Друже ти со жена ти не со во брак, цимери сте. Не ви ја знам детално ситуацијата дали може нешто да се поправи, но процени си сам. Јас бев овака на факултет со цимерката, јас мијам садови таа брише прашина, јас закачувам алишта, таа џогира. Исто како и вие, само не бевме на лист во брак. Како прво вие двајцата еден со друг не си ги слушате проблемите, одите еден против друг. Лесно ќе беше секој проблем да се решаваше со секс, но не е се така розово во животот. Не го оправдувам тоа да немате секс, затоа и кажав дека сте цимери само. Но од е поважно е да ја решите причината зошто немате секс - отколку да имате секс со сила без задоволство. Разговарај со неа, слушај ја. Кажи си ги и ти маките. Можеби е анксиозна? Можеби се има здебелено и не се чувствува убаво во своја кожа? Дане умрел некој близок? Дане има некој близок болест? Дане има таа нешто па не ти кажува?
Многу јасно но зборот ми беше штом го изјавува тоа дали го кажува со намера или го споделува бидејќи и верува?
Можеби и има некој друг, не знам ама вакво однесување ми укажува само на тоа дека сака развод, а се мислам дека причината е друг или пак желба за нешто ново. Пробај разговарај пак, кажи и дека сакаш да зборувате нормално и смирено без расправии, да ти каже што е проблемот, дека ке ја разбереш и сакаш да го решите. Ако упорно одбива и не сака, а и според сето што ни го кажа, мислам дека развод не ви бега. Често се случува кога на жената мажот и и е прв и единствен, да посака нешто ново. Имам другарка на која маж и е прв и размислува за друг, го сака мажот и не би се развела воопшто, ама посакува и нешто друго да проба. Јас ја разбирам, затоа човек треба пред брак да се изживее и помине некои работи. Не е ова правило, ама се случува.
Секако дека е со намера Да беше поинаку прво ќе си расчистеше со жена му после ќе споделуваше со други женски
Тоа значи дека можеби и жена му не му дава и такви муабети врти на неколку девојки па која ќе успее да даде ок коа не не. Некои и се фрустрирани од тоа да се одбиени некои продолжуваат како ништо да не било или или е работава. @JonSnow не значи ако и купиш секси веш дека би го носела и дека би имала таков интерес за тоа. Некој кога почнува да вежба му се намалува уште повеќе либидото не значи ако вежба дека ќе порасне. Ако она е од почеток таква без авантуристички дух во нејзе тоа е таква особа и нема да се смени.
@Brpbrp има пишано членот дека преку 10 парчиња секси веш ѝ купил. Реков дека оваа се заебава со него. И не е до тебе @JonSnow Сонот на секоја е ваков маж, што ќе помага, ќе изненадува и ќе иницира разговор. Нешто не чинело од старт најверојатно, можеби сте имале напори од двете страни, ама нешто што е гнило колку сакаш вложувај напори ако едната страна не ти е рамо до рамо со тебе..сакај труди се и место неа, џабе.
Тоа и ми беше муабетот ако предходно не носела воопшто он колку и да и купува она нема да го облече ако не се осеќа убаво во таа облека џабе и да е и најскапа и најсексапилна облека ако не ја влече тоа тоа е. Исто како она да му земе гаќи со сурла танга, а он да не е такпв тип и не би ги ни облекол дали тоа е ради неадреналински дух,физички изглед, нема имагинација итн. Имав една колешка порано она не е задоволна со својот изглед и беше доста крупна и уште си е таква ама жената е забавна, се шали на своја сметка си носи и таков долен веш иако нема вајано тело сепак таква е по природа иако има и 3 деца сепак уште си има нормален сексуален живот дури и повеќе да не кажам, колку што она кажува ама и мажот и е исти како нејзе и тука се слагаат.
@Brpbrp е добро де, па и да не носела ќе се запраша малку и ќе помисли дека еве мажот ѝ се труди?. Башка он не ја навредува со тоа што ѝ купува долен веш туку дава до знаење дека сака да се осети убаво.
Ако она не се осеќа убаво во таа облека сигурно нема да ја облече. Треба да биде обострано тоа. Ако некој не е по тоа сигурно нема да се запне да го облече само ради мажот. Никој не рече дека ја навредува ако едноставно она не се осеќа убаво во тоа нема никогаш да облече. Еве пример има жени што се крупни со фалти да кажам ама си носат ултра кратки и тесни фустани,хеланки со кроп топ итн и тоа не им пречи воопшто, но има некои што не се осеќаат убаво во таа облека и не ја носат гледаат да носат пошироко за да ги покријат тие детали.
