А што ако е на стари години? Што ги прави поразлични паровите во брак на стари години? Едноставно треба флексибилност и разбирање. И тие младите парови ќе дојдат на стари години. Што да се рече тогаш за нив?
Вие одредувате колку е за вас нормално . Без разлика на тоа дали работите во смени , или не . Јас работам во смени , имам три деца и сопруг кој што е често на терен . Сепак , имаме интимни односи речиси секој ден . Некогаш повеќепати дневно . Имало , има и ќе има периоди кога нема да имаме интимни односи со денови ( најчесто кога сопругот е на терен , или имам менструација која вообичаено ми трае цела седмица ) , и тоа не можам да го променам . Но дури и тогаш , страста во бракот/врската меѓу мене и сопругот не се менува . Се додека вие чувствувате интимност и блискост , не е важно дали имате интимни односи секој ден по 3 пати , или два пати годишно . Е сега , штом се обидувате да добиете бебе , поразговарате со сопругот на таа тема . Не се договарајте , не купувате нова гарнитура за дневната соба , за проширување семејство се работи . Најважно е да и двајцата го сакате тоа . А потоа следи полесниот дел , т.е оние мали нешта кои ги правиме еден за друг , со кои партнерот ќе посака да не заспие таа вечер па колку и да е уморен . И ова го кажувам без разлика на тоа кој направил вечера , кој поставил и сл. Секој проблем има решение . Само треба разговор и разбирање од двете страни . А ова со интимните односи , е исто така надминливо . Само поразговарајте со вашиот партнер и се ќе се среди .
Па, кога ќе дојдат на стари години првобитната жар се губи. Не ми земерувајте но, мене искрено и поради тоа ми е страв од брак и обврски. Во првиот пост мислев ако се склучи брак на стари години хормоните веќе не се до толку возбудени како на младите години. Затоа можеби и поарно е да се женат порано. Ете, мое размислување но, тоа е друга тема. Не дека на стари години тие што склучуваат брак биле во врска претходно.
@Alizée10 ама бракот не е само секс? Туку и почитта, грижата, ставањето на потребите на парнерот пред своите (не конкретно секс, еве потребата да се наспие и одмори прво)? Те сфаќам на што мислиш, го делам мислењето дека хормоните нема да се како на млади, но затоа тука е разумот. Ако свесно си влегла во брак, тоа значи да го сакаш тој човек и имаш разбирање за сите ситуации кои ги носи времето. Мене па ми е многу гнасно кога стално се става акцент на сексуалните односи. Секако дека се подразбира дека е битен сексот, ама некогаш си добивам слика дека голем дел од парнерите си имаат до себе само сексуална играчка, а не личност со свој став.
Што значи стари години? 40?50? Јас и маж ми сме 17 год во брак, и сега имаме мн почесто и далеку мн подобар секс отколку пред 10 години што сме имале.
@eliesaab во секој брак има сексуални односи. Не може да има брак ако нема мерак. Кога е уморен партнерот треба да го оставиме да се одмори оти е така редот и оти греота е. Е сега зачестеност...како ќе се договорат обете страни. Може ако е поредок сексот е посладок. За секој што не размислува така нека си спомене дека некој ни толку го нема. Доколку би била во брак од љубов со саканата личност и јас би практикувала поредок сексуален акт. Секако ако другата страна се согласи. Како што веќе реков некои се позахтевни само на почетокот и ненаситни.
@Alizée10 нема машко што не е ненаситно (за жал). Тоа во врска се гледа, нема потреба да се стигне до брак. И ред други работи. Ама офф топик ќе заминам.
Баш ме радува што читам вакви мислења. За една врска помеѓу двајца партнери да функционира како таква потребно е и двајцата да учествуваат да се изгради. Тоа значи и откажување од многу нешта. Ван бракот ќе бараат ама повеќето веќе си имаат партнерки а, за пециво не сакам такво искуство.
Партнерот може да е уморен денес, утре, задутре….ама ова кај нив трае очигледно. Ова делот да го оставиме уморен и така е редот, е малце така од памти век. Па она не бара да имаат секс 10 пати во денот. Она нема скоро па ич.
Девојки имам ГОЛЕМ проблем. Јас вријам по нешто што не ми нуди мојот сопруг. Тој е многу сменет во овие 5години,мој Влатче некни вечер беа со мојата најверна пријателка на концертот од Северина,а јас не отидов бидејќи ја сакам повеќе Јелена Карлеуша.Кога се врати ноќта во 3 наутро,Јас повторно сакав да ме задоволи но кога пробав да го соблечам заприметив розев кармин малце подоле од неговиот папук.таков розев кармин носи мојата пријателка….Ама јас му се налутив бидејќи тој веројатно ја задоволувал мојата пријателка а мене НЕ… Следно излегов на балконот за да запалам цигара кога сфатив дека ова не е прв пат да се однесува вака. Тој веќе со години одбива да ми ги задоволи потребите. И сега не знам што да правам, дали да се разведиме или тивко да се разделиме. Девојки ве молам ПОМОШ
Ти сега оди на концерт на Јелена Карлеуша со негов најверен другар и направи го истото што и твој Влатче за реванш. п.с. стави црвен кармин #априлилили
Точно дека не секогаш сексот е најбитен од се, но реално гледано секој физички контакт и те како е битен. Ако било само најбитно психа луѓето никогаш би немале односи.
За ова да има ефект треба мажот да го види карминот на стомакот на другарот и да го види без кошула, ама пази тоа пак е озбилен плот твист.
Исто така, ако имал кармин не мора да значи и дека он нејзе ја задоволувал, само она него, така да биди без грижи. Значи, во тој случај спасете го бракот, ок е мислам. А чекај зошто ти да го слакаш за да он тебе те задоволи? Сега искрено почнувам да сумњам во автентичноста на приказнава.
Решение и двете да си купат кармини од Балеа од ДМ од кај Њемците, тие не се размачкуваат и нема да остават траг ни на еден стомак т.е. подолу од папокот Како смееш, како? п.с. позз Мире @Atomska mira