Не значи дека се иселил од куќата, може се иселил од спална- не спијат заедно. Рече дека развод и двајцата не сакаат.
А ти што си му уствари него? Швалерката можеби? Или ти си тој типот, си се логирал од нејзин профил. Дрвен адвокат изиграваш или што? Ние не ја знаеме ситуацијата 100% каква е но секоја прича има 2 страни ако не си знаел/а. А типов со последниот реферат не да се обрука и понижи, не моеше подоле да падне. Дали уопште го читаше ти или вака ти одговара да пишуваш? Ако толку у право е, што одма избега ко пичка со образложение дека го нападнале? Уште и бришење на профилот барал. Штом чиста ти е совеста, ќе си држиш до твоето, нема да бегаш па згора на тоа и дрско да се испонашаш. Немаше веќе како да се оправда, мораше на крај ко секад жртва да испадне као. Не сте објективни ич. Ама веруј тие финти не проаѓаат.
@JonSnow ти го почитав излагањето за вашиот взаемен договор и ми текна дека јас еднаш бев во ваква врска. Ти што мислиш дека не ја критикуваш директно и не и правиш влијание многу се лажеш. Самиот тип од коментари за кои ти мислиш дека се во нејзина полза нејзе ја фрустрираат. Јас глава оставам дека и ги имаш речено уз муабет сите работи што ни ги напиша нас- дека мн спие, дека не е амбицозна, - дека е мрзоволна итн итн. Постојано велиш дека е згодна и дека те пали, еднаш не рече дека е прекрасна личност, дека преубаво готви на пример, дека има некој друг квалитет а да не е згодна. А ти ако грешам поправиме слободно. Знаеш ли колку е фрустрирачки у сред кавга да и речеш - е што ти спиеш цел ден или секој момент го користиш за спиење наместо да водиме љубов на пример? Потсети се ќе видиш дека сум во право. Тоа со текот на годините ствара фрустрација и тоа доведува до одбивност. Ти мислиш дека за нејзино добро и зборуваш ама ствараш контра ефект. Плус се гледа дека си филозоф по природа па кој сака некој цел ден да и зборува колку она не чини и не прави ништо за љубовниот живот? Во врска со долен секси веш еве да ти кажам мое гледиште- мене сопругот да ми купи секси долен веш ќе му речам поарно да купел не знам карти за кино на пример. Ти имаш визија како сакаш да ја гледаш ама она не е тој тип. Едноставно е подобро биди романтичен, купи цвеќе, книга, филм некој гледајте ништо нека не се деси. Постојано што и велиш дека немате секс она го смета дека секој твој гест е за тоа, да ја легнеш. Се што правиш си поврзува дека е за тоа ( бидејќи рече дека сте биле на романтилен викенд). Дај си задача на пример 2 недели дека ќе и ги посветиш нејзе без да спомнеш секс. Се прави само не и спомнуј секс. Сам си ја сјебал работата друже сега треба мече да родиш да се вратш назад. И нозете миј му ги и пиј ја водата што да ти речам.
Ништо не си прочитала од дискусијата и зошто сите го искритикуваа. Типот жената не ја погледнал дури поминувала низ пораѓај. Не ја гушнал, не ја бакнал. Немам родено дете, ама можам само да замислам колку е тој момент клучен во животот на секоја жена, кога е една бура од емоции и од хормони. Не ја погледнал кога повторно била во болница. Не и обрнал внимание. Не и се отворал кога нешто го стресирало, а нема нешто пофрустрирачки од тоа да го гледаш човекот кај што нешто го мачи, а не те чувствува за близок за да ти каже. Никаква емоционална поддршка од него не добивала. И доаѓа на фемина форум и не прашува нас оти таа не сакала орал и секс иако тој за тоа бил расположен, па чак и веш и купил ?!?! И мислам дека точно знам што и се случува, од една страна го сака, ама од друга сите тие работи ја имаат потиштено и едноставно нема волја за ништо. И скроз ја разбирам, не заслужува такво говедо, заслужува човек што едвај чека да и каже за денот, да е тука кога и е тешко, да оствари емоционална врска, а не само физичка. Ама ај ќе ја вртиме темава дека на мажите им било тешко и да сме биле среќни оти све они изградиле. Боже Господе.
