Ме фати жал читајќи, и за тебе и за децата што живеат во таква средина, а и веројатно ќе треба да поминат низ развод. Не знам како ви било на почеток, ама ми изгледа како погрешен избор на партнер. Друго што ми фати око, ти рече дека вежба? Јас посакувам да соберам енергија за да вежбам, мислам дека тоа највеќе ми го убива либидото, мрзливоста... И може грешам, ама жена која нон стоп "дава" само доги, го избегнува мажот. Да си ја заврши обврската на најбезболен начин, да не видиш дека не ужива.
@John Snow извини вака .. цело време удираш на тоа дека еве почнала да вежба, и купуваш долен веш, како да сакаш да ја моделираш некако. Жената може не е иста како кога сте се зеле, може ставила некое кило, и ти ако си и го зборел тоа, ако си ја напнувал со тоа, верувај ја разбирам што има изгубено желба за секс. Ама со тебе. Искрено да ти кажам, да се пронајде некој кој ќе ја сака каква што е, со сите нјзини мани и врлини, а не да ја моделира, да видиш како ќе и се присака. Така да биди си малку искрен пред себе и погледни се ти како се однесуваш према неа.
Баш ....ќе изгуби и желба и волја.Најверојатно се понаша така ,да му даде до знаење ,дека и фали ,да се потруди околу неа.Да се однесува со љубов со неа.Најверојатно е ладен ,и наоѓа замерки.
Ова не е проблем со него, кој знае таа низ каков хаос е у главата после 2 пораѓаи... Некои жени зборуваат за проблемите, некои само сакаат денот да им помине. Ова може да ѝ е постпородилно, ама сега ако ѝ спомне на жена му дека треба да зборне со некој профи - ќе го убие!
Ај стај се на нејзино место. Ако има проблем и он ја напиња како да ќе умре ако нема секс, плус и купува веш типот да му била посексипилна!! Па навреда е бе тоа. Да ми купува веш да бидам сексипилна за него да му се дигне... ма нека се гони у 3 лепе и брак и све. Се радувал зашто почнала да вежба.. А бе ок е тоа, ама да ја скаше каква што е? Денес дебела утре слаба.. Ама неее типот сака манекенка низ дома. Море мрш овде ќе ми глуми жртва.
А што има лошо во тоа? Човекот по природа е таков. Тоа што то сака да ја види во секси долен веш не е нешто лошо. Тоа дека ќе те сака и да изгледаш како страшило за на нива ми е ептен мит. Лично мене би престанал да ми се свиѓа ако престане да се грижи за тоа како изгледа пред мене, било да е за излегување или за по дома. Жена највеќе се лади ако се појавил некој друг во нејзиниот живот, макар и симпатија да е кон некој, да не зборам за повеќе. Да не се лажеме. Што повеќе тој и пружа внимание толку повеќе ќе го инорира таа. 100% сте имале таква ситуација повеќето (вклучувајќи ме и мене) Се прави за тебе, ѕвезди од небо ти симнува а тебе мува не те лази, уште повеќе си го билдаш егото, и на крај ќе се затрескаш во некој што 2 посто не те ферма. И на крај кога истиот тој што ѕвезди од небо ти симнувал ќе престане тоа да го прави и ќе види дека нема фајде тогаш почнуваш да му гледаш слики, да не нашол некоја друга, зошто престанал тоа да го прави... 100 слични ситуации имам видено и лично јас сум го правела истото, така да што и да пишете џабе е, барем бидете искрени.
