Поглуп совет здравје. Може да е депресија, некој здравствен проблем или нешто слично. Не секогаш е неверство. За во туѓ брак најдобро совети да не се даваат. И не е секогаш швалерка во прашање.
Епа тоа е скоро секогаш проблем, ама ако не знае тој како сопруг да разговара со жена му, не можеш за жал ни ти да и помогнеш, ни ние. И на најдобриот брачен терапевт да го однесе, ако нејќе да каже што му е, другарка ти само ќе се нервира, не може таа и нејзиниот и неговиот дел да го превземе и да го реши. Причини за ниско либидо милион - ако не кажуваш што е, прва помисла е дека е нешто контроверзно. Јбг
Каде негативно настапив? Дај цитирај каде реков нешто друго освен тоа дека они најубаво си знаат што и како е , и дека треба сами да си го решат проблемот.Се исклучувам од дебатава за другаркати, со лесно нека и е, и памет во глава
Ама напишав,не и мудрувам туку поставив прашање на кое реално не знам да и дадам одговор,се најде членка -Ментална85 одговори и повеќе од прашаното,а таа си прочита на темава. Не гледам проблем. Еве и Мантуб даде добронамерен совет и тоа е тоа. Ти се осеќам како да ме нападна само затоа што јас поставив интимно прашање на анонимен форум во име на моја блиска другарка. Изгледа лошо те читам…што знам…
Нема никаков опис на парот или барем на мажот. Се согласувам со @Mentalna85 дека не мора да значи изневерување, но не е ни исклучено. Еден куп фактори се, психа, физичко здравје, нарушен однос, итн. Во секој случај јас не би напнувала за одење на терапевти и разговарање кога тој не сака. Треба понекогаш на човек да му се даде време и простор да си ја среди главата. Не значи дека проблемот ќе се избегнува, но мене лично напнувањето би ми влијаело контрапродуктивно. @tambelina другарка ти може да си најде нешто што ја исполнува и да го остави да олади. Сексот не се случува по автоматизам и не значи дека ако двајца луѓе живеат заедно се блиски. Многу е важно да продолжиме да се запознаваме, да излеземе сами, да покажеме несексуална нежност, разбирање за партнерот, да го ислушаме, едноставно да сме пријатели. Муабетот ми е дека пред било какво носење на заклучоци треба да се проба да се помогне со едноставни работи, нормално, ако нема основа за друг сомнеж (неверство, зависности, болест).
Отидовме до сперми и семени , зашто на членката не ѝ било јасно како и дали мажот може да издржи без да ејакулира подолго. Ѝ кажав дека може и објаснив зошто е тоа така, оти сметам дека е битно да се прочита зашто некои жени мислат дека мажите мора да се " празнат" редовно за да не им станат тестисите големи како лубеници од насобраниот семен кој не се ни создава во најголемиот дел во тестисите. Многу жени се убедени дека ако немаат односи тој негде се "празни" од тоните сперма во него... Жал ми е што многу стрејт парови на Балканот не се информираат за репродуктивното здравје на партнерот , не зборуваат за истото, чекаат работите сами да се сменат, и како кажав погоре не се пријатели воопшто. Кога би имале капацитет да бидат пријатели, прво нејзе ќе ја известеше за проблемот.
Апсолутно. Не треба да се крева одма паника и одење по терапевти и сл за да не дојде до контра ефект и она онака нејасно либидо стане уште позагрозено. За почеток јас би отишла сама кај терапевт да ме подотвори таму каде евентуално јас не умеам да гледам и би влијаела индиректно..за почеток. И на крајот тука можеме да поттикнеме , но не и да го решиме проблемот.. Барем јас не студирав психологија.
Ако мажот не сака секс одма има претпоставки дека изневерува а ако жената не сака тогаш е уморна и мажот наместо да бара секс треба да и помагa, колку сте само со двојни аршини. Од женска гледна точка не секогаш и јас сум расположена и искрено има месеци кога воопшто немам желба, ама ниту го изневерувам маж ми ниту се празнам на друг начин. Едноставно немам желба од премногу обврски и слободното време што го имам сакам само да седам и во една точка да гледам да се одморам.
