Ментална, по се ова што прочитав од што си му угодувала премногу, си престанала да му бидеш предизвик. Бракот е многу повеќе од секс и еротика, тоа е составен дел, но без другите сили заедно неможе. Исплачи се, и почни да живееш за себе, не за да му е на некој убаво. А него пушти го, тој не те разбрал баш за време на овие години. Џабе раскажува приказни, нека те пушти да си одиш од него, можеби на патот ти стои поубава среќа од него. Среќно.
Не е Мкд. На тоа и паднав, мислејќи дека ќе е поинаков од сите балкански мачо мажи кои ги имав претходно. Не ги земав за сериозни сите негови незрели испади и наоѓав начини да го оправдам секогаш поради другите дела. Али да те омажи зашто си само потенцијална добра партнерка а сега вели дека не бил " заљубен" на неговиот вообичаен начин, да западњачки е. Многу честа појава е овде. И ние јужњаџите имаме свои екстреми што не чинат, ама и тие не се за машала ич, чест на исклучоци. А верував дека ќе направиме баланс..
Твојот сопруг ми остава впечаток дека е несозреан и најверојатно му недостига разузданиот сексуален живот, претпоставувам со повеќе партнерки. Овој тип на луѓе многу тешко можат да одржат сериозна врска и брак. Ова е многу важен индикатор за во иднина дали тој човек бил стабилен во минатото или не. Покрај ова, мислам дека е одличен манипулатор, вината тебе ти ја префрлува, зашто ти си се грижела за него и си се однесувала како негова мајка. Wtf? Ова е ненормално.
Баш! Отиде до таму да ми рече дека и од почетокот као немал еротски примеси ( а по три пати имавме секс на ден во медените месеци) го кажувам ова во контекст на неговото дека од почеток немал еротска возбуда, после некоја фина норма за нас како индивидуи.. Престана да иницира од летоска со ретки 5,6 исклучоци , сѐ друго јас , за сношти да го чујам ова после 5 ет години. Се прашувам да не има некои несакани ефекти од антидепресивите.. Или јас прегледав преку прсти толку многу сигнали и факти кои му ги препишував на неговата "зеленост" која дури ја сакав поради другите дела.. Ваква мустра на човек прв пат среќавам. Добро е што силно интуицијата ми велеше дека не треба да имам деца некое време. Нека ми простат тие што имаат и се во слична ситуација, сигурна сум дека ќе се сносат и изборат со се', него муабетов ми е среќна сум што нема да го видам повеќе, иако веќе моли да не се разведеме. Ноќва ме сакал и да сме се стрпеле за еротското пак ќе дојдело ..Нека се надева. Друштво, многу ви благодарам на сите за советите и поддршката. Ќе ми треба само време да си простам себе и признаам дека сум само човек и дека може пак да ми се случи со друг во иднина, но затоа тука се разводите.. Не сакам ич да поминам години во себеобвинување колку сум "ментална".. Сакам да си го простам ова.
Ичч да не му дадеш шанса веќе.Ти подобар заслужуваш како вампир те исцеди овој.Кажи му извини ама јас знам колку заслужувам и колку вредам.Ми треба многу подобар од тебе.А тој нека си најде секс кукла.
Izvini vaka sto te prasuvam,rece ne e nas,da ne slucajno imas viza preku nego? Dokumenti? Ziveete vo negov stan? Te citav pogore deka ne planiras.vekw.so nikoj NEMOJ ne si kriva za toa sto si go sakala,nemozes.da.si osudis zivot vo samotija radi pogresan izbor...
Има луѓе одат 20 години не е земаат немаат деца сексуален живот трчи трчи сопни се на крај се земаат со некој/а за 1 месец или повеќе и го имаат најубавиот живот. Ако не си го привлекувала како имал секс со тебе? Антидепресивите и тоа како можат да влијаат на сексуални односи. Луѓе се борат со многу поголеми трауми во животот и загуби па стојат на нозе тоа е и бракот всушност заедно во добро и зло се преживувате заедно и се борите, ако тој се откажал уште сега подобро батали не вреди. А ти не се затварај да немаш никој друг ради еден мисир што не знае што со животот.
Е ајде де..Првата година не можев да го тргнам од мене , после имавме некоја убава норма, никогаш не се запоставиме долго..Се смена од летоска навака после антидепресивите кога почна потешко да доживува оргазам, и прво ми рече дека има опсесија дека нема да доживее оргазам пак при секој обид да имаме секс, престана да иницира зашто сексот почнал да го доживува како невозможна мисија во која нема да може да доживее оргазам, чувствувал отапеност за сензација на пенисот.. Ова го разбирам и е чест несакан ефект од антидепресиви и антипсихотици читав, и добро ја иницирав после стално, некогаш ќе свршеше некогаш не и престанав да зборувам за да не го фрустрирам повеќе. Ама да ми каже дека не сум негов тип и дека и тоа "малку " што било се срушило ради фамилијарноста е нешто после кое не можам да поминам, оти најсетне поради фамилијарноста барем ја почнувам да живеам со некого, поинаку би имала само секс и мува не би ме лазела. Совршено функционирам сама. Ма во гнев реков дека не би повеќе во ваков однос, сигурно дека би била пак ако засакам некој, ама не сум од оние кои патат ако се сами.. Супер сум и како сингл и во брак кога е добро. Не мислам дека само кога имаш добар сопатник е подобро, во двата случаи е супер кога знаеш да си направиш да ти е добро.
