените за нивната природа, поготово од оние што секоја промена ја поврзуваат со друга.
    Причините најчесто се овие , носат и други подоцна ако не се поминат, ама не сите мажи така одма одат со други .
     
    Последна измена: 4 јануари 2023
    На Biljarkata, ZAHRA, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Е де, ти го гледаше што прави,
    .. абе соземете се не лупетајте вакви глупости, одговарате да разведете некого а можеби причината не била тоа.
    Со ваков речник и идеи јас би те разведила да ми беше жена.
    Зарем бикови се мажите само на празнење и приплод мислат...
    Жал ми е што немате убави искуства со мажи и што сметате дека сите се тоа.
     
    На crazylady, mcdreamy, jacqueline.s и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Исто една од причините. Точно.
    А повеќето жени си мислат дека од мажот е измислен сексот и дека нуклеарна војна да фати мажот ќе има ќеф да работи..
     
    На crazylady, mcdreamy, boo3 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Секако дека е возможно!
    Насобраната сперма телото наоѓа начин да ја ослободи и тоа не е само преку ејакулација!
    Машкото либидо е далеку покревко од женското зашто бара оптимално физичко и психичко здравје за тој "фамозен" орган да функционира како треба..
    Од професионален аспект ти објаснувам.
    Урологијата ми беше професија.
     
    На mcdreamy, tambelina и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу за појаснувањата.
     
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Ќе посочам на еден аспект кој е сметам НЕМИНОВЕН во деструктивната фаза на бракот и врските воопшто, и истиот игра голема улога во редуцирањето на сексот.
    Како во целата природа така и во човековата ,нели сме дел од истата, постои деструктивен дел кој е во сите од нас.
    Некои се посвесни за него и умеат да го препознаат, разберат и канализираат продуктивно , некои не.
    Да беше возможно да доживееме утопија на светско ниво, пак немаше нешто да ни чини и ќе ја растуревме. Истото се случува во целиот познат универзум за нас, а да очекуваме тоа да не се случува во бракот е апсурдно.
    Премногу холивудски филмови гледавме во минатиот век!
    Фазата на негација која следува веднаш после фазата "меден месец " ја доживуваат сите без исклучок, некои поинтензивно некои помалку. Во таа фаза почнуваме да го гледаме сѐ она што не сме или не ни сметало на почетокот кога сме биле опиени од хормонската екстаза во мозоците која е биолошки процес како кај животните така и кај луѓето со цел да се репродуцираме (со исклучоци), во најголем дел е вака.
    Во фазата негација природата нас луѓето како суштества со поразвиена свест, нѐ припрема за повисокото ниво на љубов кое ќе ги надвладее анималните инстикти и е многу сурова фаза од која многумина сакаат да кренат раце меѓу кои и јас понекогаш.
    Сѐ она што ми било привлечно во минатото кај сопругот сега ми смета.
    Ако на почетокот кога ќе се посипеше со храна кога јадевме се смеев, сега ми доаѓа да му удрам шамар.
    Кога се запознавме покрај другите прекрасни квалитети паднав и на неговиот лежерен стил и едноставно поинаквост , а денес сакам да е елегантен, да купува парфеми, да е повисок , да не проќелавеше уште повеќе, да нема стомак, да нема њус појави од антидепресивите и аноргазмија која ми пореметува сѐ..
    А и ништо од ова да немаше и да беше некој од оние актери кои ми се вечна љубов , сигурна сум дека ќе почнев да наоѓам мани и ќе беше истото и со нив во фази како оваа и ако ги немаа останатите квалитети како мојот сопруг веројатно разводот ќе заиграше како од шега .
    Она што ме задржува со него и успешно ги поминуваме овие негативни фази е пријателството, буквално ми е најдобар пријател, безусловната грижа еден за друг, љубовта како кон фамилијарен член кој е достоен да ми биде тоа , а романтично сексуалните емоции се враќаат кога сме добри секогаш.
    Поинакви се од на почетокот кога се запознавме, сега би рекла дури поубави, подлабоки, само не се линеарни како на почетокот.
    Сега имаме периоди и по две недели кога не сме интимни но нема ден да не се бакнеме, галиме, асоцираме на секс без разлика што нема да се реализира веднаш како порано, нема ден да не разговараме како сме, што нѐ мачи , да си кажеме колку сме среќни..да се потсетиме дека не треба да се споредуваме со другите парови зашто секој е уникатен сам по себе .
    За некои нормално е еднаш годишно да имаат секс а за некои секој ден и сѐ е нормално доколку не смета на едниот партнер..
    Негативни фактори кои секогаш ќе се тука како и во се' во природата ќе постојат за навека, од нас зависи дали вреди да се бориме со нив и промените кои се неминовни.
    На крајот сакам да апелирам до сите женски членови кои се водени од идеата дека мажот е царот на сексот и иницијаторот и дека секогаш тој прв ќе изневери да си поработат на оваа многу погрешна идеа и да почнат да ги гледаат врските како и сѐ друго за кое се трудиме да биде подобро ако вреди. Кога ќе станеме најдобри пријатели со партнерот сѐ ќе биде подобро, а и разводите побезболни, поцивилизирани ..
    Мажи изневеруваат подеднакво како и жените.
    Секогаш ќе има такви, но исто така има и такви кои поминуваат низ сосема нормални фази во еден однос кои колку и да се непријатни не секогаш значи дека љубовта или привлечноста згаснала и дека сигурно не' изневеруваат.
    Фактори има милион!
    Разговарајте со партнерите за нив!
    Станете пријатели за почеток!
     