Разговораме и Веќе трет ден се напаѓаме и се обвинуваме по телефон. Имаме цело време дигнат гард штит. Имаме очај огорченост и омраза во муабетот. Во една прилика ми спомна дека не сум прашал како е таа и што прави како и поминува денот. Сега кога ја прашувам ми вели веднаш дека ја прекорувам во смисла не прави нешто што јас сметам е корисно и правам псхихика блокада... Целта не ми беша таа но како да сака кавга. Вели дека моите прашања се секогаш наменски, што категорично тврдам дека не е точно. Се напнавме и за банално прашање околу колата, па зошто сум се распрашувал... Ми кажа дека има голема несигурност од секој мој став и намера дс ја критикувам. Секој збор си го мериме. Ја зсмолив да проба да ги избришеш сите влијанија од моите ставови, особено оние негативните кој ги има стекнато од последица на заедничкиот живот, тоа никогаш не било главна поента да направам кон мојата сопруга. Јас не сум маж кој сака женами дс е психички и физички малтеритиранс. Не сметам дека сум. Испаќа дека сум бил. Навистина ми е жал. Јас несакам психички слаба жена сакам јака и своја и со самодоверба. Сакам да е дотерсна, модерна, секси, нашминкана, малку провокативно, самостојна. Ме обвини дека цитирам: Таа никогаш за мене не била доволно добра (многу спијам, неодлучна сум, неамбициозна, не те поддржувам, ограничена сум, несигурна у себе…) за се што правам ме доведе у ситуација да се сомневам дали е ок тоа што го правам..... За разговор со стручни лица и блиски лица да се отвориме таа е против. Вели дека цитирам Ако има воља од наша страна да се реши проблемот ќе има резултат во спротивно џабе 100 стручни лица. Дојдовме до еден предлог за во иднина вака да продолжиме во однос дека Ние сме повеќе непријатели и непознати кој се нашле во иста куќа да чуваат деца кои подеднакво ги сакаат..... формално со почит да разговараме (ЗА ДА НЕ СЕ ОСТАВИ ПРОСТОР ЗА ИРОНИЈА И ПОЗАДИНА И НЕКОЈ ДА БИДЕ НАВРЕДЕН), и да не се коментира дали и што сум мислел со прашањето ниту ти ниту јас. веќе да не се споредуваме со другите брачни парови, едно е пред луѓе а други се дома, незнаеме, да поставиме правила како ќе се однесуваме во иднина еден кон друг, односно да се посветиме на децата, да не се караме, креваме тон, нити еден спрема друг ниту кон децата кога другиот е присутен. Зборовите "те сакам и злато" се тешки зборови и не треба лесно да се изговараат и немаат место во нашиот заеднички речник, лажни ми се, немаат смисла. Прв предизвик треба да научиме взаемно да се почитуваме на ниво, како со пријатели. Поделба на обврските со децата, взаемна помош и подршка без посебна молба и но ако се побара. Да нема можност за некој очекувања кој после ќе ме разочарат. Јас мислев ти мислеш..... Незнаев дека не кажа.. Треба да научиме да пробаме да бидеме пријатели и да видиме како ќе се однесуваме пред околината со други луѓе. Инаку си изнакажавме се и сешто. Зошто секогаш се чека од мене иницијатива кога е взаемно обострано задоволство. Зошто повеќе не чуствува љубов и страст.... Дека ме сака како брат и пријател. Зошто Последните неколку интимни односи беа по нејзина инцијатива за смирување на тензиите. Што е гест за мажите и главна карактеристика. Дојдени сме до дистанцирање на кое веќе влијае на сите сфери на нивните животи. Важно е да се напомене дека во сите ситуации, конфликти, разочарувања, достигнувања, и двајцата сфативме дека сме подеднакво одговорни. Таа чувствува од мене само критики, недоволна емоционална наклоност, разбирање и поддршка, дека веќе нема од моја страна наклоноста, посветеноста, подршка. Психолошки сум ја стресирал. Никогаш не сум прашувал како е што и е. Не ја ценам и не ја почитувам не сум свесен. Не сум дал соодветна подршка за време на порудувањето (пред неколку фодини) и не сум ја бакнал, исто не сум ја помогнал соодветно за време кога беше болна и лежеше во болница на неколку пати(пред 2/3 години) . Има фобии од мене дека нешто неправилно прави. Дека сум ироничен. Дека во многу важни (емоционални, физички) не сум бил до неа. Односно само физички ама Поддршка и разбирање не сум дал. На крајот и таа се согласи дека Очигледно и двајцата не сме се потрудиле за тоа што сме го очекувале и дека цитирам : Те САКАМ КАКО МАЖ НЕ КАКО ДРУГАР ама за мене сексот е само позадина. Јас и реков дека знам дека не сум совршен, далеку од тоа, не сакам да се карам и да ме прекоруваш и нема веќе тебе да те судсм и прекорувам. Ако сум ти створил некој фоббии и се извинив, не сум саксал и било со добра мисла. За да се подобри да биде самостојна успешна личност. Секако негативно сето тоа ти има влијаелоо па затоа сме таму кај сме, и секако брачниот живот за да успее треба и двајцата да се смениме и да си ги доближиме световите и навиките. Не