Da bideme realni,ako e podolg vremenaki period brakot bes seks sekoj bi se zaprasal kade e problemot... Obvrski,problemi,brz zivot toa se stoi ali 3 meseca bes seks ja bi stvarno razmislila kade e.problemot
Се изначитав женски глупости. Ама јбг се тоа е од една традиција останата кај нас, дека маж неможе да издржи без секс или слично. А е сосема обратно, во поголем процент ако не и во најголем процент, се оние мажи кои потешко се возбудуваат односно им треба многу повеќе време за да се возбудат одколку што им треба на жените. Можеби на почетокот од врските, не изгледа така, но со тек на време доаѓа до тоа. Друга работа, и најмал дефокус и проблем може да биде огромна причина за апстинирање, во тој случај колку повеќе го стегаш мажот, толку повеќе се одложува враќање во сексуална нормала Од лично машко искуство, на почетокот на врската/ките , сум се чуствувал како секс машина, сум можел и по 12/13 часа континуирано, но со тек на време како се опшушташ во врската во смисол на целосно опуштање и споделување на животот, се' се сменува, имам 2 деца кои се разлика 1 година и нешто, и за цел тој период ке го речам од ,,3-4 години" сексот ми станал како споредна работа и сум избегавал јас , но ниту еднаш не сум пошол со друга. А пред децата, исто сум имал ситуации каде што сум апстинирал и по неколку месеци, но сето тоа било заради стрес, проблеми и слично (односно работи кои те мачат длабински а веруваш дека си силен да ги решиш без да ги споделиш со никого) и уште еден мал милион примери има за кои може да постои машко апстинирање за секс. П.с кога гледам дека и сперма спомнувате, еве одговор од машка страна, никогаш не е потребно да имаш секс или да мастурбираш за да излезе спермата. Едноставно спермата може да излезе при едно обично мокрење па дури некогаш и додека спие/ш.
Ти се изначита женски глупости, и да не останеш покус стресе поголема глупост од сите, ајде барем тие жени се, ко ти и многу мажи шо не знаат за женското репродуктивно здравје и психа , ама како маж да не се информираш дека семен може да биде присутен во урина само поради ретроградна ејакулација која наместо надвор од уретрата оди во мочниот меур , стварно ме чудиш..и не е ич нормална појава, напротив носи свои ризици. Еве има многу машки членови овде , нека кажат слободно дали виделе СЕМЕН (попозната како сперма), помешана со урината заедно??? Нема да се многу зашто е редок проблем. И покрај тоа што е редок, сепак не излегува тек така при мокрење, мора да има непосредно ретрограден оргазам и спермата што се вратила во мочниот меур ќе биде присутна во урината.. Или ако мислиш на исцедок од некаква инфекција па си ја помешал со сперма.. А влажни соништа или ноќни емисии имаме сите, и мажите и жените. П.С Е оти не се стави во Гинис со 12/ 13 саати континуирано секс? Оние во Гинис шо ги има барем акутен простатитис кркаа обично.. Браво бе јунак!!! Хахаха
Кој свати свати што сакам да кажам И никогаш не реков дека спермата се меша со мокрачата П.с криво ми е што не си искусила едно 12/13 часа (нормално со кракти паузи .
Не ме личи да одговорам во таков стил бе девојче. Ама се надевам има време ке го искусиш и тој дел од животот за кој што зборувам! Ама спрема начинот на кој говориш, мислам дека тешко...
Момче Македонче, само со умор ти одговорив на небулозите за кои беседеше погоре, и да, не би те сакала во мој круг, затоа реков тешко блиските. Од континуирано (непрекинато) отиде кај кратки паузи во кои и тавче гравче можда си скувавте, измеша урини и сперми како норма, а единствената можност да бидат заедно(непосредно) кажав која е и под кој услов. Во Гинис оние кои имаа секс по пола или цел ден во континуитет, (а така и тебе те сфативме зошто така го претстави најпрво) во најмала рака завршуваа со колапс од повеќе размери: мажите имаа акутна хемолитичка анемија, покачени метаболички ензими од форсирањето на срцевиот мускул и воопшто телото, и многу од нив секако акутен простатитис поради исцрпеноста на простатата. Муабетот ми беше дека не е нешто толку секојдневно и нормално и затоа постои Гинис за истото, а јас ни со ваков ник не би потрошила цел ден на секс ни со кратки ни со долги паузи па не знам за што на светот.. Секој со своите страсти! Битно ти се изнаживеа, тоа нека ми ти биде доволно.. Да не ти е жал за нас кутриве.
