1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Квадрос, јас не сум во брак и знам дека е неблагодарно да се носат судови околу интимен живот на брачен пар, меѓутоа ти побара мислење. Јас лично не ве разбирам ни двајцата со сопругата, едноставно повеќе од 10 год. нешто очигледно не штима, што се манифестира и на сексот и вие не сте ја откриле причината?! Јака ви душа на издржливоста на двајцата што друго да речам, требаат челични и тоа нер‘ѓосувачки нерви и толеранција да игнорираш дека нешто недостасува и искрено сексот е секогаш еден од индикаторите дека партнерскиот однос ја фатил удолницата. Може звучи преекстремно ама јас ти советувам да и‘ соопштиш дека тебе ти треба задоволување на оваа потреба и да ја прашаш што таа сугерира, ако пак ти рече порасни, ќе и речеш токму тука е проблемот сексот е за возрасни :lol: , на крај напомени дека ти паднало на памет и да побараш други кои ќе ти излезат во пресрет. И онака нема што да изгубиш, може вака ќе добиеш. Или па, ако не секс, ќе добиеш објаснување. Уште не ми се верува дека повеќе од декада замижувате и двајцата пред очигледни незадоволства, без разоткриени причини за истото :x .

    Јас си имам развиено една мини-теорија во врска со сексов :geek: - дека постојат 5 категории луѓе во однос на сексуалноста според неколку карактеристики (честота на имање односи, јачина на желба за секс, перформанс - хардкор или апсолутно романтично, склоност кон експериментирање и др.). Е, сега кога едниот партнер е 3, другиот 4 нема проблем, ама ако едниот е 1, другиот 5 има и тоа каков проблем. Грл23, еве ти го одговорот за ускладеноста, :) . И мини совет - никогаш на партнерот не му велете дека е чиста 5 туку 4 на 5, за да има инспирација и мотивација да поправа за 5 :rofl: .
     
    На Phyramide, Peppermint и sesilija им се допаѓа ова.
  2. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Сакам да го дадам моето мислењето за конкретниов случај, можеби ќе бидам погрешно сфатена, но јас да си кажам :rofl:
    Постојат многу брачни парови, кои се наоѓаат во ваква ситуација и тоа од неколку причини и тоа, или има психички проблем кај еден од партнерите, или пак еден од партнерите сака да ја скрие од светот својата сексуална ориентација(нели кај нас тоа е крајот на светот). Значи познавам близок пријател кој е во брак веќе 17 години, има две деца и нормална, убава, згодна, паметна и успешна жена, НО си има и партнер со кој се постојано заедно. За овој негов (не можам да го наречам двоен живот) знае и неговата жена и неговите деца. Се ожени и створи семејство за да не ја посрамоти мајка му и фамилијата, нели кај нас тоа е најбитното, што ќе кажат комшиите :^)
    Може малце избегав од проблемот на господинот, но сакав да ја споделам оваа информација со вас
     
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сте млади, мора да се вмешам. Интересно се развила темата. Еве сега јас, на 43 години, ке ви кажам за сексот. Најголема зрелост во сексот почнав да доживувам над 35 години. Едноставно почнав да уживам без комплекси никакви. Знаев што сакам, а ова ви го кажувам и од искуство на моите пријателки. Сексот е битен и кога имаш над 43, и тоа многу. Да бидете живи здрави, и сетете се на моиве зборови. Има некои приоритети на оваа возраст што се многу битни. Да си веќе станбено обезбеден, да имаш сигурна работа, да си успеал во професијата, да сте здрави ти и твоето најблиско семејство. И секако, да имаш нормален поглед кон сексот, како нешто нормално, потребно. Тогаш веќе ги немаш горенаведените грижи и уживаш.
    И што ми е најинтересно. Кога бев млада и секако подобро изгледав, се замарав со изгледот. Сега веке не, напротив си се сакам себеси и уживам. Тоа во врска со сексот над 40.
    А за проблемот на човеков, само можам да кажам дека е многу лошо, и ако нешто не направи да го смени тоа, ке се помири со животот кој така ке му помине. А го имаме само еден, нели? И не е сексот само проблем тука, се загубила блискоста, гушкање, допири. Тешко се живее без тоа.
     
    На sj *O*, kate21, emekreme и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мислењето на една четириесетгодишна, со тринаесет години брачен стаж, е дека сексот не е приоритет, но е важна, ама ептен важна компонента на добриот брак. Велам добриот брак затоа што да се разбереме, за брак со малтретирање, алкохол, елементарно непочитување вон памет е да се дискутира, ниту идеалниот секс нема да реши ништо.

