Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Леле жено бре што ме напна толку...дај смири се малку.Да алал да ми е на мислењето знаеш зошто? зашто не планирам да си го запоставувам мажот,планирам цел живот сексот да ми биде убав и возбудлив и точка.Планирам да се негувам и да му бидам убава и секси секогаш..средена нашминкана.дотерана.

    оставаш впечаток како да сакаш да кажеш луѓе во години да се разведуваат и да изневеруваат ради секс

    која е логикава на реченицава...што тоа сакаш да ми кажеш???? Во кој случај неверството е нормално понашање.??? пошто велиш во тој некој случај не било нормално..е ајде тогаш во кој случај е нормално ако не баш во овој каде жената го запоставува????Мислиш дека он ужива во тој секс каде жена му му прчи нозе само ради него и со сила а не од што и е убаво????Сигурно не ужива драга моја.За што се фрлаат години брак кажи ми еве пошто си нели постара и тоа демек значи дека си во право????Зошто тогаш кога некој ќе има секс со друг надвор од бракот да се растура бракот??Зошто да се растура?? Па зарем брак се растура само заради еден секс??? За што има разводи?? Сигурно не оти не сум му ја испеглала кошулата,,,(*иако верувам има и такви моронски случаи).Ја без навреди ама искрено не ни верувам дека си 50 години како што си напишала.
     
  2. Dionisija

    Dionisija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    девојко млада смири се разговараме на форум..! мислењето не ти е воопшто на место.. ти ќе се негуваш ама на 57 нема да бидеш она што си на 27..! и иако сум постара генерација ме нервираат мислења дека жената треба да се негува и дотерува само ради мажот.. јас се негувам и дотерувам само заради себе и добро се држам за своите години ама не за мажот ми да се чувствува како некој шеик од источните земји..! и разводот ради секс после 40 за тебе е нормален..? разводи кај нормалните луѓе се случуваат од емотивни причини а не поради секс..! кога си влегол во брак со некого си бил свесен во што се впушташ па и сексуално.. младоста си ја поминал така па сега на стари години ќе изведуваш глупости како развод и неверство..затоа велам квадрос да ги испита и другите сегменти од брачниот живот дали е само сексот.. од такви мислења како твоето расте бројот на разводи и неверства и недостатокот на почит према никого секој ден.. и понатаму не продолжувам девојко млада затоа што потполно ги мешаш рабтите и не го разбираш напишаното.. понатамошен муабет со тебе е непотребен само ги збунуваш луѓето кои си имаат мака..!
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.300
    Допаѓања:
    200.493
    Пол:
    Женски
    Полека малку девојки, смирете ја топката. Да не ја расипуваме темата. Јасно е дека секој различно размислува, и прифатете го тоа.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Некој маж има и пари, и згодна жена, деца, убав дом, секс во сите пози, и ОП си ја изневерува жената.
    И колку се овие чести случаи!
    Значи има дома секс со жена му, а пак ја изневерува!
    Така да, не значи ако има дома `малку` секс, па ајде ќе ја изневерува.

    А, разводите најчесто се поради меѓусебно нетрпение, неслога, неразбирање, непочит, се` од емоционална природа, отколку што се поради сексот!
    Ретко кој поради секс се разведил! Прашањата околу сексот се решаваат многу полесно, отколку другите животни проблеми и прашања.

    И никој не рече да нема секс во бракот!!! Туку да се има разбирање кога жената од свои причини има намалена желба, апетит за истото.
     
    На sj *O*, Shana, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Зошто забегувате од темата? Темата е брак без секс, а не причини за изневерување, ваши докажувања и сл.


    Мое мислење: брак без секс (и на 40+години) НЕ може да опстои. Не постои доволно добра причина за да се нема секс (освен здравствени причини).
     
    На sj *O*, eli25, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Не е темава за неверства, ама се согласувам со ова над мене. Маж склон кон изневерување може секогаш да најде изговор. Жената може да е најзгодна на свет, да посвети многу труд и време да го задоволи и ете, да и рече „Имаме ама не ни е добар, затоа те изневерив“.

