Не. Не сакавме и двајцата деца, барем не сега. Мојот сопруг како помлад имал доста разуздан сексуален живот и мислам дека го бара истиот флеш и во нашиот однос.. веројатно му фали тој живот. Уште на почетокот приметив колку и да беше прекрасен во останатите работи, не умееше да води љубов.. Сентименти во текот на сексот за него се трн офф.. И како му ја подарив сета љубов и грижа што ја немал од неговите како дете , станав асексуална за него.
Искрено, ме запрепасти. Пред некој ден баш те читав дека колку и да имате некакви пречки, многу се сакате, се чувате. А денес те читам скроз поинаку. Живот. Мозок. Се променуваат приоритети, погледи, енергија, апетити. Штом велиш дека сте си станале премногу фамилијарни, значи трагате по нешто друго. Дали би биле за отворен брак? Или дали сте воопшто за брак? Можеби ви требаат новитети во сексот, искусување диви нешта. Дали од почетокот бевте за брак, па сега се предомисливте, ви стана монотоно... Пример, јас со сопругот сме домашарски луѓе, фантазираме за новитети ама останува на тоа. Во сексот сме сепак на една иста линија, чат пат со по некоја таква фантазиозна идеја и тоа е. Ниту јас нејќам монотонија, ниту тој, ама не би пробувале со други или пак не би го раскинале бракот ради тоа. Онака сме, легнати на брашното. Сега па уште со дете, скроз поинаку. Се надевам дека ќе си среќна и ќе си најдеш партнер со кого ќе си кликниш во повеќе нивоа.
Не е реално да очекува и да мисли некој дека привлечноста и страста секогаш ќе е иста. Има фази во врските и бракот уствари е една фаза на врската, па работите се менуваат. Човек треба да е свесен за тоа пред воопшто да стапи во брак. Можеби брак не е за секој, ако мисли дека кога страста ќе ја снема и толку е.
извини, зошто не пробате да ,,зачините’’ во спалната? ако се сакате, се почитувате, се разбирате, ради ова ли ќе се оставите? можеш мал милион работи да направиш или направи некоја промена на себеси, офарбај се во друга боја, или смени фризура, почни да вежбаш, обнови го гардероберот
Ти благодарам драга на вниманието и интересот за мене! Стапивме во брак со луда љубов после без малку една година знаејќи се. Никогаш со никого немав доживеано нешто слично по интензитет и чувство на припадност, заедно со квалитетите наши. Значи, не беше само луда страст во прашање. Сакавме да бидеме во брак или било како заедно да живееме, двајцата сакавме моногамен однос и така остана до денес. Во меѓувреме поминавме низ многу тешки проблеми, нему му се случи семејна трагедија во која ги загуби родителите, пополека почна да страда од панично растројство, а јас станав неговото се', се грижев како за дете, премногу "мајчинска" безусловна љубов му дадов, што донекаде сум крива оти не ми текна дека многу лесно можам да станам Мадона за него..не знаев за мера.. Како времето поминуваше ја заборави првобитната слика за мене оти предолго се навикна на "мајката" во мене .. Нему му беше прво искуство со врска од овој тип. Со никого не живеел порано и водел малку од повеќе разуздан сексуален живот од кој ги гледав последиците уште на почетокот.. Јас не сум некоја чесна сестра и важам за жена со голема сексуална харизма. Многу добро изгледам физички, занимлива сум, немам табуа во сексот со него, се пробував и му дадов. Едноставно почна да ме чувствува како роднина без разлика на сѐ. Баш сношти ми рече дека можеби би се возбудил повеќе на некоја сосема спротивна од секси, згодна, убава и не знам што како мене, дека едноставно сексуалната хемија завршила и нема врска со физичкиот изглед истата. Ова го приметив уште во Јуни месец ама имајќи ги во предвид другите компоненти кои до денес функционираат совршено, се надевав дека е фаза и ќе помине.. Како и да е, никако не сум за отворен брак. Не сум јас тоа. Пролетта кога го приметив ова во очај имав банален чат со некој на нет и едноставно знам дека не сакам трет во врската. Што е тоа е.. Никој не е должен да не' сака/посакува за навека.