    Според мене сиромашниот сексуален живот е само симптом, и партнерите прво треба да си ја преиспитаат емоционалната блискост или ако сакате - има ли бре љубов или не. Кога се сакаат партнерите, нормално е дека се грижат за меѓусебните потреби. Знам парови кои имале ваков или сличен проблем во смисла на намалена сексуална желба, но разговарале за тоа, барале решение. Нормално е дека тој треба да ме сфати кога не ми е дојдено до секс, и да ги испочитува моето не, но и ние жените треба да сме свесни дека машката сексуалност се разликува од женската, тоа е биологија.
    И терминот асексуална личност не ми јасен, ниту прифатлив. Разбирам фригидна, импотентен, но непостоење воопшто на сексуална желба, лично не верувам. Верувам само во погрешен партнер, па како сакате сфатете ме.

    Квадрос има многу за читање, се надевам ќе извлече корисни совети и мислења од женската страна. А ако сака мислење од маж на кого му го лупнав лаптопт пред нос, и му реков читај и кажи нешто корисно, тој ниту да трепне - швалерка што друго, и точка.
    Сепак јас не мислам така, лесно е се да се урне. Мој совет е разговор со отворени карти и прво и основно расчисти, има ли љубов или не.
     
    На kate21, julie77, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Како прво за појаснување тоа "бизарен" пример ме иритира свесна си колку е реален, може тебе ти е несфатливо но јас секојдневно се срекавам со такви случаеви кои се далекку од твоето "бизарни" може да се каже страшни за слушање а не дај боже преживување. Темата е брак без секс значи во сите можни варијации |(
    Да најважни се тие услови за преживување али мислам дека бевме единствени (homo sapiens) сапиенси се надевам ме сфакаш што ми е поентата. Животните го живеат тој живот, ние сме многу поразлични или можеби не :geek:
    За плескањето и романтиката аххх како сакам да најдам некој што ке заслужи да го исплескам по твој речник, никој не кажа дека не сака да се секса човече нели сме биолошки суштества, имаме потреби и чувства... сакам секс и сум како преродена кога дојдам до врвот, но сепак не ми е приоритет... како сакаш сфати ме.. :!: Не сум фригидна а не сум ни нимфоманка |( Реална и стабилна особа со сите потреби но во граници и секако приоритети
    Мислам дека на нас "фригидните" што не направивте тоа ни беше целта да ви го кажеме, а не дека не сакаме секс.
    PEACE OUT :rock:
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.524
    Темава сама по себе е контраверзна.Не знам дали имам став,искрено.
    Конкретно за случајов на господинов.Жена ти е фригидна и тој проблем не е од последните 3 години.Точка.А ти или си бил доволно луд или доволно несигурен или премногу заљубен штом си ја оженил и покрај фактот дека во кревет и не сте биле баш компатибилни.Па извини човече,ја чуваш ко капка на дланка,таа тука нешто да ти се припонаша...имам чувство дека таа некомпатибилност и не е само во креветот.Не мора само да е сексуалната енергија,туку таа тебе не те ни почитува,а ниту има потреба од нежност која не вклучува секс...така што овој брак по многу точки не штима. И право да ти кажам,ете зошто не сакам да ставам потпис никогаш.А исто така верувам дека не е секогаш задолжително да се пронајде вистински партнер помеѓу 20 и 30 година,па тука брак до крај живота по секоја цена.Верувам дека е возможно другарски да се разидеш и да имаш и деца и здрав однос и време за ручек еднаш во месецот ко фамилија на маса,а секој на своја страна,со своја љубов и среќа.Секој си го заслужува тоа.
    Малце шега на твоја сметка,ваљда нема да се навредиш,не ми е таква намерата.Ама ме потсеќаш на Тошо,сеа маче,сеа.Ја частам,ја шетам,со прст не ја пипам,маста и ја извадив или ...ова на пример....
    http://www.youtube.com/watch?v=z_LmKAPUt_U
    Заржи мушки бре!

