Па ја ако работам 8 саата денеска, а он работи помалце од мене или е слободен има да го опне скуталето оти ќе биде работата голема.
Незнам за тоа, тука околу мене и жени ја работат таа работа, жени и возови возат и автобуси, и се праат шо мажите праат. Дали тоа значи дека маж ми треба да ми зготви?
Готвам затоа што обожавам да готвам, а не дека ми е мене само обврска, и мм готви и работиме, јас работам од дома и имам повеќе време, чистам зошто сакам да ми е чисто и јас така сакам, не дека ми е обврска, со мм чистиме заедно за викенди, а дворот, терасите тој си ги средува повеќе, јас повеќе внатре. Ама мора некој баланс да има, не само на жената обврските да се. На крај краева ако не зготвиме си порачуваме готово.
Не реков дека си обврзана. Туку бракот двајцата да бидете едно и да создадете семејство. Има работи кои сама не можам да ги правам па затоа ми треба маж. Се што е физичка работа е на негов грб. Останатото е мое. Дури се немаме ни договарано кој што треба да прави. Од самиот почеток така тргна и така остана. Сакам да те прашам ако му речеш ај земи испери и зготви што би помислила ти кога он би ти рекол еј срцка ај оди смениги зимските гуми или смени масло на колата. Гарант би го отерала у три лепе Ебати бракот ако ставаш се на кантар како на пазар. Денес ти си завршила повеќе работа утре он ќе заврши повеќе и готово. Ако со човекот со кој спиеш ставаш се на кантар можам да замислам какви сте со непознати...
Па тоа и јас го велам. И мене ми се случувало истото, се спремам да готвам он вели спремисе надвор ќе јадеме, со таков човек искрено и инвалид да сум ќе станам да зготвам. Што мора за се да се споменува е ја сум напраила ова ти си направил она е не е фер. Ако не се разбирате џабе е се. Тоа ми беше зборот ете и ти рече. Он средил надвор ти си средила внатре. Тој веројатно и физичка работа има а ти готвиш.
Ја како што паметам ти рече дека не работиш, дома си чистиш гледаш деца ово оно, а има жени и што работат и кога дома ќе си дојдат пак е се на нив оставено. И не не ставам на кантар туку логично е дека нема да бидеш физички способна да трчаш по се.
Па добро и он работи па кога ќе дојде дома го чекаат обврски и? Пак ќе речам. Животот не е мед и млеко ниту амерички филм. Ако мислите дека бракот е само да сте заедни и пеперутки ќе ви летаат се лажете. По муабетов вие при прв проблем ќе барате развод.
Ја горе напишав мислење во кое напоменав дека и двајцата треба да знаат се и да се спремни на се. Сите се имаат свои идеали во брак, во твојот функционира така кај други може е поинаку и едноставно така си тераат. Ти можеш да ги критикуваш колку сакаш и да ги убедуваш дека тоа не е океј, ама крај краева тоа е само твоја перспектива. Кога двајца возрасни стапуваат во брак верувам дека се доволно зрели да си го организираат животот и имаат меѓусебна комуникација доколку не се согласуваат за нешто.
Абе на сите мажите сами си мењаат уље и зимски гуми?Пошто мојов за тоа оди на мајстор,да знам дали утре да го опеам.
Јас стварно не разбирам зошто толку не се разбира или се бега од поента. Никој не вика дека на жената ќе и падне круната ако зготви ручек, ама кога сите обврски и се оставени нејзе, нормално е дека нема да има секс. И аман веќе, перење и готвење се најосновни работи што си обврзан да ги направиш, ако не сакаш да останеш гладен и неперен. Пола и повеќе од мажите што пишуваат овде не седнале да ја прашаат жената како се чувствува, дали и треба нешто, да помогнат околу деца и домаќинство, туку одма првото прашање е ' Зошто жена ми не ми дава, а и купив 10 различни танги и пак ништо?' Нормално дека ќе остане на ништо кога се размислува толку плитко. И цел секс шоп да го купи џабе ќе му биде ако не и пружи емоционално внимание, поддршка и помош.
