Трагичен е моментот на понижување на споругот. Ти наместо да седнеш да го прашаш зошто е промената, т го кажуваш пред сите. Ама гледаш не сакаш да го разбереш тоа, затоа како мислиш дека треба терај си. Со лесно бременоста.
Што е тука трагично не разбирам кој се тие сите се запнавте леле, што кажав толку дека го врти грбот само а не дека не сака и ме одбива страшна работа
Не е во ред да се споделува сексуалниот живот со другите, и да се посрамотува мажот зошто не сакал секс. Мажите губат желба за секс најчесто заради стресен и тежок период, така да можеби би било најдобро прво да поразговараш со него што го мачи и да пробате заесно да најдете решение, отколку да се оди на варијантата со јавно понижување.
Здраво женички, се зачленив за да побарам совет во врска со мојот проблем. Со маж ми бевме во врска 5 месеци, јас останав трудна и се зедовме. Ама откако останав трудна хормоните ми се испобркаа и желба за секс 0. Никакво либидо немав, ниту желба, башка се поправив 25кг, се осеќав многу непривлечно, пред тоа бев згодна и слаба. Ајде ќе имавме еднап у месец, последните два ни еднаш. Се породив и пак немавме 6 месеци, природно родив, многу ме болеше шиеното, па и погрешно бев сошиена, тешко закрепнав, ќе пробававме ама многу ме болеше а и уштр хормоните не вратени во нормала немав ни желба за да навлажнам. Таман почнавме да имаме после 5 месеци пак трудна. Исто и овој пат желба уште повеќе немав, овој пат поретко имавме, се породив пред 2 месеци, пак природно, бебуш голем 4кг се роди, пукнав лошо уште ме боли рана. Маж ми инсистира на секс, го задоволувам онака некогаш ама му се ебело. Јас кај неможам па и со две бебиња дома,по цели ноќи неспијам, едвај чекам да ги успијам и си легнувам и јас одма преморена да искористам неколку часа сон. Почна да ми кажува отворено дека е во потрага по друга, ако му се пружи прилика и шанса неби одбил, дека ќе се деси, дека ндможе веќе да трпи, при што јас се многу нервирам, плачам, незнам што да направам, се осеќам многу непривлечно, и така сезапуштив, имам и вишок килограми, голем стомак, доев и дојам, градите ми се опуштија скроз, долу пукната цела со рана неможам на газ да си седам, а ндму до секс му дошло, па и ќе го барал на друго место.
@Mommyoftwo Ти за жал си mommy of three, бидејќи маж ти е дете, детиште. Леле, многу ме разбеснуваат вакви дебили. Многу ми е жал што минуваш низ ова. Но, мораш многу построга да бидеш со него, да му оставиш половина од обврските бидејќи тоа се и негови деца. Не си ти машина за раѓање, уште помалку кукла за секс. Мораш да се ставиш себеси на прво место и да му дадеш некој ултиматум. Воопшто не му паѓај на провокациите, не му исполнувај секс желби ако не си подготвена. Седни го и кажи му вака и вака. Ако е маж, ќе си ги засука ракави и ќе ти го олесни животот. Ако биде татко и човек на место, ем ти побрзо ќе оздравиш, ем побрзо ќе ти се врати желбата за интима. Но, биди подготвена на се. Во случај на неверство, цени си се сама себе. Боље да плачеш некое време, отколку цел живот со некој таков.
Мене вака да ми каже би размислила дали да се спакувам и да го оставам, но нели овој совет е најлесно да се даде како совет. Колку години сте со сопругот. Седни го и разговарајте и кажи му што ти е, како се чувствуваш, побарај да се вклучи во чувањето на децата, нека менува пелени, нека станува навечер да презаспива деца, дај му да блендира храна и да храни деца, нека пружа алишта па прашај го потоа дали му е дојдено до секс или до кревет. На сите ни треба секс, но со бебе 2 месеци и уште едно мало дете, малку рано е за секс, па уште и да ти кажува на друго место ќе барал.... Зошто веднаш сте отишле на второ, ако сакал секс, се знае како е со бремености, и чување деца.
Ако бараш совет за како да ти се врати либидото, поделете обврски со сопругот. Така ќе бидеш одморена и со желба. Јас ко се породив, маж ми со стапче ме допираше од 5м оддалеченост оти не сакав да го видам. Направивме муабет, му кажав дека сум капната и дека он не дека не се ангажираше околу домот и бебето ама мене ми требаше малку повеќе. Се среди тоа. Ако сте отворени, брачен психолог сигурно би помогнал малку за да те разбере сопругот низ што минуваш. А ако бараш совет за "ми се ебе, ќе си најдам друга" , јас лично преку ова не би преминала. Многу глупа уцена и закана. Прво, кај му е емпатијата на човеков, ти не можеш да седиш. Тој тоа го знае. Нека мрдне малку и ако сака секс "нека си заслужи" со тоа што ќе биде малку погрижлив сопруг, и татко. Второ, не знам ти каков карактер си ама мене реално ова не би ми влијаело добро и на самодоверба и општо на психа. Јас би му дала до знаење дека не може така да разговара. И на крај ако веќе баш стварно планира или веќе го прави тоа што го кажува, остај го нека си бара друга. Прелошо звучи, ама не знам дали би сакала да останеш цел живот вака.