    Има и те како случаи на мажи и жени со намалена или непостоечка желба за секс, посебно во ова посовремено време ... невреме. Не знам зашто, али по мое мислам дека порано немало вакви проблеми барем не во таа мера. Дали причината била поинаков начин на живот или самото традиционално воздржување, не знам но за вакви проблеми слушам само во поново време, може и порано имало многу вакви појави ама за нив не се дискутирало.

    Штознам, можеби постои психичка позадина за оваа состојба. Дали ете на некои луѓе така им влијае современото доба во кое мн работи се дозволени и ете не претставуваат предизвик...не знам, но мое мислење е дека не треба одма да ги ставаме ваквите во карантин (оваа појава не им се случува по нивна желба) и тие заслужуваат место под сонцето покрај некој кој ја има истава или слична појава. Само компатибилен пар (во тоа поле) може да функционира , сексот не е ни толку битен, ако на него се гледа само квантитативно како што рече лолита. Затоа сум строго против целибат пред брак. Мора да се види прво компатибилноста на тоа поле така да никој не остане разочаран и исфрустриран, а ма колку ова да е некоја примарна човекова потреба, не-најбитна во бракот нејзиното отсуство кај луѓе со нормална сексуална желба фрустрира. Факт.
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Колку само се воздржував да не искометирам, ама више не можам. Квадрос, порано не си приметил на почеток на врската,бракот или последните неколу години ова се случува? Си разговарал упорно со неа?
    Што ја знам, можеби предвремен климакс кој враг и е не знам. Ама можам да кажам едно. Иако тазе брак, повозрасен сопруг имам и сексот е супре.
    Побугу дедо ми на 80 и кусур години со притисоци и срцеви проблеми ебел ко спобудален и баба ми на мајтап го зема да ја остави да здивне малку жена во години на која и далеку дојдено до секс ама пак си ја извршува брачната обврска без проблем и не несакање ради реда. Аманте више. Ајде не то а најбитната работа, ама е најбитната споредна. Или застани и ко муж и кажи си и се што ти лежи и ако има некој проблем нека иди да се среди или трето не знам до кај би одел ти. Тажное брак со дечиња да се распадне заради немање секс, ама крајно простачки е да заспостави партнерот. Јас така на маж ми да ну напраам? Ха...И перам, и чистам, и со другарки излегувам, и на студии пак одам и он уморен од на работа, па пак од мртвите ќе стане само за малку нежности. И баба ми и мајка ми еве покомпетентни ова ми го кажувале да не излезе сува вода муабетов. Кога јас доживеав од персонисо добар брачен статус и доооолго искуство пред да се земам да ме советуваат да те сака, пред се да те почитува ама и да те задоволува, и ако се е ок а сексот не да си размислам да не брам, тогаш...не знам.
    Пак ќе речам, убавина куќа не крепи. Само за сексот важи некоја видоизменета верзија, сексот куќа не гради, ама куќа држи. Затоа држете си ја вашата, да не дојде на помош комшијата
     
    На sj *O*, DeMelo, wish и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Потребата за секс е резултат на лачење на хормон кој во менопаузата се лачи многу помалце, што значи и потребата за секс се намалува. Веројатно си учела и по биологија, исто како потребата за храна што е хормон, ако не се лачи, не ја чуствуваш. Просто и јасно како ден и медицински докажано. Па ти одржувај линија и биди секси колку сакаш, тоа е природа.
     
  9. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @Kvadros

    Мој совет е да си се вратиш на основите.Вие сте во брак за да ви биде убаво(да бидете емотивно и сексуални задоволени),плус нормално создавање на поколение,доколку постојат услови(материјални
    и други) за достоинствен развој на истото.

    Јас во твојот пост гледам дека не само што госпоѓата го користи сексот како средство за контрола,
    туку не покажува никаква емотивна блискост и внимателност кон тебе,освен по некој бакнеж од празник до празник,или од роденден до роденден.

    Госпоѓата ти вели дека сексот не е најважната работа у бракот.Еве и да се сложиме хипотетички со таа нејзина изјава.Нека ми каже госпоѓата на кој друг начин она ја покажува нејзината љубов и внимание кон тебе.