Се' од тоа правам и кога сме немале проблеми. Не ми е поентата да се фалам, ама за да ти доловам слика јас сум таа која изгледа како Наоми Кембел а тој е ниско, проќелавено човече со стомаче.. Во јавност нѐ знаат како Софија Лорен и тоа Понти нејзиното, и најсмешното е што тој до денес ме привлекува без разлика што ништо не прави за себе и така изгледа, а јас нему обратно ,што според некои естетски стереотипи би требало да е обратно. Сѐ е до " хемијата". И најекстремните спротивности умее да ги привлече ако ја има. Кога ја нема или ќе ја снема, по моите искуства мислам ништо не може да ја врати. Едноставно неговиот капацитет е ваков. Тоа му се има случено во мозокот, се растурила сликата, мозокот не му ги детектира моите феремони за сексуални повеќе и толку. Да е здрав и жив.
@Mentalna85 А зошто пред да се разведете не пробате да отидете заедно кај некој психолог и брачен советник?
Јас бев сама летово. Малку ме изнервира кога ми рече дека не гледа иднина и покрај другите убави страни. Ми делуваше многу вестерн себично, ама на крајот во право беше, барем за мојот случај. Ми рече дека никогаш не треба да им станеме многу фамилијарни на партнерите ако не сакаме да исчезнел сексот. Па добро ѝ реков: зарем не може да сме сѐ? Еве јас немам проблем ѝ реков. Повеќето имаат ми рече зашто го немаат капацитетот за интеграција во повеќе слоеви и обично тоа се мажите. Вака ми рече. И нема да се врати, џабе ќе се трудиш. Подобро е рече сентиментално да не сте поврзани толку и да не си бидете сѐ како вие, а сексот да ви функционира ако имате добро либидо и двајцата, и ви е битно тоа. За плачење подобро одбери пријател него сопругот и тој исто така, меѓу вас секогаш да бидете полежерни. Психолог од западна Европа каде живеам. Денес вакви се рече мислењата за еден романтичен однос, порани беа поинакви.
Те читав внимателно и стварно не ми е јасно ова последново, па фамилија за што е? Зарем треба да останеме на средношколска фаза на мување? Како бе за плачење одбери пријател? Нели сме си и најдобри пријатели? Да бидам искрена, не знам како толку смирено реагираш на изјавите на твојот сопруг. Си вложувала во некаква врска, си се давала 100%, си градела некаква иднина и на крај на типот му се ебе нешто ново. Па уште сакал ти да бидеш посакувана. Ова е комплетен булшит. Бракот треба да е многу повеќе од сексуална привлечност, не викам тоа да се занемари, ама бре се работи на тоа ако сѐ друго е во ред. Кај е разбирањето, каде е трпението за нештата да се променат? Искрено не знам како не си лута и навредена.
И јас ѝ ги прочитав мислењата на @Mentalna85 и можам да заклучам дека дибеков нејзин има премногу среќа што налетал на преразбрана особа. Детиште. Не е ни битно колку години има, ама зборување во друштво за секс со радном особи додека ти си присутна... Сега, на овие години, ќе ги запалам сите. Кое непочитување. Гомнар. Мисли си само дека не се ложел на други во меѓувреме. И да, верувам дека изгледаш како Наоми Кембел, ама верувај и ти дека на вакви кад-тад ќе им здосадиш, па како сакаш изгледај. Имав еден ваков, стално оговараше дебели, као леле маче, каква е немарна. Уствари, како се ложел на нив. Нека си ја бара сега твојов која сака. Можеби и ќе сфати што изгубил после тебе, кога ќе види дека примарно ложење нема везе со поврзаност. Вакви секогаш ќе бараат нешто ново. Дур не им "клофне" г'зот.
Сум и не можам да се смирам цел ден од плачење. Повредена сум многу, разочарана.. Плус далеку сум од моите и сите кои искрено би ме прегрнсле. Премногу го сакам за да му бидам лута, и сакам да е среќен кога веќе не е со мене. Да. Психолозите овде обично ова го велат. Ептен е неолиберално.