Добро бе како можат маживе да се толкави ѓубриња без емпатија за жената која родила нивни деца, не си му родила деца на комшијата па така да се однесува... Сигурно ти не си сакала толку брзо втора бременост, важно тој те забременил пак за краток период. Сега ти бара повторно секс, само пази да не останеш по трет пат бремена. Па после да не знаеш што да правиш. Овој ми личи на голем манипулатор кој сака со што повеќе деца да те направи зависна од него, тој што сака да прави, а ти да не можеш да го оставиш. На што личи бе тоа ќе нашол друга, нека роди дете па нека има болки, па да го видам дали ќе сака да има секс, нема ни да помисли, а не да сака. Немам родено, не сум мајка, ама сочувствувам со сите жени кои станале мајки, особено тазе мајки кои не се опоравени, а и со бремени жени кои исто вака мажите не ги разбираат и им бараат секс и ги изневеруваат. Навистина ми е жал што си родила 2 деца од таков нечовек, кој не заслужува да се нарече ни сопруг, ни татко... Знам дека најлесен совет е да се спакуваш и да си заминеш, знам дека имаш 2 деца бебиња, а не знам како стоиш финансиски, ама јас би си заминала, би го оставила, не би можела да продолжам да живеам со неемпатично ѓубре, не би можела да имам секс со некој кој веќе ме изневерил, затоа што неверство е и самата помисла и потрага по друга жена и не би можела да живеам секој ден во штрек дека во секој момент може и физички да ме изневери... На децата им треба среќна и психички стабилна мајка. А ако останеш со него нема да бидеш.
Јас да сум ќе му речам да иде. Па и ти ќе ги оставиш децата кај твоите, ќе искочиш, па ако се наиде прилика, што да не. Ем волкот сит, ем сите овци на број. Ако тој не би одбил секс со друга жена, што па ти мораш да одбиваш ако некој маж ти се стаи.
Ми се слоши од напишаното…Свашта ќе пишев…Ама е толку дебилно,просто,ниско и грозно што не вреди да се трошам и нервирам. Ке ебел настрана…Ох грев еден гревосан…
Ти да му кажеш на маж ти дека детето е одговорност и на двајцата родители,а не само стави го направи го и после уживај.А он тебе не те заслужува воопшто да знаеш,ако те сака и цени ќе седне и ќе ти помага во се,ако не друго барем да можеш да спиеш на раат.Што сме ние жените па да премолчуваме неверство?не си мала те молам размисли,ако продолжи вака постои развод па да види тој Дајте ве молам ставете си во глава колку сме битни,понежен пол,абе треба најсреќна да те прави особено сега со дечиња радост да ви е по дома,сексот ќе се среди он што очекува?не си ти робот цццц
Жал ми е за ова што го читам. Ќе кажам само да имаш секс кога ќе си ти подготвена, не дозволувај да те уценува.Ако бил во потрага по друга нека си најди бе ИДИОТ. Не сакам никого да советувам да се разведе (секој си знае за себе) ама јас преку ова не би поминала.
1) Има партнерска улога, родителска, пријателска и има причина зошто најчесто се одделени. Ако мене ми е тешко и се советувам со другарка чак и за нешто интимно е една работа, клавање партнер на тапет е друга работа, пред друштво. Впрочем, треба да постои партнерски сојуз и лојалност и да неќиме на било кој начин да оцрниме партнер пред други и потенцијално да го повредиме. Оти сме се одбрале, се почитуваме и сме лојални еден на друг. Црнење образ, особено ко ќе не можиме да искомуницираме нешто здраво како возрасни, е инфантилно. 2) @Mommyoftwo жал ми е дека си во ова ситуација. Од една страна можимда те изневери. Од друга страна те манипулира во секс со идејата дека можи да те изневери. Те молам имај го ова на ум за сите одлуки кои ќе ги донесиш. Со среќа.
И јас сум изненадена од својот сопруг.. Ме паметите колку убаво зборував за него. Уште не можам да се соземам од она што ми го правеше последниве два месеци после разводот. Почнав да дигам крвен притисок, а никогаш сум немала. Ми го сруши здравјето. Цел месец молеше да се вратам и да сме се земеле пак, секако не прифатив и морав да го блокирам зашто ме бараше секој ден и како реков почна да ми се одразува по здравјето веќе , а и без тоа не гледав ништо продуктивно и потребно во разговорите. За одмазда ми направи нешто толку одвратно кое не можам да го напишам ни тука. Ме остави зашто хемијата престанала , и уште не му беше малку и ми се одмазди зошто се тргнав оти тој го побара тоа. Не можам да поверувам што се случи од мојот сакан сопруг. Се плашам дека никогаш нема да засакам маж повеќе. Кога он стана она што стана мислам дека е секој способен...Нема да верувам на ниеден маж после него. Крај. Беше најпрекрасниот човек на светот! Не му ни прилегаше родот -маж, оти беше над тоа. Беше човек! Па пополека почна да се претвора во монструм.
А ако го блокнам тоа значи дека е мртов? Што да е. Зарем немавме заедница претходно и нешта во кои бевме вклучени двајцата, и истите ги злоупотреби за одмазда.