Моја кола, сама одам на мајстор за промена на масло и гуми, сама некогаш одам на самоуслужни перални и супер ми е.
Незнам од кај сега испаднаа педерите у муабетов ама мене стварно ме занимаше.А и најискрено љубовниот живот на мајсторот не ме занима,мене ме занима што нашиот буџет оди кај него.
Па ти одговорија сите дека заеднички треба да си ги поделите обврските. Во смисла низ дома работа, готвење, алишта и ти ако одиш на работа и он нели то е времето. Но нема заради некои работи шо се потешки за нас жениве, кревање, лепење, местење кај шо треба машка сила јас да бидам вечна слугинка, ќе среди кабли, ќе ми отвори некоја тегла, ќе ја намести сијалицата. Тие се ретки работи шо некој ќе ги побара, но се друго е секојдневно. И се прај муабет за секс кај што нема виша сила да ме натера да го гледам како обврска, секогаш него ко ќе му се засака, шо е секојдневно и ако мажите функционираат на дугме, кај жениве и не оди баш така, подобро да нема одколку да му глумам во кревет за да биди тој задоволен, или ти мислиш дека ако треба и ќе глумиш се само да речеш не вечерва, не е моментот, дали тоа те прави нешто помалце жена како во случајов, дали е во ред да бара развод за истото?
Јас кога готвам или правам нешто поголемо обавезно го земам до мене за помош, па колку ќе израстурам ме фаќа паника дури и да се испулам во кујната, и денес вака се растурив правев благо, па мислам некој да ми влезеше шо тоа се немаше, насекаде брашно и шлаг на фрижидерот, шпорет, врата, релната нозе ми се тресеа, арно шо ми помага
Интересно е да се набљудува како истите членки во темата жени домаќинки пишуваат како да домаќинството, гледањето деца е лесна работа, а тука кога друг е наративот, одеднаш станува една од најтешките работи. Ако некогаш се отвори пак дискусија, со задоволство би споделила она што се пишува тука. Сега тебе ќе ти се обратам. Самата себе се понижуваш како своето да не е тешко. Сакаш да ми кажеш дека менување на гуми и уље, што патем на таа пара која не ви фали, не знам зошто по дома мењате, е потешка од твоето одржување на домаќинството и гледањето деца? Неговата е физичка, а твојата е физичка и психичка, па измери проста математика кој носи поголем товар. Исто така, и друга твоја реченица ми привлече внимание. Треба да имаме секс, за да не се чудиме како одат по други. Извини, ама жената не сака секс, не од глума, туку има причина зошто не сака. Умор, нервоза, престимулираност, прекапаност, хормони во постпородилниот период, се само дел од причините зошто една жена одбива секс. И ако имаш секс само колку да го задоволиш мажот, за да го спречиш да не оди по други, плукни му се на тој брак. Не е се во сексот, но е додаток за да го негуваш бракот. Бракот исто така не е една права линија, се соочуваме со разни фази и предизвици и ако мажот мисли само на секс, а не се запрашал зошто нема позитивно расположение од другата страна, значи немаш проблем ти со либидото, имаш проблем со одамна исчезната комуникација. Те молам не го прави косењето на двор научна фантастика. Јас сум косела огромен двор, поодморена сум била, него да се справуваш со мало дете цел ден. Ќе се обратам исто и за реченицата каде напиша, после редење на бекатон, нормално ќе му зготвиш, испереш, исчистиш. Тебе што ти е наградата кога ќе си ги завршиш своите обврски? Ти си решила да останеш дома поради децата, што е неспоредливо со редење бекатон. Домаќинството е обврска на двајцата. Сите тие активности што ги опиша во однос на зачестеноста не се споредуваат. Тој ќе нареди бекатон, ти од прв ден готвиш, чистиш, переш, пеглаш. По неколку пати во денот.