Далеку од тоа дека сте пред развод, но имате проблем во комуникацијата. Очигледно е дека е во бурноут, преморена, велиш спие цел ден да може, импулсивно реагира итн. Пробува на секој начин да го среди домот, вие шетате во парк, таа чисти (епа нема кој да исчисти и зготви, радо би шетала). Твојот притисок за секс може дополнително да ја фрустрира и да се чувствува и како лоша жена, ако не носела веш претходно може да и додава комплекс дека не е веќе ни привлечна, па да се создаде огромен притисок кој многу жени го имаат, да се носат со тешкиот притисок да се добри сопруги, мајки, работнички, љубовници, ќерки, снаи итн. Имаш право да бараш од неа што ти треба, но подобро да ја поттикнеш и таа да бара, затоа што од празна чаша не може ништо да ти даде освен кавга. Ете си пишал сама иницира нешто на брзина за да молчиш, значи тоа е да спаси брак, а како и е внатре што нема страст тоа е друго прашање. Многу помага да се бара надвор поддршка, баби дедовци да чуваат деца, жена за помош по дома или ти да почнеш повеќе да се ангажираш, храна од надвор да се нарача, да се предуреди нешто во домот, да се купи некој уред што спасува време, да одите на масажа заедно, да одите на излет, одмор, ресторани...кога урлаат децата да не им викаш ако тоа и е тешко и прави да и падне задоволството да излезе....не и треба само неа поддршка, тебе ти треба повеќе. Не затоа што не се трудиш, туку затоа што и тебе ти треба подобра комуникација. Внимателно со барањето на сексуални односи, ќе се реши тоа, со ваков притисок полошо ќе и направиш. Па си телефон историја си гледал што прави...научила нешто? Сериозно? И овде да те прочита како тоа си го пишал, па ќе ја фати баш желба да најде друг што ќе е задоволен со тоа што веќе го има .... Доколку има простор, почнете со брачно советување и психотерапија или
Еден совет краток. Игнорирај само, како да не постои одредено време, тоест не да не комуницираш со неа туку ако прави драми само климај глава и тоа е тоа. Излези со другари, кажи јас излегувам и излези. Верувај дека ќе трча по тебе и сам ќе бара. Имав другарка таква. Цело време ми зборуваше како дечкои сакал само секс а таа одбивала, по некое време то се помирува со тоа дека нема со неа да има секс и тоа е тоа. Девојчево по некое време полудува и ми се жали дека он се сменил и не и бара секс како порано, не ја сака бла бла бла....
Колешка и другарка моја на маж ми му кажуваже дека последните пет години само еднаш годишно имала секс со маж и и и му покажуваше слики во диско како излегувала облечена. Секако дека јас и маж ми одма прекинавме контакт со неа. Со намера е 100%. Речи му сакам директни мажи, кажи дека сакаш да ме легнеш.
@JonSnow мораш да разговараш. Мора таа да знај шо ти мислиш и осеќаш. Мора ти да знајш шо та мисли и осеќа. Вака се измачваш зошто е вака како шо е, ѝ препишуваш емоции и ситуации кои можеби се точни а можеби и не се, и следователно на тоа се менуваат чувствата кон неа. Не смејш да работиш на претпоставки. Ако не разговарате и двата нема да знајте точно каква е ситуацијата и шо треба да се смени. Исто видете дали сте отворени кон терапија каде би оделе двата, партнерски. Некогаш потребно е и страно мислење и медијација.
Зошто мажите ако осетат дека жената е смената ,веднаш го поврзуват со секс?Жена највеќе се лади ,од лоши зборови ,немање подршка ,внимание...Можеби пред се ова може се обидувала да ти укаже, а ти си ја сваќал здраво за готово.Потруди се за неа ,одвој време за неа.Биди и подршка ,заштита. Случката како се спрема за во град , а ти доаѓаш со децата дома ,и си свикал може го сватела ко демек и префрлаш.Може и за најмали ситнци за окривуваш. Почни со ситници.Мали значајни моменти.
Зошто во денешно време се е сведено на секс затоа е тоа така. И си мислат среќна жена е само кога имала секс, а не кога ќе дојде дома да одмори да пружи нозе и некој да ја гушне.
Ќе го отерам у 3 лепе .. како бе така претпоставен па тоа е сексуално вознемирување на работно место. А дека нема не верувам тоа се бајки за мали деца,
Тоа сакав да му го пишам. И плус оти деца покреативни сме да не сетат Скоро 11 год. во брак не сум осетила дека немам секс редовен.
Мене со ситуацијата со @JonSnow ми е нејасна - како тоа и бараш секс? Зарем секс се бара? Како оди тоа-ќе ми дадеш ли? Не знама , те молам објасни ми. Ако спиете во ист кревет нели директно се потегнува иницијатива со галење? Не знам, еве јас не се сеќавам маж ми да рече -ќе ми дадеш ли? Може грешам. Но, може тоа е фрустрацијата шо е само зборување, дело нема. Пробај директ на дело без зборови и купување долен веш итн. Па кажи.
Тоа купување долен веш може само контра ефект да има. Да си помисли етр не му се свиѓам, он сака некако да изгледам, не сум му доволна..