А кај мене јас што му покажував на мојов како се проверува уље, како се става течност за брисачи, како се менува гума? јеби га единица сум па татко ми покоен кога ми ја купија првата кола прво основни работи ме научи.. Ама ете машки се тие работи.. Ама затоа кога ќе ти дојде испотен целиот црн од тоа уљето и ќе ти тресне на мушама со цветови, одма шопската и ракијата.. а додека мези ти се тушираш и се местиш во кревет на изволте јер човекот сменал гуми и уље на кола...
Па баш и дека не е амерички филм бракот, до тука и сме дојдени во државава. Која е поентата на ова што го пишуваш? Јас одам на раб, мм оди, се враќаме дома и е хаос, кој да чисти, а кој да фати позиција да си легне? Или сепак заедно е подобро и побрзо решение?!? Имало периодни кога и двајцата сме работеле 12 часа во денот, физички работи, а дома после тоа не чекале деца кои се спремни за игра, ручек да се зготви, машини и се останато. И јас на него сум му помагала за физичка работа и тој мене за домашни обврски. Ние што одиме на работа, имаме по 2-3 деца, значи дома ни е забаталено и црви не јадат? Демек само вие што седите дома сакате да ви е чисто, и си ги чувате и гледате децата? Што напиша те молам повтори си во себеси, не мора тука. Кога ќе работиш по 12 часа во ден, и 2 деца дома се од тебе ќе чекаат, и станот ќе треба да го чистиш сама, ручек и се останато, тогаш дојди и мудрувај во темава како не треба помош од маж ми да имам. Не само на +40 и -15, туку секаде и секогаш.
Не бе, сите мажи ги бива за „машките“ работи. Сите јаки, цврсти, храбри, прави мужи си се шо ви е. Оф леле, и после не се генерализирало. Па збори за конкретен пример и според искуство и ситуација, не за цел род, ко да се подразбира дека така е по дифолт. А праксата друкше кажува. Ај, на нет обично лесно се продава памет и се е розево и бајковито.
Така е. Само никој не сака да ја прифати вистината. И од сето ова кружно, кружно па на ќјош, само вие двајца може да си ја решите ситуацијата со комуникација од двете страни и со желба од двете страни, без себичност. Пред да седнете да разговарате следен пат, прво научете да слушате вистински. А не пинг понг, ти вака, јас така. Во кој правец замина темава, хахах... свашта. Епа еве ти една лекција, не постирај толку опширно на женски форум. Попаметно ќе ти беше во приватна проака да искомуницираш со една-две индивидуи кои ти дадоа добри совети. Мада, впечатокот ми е дека повеќето пукаа во празно и не те разбраа кој ти е проблемот.
Преселите се во стан, нема ни бекатонки да мислиш, ни трева, ни цепење дрва, или што год и да спаѓа во машка работа. Така после работа, ќе може да одмара и да не се замара.
Тактички погрешно шо си се зачленил на Фемина. Кајгана е твоја публика друже. Его ко планина, саморефлексија 0. Ај ако не медаља една да ти дадеме што не дремеш по кафани и не се коцкаш. Ауу маж од соништата! Ти само ќе битисуваш и ќе кукаш на форуми пошо очигледно имаш вишак време, а жена ти ќе облетува околу тебе со тангите шо си и’ ги купил. Види таму да не има уште некоја машина за пуштање и одлепршај од овде. Се надевам дека никогаш нема да ти ги избришат мислењата. Типичен нарцисист што глуми жртва кога не е по негово. Капа доле за жена ти.