    Сега малце од друг агол,неврзан за проблемов. Брак без секс... дали дека просеков на форумов е 25,5 години (грубо де),па толку се сите за размислувањето дека сексот е нужен.Јас велам релативно и ете,зависи од компатибилноста од партнерите.За некои сексот е двигател и по 50тата година,причина за развод,расправија и нехармонија,за некои и обата се согласни дека е ок,но и без него е ок,зошто се насочиле кон взаемна почит,удобност,љубов,растење деца,кариери (да постојат и такви мажи) и исто е сосема ок и прифатливо ако нив ги прави среќни. Дедо ми покоен,на постела...верувале или не и бараше на баба ми (ау,колку што беше тажна таа ситуација,толку беше и комична,ко од епизода на ало ало беше),па не знам дали можел и можеле дур сеуште можеше човеков(иако и тој пустиот имаше цела философија за ова прашање,ми фали да ја доразглобиме сега). :D Некогаш пак си размислувам,зарем сме толку примитивни,а после зборуваме за вредности и продуховеност...а после одам по теорија на Маслов (која и не мора да биде точна,но ете ја,ја има),базична потреба - незадоволена,ти несреќен. Така што,не можам да се одлучам,ќе речам дека е релативно.Можеби сега на овие години си викам,ау нема шанси,но не знам како во иднина ќе биде бракот (ете зошто уште едно не за бракот,траума од разводи при вакви случаи).Можеби ќе се развиваме во насока каде што да ок е,но и не мора,се сакаме,се почитуваме,правиме кариери,растеме деца (инаку,најчесто ваквите луѓе и се најемотивно зрели и поседуваат највисок коефициент на емоционална интелигенција.Иронија,а?! :) ),може ќе ја пронајдеме нашата смисла на некои други нивоа,а можеби и ќе останеме обични,едноставни,по малце примитивни,ќе ни биде клучен дел.Не можам да знам навистина.
    Сепак...јас еве гласам за баланс,игнорирајќи си ги хормоните.Затоа што и брак кој е заснован на секс во суштина и не е зрел брак,зрела љубов. Врска и младост е друго,кога си несериозен и имаш опции,многу е нормално да се базира на секс и одлуките да се водат по тоа,а брак и семејство (освен како што кажав не си храбар и посегнеш по развод и да си одјаваш по нова среќа) се сосема трето кое бара малце посозреани емоции.Да не се разбереме погрешно,не зборувам за целибат,целосно исклучување на сексот зошто ние се храниме со духовна храна,туку и да не е чест,не е страшно.
    Сепак,да тргнам од проста анализа за развој на една љубов,вистинска љубов,ќе видиме каде на пирамидата е сексот најизразен...во почетокот,каде што емоциите сеуште не се толку развиени и поврзани.
    У мојов "брак",очигледно сме едвај до точка два! :D Затоа никој не не разбира,често и осудува,ете затоа не се трудам на никого точно да му ја објаснам,затоа што ете така,ќе се најде некој либерален со не толку либерални гледишта и ќе истресе глупост која нема да ме повреди,ама ќе ме огорчи,ама у суштина ич не ми е гајле кој што мисли,барем знам дека у животов нема да бидам загрозена од опасноста да се мразиме или да ни недостига нешто и да се пронижуваме со погледи,да се замараме со непотребни барања и прашања(дали со него или со некој друг у иднина,а ќе инсистирам да се наметнам со гледиштата,а па и не мора,верувам ќе се најде уште некој со кој ќе се поклопиме со размислувањата).
    Да сум у подфорум секс,на тема врска без секс...е тогаш...тогаш...ќе се прснам од смеење!!!
     
    На Heidi, evangelina.ina, artemis и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dionisija

    Dionisija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    темата е навистина осетлива!.. во брак сум 25 години..! гледам дека на форумот има претежно млади ама тие не можат да знајат како функционира еден долгогодишен брак..! деца реалноста е таква што сексулните апетити се губат со текот на времето..! времињата се менуваат и ние се менуваме со нив..! и мене на времето не ми беше ништо друго поважно од страста и размислував многу слично како вас ама работите полека полека се сменија.. желбата ја снема работите надоаѓаат една по друга и тоа е.. не сме вечно млади, чувствата исчезнуваат.. јас си го сакам мажот ама потребата за секс не е веќе изразена како што беше.. ова особено после 45 година.. и не е тоа нешто ненормално тоа е природен тек на настаните ќе видите кога ќе дојдите до тие години.. со мажот се уште имаме односи ама тоа е многу поретко од кога имавме 30 така е зошто си имаме други преокупации и ретко размислуваме за секс.. не е својствено за годините едноставно..! и нема тука ништо страшно.. ние нашето си го поминавме и тоа преубаво кога беше време а и пред да се запознаеме еден со друг мојот маж не ми беше прв..тогаш си го живеев животот убаво во склоп со годините и сега пак си го живеам убаво во склоп со годините -нормално не бев распуштена како млада некој така дан разбери- одвреме на време пак се присеќаме и си ги живееме тие моменти ама само одвреме навреме.. а и не можеме да живееме само за секс и на прво место да го ставаме на било која возраст луѓе сме а не животни што не можат да се контролираат..
    а квадрос ти си пак помлад од мене ама гледам не е само сега работата, па жена ти заборавила и што е нежност!.. можда ќе треба да промениш и нешто кај себе зошто кај неа не е само сексуална апатија во прашање туку и некоја друга апатија.. на жената изгледа и се промениле чувствата..!тука ќе треба да поработиш..! а поради секс не вреди толку години брак да упропастиш..! ете тебе не ти исчезнала желбата ама нејзе очигледно да.. само проблемот е друг ако таа никаква нежност не ти пружа а ти си желен за тоа ама ако не те изневерува или нешто такво нема да вреди да си го уништиш бракот za seks..!
     