Добро утро на сите. Сношти дојдовме до заклучок со сопругот дека треба да се разведеме зашто тој смета дека не го привлекувам сексуално повеќе. Како разговаравме за се' и ништо не криеме еден од друг, сношти после подолго размислување од негова страна сватил дека не е проблемот во антидепресивите на кои е веќе некој период, него дека поради одредени проблеми и поминати два тешки локдауни заедно сами ,привлечноста од негова страна исчезнала за мене. Кажа дека премногу ме сака платонски и дека никогаш не би помислил на развод ако не дојдеше до овој проблем. Секс имавме по некои светски норми редовно, но од летото навака скоро секогаш јас бев иницијаторот. Токму тогаш почна со антидепресивите поради пост трауматично искуство со неговите родители. Се гушнавме со многу солзи и липтавме како мали деца, и си посакавме сѐ најдобро во иднина. Секако, ќе имаме комуникација верувам.. Се сакавме премногу, немаше ден да не си кажеме дека се' сакаме повеќе од себе, за делата да не правам муабет, но уште од самиот почеток бевме осудени да бидеме сѐ еден за друг , сами , без поддршка , и сметам дека премногу станавме фамилијарни, што за некои партнери е гоооолем трн офф! Од летово навака како вели ме чувствувал веќе како сестра, а јас него го чувствувам како се' најфамилијарно , но немам проблем да го гледам и како љубовник. Но, ете не сме сите исти.. Друга нема, никогаш и би немал без да ми каже. Едноставно му е жал да ме гледа како после толку труд нема резултати и дека порадо би сакал да ме види со друг ама среќна и посакувана. Последен апел од мене на темава е дека ако еден аспект целосно отсуствува бракот станува товар и скоро невозможно е да се работи ако трае доволно долго. Со чувства не може да се манипулира! Во минатото имав партнери со кои го немав овој проблем, ама не ги сакав како овој последниов, и пак беше пречка за хармонија и се разделувавме. Со овој доживеав апсолутна љубов каква на филм може да се види само, ама го снема сексот. Верувам дека може да се најде сѐ во еден партнер, ама и други многу фактори и среќни околности се битни тоа да се одржи. Самото од себе не опстојува така лесно. Јас мислам дека не би влегувала повеќе во заеднички живот после сите досегашни искуства, поготово после последново. Си требам самата јас да бидам најдобар партнер со себе и да направам тотален пресврт во мојот живот. Заеднички живот можеби после 60/70 ет ако сум жива, како придружник некаков да делиме живот, кога страстите ќе стивнат и ќе сме среќни ако имаме некој покрај нас. Поготово ако има добар хумор и душа.. Ви посакувам убави бракови со доволно многу од сите компоненти кои се битни или уште поубави разводи, без разлика на тагата да се прегрнеме како луѓе достојни на нашата љубов и почит ако ги имало.. Поздрав.
За скоро време ќе го видиш со друга, те откачува на фин начин не е до тебе до мене е... отвори ги очите и не ја барај грешката во себе... во приказнава има трета особа.
Навистина нема трета! Барем не реално... Предобро се познаваме, сакаме и почитуваме за да не би ми кажал кога би имал, и плус нон стоп сме заедно, не оди ни на работа од летото, а јас работам од дома, што уште повеќе допринесе за монотонијата која нѐ зафати. На крајот едноставно не го привлекувам повеќе така како би требале да се привлекуваат романтични партнери и вината воопшто не ја наоѓам во себе. Некои фактори и несреќни околности како пишав направија да станеме многуу фамилијарни. Тој не успеа да направи дистракција и понатаму да ме гледа како љубовник.. Или најпросто, хемијата кај некои престанува и без некоја посебна причина.. Да беше така лесно да се управува со мозокот немаше ни да постои темава. Никој не е виновен и никој не мора и не треба со сила да седи во брак ако еден аспект многу недостасува. И навистина нема потреба од трет,а ако едноставно тој дел не функционира повеќе. Немав ни јас други кога раскинував во минатото кога нешто фалеше. Ниту чекав да дојде друг за да раскинам.
И да не заборавам. Некои луѓе очекуваат да ја имаат првобитната возбуда од почетокот цел живот..Некако како да немаат капацитет да се прилагодат на другите нивоа од љубовта кои не се пречка да се има секс и понатаму. Веруваат дека со следниот можеби ќе го имаат тоа за цел живот. Имаат визија дека романтичната возбуда мора да е засекогаш истата и сѐ да е фиксно и линеарно, што верувам е невозможно поготово во долги врски и бракови. И сингл кога сме не сме секој ден исти.. Како и да е, некои луѓе не умеат да ги прифатат промените и да најдат привлечност во истите...