Баш сега ми излезе текстов на ФБ. Ќе го ставам во спојлер зашто е на англиски ваљда знае типов ако не нека преведе Спојлер Did you know that when a woman say goodbye to you, a long time ago, in her mind, she already left you? Women have several phases. They talk to you and explain what they need [BUT YOU DON'T PAY ATTENTION TO HER ] Then they go to phase TWO: where are they are sad and where they cry for everything. [BUT YOU STILL DON'T PAY ATTENTION TO HER ] Then comes the Worse stage for you, where everything you do It bothers her. You both fight for everything and it seems like you can not stand each other but even so... [ YOU DO NOT PAY ATTENTION ] Then comes the phase where many men get confused You can say what you want. Do whatever you want. Go wherever you want. And she acts like nothing would change her mind And then you say: BUT SHE HAS CHANGED... She's already doing much better. She doesn't fight anymore. She hardly bothers you anymore... And when you believe that things are going super well she grabs her suitcase and leaves you... And you wonder... WHAT HAPPENED? It’s been a while I had already left you CHAMPION #bepresent #bemindful #valuewhatyouhave #lookaftereachother❤️ Mindset
Ама сте го нападнале... Мислам... не знам стварно зошто сте такви?! Како сте изнеле такви заклучоци?! Проблемот е во двете страни. Ти премногу обесуваш и анализираш, не помагаш спонтано, туку ваљда прашуваш и уште толку ја оптеретуваш. Она... па она треба да посети психолог. Преоптеретена е и мислам дека ради хормонски промени, има проблем со депресија. Не може да не сака секс а е млада, не може да нема никакво хоби и и интереси, а и никаква самоиницијативност. Освен ако стварно нема интерес за друг, онда разведете се. Толку е просто. Ако немате други по страна - брачен советник, одма.
Edinstveno mislenje so koe se slozuvam. Go napadnaa lom go napravija, od psiho analizi do dijagnozi @JonSnow imate razlicni ocekuvanja od realnata slika kakvi ste i dvajcata. Mozebi taka bilo od sekogas ama "ljubovta" ve napravila slepa, a mozno e da ste se promenile i dvajcata so vreme. Kako i da e, ako ne se prifakjate kakvi ste, se znae deka sleduva razvod. Izmacuvanje do ludilo ne razbiram.
Можеби имало на времето сега не. Ете породена е пред неколку години, можеби имала тежок пораѓај постпартум депресија, а он да не бил таму па сама се справувала со тоа. Имала и 3 операции што значи имало нешто што она била таква. Замисли дека одиш на операција се враќаш дома бомба е никој ништо не фатил се чека на тебе. Да си направиш за јадење јер нема кој нели чекаат од тебе ти да им направиш. Можеби фрлал чорапи сред дневна не си ги собирал итн па она трчала по него. Проблемот беше дека он и купувал долен веш а она не го носела и имале секс набрзина немало предигра. Епа кога жрната знае дека треба да: Пере Собере алишта и пружи Измие садови Усиса Џогира Пегла Да спреми дете за градинка/школо Да врати се на свое место Да испазари Сметки да плати И најбитното од се и она оди на работа. Епа да ми прости се ова него да го чека а 2 саати љубов да води верувај ќе сака само секс набрзина зошто времето ја гази. А тоа што оди да вежба е за да излезе од дома и барем на 1 час да заборави на обрските и да си го продолжи здравјето
Со погрешен партнер лесно човек станува и депресивен, и со пореметени хормони, и се освен здравата верзија од себеси. Значи во Саботата бев на шетање и видов најмалку 5 вакви парови: Жената натоварена со видно потежок ранец. Напред држи бебе или турка количка со бебе. А за другата рака држи тодлер со тантрум. Мажот оди slightly понастрана од нив, како прав ерген После тој маж ќе дојде на форумот за најбитната работа - секс. Зошто таа не е робот и навечер не се претвора во Адријана Лима, зошто јас така сакам? Па 3 пара за 100 и купив од оние со чипка бе И на крај па и уште си оди од дома. Ама секако најјак момент е кога се чудат зошто жената таква станала. Епа ден по ден од истиот булшит, години по ред
Жената не станува преку ноќ таква, туку премногу трпела и сега и пукнал филмот, се и се насобрало, тлеело тоа во неа со години и сега избило. А мажот наместо да мисли само на секс, да пофати нешто по дома нема да биде лошо, наместо да се жали дека немале секс, како тоа да е најважното нешто во бракот. Има и многу поважни работи од сексот.
Епа затоа он бара секс зошто не прави ништо. Да фати тодлерот на грб да го носи плус и некоја ќеса уз пат па и кога ќе стигне дома да не седи како султан туку да спреми јадење за него,нејзе и тодлерот тешко дека би му се дигнал. може само повеќе да овене
Може брак без секс ако брачните партнери имаат по 80 год ,а ако се здрави и млади неможе ни под разно