    Јас не гледам ништо конкретно од нејзина страна кон тебе во емотивна смисла,освен грижата за детето ,но тоа е друга ствар.Од друга страна ти работиш со правосмукалка по дома,бришеш прашина,сакаш емотивно да сте поблиски,и плус имаш интерес за неа во сексуална смисла.

    Некои тука покренаа дилеми околу твоето поведение,но по мене не си таков профил на човек.Мажи тепачи,алкохоличари како прво нема да дозволат такво изживување од женска страна,дефинитивно нема да размислуваат двапати дали да ги изневерат сопствените сопруги.

    Во таква констелација на машко-женски односи,секојдневната атмосфера е невиден страв,проследено
    со срамежливо дигање на прстиња од женска страна доколку сака да праша нешто или да се вклучи
    во најобичен разговор.Ситуацијата опишана во постот е комплетно спротивна.

    Она се однесува со тебе како да си кученце.Ајде направи ова кученце,ајде сега направи она кученце.
    Браво.Сакаш колаче?Епa нема.

    Не знам само кој дел од овие познати женски игри не ти е познат.Сексот одредени типки и во врска
    го користат како средство за контрола,со нормално дополнителна мотивација да бидат сигурни дека
    момакот е "правиот принц",па ги влечат машките и по 1-2 години без секс.Па има жени кои се мажат исклучиво од материјален интерес и стапуваат во брак со маж кој воопшто не го сакааат.
    Повторно сексот се користи како златно оружје да се намами пленот.На почетокот е се сјајно,а потоа почнува театарската претстава.Ова не е мој обид да правам категоризации за тоа каде припаѓа твојата жена.Тоа сам треба да си го одлучиш.Она што е мој став е дека јас имам речиси нулта толеранција за вакви женски ср#ња.
    Веројатно имам речиси нулта толеранција и за машки кои дозволуваат вакви работи да им се случуваат независно дали се во "врска" или брак.Значи превземи си и ти одговорност за ситуацијата.

    Што да правиш?

    Епа еве,за почетокот освежувачки би било да си расчистиш што сакаш.
    Сакаш хармоничен брак исполнет со емоции,љубов,внимание,взаемно почитување, секс?
    Го добиваш тоа?Не.

    Измери си фино што добиваш,а што губиш ако идеш на варијанта развод.
    Ако не ти се допаѓа таа варијанта,престани да се жалиш.
    Мој личен совет е да не помислуваш на изневерување.Може она сака развод.
    Може намерно те наведува да ја изневериш за да она си обезбеди "доказен материјал" за на суд.
    Она може да побара да се разведе,и да завршиш вообичаено со поделен имот,детето она да го добие,и класика "трошоците за малиот/малата" ти комплетно да си ги сносиш,и на крај ти да завршиш како лошиот момак во целава прича,а она можеби(велам можеби) веќе те изневерува.Овој тип на проблеми во бракот не се решаваат со пуштање на машина и пружување алишта.

    Повторно фино размисли си и потоа разговарајте.
     