Се разведовме денес. Јас сум пресреќна и сигурна во одлуката. Тој ноќва се мисли дали требало да сме даделе уште една шанса.. На крај излезе дека има нешто на тироидната, отечена му е многу веќе две недели, следната недела ќе прави испитувања , и мисли дека се' што лупеташе е од тироидната. А стварно е многу чуден и во ликот набабрен, отечен , едноставно не е тој човек кој го запознав. А мислеа дека е само депресивен и уште му закачија антидепресиви летото. Можеби ја има подолго време без некои поинтрусивни физички симптоми, ама господ здравје да му даде, не му сум мајка. И јас здравјето си го срушив поприлично со него овој месец. Дојдов пак до тешка осд епизода, тахикардии од стрес, не јадам , се препушувам цигари.. Си требам себеси! На крајот не верувам дека од тироидната ги лупеташе ниските глупости за сексуални искуства пред мене во друштвото. Претолерантна и предобра бев! Никогаш повеќе за никого нема да дозволам да се изгубам до толку себе! Одамна не сум била толку блиску до себе! Чувството е прекрасно!
Продолжи така. Многу од стварите што тој ги направил а ти ги сподели со нас, не се направени од здравствени проблеми. Повеќето, уствари. На некои делови се насмеав, чисто дека е хистерично смешно како си дозволуваат, и мислат, дека може да третираат одредена личност како гомно и тепих за газење затоа што мислат ќе се навикнеш на тој третман, нема да ги оставиш. Ама.. заборавиле дека и ти имаш минато и минати партнери, дека си во целосна контрола на своите одлуки и може да раскинеш кога и да посакаш, затоа што твоите бивши се бивши со причина. Ќе најдеш некој на твое ниво.
Најбитно е ние да си го задржиме нашето ниво. Со партнер или не, ич не се секирам. Чувството кога си свој е поубаво од сите партнерски кои сум ги доживеала. Убави се и тие ако вредат да се соголи и сподели човек толку интима, ако не, пекол е неизбежен и не вреди за ништо на светот да се биде во истиот. Од неколку месеци лоши чувства ми пропадна здравјето, не пак години , децении да бидеш во тоа. Животот е безобразно краток! Додека се освестиме што ни се случува или одлучиме, отиде.. И секако кому му е битна сексуалноста ,а ја немате, и не оди после толку обидувања, не правете никакви компромиси, не вреди ако не е взаемно што и да е. Ма колку сакале биле прекрасни другите аспекти. Ако сте сексуални, битна е како и сѐ друго.
Teska temaaa... jas istiot problem go imam so soprugata so meseci nemame sex 5 6 meseci poslednovo... I koga ke imame ne toa toa se kao nemanje vreme se vadi so deteto a veke potporasna na skolo ke kinisa so se veli. Probuvav muabet ova ona ednostavno ja izbegnuva temata so toa sto pocnuva kavga
Седни и прашај ја ко чоек, без осуди, без очекувања, нека ти кажи што ја мачи. Чим влегувате во кавга, значи не знаете да комуницирате.
Prasaj ja sto e problemot, na smiren nacin zosto nie zenite znaeme naednas da izbuvnime a deteto e samo izgovor jas bev vo taka situacija so mazot mi na se pomisluvav no se resi nemase ni neverstvo ni druga zena ama vo vakvi slucaevi na se ke pomisluvas ako i tebe ti e cista sovesta
Probav da razgovaram I ednostavno ne saka sex. Bas mi e I cudno. Inaku mozes da spodelis iskustvo kako vie go resivte, vo koj pravec se odvivase toa pribidejki nemam veke ideja kako da postapam zatoa sto kako sto rekov predhodno odma ke se skarame stom okolu taa tema ke pocnam
Mu zboruvav deka zenata e kako kolata treba da ja odrzuva deka ima potreba ili pa ima nekoja druga I pocna da mu page ne ubavo deka taka mu vikav potoa se opusti pa jas go odbivav I mu vikav da vidi kako mi bilo mene koga mi go vrtese gazotgo sramev pred drustvoto koga ke razgovaravme na taa tema otvoreno si zboruvav
Зошто мора луѓето околу вас да знаат дали имате секс или не?Во ред е дома да му кажеш дека ти смета апстиненција, но не и да го срамиш пред народот.Ми падна жал за човекот искрено.
Имаме блиски пријатели што се дружиме и си зборуваме отворено за се,не зборувам дека со секого разговараме со секого, и тие отворено зборуваат на таа тема не го жали Имаме и други пријатели што имат проблеми во бракот па отворено си зборуваме за се подобро е некогаш проблемот да го споделиш со некој што ти е близок него да молчиш тоа е мое мислење