  8. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    чекај чекај...не вреди да се разведи затоашто жената не го задоволува??? добро тогаш нека си иде на страна кај некоја која ќе му ги задоволув потребите и не мора да се равзеди така? Мислам ова што го зборуваш ми нема логики па ако сакаш биди и 40 години постара од мене.Што треба човекот да трпи со години или да се самозадоволува како некој 15 годишник?? Бракот си носи со себе обврски а една од обврските на партнерите е нормално да си удоволуваат и да си ги задоволуваат потребите,нормално и сексуалните.Исто како што правата и на земјите на Исток на пример.Жената не ме задоволува???Одма си земам втора или се откажувам од првата. :tmi:
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    леле златкапеткова, мислам дека дионисија убаво си објасна од нејзин аспект како стојат работите, ама твојава реплика??? :x

    Па жената му го посветила цел живот, му родила деца, ги израснала, му пере, пегла, готви, чисти, се жртвува за мажот и децата и ако нејзе и` се намали желбата за секс да се разведе тој од неа или да побара друга жена???? :tmi:
    Само за еден секс, целата жртва од жена му да ја фрли во вода или уште полошо-да ја разочара од љубовта, да и` ја уништи вербата во човечноста со тоа што ќе ја замени со друга жена??? :fubar:

    И да биде јасно, никој не рече немање секс!!! Туку намалена потреба за секс.
    За некој намалена е еднаш неделно, за друг еднаш месечно, итн., индивидуално е за кој е многу-или малку секс, не дискутирам околу тоа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мислам дека на темава се направи грешка. Битна грешка. Се отиде во две крајности. И се извадија многу работи надвор од контекстот.

    Како прво, оние кои си мислат дека сексот е битен сегмент за бракот, воедно и јас, нитуеднаш не рековме дека е најбитниот. Но ако го нема ќе се согласиме дека бракот може и те како да пропадне многу брзо. Немање секс повлекува ако ништо друго неверство, и оп ете ви куршлус. Значи никој не кажа овде дека само сексот е битен и ништо друго. Ако е така јас идам го мужам Роко Сифреди и ајт создравје - под услов да сме компатибилни нали? :)
    Но дајте признајте сите дека ако нема секс во бракот, проблемите стапуваат на сцена и тоа како.
    Сетете се на период на сексуално апстинирање. Да тргнеме од тоа. Не е на арно сексуално да се апстинира, еве јас лично од себеси ќе тргнам а и медицината го докажала истото. Се издржува, да, но дај признајте дека ви фали. Си велиш, ајде смири хормон - па да можевме да го смириме, ќе бевме сите бубачиња за време на ПМС, па како така сте одеднаш сигурни дека ќе го смирите хормонот ако со месеци, години немате секс во бракот?
    Значи никој не се кара дека за некои сексот не е приоритет, но јас ќе речам а сигурна сум дека и сите знаете многу добро само не сакате можеби да признаете јасно и гласно, сексот Е битен сегмент на секојдневието. Е битен сегмент на една здрава и исполнувачка врска. И Е битен сегмент за нормално функционирање на бракот. Сексот го прави бракот комплетен.

    И ко второ, побогу никој не ве направи фригидни. Не знам како и по што заклучивте затоа што јас тој збор го видов во друг концепт спомнат а не дека некој овде некого сакаше да направи фригиден. Не знам што да кажам за ова освен - не си замислувајте нешто што не ви било речено. Сосема непотребно е.