  10. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    На тебе пријателе ти е загрозен животот..и тоа сериозно го мислам..
    по годините гледам дека сме тука некаде и знам дека што и да правиш/работиш во животот не си среќен и жал ми е поради тоа...си инвестирал многу во бракот/работата/бизнисот/,а сепак и покрај се не го добиваш ,,шлагот на тортата,,...
    не го добиваш ,,виножитото,,,не ја добиваш убавината на љубовта со својата саканата..
    за својот проблем бараш решение долги години и на право место го бараш..кај својата сопруга и воедно гледам и дека и нудиш секакви опции за продолжување/опстанок на вашиот брак и искрено од срце ти стегам палци и сакам да успееш во намерата..да бидеш целосно со оној што го сакаш..тоа е тоа нели..
    ...но..сега прости ми...ќе кажам нешто што најискрено го мислам...и дај боже јас да грешам...
    она има некој друг и мислам дека нејзиниот ,,недостаток на желба,,е проста и вулгарна лага која секојдневно ти ја сервира во име на заветот даден на/кон ,,дотичниот тој,,...
    сум го видел тоа во,,живо,,пријателе и тоа е толку забегана работа да тоа не можеш никако да го разбереш и неможеш да го есапиш за нормално..но тоа го има,верувај го има и тоа како го има...
    и ако е нормално од оваа или онаа причина да има одредени моменти кога не ти е/не ви е до секс,тогаш не е нормално да немаш никаква желба за нежност/допир/интимност..
    па уште тоа да трае со години..ма нема шанса другарче..нема шанса..па камен да е еднаш ќе те посака..
    и ако веќе таа го знае проблемот,те сака и сака да ја оправи работата ќе превземе чекори и ќе побара стручна помош..зошто она те уверувам знае дека страшно те повредува,,..тоа го знае..
    таа знае што на тебе ти прави..е сега што таа на себе со тоа си прави е вистинското прашање...
    не верувам дека би погодил но..мислам дека си прави алиби..
    па нели е умна,па образована,паметна,па шетана...
    па белки е и начитана...не е дека непрочитала малку и на оваа тема...
    ако те сака тебе,другарче ќе ти прави и што сакаш и тоа што не го сакаш...
    ама несака да ти прави ништо поради некој друг,другарче...тоа се прави само поради некој друг..
    ....пред ова да го напишам направив некои свои мали разговори со мои блиски особи и истото независно едни од други ова ми го кажаа,па и со доза на цинизам во своите коментари укажуваа дека тоа за жал е толку многу ,,видливо,,....
    и поради тоа сега мислам дека ти ,,филозофира,,другарче и те тера сосила да ,,пораснеш,,
    ..пази богати..на тебе толкав маж..боже мили..
    па се прашувам има ли она малку почит кон тебе и има ли она респект кон вашиот брак...има ли..
    ..а тоа што ќе им го кажувала отпосле ,,на сите,,ич к.р.т. да не те боли зошто после ,,ова нејзиното,,
    и онака нема повеќе ништо важно да ти биде.............и пак ти велам........дај боже јас да грешам.....
     
    На lovely.pepa и emekreme им се допаѓа ова.
  11. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Јас мислам дека има друг! Дајбоже да грешам.....ама не е нормално да се нема секс тооолку години, освен ако се работи за асексуална особа! Па дај ти се молам тоа е потреба!.....Исклучок е тоа што јас и другите девојки ти го наведоа АСЕКСУАЛНОСТ! Само ти можеш тоа да го одредиш, ако не се работи за таква особа, сигурно не те сака, и и има друг! Тоа е мое мислење!
     
  12. kvadros

    kvadros Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Прашав што е тоа асексуална жена, но нов сум на форумот и по се изгледа ништо се нема објавено во дискусијата. Значи, како маж не познавам асексуалност во машкиот свет. Дали постои асексуалност кај жените? Можно е жена ми да е асексуална цел живот а јас да не сум знаел или да се претворила во асексуална особа?
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Има асексуални и жени и мажи. Можеби се поретки и најверојатно никое машко не би признало дека е асексуален, туку ќе го крие тоа во себе. Затоа и не познаваш никого...
    Жена ти можно е да била цел живот, а можно е и да не е така.
    Од кај да знаеме ние? Можеме само да погодуваме.
    Таа најдобро си знае.
    Дали е асексуална или има некоја внатрешна блокада, пречка која и` створила аверзија кон сексот.
    Можеби таа самата знае, а можеби и не е свесна за тоа.

    Како и да е, најдобро е да седниш и да порзаговараш отворено со жена ти околу се`, без да ја напаѓаш, да имаш разбирање и заедно да го надмините тој проблем. Но, пред се`, имајте трпение. ;)
     