    Последна измена: 4 јануари 2023
    На Sunrise!!!, crazylady, mcdreamy и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    ИдеЈа* грешка при правопис, се извинувам.
     
  13. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Па еве прашувам,повеќе глави се попаметни од една(мојата).[/QUOTE]
    Site si imame razlicno iskustvo
    Ako planira drugarka i da bide slepa neka si bide neka ja praat budala
     
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    @Mateica

    Се ти знаеш , и дали е слепа, дали е будала, дали е маж и дркаџија.. Зборуваш за паров како лично да го познаваш, нели е малце глупо? Ти можеш да си кажуваш за твои искуства, а не за некои кои името не им го знаеш, а не па бракот
     
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Видете и јас ако земам субјективно да размислувам и мене паметот на неверство ме тера.Што да правам,трауми си влечам од неверства.
    Ама затоа потенцирав од физиолошка гледна точка ако знае некој да каже. Еве Ментална85 во неколку мислења наназад многу добро објасни и образложи.

    Секој има право да си даде свое мислење-форум е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. celik9

    celik9 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    115
    зошто те тера на тоа?
     
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Другаркати побарала мислење од тебе, а не од рандом членови на форум , кои пробуваат да ја направат глупо говно кое треба да го остави мажот поради неверство. Немаат веќе смисла мислењава.Најдобронамерно одредени членови ти кажуваме да си стоиш настрана, да не и мудруваш, за да не испаднеш крива.
     
    Последна измена: 5 јануари 2023
    На Bitter-Sweet и tambelina им се допаѓа ова.
  18. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Нема на што, ќе бидам и потемелна.

    Значи, сперма и семен не се истото иако одат заедно.
    Сперма е машката репродуктивна клетката или " полноглавецот" која се гледа под микроскоп, а семенот е белузлавата течност која се исфрла од уретрата на мажот после сексуалната стимулација и истата се создава од простатата , семените меурчиња над неа и други жлезди , а во тестисите се создава само спермата (клетките) која не е семенот значи и нивниот хормон тестостерон.
    И попросто сево ова значи -Да не се секирате дека "јајцата" на мажите ќе станат големи како лубеници дури и ако не ејакулираат со месеци или години !
    И нема да одат со други за да се "испразнат" само поради "празнењето" кое евентуално сопругата не го прави како треба..(мала шала)
    Спермата (клетките) телото преку свој процес ги крши и реапсорбира ако не се исфрлат.
     
    Последна измена: 5 јануари 2023
    На cresa-jagoda, Серотин и tambelina им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Искрено не сфаќам зошто објаснувате сперми, клетки.
    Имале секс, сега немаат, тој на здрави очи ја прави слепа и вика си измислуваш.
    Манипулација е манипулација, безразлика која е причината за немање желба.
    Ако е физички проблем, депресивен е или нешто му се дешава, жена му има право да знае пошто и нејзе ја афектира.
    Ако не и кажува, ја остава со празна дупка, си има право таа да си ги пополнува дупките со претпоставки.
    Ако него не му се свиѓаат претпоставки, нека и каже отворено во што е проблемот.
    Врска нема никаква физиологија на репродуктивен систем.
    Ова е само еден секојдневен проблем на немање комуникација заради што луѓе и до развод стигнуваат зошто наместо да зборуваат, пикаат под тепих и чекаат да помине.
    Ако не ми кажуваше, јас на нејзино место ќе помислев дека или куќата ја прокоцкал или ме изневерува.
    Па уште да не треба да се лути што помислила на изневерување.
    Нормално дека ќе помислиш кога не знае да ти каже што му е.
     
    Последна измена: 5 јануари 2023
    На crazylady, Oneo, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  20. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Зошто да немаат смисла мислењата ? До сега вака на долго и широко не сум прочитала да образложи некој како што тоа го направи @Mentalna85 и баш големо благодарам за обемното објаснување. Еве ќе си стојат мислењата па некој со слични недоумици ќе си прочита. Ако не ги мрзи да читаат де.

    @Mantub и со тебе се согласувам во целост,но не е секој спремен на отворен разговор.

    @Серотин не знам зошто толку негативно настапуваш,па јас не го напишав нејзиниот идентитет. Плус и реков да си отвори и да чита на темава. Нејзе и се познати моите ставови,мислења итн Прашањето беше баш од медицинска гледна точка во таа насока.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.