    Можеби сме млади, можеби не знаеме што е брак, можеби немаме 40, можеби летаме со мозокот. Можеби. Јас за себеси знам едно - една врска ми пропадна заради изгубена страст и по тоа гледам колку е битен сексот во бракот. Можеби не сум била во брак, но доволно долго бев во врска, дури предолго би рекла, неколку години живеев со бившиот дечко и видов како опадна страста. И се отиде јабана. Се работи за човек кој е беспрекорен во се останато и се друго, но ете. И тој и јас сфативме дека не сме ги следеле сигналите на почетокот на врската кога можевме да увидиме дека иако имало страст сепак многу повеќе сме биле маѓепсани од карактерната компатибилност и интелигенција на другиот. А тоа е токму доволно колку за одлично пријателство. И благодарение на тоа искуство јас денес знам - не сакам да го поминам цел живот со најдобриот пријател. Боже прости ми ОБОЖАВАМ секс и знам дека ќе сакам да го добивам и да го имам и понатаму.
    И уште еднаш. Сексот можеби не е единствената причина за опстанокот на една врска но е доста битна причина и основен фактор за успех на истата. Ако го нема - пропаѓа. Колку порано ќе си го признаете тоа, толку подобро. Доказ за тоа е фактот што на суд немање секс е сосема доволна причина за развод на брачните партнери. Епа мора да има нешто во тоа.
    (а со ова патем не сакав да му предложам на Квадрос да оди веднаш и да се разведе, само сакав да го докажам и аргументирам моето мислење)

    Грл.23 - немање секс со години ти го нарекуваш намалена? Хм. Не би рекла баш. И твоено омаловажување на сексот - као демек „само за еден секс“ е одличен услов за афера со други љубовници. Па после некои се чудат зошто - е зошто де?! Не знам ни јас искрено. Со ризик да звучам грубо - некогаш неверството и тоа како го разбирам. Не му даваш на мажот да јаде дома? Ќе јаде на друго место. Толку. Башка тоа што јас би сакала со него да јадам, многу и тоа. Ама тоа сум изгледа само јас.
     
    На kate21, Theodora, ludoto19 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Така размислуваш ти значи???Дека целиот животен пат кој ќе го одам со мојот партнер значи,перење,пеглање,готвење,чистење??? И се тоа он ќе фрли затоа што она не го задоволува??? Па да ти кажам ако не го задоволува и те како треба да го фрли.Сите овие работи кои ти ги спомна горе може да ги прави и слугинка а може да ги прави и друга жена. Мислам молимте не ти држи ама ич вода ова. :?: Што треба ја на мојот маж да му се качам на глава со тоа дека му пеглам и му готвам и дека ако го запоставам он не треба да ме остави само затоа што ги вршам овие работи??? Тука значи пак имаме проблем...не гледам зошто би ми поминала желбата за секс со мојот сопруг ако сеуште ми се допаѓа и ако сеуште ме привлекува.Изговорите од типот....имам мислачки како пари и сметки за мене се само пусти изговори.
    Пирамида многу добро размислување...се слагам апсолутно...
     
    На sj *O*, sesilija, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    потпис на постот на пирамида подобро неможеше да биде кажано исто и за златапеткова. може да се залажуваме дека сексот не е битен ама е и тоа многу.

    еднаш во месецот барем сигурно може да се најде време а и оние кои што се во одбрана на брак без секс помешавте баби и жаби едно е намалена потреба за секс(што секој го доживува) а друго е немање секс и нежности со години. и сигурна сум дека 99 % од разводите се поради неверство без разлика која е причината.

    јас на пр сум млада ама премногу зафатена и викам ете немаме време треба да исчистам ова она и решивме да си земиме жена која ќе ни помага дома а ние да си имаме време за нас, па јеби га секој може да чисте пере и пегла ама само јас можам и треба да го сексам мојот маж.

    и покрај се страста е движечка сила во светот на крајот на денот се се сведува на тоа.

    да, партнерот нема да биде ист после 20 год брак ниту пак вие но ако има љубов и желба да се направи се интересно животот може да биде мн поинтересен. јас мразам стереотипи и мразам кога ќе слушнам некој на 40 години што вели дека ете ние го поминавме нашето сега треба де вегетирам како цвеќе извинете ама мене ми се живее и не планирам кога ќе бидам најзрела да се откажам од убавината на сексот и да се откажам од бракот во целост а не да се сведи само на гледање деца и работа.

    јас искрено се надевам дека оние кои што немаат секс со години и мислат дека е нормално нема да се жалат во темата неверсто оти верувајте друго нема.
     