  14. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Асексуалност означува недостиг на сексуална желба и привлекување. Луѓе, коишто чувствуват постојано недостаток на сексуално привлекување и желба за сексуален контакт се нарекуваат асексуални. Во науката има спорови дали асексуалноста е сексуална дисфункција или вид на сексуална орјентација.
    Асексуалното поведение (воздржувањето од сексуални контакти) не е задолжително обврзано со фактичка асексуалност. Кога асексуалното поведение е како резултат од личен избор и погледи, тоа се нарекува целибат. Целибатот е карактеристичен за определени представители на некои религии (пр. православните монаси, католичките свештеници) и култури.
    Често асексуалното поведение е резултат од несакањето на некои луѓе да ја прифатат сопствената хомосексуалност од една страна, и недостигот на интерес кон спротивниот пол, од друга.
    Они коишто ја разгледуваат асексуалноста како сексуално нарушување, посочуваат различни причини за нејзината појава, меѓу кои: преживеано сексуално насилство, сексуална репресија (поради хомосексуалност и др.), хормонални проблеми и др.
    Голем дел од асексуалните луѓе не ја прифаќаат дефиницијата "нарушување", тврдејќи дека состојбата не им предизвикува чувства на незадоволство, страдање и несреќа. Често истакнуван аргумент е, дека во минатото слични категоризации се биле користени наспроти хомосексуалноста, а денес науката ја разгледува како легитимна сексуалност.
    Дефинитивен став за карактерот на асексуалноста не може да биде даден, поради недостигот на квалитетни испитувања во областа.
     
    На Lilit и Shana им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Да додадам уште еден значаен фактор за таканаречената асексуалнот. Строго, круто воспитание од страна на родителите дека сексот е нешто срамно, нечисто и дека единствената функција му е продолжување на видот, а не и уживање и задоволство. Пред се мајката и го наметнува ова на ќерката во нејзиниот психосексуален развој, и тоа сфаќање длабоко се инкорпорира во младата личност. Најверојатно тука би требало да се вклучи психолог, но жената треба да е свесна за она што го пропушта и мотивирана за подобрување на состојбата, инаку со сила неможе да се однесе на психолог/психијатар/сексолог.
    И се разбира многу поддршка и разбирање од страна на патнерот, но без нејзина желба и мотив да промени нешто, неможе ништо да се постигне.
     
    На zlatapetkova му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Асексуалноста настанува како резултат на некое психичко пореметување, некое негативно или неубаво искуство. Не би ја повржала со некој др фактор како што прочитав ,,круто воспитување од страна на родителите,,.
    Асексуална личност не се раѓа како таква туку настанува како резултат на некое негативно влијание-искуство.
     
    На MarchelineAmaru и Shana им се допаѓа ова.
  17. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    знам како ти е јас имам 6мес ќерка сопругот гледа порно а мене не ме чепка односи дали имаме 2пати неделни и тоа несвршува,гледавме заедно он зјапна у нив јас и заспав не ни ме примети,му казав дека ми смета шо гледа ми ре4е обро не гледам веќе,само што испаднав надвор и се втратив одма он имаше пуштено пак....и нз што да правам....
     
  18. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Блокни му ги сајтовите кај што пушта порно,облечи штикла на 3 спрата,долен веш шо поише открива него што покрива,влези му у соба,дувни му со цигарата у фаца и кажи му Здраво пастуву,јас сум вечерва твојата Aletta Ocean!
     
    На MarchelineAmaru, J.Ivanoska и Beauchamp им се допаѓа ова.
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Е хорор .
    Побрзо би се развела отколку да трпам фрустрации поради несексање.
     
    На sj *O*, tessie, wildflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Брак без секс......... :?:

    Зошто имам мислење дека тие кои најповеќе го сакаат сексот, го обожаваат, го споменуваат, го форсираат, не можат без секс минимум 3 пати неделно......најмалку имаат секс??????? :tmi:

    Зошто сум среќавала многу кул личности, јаки фацички, секс симболи, ама многу се јаки само на зборови и на дебати. А, во пракса нигде ги нема. :x

    И спротивно, некој кој не го форсира сексот, кој не се прави јак е*ач, многу е поверојатно почесто да има секс од другите.

    Искрено, кога некој константно зборува: сексот вака, сексот така....зботува ли зборува до таа крајност што звучи како исфрустрирано, како незадоволено....
    А, тој што се науживал вечерта, па и не му е толку до зборување... :)
     
    На OGNOMET и hermosa им се допаѓа ова.