Што знам, за мене е глупо ова.Интимата е лична раб.И секогаш има нешто , зошто некој не сака секс.Но сметам дека тоа не е причина за да се врши притисок преку јавно срамење.
Мој совет да преземеш дел од обврските кои ги има жена ти затоа што доколку сите обврски се на нејзин грб таа само чека децата да ги заспие и таа да легне. Можеби е хронично ненаспиена и изморена.
Да имаше и такви што на крај испадна дека мажот има швалерка а наоѓаше секогаш изговори дека му е нешто и кога го фати со докази и се па не признаваше тоа не е јавно срамење и мажот ми не се ни навреди зошто бев во право
Секој различно си размислува и гледа на работите мене како ми беше кога така ми правеше на се помислував, и на крај е така со заебанција се искажа жената на вработен кај нас дека го фатила сопругот дека ја лаже а јас мислев дека мојот ме лаже
Има разни причини поради кои некој не сака секс, можеби по раѓањето на децата качила некој килограм и не се чувствува привлечна веќе, можеби има премногу обврски земено на свој грб и едноставно е преморена не секогаш е неверство.
Па затоа реков треба да се разговара зошто и јас бев во таква ситуација немав односи со мм со месеци и на се помислував бев трпелива
Зависи како си пробал... Прашај ја што би сакала да прави. Општо... Што ја исполнува? Што и' фали? Што ја преоптеретува?
Членот кажа дека таа се вадела на детето, ако е се на нејзин грб најдобар начин да и покаже дека ја сака и почитува е да превземе дел од тие обврски. Да бидеме искрени ако жената работи и се грижи за децата на крајот на денот не и е дојдено до ништо. Наместо членот да каже таа се вади со детето и да се жали може да превземе дел од обврските и ќе виде како работите ќе се сменат.
Ама не така... ти не знајш. тој само сака да има секс, не му е битно да ја расположи нејзе, сама да посака да му рипни. Маж е, разбери го
Јас сум мајка на 2 деца и знам како е и дека на крајот на денот не ми е дојдено до ништо, ако видам дека маж ми превзема дел од обврските кои ги имам не да посакам јас сама ќе иницирам секс, ама тој нема да сака затоа што ќе е изморен затоа што нели тие обврски што ги има жената се ништо и нели децата се големи што се вели ќе тргнат на школо, според муабетот гледам дека тој не ни знае колку заморно е да се грижиш баш за деца на таа возраст што имаат многу енергија која треба да ја истрошат а да внимаваш да не се повредат. Да си ги заменат за еден ден местата гарантирам дека ќе ја разбере.
Како мнозинството 'татковци' во Мк. Барем од мое искуство... Мислат дека татко се станува ако ја затрудниш. Оти најтешко е то... После чувањето лесно е... можи таа и сама...
Podeleni se I obvrskite. Jas znam da pustam peralna da postelam... navecer go spremam deteto za spienje... jas vo gradinka go nosam taa ponekogas go zema...dodeka deteto bese malo zaedno go kapevme ako taa ne moze jas toa zavrsuvam...od pampers menuvanje hranenje sve rabotam od prviot den i voopsto ne mi e tesko mi pretstavuva zadovolstvo...deteto podednakvo pominuva vreme so nea I so mene niz igra prosetki I sve ostalo... cesto sum vo kujna ...znaci ne e prenatrupana so obvrska...
Одлично... Ќе те носевме на душа за малку Мораш да откриеш кој и' е проблемот. Зборај, инсистирај. Смирено и со разбирање... рековме...
Во тој случај добар совет ти дадоа да разговарате убаво со жена ви на таа тема можеби нешто ја мачи. Со разговор се се средува. Ако има кој да ви ги чува децата уплати за вас двајцата некаде надвор од вашето место и поминете малку време сами. Или пак однеси ја некаде на вечера каде ќе бидете само вие двајца. На некое ваше место, каде што сте се запознале на пример.
Едно само да кажам. Да има среќа мажот ми пред друштво да ме срами дека не сакам секс и при тоа да не се потруди да ме разбере, не што нема да дознае причина, туку нема појќе гола да ме види. Дали од ко го понижи пред друштвото почнавте да имате секс @Belabelinakinder ?
Навистина, моите пријатели не се такви како што мислиш ти што сакам ќе кажувам тоа е мое право убав ден
Тоа не е понижување ама секој си сваќа како што сака, вие изгледа немате вистински пријатели па да споделувате интимни работи или се правите сите светци