    На sj *O*, sesilija, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Навистина се отиде во крајности со темава. Се направивме фригидни и нимфоманки меѓусебно, нормално е дека размислуваме различно, ама гледам дека не се разбираме кој што сака да каже.
    Girl.23, дали прочита дека двајцата се чувале до брак? Немале секс пред бракот што значи жената и претходно немала желба за секс, „уживала“ во сексот само тогаш кога ги зачнале децата и толку. Според мене, пак ќе кажам, не е нормално ЗДРАВА млада личност да нема желба за секс. Тука постои веќе здравствен проблем, било да е физички или психички. Нема таа хормони како сите ние? Очигледно нема, или пак тој човек кој е нејзин сопруг воопшто не ја привлекува, го искористила само за да го направи она што логично се очекува на одредена возраст, значи колку да и' помине редот. Јас така го сфаќам тоа. Можеби грешам, не знам каква е во останатите сегменти од животот, ама дефинитивно и' треба стручна помош на жената. Во тоа нема ништо срамно.
    Пак ќе кажам, сексот не ми е најбитен во бракот, ама ми е навистина важен. Нема да навлегувам многу, многу во детали, само ќе кажам - еден добар оргазам ми дава многу сила и енергија во текот на наредниот ден, но и повеќе од тоа. Многу подобро функционирам ако претходната вечер сум уживала во „брачните должности“ и не ми е тешко да станувам ноќе да го заспивам малиот не знам колку пати по ред, отколку кога воопшто сум немала секс. Ако тоа ме прави нимфоманка и себична, нека биде така. Ама тоа не значи пак дека јас секоја вечер имам секс. Па живо суштество сум, и мене не ми се сака секогаш, ниту пак на мажот ми. Ама да не ми се сака со години... тогаш навистина нешто не е во ред.
     
    На sj *O*, sesilija, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Во контекст со одличниот последен пост на Пирамид и Жоел, ми раскажува мајка ми пред два дена дека ќерката на некоја нејзина колешка била ептен по чистењето, перење и спремање по дома и мајка и горда на тоа неколкупати му го спомнала и на идниот зет а дечково мртов ладен и кажал-се е тоа фино но јас жена за готвење и чистење секогаш можам да најмам но мене ми треба ЖЕНА! Ако го ставате на страна сексот кој велите е релативно дали е еднаш неделно, месечно или дневно сепак физичката блискост допири, нежности и бакнежи не се за занемарување а нашиов фемински пријател кажа дека и тоа недостасува во нивниот брак.
    Да требаше да живееме со цимери ќе се мажевме/женевме со најдобрите пријатели а не со најголемите љубови!
     
    На sj *O*, kate21, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.288
    Допаѓања:
    101.290
    Пол:
    Женски
    Жени, темава ја отеравте на сосема друга насока. Проблемот на Квадрос не е едноставен. Плус овде он си кажува од негова гледна точка, а никаде не кажува каков е тој према сопругата. Се согласувам дека сексот е битен фактор во бракот, не постои полошо чувство од она дека партнерот во кревет не е те регистрира. И не се расфрлајте со терминот фригидна во случајов. Жената е асексуална према мажот и воопшто. Погоре напишав кои може да се причините за тоа.

    Прогуглајте за проблемот пред да напишете нешто. Не само пишувате и критикувате. И да , некој е повеќе сексуална личност , некој помалку. Кај секој е различно.