и барам баш така како си опишала, туку со допир, галење,..... Секако.... Но несака. Нема страст... Нема предигра.... Брзо и кратко да е.... Само на полошо, разговаравме и се напаѓавме, знае и ја чита фемина форумов но не сака дс коментира. Еве што ми пиша во врска со форумот: Во врска со фемина коментари те ова ми го пиша: У однос на она што ти пишувале одговори со претпоставки на фемина, сакам да сме на чисто: -не сакам развод, -те сакам, -немам друг -не мислам на друг -вежбам за себе -не сум авантуристка и не сум слободен дух па да можам туку така да се лапам по улици или често да носам долен веш (никогаш и не сум била па да речеш сум се сменила) -очекувам разбирање и комуникација а добивам само критики и иронија. Терај како те советуваат на Фемина и како те води интуиција и претпоставки. А јас и вратив со следново со големи букви : -не сакам развод, СЕГА НЕ НО ПРАШАЊЕ Е КОГА -те сакам, НЕ МЕ САКАШ -немам друг, ИМАШ ДОДВОРУВАЊЕ -не мислам на друг, МИСЛИШ КОГА СЕ ЗАДОВОЛУВАШ, НА КОЈ МИСЛИШ.. АКО НА МЕНЕ ЌЕ ДОЈДЕШЕ КАЈ МЕНЕ... -вежбам за себе, ЗА МЕНЕ НЕ -не сум авантуристка СИ БИЛА НЕКАД и не сум слободен дух па да можам туку така да се лапам по улици (СОПРУГ СУМ ТИ, тој ден пред 6месеци бевме среќни, сами се враќавме од кафе бар и те поканив во парк во темното да се галиме и зезаме како дечко и девојка ) или често да носам долен веш (никогаш и не сум била па да речеш сум се сменила, ЗА САКАНИТЕ МОРА ДА СЕ МЕНУВАМЕ АКО ГИ САКАМЕ ДА СМЕ ЗАЕДНО, ПОДЕДНАКВО) -очекувам разбирање и комуникација а добивам само критики и иронија... СИ ДОБИВАЛА И ПОФАЛБИ И ИСКРЕНОСТ И ПОМОШ. Мислам дека нема. Секако сигурно и се додворуваат лица колеги, таа е убава жена, згодна, и привлечна. Не сака психо терспија, таа не споделува со никој ништо од тоа што знам, ниту сака на форумов... Јас се мислев дс зскажам кај овие две особи :Брачниот советник Вида Гаврилоска Бубалова или Билјана Стојановска, дипломиран, лиценциран психолог. има некој искуства предлози....? Инаку се иселив, имашенеден коментар таков да ме снема зс некое време, веќе две недели... Функционираме на телефон. Нема ставено кило, добро изгледа и добро тело има. Ме пали, секогаш ми буди страст и секогаш ми е битно да е задоволна....
Овде само читам ЈАС, ЈАС, ЈАС, ЈАС, ЈАС..... значи ти целиот проблем го вртиш за тебе да е во полза, само за тебе размислуваш.
Ау колку си напорен дечко ти си опширен од мува слон правиш, па жена е тоа сака мазење , пазење како со дете полека мило објасни и те сакам вака така комплименти не штеди ама искрени само долен веш не е поклон и ја не би сакала да ми купи тоа значи му фали сексапил.. купи и цвеќе парфем што го сака или води ја на шопинг нарачај пица и гледајте филм гушнати. Биди див у кревет покажи страст ти фати ја за врат стегни ја не може да не сака ти си и маж само очигледно паднала на самодоверба нема прашување ние не се прашуваме со маж ми дали ќе имаме секс или не сакам јас си земам сака он си зема ,заемно уживање. Мажот треба да ја упрости работата кај вас е лесно фали само внимание топлина со тек на време ќе биде се во ред сега треба ти да се потрудиш малце повеќе помалце зборење повеќе дела и акција. Поздрав.
@JonSnow имате многу подлабоки проблеми, фали емоционалната основа. А може и погрешниот (ненамерен) пристап еден кон друг придонесува за поголемо одбивање. Пробајте од почеток на ново, повторно освојувајте се, учете се да се сакате и најбитното - трудете се обострано. Без заеднички напор нема ништо.
Жено сето тоа го правам... Но нема повратно... Сум и набил комплекси, ме сифурна енод мене.... Не сум бил емоцијален, не суѓ ја подржувал, суѓ критикувал....
Jas neznam sto ti preci toa.Toa e normalno. Neznam vie mazite sto sakate. Na nas gi ostavate decata, kukata, rabotata. I pak necinime. Pa zosto toa bilo na brzina ili bavno ili neznam kako. Takva e situacijata i taka treba da bide. Sto e toa tolku cudno.Kao ti pravis moabeti so zenati za seks, sakala-nekela. Toa e bracna obvrska, nemora cesto ama da go ima. Ti izgleda neznaes sto e brak i bracni moabeti. Mesto za decata, za domot za rabotata za parite da pravite moabet do 101 i nazad, ti si zapnal nekoi tupavi moabeti da i pravis. I normalno ignor ke dobies.
Мене ова ми е напорно само што го читам, не па да го преживувам.. Многу спиела, не сакала веш, дрн дрн.. Не е тоа битно многу. Сексот е секако битен, и разлики во либидо знаат огромни да бидат.. Не знам, да ме критикува маж ми и да очекува фелацио после, никад па ни тад.. Ако не е амбициозна, не е... Нема ти што да сакаш да биде, ако не е. И нема ништо лошо во тоа. Ваква да била, онаква да била очекуваш. Модерна вака, нашминкана онака.. Непорно е да се чита.. Критизер ретко која жена поднесува. Не е мазохист.