Муабетот со Наоми ми беше во контекст на претходната претпоставка од членката да не случајно сум се запоставила..и сакав да кажам дека не е никаков бенефит во љубовта и животот воопшто, нити сум го гледала така. Него дека напротив тој ништо не правеше со него и пак го сакав и преминував се'. А не е ич мал. 41 има. Но таа негова како да ја наречам, -невина харизма,, најмногу би му одговарало, секогаш правеше да му простам и верувам за секоја глупост. Но од друга страна правеше и многу дела. Фала ти на поддршка! Ми значи! ♥️
Сакам да верувам дека сѐ уште постојат врски во повеќе слоеви и со сите нишани. Денешницава е зезната, оти нуди достапност во секој поглед од живеењето, нуди слобода на избор. Луѓето се ослободија од прангите на минатото, на закоравеноста, ама заминаа во друга крајност. Ова е ера на задоволства, на материјалност, фриволен живот. Стануваме сѐ понезаситени и поалчни. Брачниот живот е состав од повеќе компоненти. Е која преовладува кај едниот или другиот партнер, тоа е личен свет. Кај мене конкретно, емоционалноста е многу побитна од сексуалноста, за некоја нијанса. Сакам и кога се преплетуваат. Мажите навистина се поинакви, нејќат можеби многу драмење, сентименталности, споделување ситнурии итн. Јас пак сум таква. И сакам некој таков кој ќе ме трпи со тие страни. Верувам дека сопругов ми е таков, иако ништо не ми е сигурно, сѐ си има граница. Има мажи кои, пак, сакаат жената да има мајчинска улога, а во тој случај жената нејќе така. Или обратно како кај вас. Ти си сакала да му помогнеш во тој хаос, ама зошто си му станала помалку привлечна, зошто се изгубила искрата? Значи, само нагонот го водел. Кога е така, верувај, секогаш ќе има крај на врската. Сѐ некоја ќе му здосади, мозокот ќе се засити. Психолошки чудесии се овие работи. Очигледно тебе ти треба нешто плус од обична анималност и секс, ти треба стабилност, емотивна потпора, а и ти некому да му си тоа. Баш е убаво тоа во врската, комплетна е. Ти посакувам после овој шок, да се соземеш, да си оствариш тоа што ти лежи на срце, тоа што си ти. Кажи ми, како реагираш пред него? Искажуваш дека ти е тешко? А тој? @Mentalna85
Абе батали психолози, тоа западното којзнае кај ќе нѐ однесе. Да, до некаде се согласувам со новиот пристап кон нештата, ама ова е веќе оттуѓување. Имам чувство дека овој те има изманипулирано да го гледаш како Бог и да се занемаруваш себе за негово добро, прости ми ако грешам. Кај е неговата одговорност во целава работа? Извини, дали е од Мкд сопругот или од запад? Ментална, јас се изнервирав од ова, глава би му скршила, не па да сакам да биде среќен.
Многу убаво напишано! Денес сум сама, тој е цел надвор оти му е тешко. Пред него бев мирна како вода без трошка провев. Сторено е сѐ веќе. А во минативе години си ги менувавме улогите, и во тоа беше убавината. Обајцата се грижевме за детето во нас, само што кај мене тоа ништо не смена. А кај него многу како вели. Прво сакаше и му требаше некој да се грижи како мајка, до во кревет да го носам кога ќе заспие на софата (од антидепресивите паѓаше во транс) до ништо да не чепка во куќата и јас сѐ да правам и да му угодувам. До по чоколадо да одам да му купувам на полноќ. Глупо ми е да го кажувам ова и воопшто не ми е криво, сакав да го правам , ама после да ти каже: е зашто беше таква иако јас сакав, сега не ми се дига повеќе на тебе. Многу месеци поминаа ама еве нема резултати. И јас сама му реков дека гледам и дали мисли дека развод е крајното решение, на што рече веројатно, и уште почна да ми философира како уште на почетокот всушност не бил еротски привлечен без разлика како сум изгледала, туку се заљубил во моето персоналити и големата душа. Дека уште на почетокот кога ме бакнувал не било како со другите , ја немало еротиката негова, нешо не ни се совпаѓале феремоните , ама поради шо сум била предобра и прекрасна ме засакал платонски. Ма после сите томови од пофалби тука шо ги имам пишувано за него, и сите ниски глупости простувано ова да го чујам после 5ет години заедно е срамно за мене. Јас сум го одбрала тој човек. Правеше многу други убави дела и беше одговорен за работи во кои јас бев слаба, а ниеден маж пред тоа не беше толку одговорен со мене за тие делови. На тоа паднав.