    Женава очигледно од порано си имала аверзија кон сексот, зашто да си во врск 2 години и да немаш секс со некого, не е во ред. И не е ништо страшно да се посети психолог или брачен советник. Не е лесно да се развдеш одма. Овде има и дете. И кој знае низ што поминува жената длабоко во себе. Кој знае каков им е бракот, односот. Има многу фактори кои можат да влијаат врз желбата за секс со некого. Од мое лично искуство, во една бивша врска, бидејки дечкото знаеше да ме омалуважува и навредува пред други, со време ми стана толку одбивен што не можев да го смислам да ме фати за рака а не па да бидам интимна со него. Едноставно ми стана одбивен. И нормално раскинав, но друго е врска , друго е брак и семејство.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Квадрос рече дека со години немале секс, а тоа веќе не е намалување на потребите, туку едноставно ГО НЕМА. Тоа е навистина проблем. И јас погоре напишав кои ми се приоритети на овие години: работа, сигурност, мир, ама го сакам и сексот што е нормално. Тоа е човечка потреба, и ако ја нема воопшто, нешто не е во ред. Но замислете да имате се од тоа, а да нема никаков секс? Едниот нема никаква потреба за секс, а другиот има а не добива. И едниот и другиот ке се разболат. Тој што нема потреба од секс а е релативно млад, нешто не е во ред. Може се хормони, што знам, здравствено, психички. Но тешко на оној што си има нормална потреба, а брачниот другар не му излегува воопшто во пресрет. Па тој човек бетер ќе се разболи, психички ќе оболи, ќе се осеќа понижено, непосакувано, фрустрирано. Страшно. Многу е деликатна темата. Кога сте слободни, лесно е, ќе раскинете. Ама во брак, тука се деца, делби на имот, родители. Цел систем се руши.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.524
    Муабетот е чисто биолошки.Многу нормално дека на 20,30 години сексот ете,не е најбитен,но многу битен сегмент,но првенствено ради хормони,а потоа,навистина,навистина,навистина не се должи на хемија и страст помеѓу партнерите,туку се должи повторно на хормонски промени.А од друга страна,поразително е ако бракот се води низ страст,како што кажав,страста не е ниту емоција ко прво,а ко второ многу нормално е дека се губи по само една година.Сепак на крајот,да дојде и до физичка блискост се поважни други посилни и подлабоки емоции кои пак би довеле и до надминување на тн сушен период.Ако се базира на страст,кога ќе се изгуби,на површина ќе испливаат сите глупости.
    Ако на 30 години еден оргазам ти дава полет и енергија,на 50 можда саксиското цвеќе што ти успеало.
    Муабетов е чисто за да не се прави генерализации,туку малце пошироко да се погледнат работите. Ќе тргнам од себе која ниту сум многу блиску до 30ти,а камо ли 40-50,а уште помалку пак до брак,што значи моите хормони вриштат по нешто друго,а не на везење и хеклање.Така што сфатете ме ко (полу)(објективен) неутрал,не гледам од свое место,туку општо земено.

    Мала дигресија,ама смешно ми дојде,не исмевам да не ме сфатите погрешно,туку баш симпатично. Како се гледа одма тазе брак,први лајкувачки се со стаж од неколку месеци до година дена брак! :D

    Едит.И ова...велите брак без секс,еднакво на неверство. Ок,зошто тогаш наголем дел од нив се кријат кога го прават тој чин и тешко им оди признавањето?! Сега ќе рече некој,не јас,ако осетам,развод,па ќе праам што ќе правам. Епа сите не се како вас. Значи сепак,во наголем дел не сакаат да ја изгубат сигурноста на домот,партнерот (кој да,често се емоционално достапни меѓусебно,а сексуалното изневерување дошло од лични причини,ко на пример несигурност во својот изглед,пожелност и слично.А од друга страна ќе ја отворам темата неверство и сите се закокодакале,тој кретен,па сексот најбитен,колку незрел е,ваков,онаков или па јас му давам,тој сепак се запнал за друга,што значи не мора да е сексот у питање(овие пак,се емоционално недостапни еден со друг,па освен секс,партнерот добива и емотивна поддршка од љубавницата) и што значи дека тој што изневерува брајќи страст е незрел,точка.Не можеш да имаш страст цел живот,факт кој не може никој да го побие и да сака),семејството итн итн.Значи сепак структурата ја држи нешто многу посилно.Сигурноста на човекот после одреден број на години му станува прироритетна над сексуалната потреба што е многу нормално и природно. Исто како што треба побрзо да се сфати дека сексот е битна компонента ,треба да се сфати дека и ...своевремено ќе ја смена ко генерална потреба и никој не рече дека се прави муабет за целибат и братско-сестрински однос.А што е најсмешно,жените први ги мава тој момент ко резултат на менопауза.Така што тик-ток,побрзајте со насладувањата што почесто! :D
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dionisija

