Какво нормално бре што е тоа 2 пати годишно? Луѓе по два и повеќе пати прават во вечерот а не годишно...
Има ли негде норма што е нормално,ако двајца луѓе се асексуални да ги означиме како ненормални?Битно е само дали и двајцата се согласни со тоа.Ама претпоставувам чим прашува тука значи не му е сеедно на некој од нив.
Ако двајцата сте се договориле така, терајте си, што прашуваш по форум дали е нормално? Ако вас ви е нормално, нормално нека е. Мене лично не ми е нормално.
Нормално да биде тоа?! Де бе не заебавајте,не менеее УОПШТЕЕЕ И НА НИКАКОВ НАЧИНН НОРМАЛНО МИ НИЈЕ! Имате се запрашано која е причината шо немате секс? Обврски се во прашање? Или што? Нешто мора да има
Мн е лошо кога нема да се поклопат сексуалните апетите помеѓу двајца, а да претходно не се разговара на темата.За некој е ок 5 пати неделно, за друг 5 пати годишно. И обично на едниот му е ускратено задоволството или другиот за мир во куќа ке нуди секс повеќе од што сака и има потреба. За мене лично не е ок.Ни јас ни маж ми не издржуваме повеќе од 3 дена без секс.Кога би поминал долг период без да го посакам или ме посака веројатно ке се посомневам дека нешто ни се случува.
Нема нормално или не, партнерите се договараат меѓу себе како ќе биде. Но, штом пишуваш на форум очигледно не е во ред за тебе. Седни разговарај ако не е друго нешто во прашање. Мое лично мислење е дека сексот е битен за одржување на здрава врска и блискост меѓу партнерите.
Сега брзо гледав човек што неможел без др*ање 20 и нешто пати го направија ненормален. Овие од 2 пати годишно уште по несалам. На луѓето никогаш нема да им погодите удоволете си сами.
@majaskkkk1 Според мене, што сепак си решила да се обратиш на форумот, и самата најверојатно подсвесно сметаш дека имате проблем. Исто така, "не ви е" или "не ти е" т.е само лично тебе не ти е до интимни односи? Истовремено, дали отсекогаш ваква ви била динамиката во врската или сега нешто се променило во бракот/ по доаѓањето на детето? На крајот од денот, сопругот што вели на таа тема? Сигурно досега сте разговарале
Нормално е после дете да се намалат односите но не до толку, секој ден е заморен но некогаш ќе прејдеш и преку замор. Асексуален не стануваш преку ноќ, ако не сте 50+ зборам за климакс да ве фаќа тогаш имате некој проблем самите хормони те тераат на тоа колку и да не сакаш.
Здраво на сите. Имам прашање. Колку секс неделно мислите дека е нормално? Јас со сопругот сум во брак 4 год, немаме деца ама скоро и да не се гледаме. Секс еднаш неделно некогаш и на 2 недели. Јас работам само втора смена,тој оди на смени (прва, втора, трета) . За викенд ќе се договориме демек ај вечер, тој ќе заспие и ништо. Порано имавме по неколку пати неделно ама не одев на работа, т.е работев од дома. Малку ме иритира ситуацијава. И со него сум зборувала и вели , што да правиме ете таква ни е работата такви ни се смените, преморени сме итн.. планираме бебе а со секс на две недели не знам ни дали ке успее..
Абе дали е до мене и да сум единствен ама ќе кажам мислење. Дали има нешто послатко од секс после работа и да заспијаш како јагне?!
Работата не е пречка за ништо, сите работиме, па за се има време. Ако заспал, изненади го и разбуди го. Еее така јас ако гледам, немаше ни ние да имаме редовно. Маж ми секогаш заспива пред мене гледајќи тв, јас ретко сум заспала пред него, па затоа сред ноќ... си се будиме. Тоа не се договара "ајде вечер", едноставно се случува кога посакуваме/те и двајцата.
Со деца да сте ќе ве разберам ама без деца не е океј што се вика слободни сте и немате гајле патем и деца ако би правеле како ќе ги направите со 1 месечно не се прават.
Точно така, ама како што кажа кога и двајцата сакаме. А чим заспал, значи сака да спие. И тоа го имам пробано некогап функционирало некогаш не.. ама и тоа не е тоа успан како со сила, не сакам така.
Ти работиш само втора смена, што значи многу лесно можеш да си направиш план кога пример ќе готвиш, кога ќе одмориш и сл. Ама заебот е кога еден оди три смени и верувај, напорен е тој момент. Ти може да мислиш дека не е заинтересиран, ама едноставно смените и годините си го носат своето. Имај малку разбирање и ова е баш решлив проблем.