    Dionisija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    златапеткова јас никаде не реков дека треба да изневерува затоа и спомнав дека не треба да си го уништува бракот..а изгледа ти под уништување на бракот подразбираш само развод.. и колку што сфатив јас квадрос и жена му имале секс само ретко и нему тој секс не му се допаѓа а не со години да го немале.. и извини ама јас не знам кој нормален човек со успешен брак на другите полиња кој трае повеќе од 20 години и со семејство ќе се разведе само поради секс.. жената поминала 40 години желбата за секс и поминала што е природно да се случи во одреден период од животот..! кај неа можеби и порано но еднаш ќе се случи.. јасно се гледа дека таа не сака да се разведи..! затоа му реков да поработи на другите полиња од бракот ако се друго е во ред апсурден е разводот на овие години.. тој спомна дека сексот никогаш не му бил доволно задоволителен па што не се развел со време? на овие години му текнало да се разведува заради лош секс?.. се надевам дека не му е влијание од гледањето порно филмови.. и злата тоа последното не го разбрав добро изгледа ја одобруваш подредената функција на жената во однос на мажот во источните земји..! јас само ја кажав реалната ситуација на луѓе на мои години и не сум само јас туку и 99 посто од паровите ако звучи нескромна бројката но така е.. не треба да те повредува реалноста и да размислуваш дотолку романтичарски.. ти ќе се трудиш да не биде така но колку ќе успееш против природата и против времето ќе видиме малку тешко ќе ти оди..! ех и јас така си мислев на 30 само времето си го чини своето и нема тука ништо страшно.. природен тек.. пак ќе речам не сум лишена целосно од секс но тој е редок и потребата е намалена.. нормален човек на овие години не се преоптеретува со сексуалниот живот..! имањето и немањето секс нема врска со домаќинството..! и не вреѓајте така ако на некое младо девојче сексот не му е најважен не значи дека не ја бива за секс и дека е само за перење пеглање и готвење..! идеално ќе е партнерот ако ве привлекви сексуално и ако има иста страст цел живот ама не е така и не можи да биди..!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Де кажи ми ти мене некоја причина поради која би исчезнала потребата за секс???? Испитувања покажуваат дека сексот станува се подобар со тек на годините(значи ова не го викам јас). Добро имале секс одвереме навреме така?Но имала секс од што морала а не од што сакала..а за мене тоа е исто ко да немала.
    Како и да е вечно можеме да дискутираме и да не се совпаднеме зашто затоа и сме луѓе нели ,за да бидеме различни во размислувањата и ставовите.Никогаш нема да се сложеме зашто јас тврдам дека човек треба да се ангажира малку не смао за јадењето и пеглањето туку и за емоциите и за сексот.Верувам дека желбата со тек на годините се повеќе ќе ми се зголемѕва како што е и до сега..зашто секој нареден секс со пратнерот ми е се подобар и подобар.
    Јас на човеков би му кажала некои работи.Те молам прочитај ги сите мислења и види состави си едно големо од сите нив и конечно размисли убаво.Те молам притоа не се води од срцето...туку решавај и води се со паметот,зашто донесување одлуки според срцето во вакви ситуации може само да те наведе на погрешен пат со уште повеќе трпења и преќутувања.
    Најмалку сакам да влијаам на тебе за да се разведеш.Но еве ќе ти кажам што според мене е најдобро да правиш.
    Очигледно жена ти ја искористува ситуацијата и твојата трпеливост.Таа научила дека што и да прави колку и да те избегнува ти ќе останеш до неа и ќе бидеш мирен.Епа јас велам делувај и млаце психолошки.Исплаши ја.Седни разговара со неа и биди лут.Кажи и дека ако не смени вашиот брак може да резултира во развод.Верувај жените се грозат од зборот Развод или разделба и верувај дека ќе ја подиспалшиш малку.Ќе го сфати ова сериозно и ќе види дека си лут и сериозен.
    Тоа е друго чаре не гледам.Нормално ти ако сакаш можеш и да идеш на страна да имаш секс со некоја и привремено да ти помине желбата за секс но по некое време верувај дека се ќе се врати по старо.И проблемот уште ќе си стои овде а ти а очигледно и она ќе патите.
    Реши го ова зашто никој нема да ти ги врати годините и деновите кои си ги поминал со нервози..прашувајќи се зошто е таква,па дали има друг,па да не не ме сака повеќе итн....
     
  20. Dionisija

    Dionisija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    истражувања ќе прочиташ разни кои немаат цврста основа животот и искуството е нешто друго привлечноста и страста се намалува како што телото старее па хормони ете затоа се намалува потребата за секс а не расте тоа е апсурд.. и претеруваш со тоа пеглање и готвење тоа се стереотипи.. нормално дека нема да се согласуваме во се ама мора да се прифати кога нешто со мислењето не е во ред и е нереално.. жената не морала да има секс се согласила за да го задоволи мажот и тоа е нешто..! и тоа сведочи дека од развод и од неверство та ќе биде најповредена..! алал да ти е мислењата ти се на место..! години брак не се фрлаат во вода ради сексот што не бил како од порно филм.. оставаш впечаток како да сакаш да кажеш луѓе во години да се разведуваат и да изневеруваат ради секс.. а неверството не е нормално понашање во тој случај..